Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вреди ли СЕКОГАШ да се бориме за љубовта?

Дискусија во 'Разделби' започната од doll, 10 декември 2009.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Ама многу погрешно се сфаќа љубовта.
    Љубовта не е само ТОЈ, дотичниот кој ви го скршил срцето, љубовта не се случува само еднаш.
    Љубовта има подеми и падови, но доколку се борите секако ќе победи на крајот.
    Крајната цел е да најдете некој кого ќе го љубите и некој кој ќе ве љуби подеднакво, ако не и повеќе за возврат.
    И покрај сите неуспеси и разочарувања, да кренете глава, да избришете солзи и да си речете - овој не бил за мене, и тоа не беше љубов, продолжувам понатаму.
    Вистинската љубов некаде ме чека.
    И ќе си ја најдам.

    Тоа е борба за љубов.

    А не, на 16 години некој мрсулко заминал со девојката во пократка сукњичка да се лапа на првата клупа, а вие такви распекмезени рикате, па уште и декларативно прогласувате депресија во времетраење од неколку години.
    Абе ајде деца не се занесувајте.

    За таквите, со такви размислувања кои веднаш креваат раце, љубов и нема да постои.
    Ниту ја заслужуваат.

    ДА, ВРЕДИ СЕКОГАШ, АПСОЛУТНО СЕКОГАШ ДА СЕ БОРИМЕ ЗА ЉУБОВТА.
    ТОА Е СМИСЛАТА НА ЧОВЕКОТ.
     
    На mims-89, MissAnn, Extraordinary.girl и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Вреди :) само нем после битките и војните да испадне дека тој не е „љубовта“

    Има моменти кога сакам засекогаш да го оставам. Како знае да ме изнервира, тоа е чудо.
    Тешко ми е дека е далеку и неможеме секогаш да бидеме заедно. Често ми недостига и нестрпливо го чекам денот кога пак ќе го видам. Барем знам дека тогаш ќе бидеме заедно цел ден.
    Е мене тоа ме исцрпува. И затоа некогаш ми иде да го напуштам. Ама не бива, што да правам кога се љубиме? И затоа научив да се контролирам и да не избувнувам. Ќе ми биде тешко додека не го гледам, ќе се слушаме, ќе си пишуваме... ама одиме до крај ;)
     
  3. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Вреди, секако дека љубовта премногу вреди затоа треба да се бориме за нејзе.. не е битно колку долго или кратко траела.. иако не секогаш испаѓаме победници во таа борба..
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    не
    доколку не е возвратена
    доколку е прокоцкана втора, трета...санса
    доколку не е ценета и злоупотребена
    доколку дојде моментот кога свакас дека прави будала од тебе, си игра или те искористува
    доколку си негова резерва или втора
     
    На artemis му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BlueDown

    BlueDown Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Можеби советов би бил поинаков доколку има знаци дека барем малку му значиш, но и самата си свесна дека е дефинитивно крај и дека треба да продолжиш понатаму.
    И не плачи, не вреди.
    За инает и тоа за свој инает биди насмеана, весела и среќна.
    На 17 год. не се плаче за дечко, верувај ми. ;) :)[/quote]

    Help!!!
    Eве јас моментално имам сличен проблем, со таа разлика што јас сум машко, иако се правев за неа, секогаш попуштав (онаму каде гледав дека ако попуштам нема да има којзнае колкави последици, или ако има барем нека се одразат на мене, а не на неа) побара мн работи од мене и ги доби, ме изневери и и простив, живеев и уште живеам со тоа, побара да прави онака како што таа сака и го доби и тоа (со договор во границите на нормалното), и на крај испадна дека јас само сум повредувал, дека таа била жртва и слично. Веќе скоро еден месец не сме заедно, контактираме, вели дека: "не ме сака, но сепак мн ме почититувала и дека мн и значам и дека можеме да се слушаме, па понекогаш да излеземе". Причина за раскинувањето сакала да биде "слободна" но гледам дека веќе почнува да се впушта во нешто со човекот што и реков дека е можно заради неговите слатки зборчиња да го направила ова, а и неслучајно тој и раскина на неговата девојка 3 дена пред мене да ми раскине девојкава, а и тоа што е 10-11 години постар од неа. И сега вреди ли јас да се борам за љубовта? а свесен сум дека премногу ја сакам и признавам иако сум машко дека ден не ми минува без солзи :( :headbang: :'( :'( :'(
     
