Voopsto ne gresis zatoa sto mislam deka mnogu ke gi povredis tvoite roditeli i ke ja izgubis vrednosta vo semejstvoto(a toa neli e najvazno od se) zamisli kolku bi bile povredeni tvoite, ili mozebi sakas da se otkazis od verata od hristijanstvoto??? Ke si najdes i ovde nekoe makedonce so ke se zatreska vo tebe ne se sekiraj
Потполно се согласувам со куклица, а башка од шо сум се дружела со турци можам да ти кажам и дека така малку ... сеа не подлажуваат ама се така повеќе слаткоречиви од потребно нешо ко стереотипот за италијаните, така да не му верувај слепо на секој збор кога би живееле во Турција, не би било толкав проблем ако не бара од тебе да ја смениш верата, во Турција живеат луѓе од сите вери и народности, па мене колку шо ми имаат кажано-не прават дискриминација (башка по најновите статистики скоро пола од турците во Турска имаат православни жени) така да...не знам...не e некоја голема препрека ако е нешто со кое ти можеш да се носиш, јас искрено не би можела (веројатно затоа што сум голем верник и би им бодела очи, а и тие мене ) Мислам ако ти кажам дека маж ми многу ретко одел в црква (само за собирите за Велигден, Божик) а сеа бетер од мене е станат...се е јасно Но ако вам религијата не ви претставува тооолку голем проблем (барем на еден од вас), ок Родителите ќе видат, ќе не видат, ќе попуштат, особено ако увидат колку добро се однесува со тебе. Само шо и да праите, гледајте да не останете у Македонијава пошо ќе ве искомплексираат со триста глупи муабети
Вреди да се бориме само ако сме сигурни дека и ние, но и другата страна, сме доволно силни и решени да им се спротивставиме на сите и да ги совладаме да сите препреки за да останеме заедно... но за жал, колку повеќе созревам и колку повеќе наидувам на такви ситуации, толку повеќе се уверувам дека таа сила и упорност ја има само во филмовите. Неколку сум била сведок или учесник на такви врски и сум мислела дека не постои нешто што може да ја сруши таа љубов, но реалноста е дека дури и кога навистина и двајцата сте спремни да се борите, ако не друго, самата таа борба на крајот ќе ве исцрпе и ќе ве натера да се запрашате дали вреди.
Ова ми се допаѓа и навистина е точно и функционира. Тој сто стварно те сака нема лесно да се откаже од тебе, ако се откаже значи дека љубовта не била доволно јака.
Вреди само ако и другиот се бори,не само едниот.Или на пример ако се разделиме по моја вина,вреди,и ќе се борам. Во друг случај кога некој не те сака,има друга,гледаш дека си игра со тебе-не вреди Заклучок: НЕ вреди секогаш!!
За вистинската љубов СЕКОГАШ вреди да се бориш, сум го кажала ова многу пати Бори се на крајот се завршува добро, ако не заврши добро значи сеуште не е крај мисла која ме води за се во животот, па ме водеше и во љубовта, патем, се мачев, бев губитник, секогаш со трофеј губитник но во срцето едноставно знаев дека сум борец и дека ќе бидам победникот , бев борец бидејки сакав го сакав повеќе од себе, не познавам некој кој се борел колку јас се борев но јас секогаш велев бори се ако нешто навистина сакаш, а јас сакав и сега сум со него засекогаш Сум коментирала за мојата love storу многупати, и тие што ме читале ќе се сетат на мојата борбеност
Вреди да се бориме за љубовта само ако НИЕ мислиме дека треба. Се борам за љубовта и нема да се откажам се дур јас не посакам. Но, не по секоја цена, ако гледам дека нема фитбек од другата страна залудно ќе биде само јас да се борам.
со дечко ми сме заедно 7 месеци , далеку сме 100км ( од различни градови) се гледаме 2 3 викенда месечно , се сакаме ептен . сега доби работа во америка , договорот му е 8 месеци . мислам дека ќе се борам за мојата љубов и ќе направам се за да ја зачувам и о е спремен на тоа, да се потрудиме ...
не знам за останатите ама јас мисла дека не вреди....понекогаш да вреди ама тие моменти се многу ретки.
