1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вреди ли да си добар?

Дискусија во 'Психологија' започната од sexybaby22, 17 октомври 2010.

?

Вреди ли да се биде добар во денешно време?

  1. Вреди.

    112 глас(а)
    14,5%
  2. Не вреди.

    141 глас(а)
    18,2%
  3. Вреди, ама со тие кои заслужуваат.

    355 глас(а)
    45,9%
  4. Ако бидеш добар, лошо ќе те снајде.

    43 глас(а)
    5,6%
  5. Златна средина.

    122 глас(а)
    15,8%
  1. sexybaby22

    sexybaby22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    22
    Долго време се мислев дали да ја отворам темева. И ете денес се решив. Ако има ваква слободно ставете ја во канта или заклучете ја :!: . Идеата ми произлезе од еден пост на лолипоп ..

    Лолипоп била добра па лошо ја снашло..
    Што мислите вие дали вреди да се биде добар? Дали очекувате некој возврат кога ке наперавите некому добро?
     
    На cheetah.girl, Chocoholic.girl и Lady-Sweet им се допаѓа ова.
  2. Frosin4e

    Frosin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Дали вреди....? Мислам дека не вреди секогаш од тие према кои сме биле добри се разочаруваме а зивотот е премногу суров и колку и да сакаш да бидеш добар спрема светот не можеш бидејки на сите нешто им фали рани душа да те слуша дојде време и најдобро е така да правиме бидејки и јас давав душа за другарки ама ме разочарале сите ме разочарале :( сега и роднините не те гледаат не па другарките
     
    На LitttleRNBPrincess, Ana122, slada и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Секогаш сум се трудела да бидам добра со секого.... Но, скоро никогаш не ми се вратило така. Ако сум добра спрема тебе биди и ти...кажи ја вистината колку и да е болна, што порано тоа подобро. Ако не сакаш да се дружиш со мене не ми прави лице. Ако не сакаш да помагаш, не одмагај....
     
    На Janina, beatu, irs и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Добринта отиде на кино одамна, секој гледа да ти наштети , да ти направи лошо? Од најдобрата другарка го добив најголемото разочарување-не сакам да зборувам за тоа... Колку само и помагав во секое поле а таа ми врати на најлош начин. Секој си гледа да си направи добро на себе-можеби така е и најдобро , бидејќи дошло времево прави добро-за да ти се врати со лошо. Не сакам никому да правам лошо и никому не му посакувам лошо, но сум била во многу ситуации каде што едноставно сум била запрепастена од враќањето на мојата добрина. Правам добро , но на луѓе кои ги познавам, кои знам дека ќе ми вратат со иста мера.
     
    На Ana122 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Добрината е една од најзначајните вредности што може да ја поседува човекот,но нажалост денес се поретко ја има.По природа сум добра личност,на никој не му посакувам ништо лошо и секогаш се трудам да бидам фер.А,тоа што добрината некој може да ја злоупотреби е веќе друга работа.Луѓето денес се многу безобразни и злобни и незнаат да ги ценат вистинските вредности.
    Добра сум лично само поради мене,тоа е дел од мојот карактер.Не велам дека секогаш сум во право и секогаш јас сум добрата а другите лоши,зборувам општо.Најмногу ме иритира тоа што добрите луѓе ги сметаат за наивни и секогаш ја злоупотребуваат добрината.
     
    На April87 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    Од тоа што БЕВ добра со сите и гледав да им угодам на тие што можев зашто мислев дека повеќе ќе ме почитуваат и секако кога мене ќе ми треба услуга ќе ја добијам си ја расипав врската,односите со другарка ми со која го делев станот,залакот...животот!!! Не вреди да си добар,никој нема да те памти по добрите дела.Сите живеат од корист гледајќи да си го поминат денот и да "лапнат" што повеќе.Вистински другарки нема,машките се изопачија,ни на роднините неможе да им се верува веќе.Најмнгу од се можам да се поверам на моите родители зашто знам дека нема да ме изневерат...Таков стана светот,а за добрите и наивните нема место...или ќе страдаш или ќе живееш како крал !!
     