  6. maci95

    maci95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    Еве ја веднаш првата грешка: Секогаш попуштав! - Како може секогаш да и попушташ? Зарем немаш ни малку гордост во себе?! Да си покажал малку респект спрема себе и да и докажеш дека и ти имаш свое Јас, можеби нема да било ништо од ова што сега ти се случува!
    Девојкава целосно ја искористила твојата наивност.
    И после раскинувањето ти кажала дека не те сака.. како можеш и воопшто да очекуваш некој да те сака и почитува кога пред се ти самиот не се почитуваш?!
    Мој предлог ти е да ја оставиш девојката, да си најдеш некоја друга занимација и потруди се да не мислиш на неа. На крајот на краиштата не е единствената! Ќе успееш да си најдеш сродна личност што те заслужува! :)
     
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    BlueDown дали си се запрашал зошто ја сакаш девојкава...мислам што е таа толку посебна, една и единствена, незаменлива и по која цел ден плачеш? :^)
    Те привлекува физички, интелектуално сте на исто или приближно ниво, имате еден куп заеднички интереси....што, што е таа толку посебна :?: ...или пак те привлекува фактот дека може да манипулира со тебе и да те влече за нос? Извини за зборовиве, ама само сум искрена :)

    Види, ние женските сме ти чудни и се` уште недифинирани суштества..ако не газат- трчаме по нив, ако не мазат -бегаме од нив и разно-разни варијации и мутации... :lol:
    Не велам дека сега ти треба да станеш од оние типови кои газат, далеку од тоа...немој да ме сфатиш погрешно.

    Во вашиов случај и повеќе од очигледно е дека девојкава не ги негува истите чувства што ги имаш и ти кон неа, и самата јасно ти кажала дека сака да е слободна, а веќе на ум има и друг дечко. :!:

    Грешката е кај тебе...ајде си бил добар, си и простил неверство, си направил отстапки, си дозволил многу работи со кои всушност и не се согласуваш, а таа сето тоа го злоупотребила и те повредила. Очигледно е дека ти си и` дал прст, а таа ја земала цела рака...се надевам сфаќаш што сакам да кажам.

    Од друга страна пак велиш дека ти рекла дека е повредена и жртва, може и навистина така се чувствувала, секоја приказна си има две страни...може неа не и` треба некој кој секогаш ќе попушта, може сака дечко со цврсти ставови, а може и самата се` уште не знае што сака. Кој да знае што и се вртка во мислите, можам само да претпоставам дека за жал тоа не си ти.
    Многу ми е жал кога морам вака грубо да делувам, ама на секој од нас понекогаш ни треба некој да не` тресне со збор за да се освестиме. Верувај, мене многу пати ми требале вакви виртуелни шамарчиња, а немало кој да ми ги врзе :D

    Како и да е, конкретно за оваа девојка не вреди да се бориш. Јасно е како ден дека таа и самата знае дека во секој момент само ако посака може да биде со тебе, 100% сум сигурна дека дури и ако само ти титне, ти веднаш ќе и се јавиш и ќе трчнеш кај неа...
    Сега немој да си помислиш дека ти викам да играш топло-ладно со неа и демек ако не покажеш интерес таа ќе ти се врати....Дури и да е така, дури и пак да бидете заедно (а мислам дека нема шанси да се смирите, веќе друг дечко и` е во мислите ), ти пак ќе попушташ и пак и пак и пак ќе правиш отстапки и пак ќе бидеш повреден.

    И самата ти рекла дека не те сака, заборави ја и готово.
    Значи советов пак се сведува на оној претходниот-некогаш не вреди да се бориш за љубовта, посебно не за онаа каде што нема шанси да биде возвратена.

    Сега си мислиш-само неа ја сакам, таа и никоја друга.... Не, не е така...ќе сакаш и други девојки. ;) Велат машко ако сака, сака само еднаш и вистински...не се согласувам, сакаш онолку колку ќе дозволиш да сакаш и да бидеш сакан.
    Истиот совет-за свој инает биди среќен. :)
    Ќе вртиш ти уште девојчиња 8)
    Тоа е тоа.

