Не вреди. Секогаш кога сум се борела, после некое време се покажува дека не вредел. Ми се има случено дури 2 пати...
Не вреди да се бориш за љубов од овие денешниве кретени... само вреди да се бориш за свој успех и постигнувања и пари
Темава ја имам неколку пати отворено и така ми стои ова испрати одговор. И на крајот ништо. Што ви е бе луѓе? Не е љубовта ринг па да се бориме. Борба има таму надвор,за опстанок,борба имаат родителите за нас,за децата нивни да не останат гладни,тие имаат борба за да донесат пари дома. Какво сакање од него,од неа,какви мелени ореви... Дај малку тоа ѕвоното скршете го. Некоја нема ни 18,таа многу го сакала,бубрег ќе дала за него и ќе се бори до крајот на нејзиниот живот. Иди утепај се. И јас имам сакано. И јас сум била во врска 4 години. Тоа време не мислев дека е вистинскиот,но стварно убаво си поминувавме. И тој и направи дете на друга. И шо сеа? Јас требаше да се оболам или да им се мешам во бракот? Не бе батка. Тури таму пепел и продолжи понатаму. Во тоа продолжувањето натаму се гледа колку си човек. Сега пак поминувам низ друга разделба. Овој пат стварно мислев дека тој може да ми даде,да ми пружи се што сакам јас ,али не се деси. Ако се самоубивав секој пат кога имав разделби,ами кај ми е крајот? Љубов не фали на овој свет. Љубов има. Има и мажи и жени. И додека има мажи и жени,ќе има и хемија меѓу нив.
Секогаш е збор кој означува крајност и има извесна доза на строга обврзаност и јас не верувам во вакви зборови, бидејќи љубовта како и животот е променлива категорија, сите би да имаме еверластинг љубовна приказна, ама факт е дека не е така. Некогаш ја снемува без разлика дали поради други личности или независно од нив, некогаш се видоизменуваат ликовите и условите во приказната и веќе имаме промена на фронтот. Сум јас за борба додека таа е оправдана и достоинствена, ама нема црно-бела реакција бидејќи понекогаш поразот е победа и најправилно е да се напушти бојното поле. Вистинските борци т.е. луѓе го познаваат ова бидејќи ова е психички Армагедон, понекогаш најголема битка е токму откажувањето од љубениот, причини има колку што има и љубови.
Јас кога го сакав се борев за него за да го имам до мене да ми биде дечко се до моментот кога мораше да си оди во странство...... од тогаш си реков не морам за никој да се борам, ако ме сака некој нека се бори за мене јас повеќе сили немам
Можеби вреди, можеби не.. Абре луѓе коа ќе размислиме денес ретки се оние за кои вреди да се бориме.. Љубовта заминува без збор, одлетува некаде далеку.. Па дали вреди вие сами одлучете, за мене не вреди !
неможеш да знаеш дали вреди ако не се бориш значи најпрво ке се бориш за љубовта а потоа времето ке покаже колку вредело освен ако не гледа некој/а од вас на гравчиња па да си ја види иднината
Вреди, ама не секогаш. Се борев, и за на крај да се скараме. ЗА што? За некој си негов "другар" што го знам од малечка дека е за никаде, што ни се мешаше, не секогаш, но не го оставаше на раат да си излезе со мене. Се борев за да се скараме зошто, зошто не сум знаела да уживам Спојлер да не ги спомнувам уживањава... за да ми рече дека сакал пауза за да си го среди животот, неможел да мисли и НА МЕНЕ. А јас поддршка. Епа, отсега ни се борам, ни сакам со цело срце. Ни сакам да се борам за некого, ни имам сили. ЗА НИКОГО! Те сакам, те ова, те она. И зошто? За да се скараме
Вреди се додека се борат и двајцата. Кога се бори еден за двајца не е доволно Тоа не е ништо друго освен самоуништување на една личност која би направила се за да ја сочува љубовта, која е осудена на пропаст ако другата страна мирно и рамнодушно го чека крајот. Не за џабе рекле за љубов се потребни двајца.
се борев..правев се за него..го сакам со целата моја душа и срце....признавам го сакам уште..!!! ме побреди....кажа дека јас сум крива за се..!!крива сум затоа што на ни еден твој збор не знаев да речам НЕ затоа што секогаш ти одговарав со ДОБРО ТАКА НЕКА БИДЕ..!!! за што сето ова за на крајот да ми речеш дека сакаш крај...дека сакаш да останиме другари?? ме праша ли мене дали можам да те гледам како другар??НЕ...!! е па од сега па натаму....други нека се борат за мене....од тебе ја научив најважната лекција...ДЕКА НИКОЈ НЕ ГО ЗАСЛУЖУВА ОНА ШТО ГО ПРАВИШ ЗА НЕГОО...ДЕКА СЕКОГАШ ТРЕБА ДА ГЛЕДАШ ПРВО ЗА СЕБЕ А ПОТОА ЗА ДРУГИТЕ..!! мислам дека не вреди да се бориш за љубов...!!!
Зависи за кого, за некој не вреди да се бори, но за одредени личности .... зошто да не. Не е лесно да се предаде битката, а не пак да се предаде војната
Премногу сум вљубена во едно момче,раскинавме пред 4месеци,со него бев само 1 месец во врска но пред тоа се влечкавме 1 година..после раскинување (тој ми раскина и сеуште не знам зошто) сакаше пак да бидеме заедно но јас малку бев ладна спрема него но и тој знаеше дека го сакам многу и никогаш не би го оставила..но по некое време тој си најде друга девојка и воопшто не помисли на мене како никогаш претходно да ме нема сретнато,после толку време ни едно здраво немаме..јас сеуште го сакам и се ме потсетува на него,никогаш нема да го заборавам.Тој до сега ме има заборавено и имаат много стабилна врска со таа девојка..Воопшто не заслужува да мислам на него а јас постојано мислам..сите ми велат дека тој е само една грешка за која не треба повеќе да се борам и да си одземам време но јас тоа не можам да го сменам и веќе 4 месеци како да ме прегазил воз,постојано излегувам се дружам но тоа ништо не ми помагааа!
Значи темава е вреди ли да се бориме за љубовта...од ова што го имаш напишано ми се чини дека не вреди...Да, мила, тој си има девојка, среќен е со неа, те заборавил и готово, толку, нема ти тука за што да се бориш. Морам вака да бидат оштра и строга иако сум сигурна дека веќе и други ти плеснале во фаца да го заборавиш. И не, не го сакаш и не си вљубена во него, така си мислиш, што е сосема нормално за твоите години. Ова ти е само затрескување, минлива заљубеност...сега плачеш, но верувај по некое време кога ќе се сетиш за што ли леела солзи ќе се газиш од смеење. Велиш дека излегуваш, е па тогаш и забавувај се, не мисли на него, изриши го од твоите мисли, едноставно не постои,... погледни наоколу, сигурно има и некој друг кој би можел да ти го привлече вниманието. Поминале 4 месеци, немате никакви контакти, плус си има девојка. Толку, барај си нова љубов. Можеби советов би бил поинаков доколку има знаци дека барем малку му значиш, но и самата си свесна дека е дефинитивно крај и дека треба да продолжиш понатаму. И не плачи, не вреди. За инает и тоа за свој инает биди насмеана, весела и среќна. На 17 год. не се плаче за дечко, верувај ми.
До одредени граници вреди да се бориш за љубовта но да се изгазиш себе си да си го уништиш достоинството да се понижиш не вреди бидеќи потоа никој тоа нема да го цени бидеќи тоја ако те ценел немало да дозволи сето тоа да се случи