Зошто луѓето секогаш кажуваат: -Ако ни е судено, тогаш ќе бидеме заедно. Нели сфаќаат дека без труд судбината не успева? Вреди, и треба да се бориме за љубовта.
да и јас се сложувам затоа што борејќи успеав да го задржам толку години и добијам она за што секој сонува да остане со својата љубов
Многу нормално иако сеуште не сме успеале да ги надминеме сите препреки нешто во мене ми вели дека ке биде ке успееме.......
ВРЕДИ и СЕКОГАШ ќе вреди и секако таа личност исто така треба да заслужи да се бориш за него и повеќе верувам во тоа како ќе си направиме и трудиме така ќе ни биде,отколку само на тоа така ни било пишано..
се согласувам .. мислам дека треба Секогаш да се бориме за саканата личност но се разбира доколку таа личност го заслужува тоа
Секако дека вреди нема ништо поубаво на светот од тоа да си сакан и да сакаш.Нема ништо поубаво од тоа наутро да се разбудеш покрај саканата личности да ти кажат дека те сакат.Секако дека вреди да се бориме за љубовта ако таа е вистинска и ако вреди за неа да бориме.
Некои велат дека треба до крај да се бориме за љубовта, дека изгубено е само она од кое сме се откажале. Се согласувам освен во ситуации кога другиот не ја заслужува вашата љубов. Е тогаш не вреди како прво, времето залудно да го трошиме.
Не, не вреди секогаш да се бориме. Некогаш гледаме љубов во некој кој во нас не го гледа тоа, а за таква љубов не вреди да се бориме
Јас мислам треба да се бориш за вистинската љубов до крај,никогаш неможеш да кажеш како ќе биде и како ќе се заврши.Али треба да препознаеш вистинска љубов,затоа што некогаш сме понесени и не можеме да кажеме кога е вистинска љубов а кога само моментална привлечност.Меѓутоа времето,ќе каже се,а со тоа и цената ќе ја платиш ако си погрешил/а. : )
Za vistinskiot covek i za vistinskata ljubov sekogas vredi da se borime.Sigurna sum deka navistina go sakam vistinskiot covek i se boram za nego so site sili, ne mi e voopsto lesno no znam deka vredi. Pozz
aко љубовта е вистинска тогаш треба да се бориш, ако мислиш дека тоа ти е само за поминување време или е откачи-закачи подобро не се бори ич ..
Бори се за љубовта што ја даваш за да ја поразиш онаа болка што ја примаш и скеој атом од твоето битие нека сака различно нешто така така љубовта нема да е ограничена и ќе е доволно слатка
бори се ако знаш дека е возвратена... а во спротивно, не препорачувам, зашто освен солзи и разочарување друго ништо нема да се деси...
Епа секогаш па баш и не вреди. Милион луѓе, милион карактери и милион разноразни ситуации. Не сум човек кој би ви рекол да се откажете од љубов, ама најубаво е кога сме самите способни да си процениме реално дали навистина станува збор за љубов, или е работава „ја го сакам, он ќе ме засака сакал нејќел“ па ајде со сила да се бориме. Е не иде! А за жал кога сме заљубени рационалното размислување ептен иде на страна, поготово за нас девојките е тоа карактеристично, ах што сме за тепањеееее некогаш Па уште и добронамерен совет ако добиеме, ќе се караме, тепаме, се во име на тоа да си докажеме дека ТОЈ е вистинскиот и ова од страна што ни зборат е само знак на завист или чиста љубомора. Така да сума сумарум, ДА за да не се откажуваме кога знаеме дека вреди, НЕ за лупање со глава у ѕид и со сила останување со некој кој очигледно не ни ја возвраќа љубовта.
Да се бориш за вистинската Љубов..Ако љубовта е вистинска и искрена обострано нема потреба од борби ,само една средба,искрена без гордости...
Ако е женет да растурам семејство ? нема шанси посебно ако има деца!!! Ако е од друга вера не знам веројатно и тоа не би прифатила ниту пак моето семејство нема да го прифати, или пак да е на сестра маж? ОМГ НИКОГАШ!
Зависи. Ако е вистинска да. Ама често од заљубеност и незнаеме дали е вистинска. Барем јас кога сакам сум ко забегана Еднаш се мавав од земја за една зелка, а излезе дека не да не заслужувал да се борам, ами заслужувал да го натепам ама се е лекција во животот... така да слушај си го срцето, ако успее било вистинско, ако не лекција ко мојата
spored mene ne vredi bidejki podobro e da si sakana odkolku da sakas bidejki ti mozes da sakas nekogo premnogu no toj tebe nema da te saka onolku kolku sto ti zasluzuvas i koga togas ke se razocaras od nego,zatoa podobro da go odbereme onoj koj sto nas ne saka zosto ke ni pruzi sve a so tek na vremeto moze i da go zasakame