Вреди навистина! Можеби ќе те направат дебил,но добрината како бумеранг некогаш ќе се врати кај тебе..
Мислам дека веќе не вреди. Колку и да помогаш ти си на крај виновникот. Секогаш. Всушност ако сакаш да успееш мораш да бидеш злобен, додека ако си добар ке бидеш газен од страна на сите. Во денешно време само кучките и амбициозните жени кои не гледаат за оние околу себе успеваат во животот. Eat or be eaten...
Кажав претходно дека не и сега ќе потврдам уште еднаш ...огромно НЕ, НИКАКО! Татко ми кој секогаш ме учел да бидам добра со луѓето да ги почитувам зошто он самиот е предобар и гледал да им е добро на сите дочека по незнам кој пат да биде разочаран од браќата и неговите први братучеди. Кога им требал на сите секогаш бил тука, никогаш не го поддржуваат во ништо и доаѓаат само од корист. Сите си имаат станови и ги имаат омажено, оженето своите деца и сега татко ми како најмалав останал во старава куќа и сега кога сака да ја продаде да се средиме некаде сите му бараат пари... а многу деца се и ако им дава на сите по толку нема да остане ниту за една соба да купи. А во истиот момент братучедите од татко ми со кои делиме ист двор ја продале куќата нивна на некој мафијаш без да кажат а татко ми секогаш ги прашувал нив дали е во ред да не им донесе кој било НЕ НЕ НИКАКО СО НИКОГО НЕ ВРЕДИ ДА СИ ДОБАР сите гледаат свои интереси од мали деца до највозрасни!
Добрината ќе ни се врати, верувам во тоа. Треба да бидеме позитивни, со добра намера, но не да се газиме себеси за некого. Треба цврсто да стоиме на свои нозе, и да се бориме, ... малце сложено прашање е... но сепак е подобро да правиш добро за да те следи добро!
јас мислам дека веке не вреди,колку подобро им правиш на некои личности,толку полошо ти враќаат.Ти се трудиш да направиш се за нив,да им помогнеш колку што можеш а тие едноставно не те ценат.Кога им треба нешто ке те побараат,а кога не ке заборават дека постоиш.
Се надоврзувам на претходниот коментар , не напразно има и една поговорка: АТЕР,АТЕР на крај ЕБЕМ ТИ МАТЕР!!! и тие што не прават се ставени во исти кош со ние што правиме. Но Господ гледа и казнува!!!
Јас го знам на др. начин... На секому атер, себеси матер. Абе вака, во животот се се памти, се се плаќа, се се враќа. Ама едноставно за некои луѓе не вреди! Сите гледаат само корист. Или едноставно.. тука се само кога им требаш.
Вреди!! Не би коментирала многу на оваа тема само би сакала да споделам некои изјави на Мајка Тереза кои ми се поомилени : 1)Луѓето се често неразумни,нелогични,егоцентрични .... како и да е простете им! 2)Ако сте добар луѓето можат да ве обвинуваат за себичност ...како и да е БИДЕТЕ ДОБРИ! 3)Ако сте чесни и искрени луѓето можат да ве измамат но сепак бидете ЧЕСНИ И ИСКРЕНИ! 4)Она за што сте вложиле години за да го изградите некој може да ви го уништи пркеу ноќ но сепак ПРОДОЛЖИТЕ и понатаму ДА ГРАДИТЕ! 5)Добрината која ќе ја направите денес луѓето честопати ќе ја заборават утре ...како и да е ПРАВЕТЕ ДОБРИНА! И многу други .... али доста се овие! Често ме карактеризираат како добра,фина,културна,позитивна итн... и се трудам да, но има ситуации кога стварно некој не заслужува да си добар и ти пука филм. Па се научив, со текот на годините, да функционирам по она правило ~ Како со мене -така и јас со нив~
луѓето се така покварени и утре ќе заборават колку и да си направил за нив, кога ќе ти биде најтешко ќе ти свртат грб.. ма веќе ичч никој ни трошка ема да добие од мене, секогаш бев искористена повеќе не толерирам !
абе вреди да си добар али па затоа за се си има границааа,колку си подобар со чоек толку на глава ти се качува,али мислам дека се се врака се се плаќа така и за ова праи добро кад тад ке ти се врати со добро...
Дали вреди да си добар ?!.. Јас би рекла зависи за кого како.. Има луѓе кои ја заслужиле мојата добрина и помош, а има и такви кои не го заслужиле ни моето здраво !! Од секогаш сум помагала на сите, колку можам се разбира.. Но, секогаш за секого сум била тука !!.. Има такви и што ја искористиле мојата помош и добрина, и во момент на нервоза и лутина сум викала дека НИКОГАШ повеќе нема на никој да помогнам, но грешев.. Ме повредувале многу, но сепак сум простувала, сум помагала, многу од нив ми забиле нож во грб и се правеле како ништо да не било.. Лајф гоус он.. Според мене не вреди да си добар, зашто кога-тогаш сите ќе ја заборават твојата добрина и ќе ти свртат грб, ќе ти кажат чао или најлошо без збогум ќе заминат од твојот живот.. Животот ме научи да се борам и од многуте грешки научив дека не можеш да му веруваш секому! Јас на никому нема да свртам грб, за секој ќе бидам тука да помогнам, а они нека се срамат и нека вртат глава што сакаат само да ја искористат човековата добрина...
НЕ ВРЕДИ ДА СЕ БИДЕ ДОБРАР КОЛКУ СИ ДОБАР ТОЛКУ ТЕ ПРАВАТ ГЛУП СУМ СЕ РАЗОЦАРАЛА ОД НЕКОЛКУ ЛИЦНОСТИ СТО НАВИСТИНА САМ БИЛА ДОБРА И СЕ НАЈУБАВО САМ И МИСЛЕЛА АЛИ СФАТИВ ДЕКА НЕ ВРЕДИ ДА СИ ДОБРА ТЕ ПРАВАТ ГЛУП СМОТАМ ЗАТОА ОД СЕГА САМ ДОБРА ЗА ТИЕ СТО ГИ САКАМ И СТО МЕ САКАТА СТО МЕ ЦЕНАТ И ГИ ЦЕНАМ АЛИ ЛОШО НА НИКОГО НЕ МИСЛАМ ИМА ГОСТОП НЕКА СУДИ
Зошто да не вреди голем е Господ знае да ја награди секоја добрина и се што е направено со душа и посветеност