    На Janina, mackica-1, nezastitena и 5 други им се допаѓа ова.
  7. maa

    maa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    38
    Најточно!Потполно се сложувам.Никој нема да ти каже ФАЛА...Ке направиш десет добри работи,а само една лоша и доброто никој нема да ти го примети во нивните очи ке се загуби и ке остане само лошото :(
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    Не!Во денешно време не!Ќе му дадеш на нокого прст,а он ќе ти ја земе цела рака :| Без разлика дали станува збор за пријател,роднина итн.Денес ако некој е добар на него гледаат како да е будала искрено.Како да неможе да се спротивстави на нешто,како да нема сопствен живот и цел.Колку повеќе им помагаш на луѓето толку понезаситни стануваат.Претераната добрина преминува во глупавост,за жал.Таков е светот денес,секој гледа за себе и на никој не се грижи за тебе,дали си жив,здрав,само ти да му направиш услуга и толку е работата.Море денес треба забите да им се покажат на луѓето,да сфатат дека неможат да си поиграат со тебе.Сакам да се однесувам добро кон оние кои заслужуваат,кои ми го имаат покажано тоа и не ме заборавиле.За нив и животот би го дала!Но за жал,ретко да најдеш такви луѓе.Ретко да најдеш човек кој заслужува кон него да се однесуваш добар.Личности кон кои никогаш не треба да бидеш премногу фин се другарките,секогаш со умереност :!: И за жал,денес финоста и прекоумерената добрина ќе те остават само на дното,каде сите ќе те газат и искористуваат! :x
     
    На nezastitena, shadow74 и maa им се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Нема да кажам ништо посебно за добрината се кажаа претходните форумџики...само ќе прашам- Добро бе луѓе што кога сите ќе бидеме себични и индивидуалисти ќе тераме само своето и ќе гледаме да го зезнеме секој еден ...како ќе функционира светов??
     
    На Fatum nos iunget и Evellin.a им се допаѓа ова.
  10. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    епа не се сите себични ,затоа на светов има луѓе кои страдаат и такви кои имаат се што ќе посакаат,кој како се снашол,се зависи од нас самите...имаш моќ,лукав си,снаодлив ќе успееш...
     
    На mackica-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Факт е дека денес сите се егоисти и мислат само за себе.Тоа е вистината и треба да ја прифатиме.Како што кажав погоре денес ако си добар ќе те сметаат за наивен и ќе го користат тоа на секој можен начин.Треба да има добрина но во одредени граници,не треба да дозволиме поради тоа да патеме и страдаме...и сите да не користат.Но денес кој всушност се замара со тоа,сите гледаат да дојдат до моќ,до повисока позиција...па се газат пред себе.Како ли ќе функционира вака светот?Па најверојатно како и досега.Ова не е ништо ново...
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш сум добра со оние што се добри со мене. Сигурно нема да му продавам добрина на некој што само зло ми мисли. Се знае со таквите како се постапува. Инаку претежно гледам да помогнам каде што можам.Еееех нема добрина веќе, се е од корист само. Ако има корист ќе биде добар, ако не...
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    па вреди да се биде добар само од една и единствена причина-ќе можеш слободно да се погледнеш во огледало и да се запрашаш кој сум јас, без да се плашиш од одговорот, без да ти падне на памет на лицата кои си ги уништил, да шеташ без грижа на совест, само затоа вреди, или барем само јас така си мислам дека нив нешто ги јади, ама како и да е надежта последна умира :lol: , а за останатото кажавте, денес никој не гледа за никој друг, ама јас мразам копии, па затоа не копирам никој и си сум каква што сум, и да пред се и јас гледам за себеси, ама барем сама, без да барам ничија помош, а ако некој самиот помогне, се разбира дека и јас ќе му помогнам кога треба, ама она ти помогни ми, а јас ќе ти одмогнам кај мене не постои
     
    На macysh и teddybear им се допаѓа ова.
  14. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.232
    Допаѓања:
    5.655
    Пол:
    Женски
    Ќе кажам само, зависи со кој. ;)
    Јас искрено, незнам да бидам лоша. Многу сум мека, и секогаш попуштам на луѓето. Но затоа, сум сретнала секакви луѓе кои многу пати ме повредувале, и за кои сум трошела денови и денови да ме гризе совест дека јас нешто лошо сум им направила ,а во суштина тие мене ме искористиле.
    Вреди,вреди....
    Сите се добри, позади маските. ;)
     
    На April87, mar17 и teddybear им се допаѓа ова.
  15. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    ВРЕДИ ДА СИ ДОБАР, АМА ПРЕД ДА БИДЕШ ДОБАР СО НЕКОЈА ЛИЧНОСТ ТРЕБА ПРВО ДА ЈА ОТКРИЕШ ШТО ЛИЧНОСТ Е ТАА......
     