Jas imam eden golem ogromen problem.Pred godina vreme se veriv so moeto momce.Arno ama pomina edna godina od togas i nie nikako da se dogovorime za svadbata.jas sakam da pravam svadba toj ne.Rabotata e sto od tolku cekanje nekako padnav vo depresija zatoa sto za se moram da cekam.Se nervirav celo vreme i od toa si go rasipav zdravjeto imam tahikardii i voopsto ne mi e lesno.Jas i toj sme premnogu razlicni,i jas nekogas znam da se nalutam bezvrska.Mene mi e tesko toa so toj voopsto nesaka da odime kaj moite do sega ne sum bila nitu kaj drugarkite nitu iskacav nitu se druzev so nikogo.I nemozam poveke da izdrzam.Koga ke mu kazam za ova toj mi vika deka sum drama.Ne otidov kaj mojata najdobra drugarka na svadba zatoa sto toj nesaka da odi po svadbi krstevki rodendeni.Dali ova e normalno ve molam pomognete mi zatoa sto jas dvapati si gi spakuvav kuferite za da si odam ama na kraj pak popustiv.
Спакувај си ги куферите и трет пат, ама не се враќај. типов очигледно планира цел живот да го поминете дома или само кај неговите блиски и друштво. Зар сакаш да се омажиш со таков и да не излезеш од дома, да се отуѓиш од семејството и друштвото? На твое место би била среќна што сеуште не сум се земала со него, што можам без никакви обврски да си отидам. Згора на се и здравјето си го уништуваш.. не, девојко ќе си најдеш или ќе те најде некој друг кој ќе сака се да сподели со тебе и свадба и да оди секаде со тебе верувај.
Ако личноста е достојна да бидеш со неа, а вашата врска не е калсифицирана како забранета (еден да е во брак/врска, без разлика дали со некој/а што не го познавате или некој ваш близок) тогаш вреди да се бориш за нејзината љубов, во спротивно не.
I zgora na se toa sega jas ispagam kriva za se,kako dete sum bila emotivna sum bila i sto li uste ne,pod pritisok sum celo vreme zatoa sto toj celo vreme za se sto e loso me nabeduva mene,dodeka si molcev bev dobra a koga pocnav da zboram odednas stanav neodgovorna,a toj ne razbira deka od toa molcenje jas se razbolev zatoa sto sakav da ne go nerviram i da go ostavam na raat samo da bide sreken.Koga trebase da dojdat so negovite da me pobaraat samo se odlozuvase ajde ovaa nedela ajde drugata ajde tretata a jas mislev ajde mozebi navistina imaat neso rabota ama sega i za svadbata isto e samo se odlozuva a toa demek bilo zatoa sto jas ne sum bila odgovorna jas sum se dvoumela i demek poradi mene e se sto se slucuva.Jas sum sekogas kriva za se i sega navistina se dvoumam zatoa sto nemozam da ja trpam veke ovaa situacija.
се и препуштам на судбината, тоа зависи и од нас, ноо... еве јас си најдов вистинка љубов, ама дечкото се заебава, па... што да правам... ке му кажам да бидеме пријатели, па ако сака он, јас тука ке бидам за него, ако нејке-чао пријатно
Девојко драга, кога и сама ќе го прочиташ постот твој ќе видиш колку тој изгледа мизерен и патетичен. Значи ти си направила се, што било до тебе. Сега ти останува или трпеливо да чекаш како досега, ако мислиш дека вреди или да си заминеш и да почнеш отпочеток со некој кој повеќе ќе те заслужува. За љубов вреди да се бориме, само доколку вистински ја имаме, само ако вистински е присутна. Оној кој одлучува да не се бори, тој не сака доволно. Сите луѓе се различни и ти неможеш да го осудуваш што несака нигде да оди, ако тој нејќе тоа не значи дека и ти си приморана да седиш дома. Ако сте верени незначи дека ти си негов роб и дека тој треба да одлучува за тебе. ПОстави ги работите на вистинско место. Разговарај отворено, натерај го да те ислуша, замоли го да се постави на твое место ... најди вистинско време и место за разговор. Ако ни тоа не помага, тогаш изборот навистина ти се стеснува. Но, иако мразиме да признаеме секој без секого може, па еден ден секако ќе го преболиш, ако одлучиш да заминеш. Сепак изборот е на тебе, ние можеме да бидеме неми посматрачи.