    Уште нешто...секогаш биди свој, изгради си свои сопствени ставови и придржувај се до нив, прави компромиси, но не се доведувај во ситуации секогаш и под секој услов да попушташ.
    Почитувај се и ќе биде почитуван.
    Поздрав :)
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    BlueDown прочитав за твојот проблем и можам да кажам дека донекаде те разбирам. Кога сакаме некого, онака вистински, искрено, со цело срце, не сме способни да ги согледаме работите такви какви што се навистина. Често прогледуваме низ прсти, знаеме да попуштаме и да допуштаме работи, да простиме нешто што никогаш не сме ни помислиле дека би можеле.
    Едноставно, како да си некоја друга личност.

    Љубовта е таква... Заслепува, за жал. Но се треба да си има граници. Треба со ладна глава да се размислува и за причините за кои дошло до сегашната ситуација, и за последиците од неа.

    Самиот кажуваш дека си и попуштал, а дали си се запрашал што си добил ти од тоа? Тоа што ти си и попуштал, што си и простувал очигледно немало позитивен ефект, таа почнала да ја искористува твојата добрина за да прави што сака. Затоа што видела дека може. Ти си требал уште на самиот почеток да се поставиш поинаку спрема неа. Но ете биднало...

    Разбирам во каква ситуација си сега, но тоа ќе трае додека ти дозволиш да биде така. Што значи, не смееш никако да се затвориш во себе, па не е единствена, и ќе ја заборавиш нормално. Помисли само, дали вреди некој да си игра со тебе и со твоите чувства? Одговорот е јасен, не дозволувај било кој да манипулира со тебе.

    Во твојот случај, за оваа љубов не треба да се бориш, би било залудно трошење на време и нерви.
    Се ќе биде добро, само треба да мислиш позитивно и да не се вртиш назад. Било и поминало, а да било толку добро, и сега би траело. Ти посакувам многу среќа. :)
     
  9. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Зошто пак се ние да се бориме,тие некогаш се прашале дали вреди да се борат за љубовта????????
     
  10. Snezana0404

    Snezana0404 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    I jas sum momentalno vo situacija da neznam dali vredi da se boram za ljubovta. Bevme godina ipol vo vrska, nerazdelni i pred mesec i poveke gadno se ispokaravme. I moja i negova vina. Ama aj rekov vo ime na ljubovta ke se pokram i ke si priznaam moite greski. Go napraviv toa, se javiv mu kazav deka go sakam i deka sakam pak da bideme zaedno. On uspeal za tri dena kompletno da go smeni zivotot taka da za mene nema poveke mesto. Vika da ostavime vremeto da pokaze, on da go zivee negovit jas svojot zivot. Mesec dena posle toa se slusavme se gledavme ama vo posledno vreme inicijativata e samo moja strana. I bila prifatena vo poveketo slucaevi. Posledno koga sam se javi bese, spored mene da mu zavrsam edna rabota, ama on vika deka ne bilo taka, deka sakal da me slusne. Ne veruvam vo toa i zatoa mu rekov deka veke gi prepustam rabotite vo negovi race, deka veke se zavisi od nego. I od togas (3 dena) se nemame slusanto.
    Vredi li da se boram?
    [mod-kirilica:fvop7ff8][/mod-kirilica:fvop7ff8]
     
  11. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    имам две мислења знаЧи
    првото е не! зошто?! затоа што ти од твоја страна си ги оведила грешките и си се извинила си разговарала со него си му дала до знаење дека несакаш да го изгубиш, а тој што направил?! само лепо фино ти каЖал да останете онака да видите како ке биди со времето и штом велиш дека не те е ни побарал ни ништо мислам дека не вреди толкав напор и труд да влоЖуваш а да не ти биде вратен..
    второто мислење
    незнам зошто сте се испокарале дали ти си била крива или пак тој и колава е била таа грешка (али штом викаш дека потоа си се покајала и си се извинила) мислам дека ти си кривата е сега не се знае какви се приЧинте ако тој е мн повреден моЖеби се тестира со времево што ти рекол да поЧкате моЖеби толку се е изнервирал па е потраЖил време да си ги среди мислите .. за ова ти најдобро си знаиш
    како и да е ти посакувам мн среќа :)
     