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Конечно малце различни мислења на темава ... ВРЕДИ да си добар ... совеста постојано ми е чиста ... си знам колку вредам и која сум јас ... си ги знам вредностите и мирно спијам ... тоа е она најважното ... :!: имам чувства ... а сигурно дека со некој кој се однесува идиотски нема да сум ангел ... ке биде ставен на игнор ... :rofl: :rofl: :rofl: :angel:

    Во секого има добар и лош дел ... од нас зависи кој од овие делови повеќе ке го храниме . :!:
     
    На aspekti, aerodrom, Speechless и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Гледам сте развиле дискусија дека во денешно време секој си гледал за себе. Мене тоа многу ми одговара и кога секој еден човек би си гледал само за себе и не настрана ова би било прекрасно место за живеење. Секој за себе, ни помалку ни повеќе. По совршено неможе да биде.

    Е сега дали вреди да си добар незнам, затоа што држам дистанца и не се зближувам многу со народ. Имам мал круг на пријатели, ептен мал круг кој се состои од најдобра другарка и најдобар другар. Со нив секогаш се трудам да бидам коректна, мада некогаш знаат да ме извадат од такт. Секако дека и со нив не се опуштам многу, се гледам во две недели по еднаш на едно кафе и толку. Сакам да ги советувам и тоа го правам од срце кога го правам, често знам да не се мешам за да не излезам виновна. Ама отворена сум кога сакам да бидам, посебно за совети и не бирам зборови кога советувам, може и некоја тајна ќе излезе на виделина, само за да го доловам моментот и да докажам тоа што сум почнала...

    Вреди да се биде добар, само не со секој... Вреди да се биде добар и добрината да се подарува малку по малку, ако ја даваш наеднаш и премногу си наивен и секој ќе гледа да те искористи, тоа е во човечката природа секогаш да се зграби колку што се може повеќе.

    Имам уште многу да пишувам на темава, ама ќе оставам за утре, доцна е и немам сили да размислувам, ете може треснав и некоја неповрзана глупост |-) |-) |-)
     
    На aNy-to и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  18. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    кратко и јасно, не вреди! од искуство кажувам, и тоа од деееебело искуство.
    ретки се луѓето околу нас кои ја ценат добрината што им ја правиш. ретки се тие кои всушност тебе те ценат како личност, а не да те гледаат само материјално или гледаат да те искористат на секој можен начин...
    се што ќе кажам ќе биде веќе кажано... така да, можам само да кажам дека добрината како доблест вреди, и тоа многу, ама луѓето околу тебе не знаат да ја вреднуват, да ја ценат и да ја возвратат.
    (ќе се надополнам во некоја наредна прилика)
     
    На nice.girl9090, aNy-to и macysh им се допаѓа ова.
  19. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    вреди ... е сега ако некој не знае да ја цени добрината тоа е веќе друго..малкумина ја ценат добрината, а многумина ја игнорираат, но тоа е нивни проблем .. битно е јас да си имам чиста совест и да знам дека барем еднаш во животот сум направила нешто добро..поради тоа прави им добро на тие кои знаат да ја ценат добрината, ама прави им добрини и на тие кои незнаат да ја ценат - еден ден ќе научат .. ;)
     
    На aspekti му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Во денешно време не вреди да си добар бидејќи никој не ја цени твојата добрина. Колку повеќе си добар, толку повеќе те искористуваат. Се уште има такви кои се премногу добри, но многу се ретки оние кои ја ценат добрината! Вреди да бидеш добар само со оние кои што со тебе се добри, што знаат да ценат. Јас за добриот сум добра, а за лошиот - уште полоша! ;)
     
    На nice.girl9090 му/ѝ се допаѓа ова.