  12. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Драга Снежана, колку и да ти е тешко, ти мораш да продолжиш понатаму.
    Бев во ептен слична, па може да се рече и иста ситуација и знам како е.
    Не вреди. Значи воопшто не вреди.
    Остави го и да ти се јави, остави го, биди ладна.
    Пробај со цела сила, да го тргниш од мислите.
    Излегувај, забавувај се, флертувај. Тој доволно се покажал...
    Можеби има некои чувства, но верувај дека се бледи, тој веќе се труди да те заборави, а сега си му само една златна резерва што ја бара кога му е досадно бидејќи знае дека секогаш ќе си тука за него.
    Немој да бидеш.
    Си направила се што е во твои раце, дури и повеќе.
    Не те повредува ли само ти да го бараш? Не те повредува ли помислата дека те користи?
    Затоа што тој тебе те користи...
    Колку и да звучи сурово, колку и да те боли, ќе сфатиш самата покасно дека не вредело.
    Секогаш велам дека е клише, но исто така и многу вистинита реченица:
    "Времето лечи се", не заборавај.

    Не им потклекнувај на чувствата. Ќе се каеш.
     
  13. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Ќе бидам многу кратка и јасна ВРЕДИ

    за малку ќе се откажев а тоа ќе ми беше најголемата грешка...толку
     
    На princez му/ѝ се допаѓа ова.
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    мислам дека не вреди да се бориш, јас сум секогаш за искрена љубов, љубов во која ќе има разбирање и почитување љубов во која наместо јас и ти ке постои ние... Да се бориш за некој кој не те ферма, тој си живее живот додека ти се нервираш мислам дека не вреди. Главата горе и продолжи со животот не му се јавувај и ќе видиш дали ќе ти се јави биди јака и издржи, мислам дека доволно си се понижила сега е негов ред ;)
     
  15. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Вреди доколку е вистинскиот!
     
  16. Bok

    Bok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    вреди ли да се бориш за личност која само на тебе ти значи..а ти на неа..
    дали тоа е лубов ? :^)
     
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    не, тоа не е љубов тоа е живеење во илузија, мечти и желби кој ги имаме во себе но никако не би го класифицирала во љубов

    ако бараше одговор, ако не сигурно ќе го прочита некој кој бара љубов :?:
     
  18. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    за љубов се потребни двајца.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Не секогаш вреди да се бориме за љубов, некои љубови ни се присутни во животот само за да научиме нешто од нив да стекнеме некое искуство...
     
  20. Anabela09

    Anabela09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    Секогаш се водиме од чуствата а не од разумот, и секогаш кога се бориме толку многу за некого за кој мислиме дека вреди да се бориме ни се јавуваат сомнежи. Постојано се измачуваме себе си дали сме ја донеле правилната одлука... или можеби не сакаме да се помириме со реалноста и живееме во сон за кој се бориме да ни се оствари. Никогаш љубовта нема да биде онаква каква што сме ја гледале, затоа што не постои љубов во која нема сомнеж и не постои совршена љубов. Колку повеќе почнуваме да ја гледаме љубовта реално и да ги согледаме сите незини страни, што значи не само убавите... туку и оние негативните (затоа што постојат) ќе ни биде појасно да сватиме на кој ризик сме тргнале. Знаејќи за последиците, треба да знаеме дали сме навистина спремни да инвестираме толку многу и да се бориме за нешто за кое има поголема можност да го изгубиме. Ако љубовта е чиста и невина во почетокот, ако се оди толку совршено... не треба да бидеме заслепени од моментот. Ако сме луѓе кои знаеме дека тешко ги поднесуваме загубите... не треба премногу да се надеваме на совршенството кое е само момент во една пролазна и слепа љубов. Пред да се бориме... треба да знаеме за што навистина се бориме, да го испитаме теренот... со која цел се бориме?... И да процениме дали борбата е двострана, дали има причина за борба... А ако се бориме и загубиме без разлика дали сме знаеле за сите последици... не треба да се разочаруваме! Животот е наша сопственост и простор кој го исполнуваме се дури има празно место во него, а љубовта зафаќа најголем дел од тој простор. Колку и да не сакаме... ние секогаш ќе се бориме за она што го сакаме. Борбата е дел од секое битие кое се бори за опстанок! Ни една борба не е залудна... и никогаш нема да дознаеме дали е залудна или не ако не пробаме... Во животот секогаш постои втора шанса, и доволно место за оние кои навистина вредат и ги сакаме со цело срце... а ако ги сакаме и се бориме до крај за нив...тоа сигурно нема да биди за лудно... со тоа човекот станува поотпорен и има сила и искуство да се соочи со секој нареден предизвик! :)
     
    На nitokris, princez и julie77 им се допаѓа ова.