Не вреди...Сепак, мислам дека треба да се потрудиме да правиме добри дела за сопственото чувство на задоволство откако ќе направиме нешто добро...
Не вреди секогаш. Во денешно време никој не ја цени добрината. Прави добро- добро ке те снајде се претвори во прави добро- лошо да те снајде
Е да.. се изначитав/изнаслушав/изнагледав дека добрината во денешно време никој не ја цени.. дојде време кога сите (ништо не е апсолутно, секогаш има исклучоци) сакат само да ги остварат своите цели, задоволат своите потреби без оглед на се`, користејќи ја секоја трошка помош и добрина за кога ќе успеат во она што го замислиле забораваат кој им дал рака кога им била најпотребна. Не само тоа, особено на Балканот кружи мислењето дека ако си добродушен, фин.. не се расправаш.. тогаш си будала, немаш свое јас.. а ако пак во спротивно го дигнеш гласот или застанеш цврсто на своите ставови тогаш си кучка(ова за женските, за машките би било.. препотентен?). Мајка ми ми велеше, ако некој е добар спрема тебе, биди и ти, ако е лош - врати со иста мера.. Ја слушав до пред година две, но сега се водам според изреката на Махатма Ганди: Be the change you want to see in the World. ...мејби ај уил си ит самдеј..ху ноус?
Зависи кога,со кој каде и зошто..не баш секогаш доброто ти го враќаат со добро..некогаш можеби вреди а некогаш и не
Вреди да си добар, но се си има свои граници.. Понекогаш добрината не ни се враќа, меѓутоа правдината можеби е долга, но секогаш си го наоѓа патот..
Вреди..тркалото се врти...како што кажа и една наша феминка...фрли напред за најдеш позади...човечно е да си човек, подобро да бидам добра и да правам добрина отколку да си ја полнам душата и срцето со злобни мисли. Само сама на себе си штетам.
Не вреди,луѓето не го ценат и гледаат тоа.Но Господ е голем,тој гледа се и го чува најдоброто за крај. После две години залудно давајќи почит и добрина на некој кој не заслужува,сега Господ ми го исполнува сонот.
Не вреди нормално, но да е проклета хуманоста во мене Знам да бидам права кучка со тие што треба, и тоа си го сметам за дарба, а во принцип сум добра, и вреде или не, секако не, ама луѓе сме, сите си имаме и добри и лоши моменти фала богу, значи се на се, сум добра, со кој треба, а тие се малце, многу малцееее.
Мислам дека не вреди,колку повеќе си добар толку повеќе те користат и газат врз тебе Луѓе на кои си им направил добрина потоа едвај те познаваат или пак полошо те повредуваат .
За жал ќе се сложам и надоврзам со претходните феминки , во денешно време добриот човек = будала човек , нити го почитуваат , нити еден ден ќе ја вратат добрината . Нормално дека исклучоци постојат , но нивната реткост е повеќе од очигледна .
Колку си подобар кон луѓето, толку повеќе те газат. Малку да покажеш заби, сите ќе те почитуваат. А и во денешно време ретко да се сретне навистина добар човек. Можеби самата тежина на животот во денешно време го донесе тоа, но сепак тоа не значи дека треба да постапуваме лошо со луѓето. Сепак кога тогаш на добрите луѓе добро ќе им се врати. Јас не викам дека сум совршено добра особа зошто таква не постои, но никогаш не би повредувала некого и би правела зло.
Хмм, често сум си го поставувала ова прашање. И заклучив дека се зависи од природата на човекот. Сум пробала да бидам лоша, да бидам посебична од природно ама секогаш после се јавувало чуство на грижа на совест, и не ми било баш пријатно. И така си решив, јас ќе си бидам добра, ама ако некој ми стапне на жуљ нека му се мисли.
Еве го паметново охриѓанче, со кое потполно се согласувам. Добрината често се со споредува со наивност па и се вели добрите луѓе се прегазени од оние ѓаволчињата. Имам едно девојченце колешка абе од добра предобра, навистина добра душа подобра амин, чисто срце, не знам дали згрешила некому нешто, но со добрината доаѓа и нејзината снаодливост, упорна е, нималку наивна, почитувана е од сите, никој не кажува грешен збор за неа. Добрината е предност, ако знаеш да ја искомбинираш со другите карактеристики па да не делуваш мутавко и да се играат другите со тебе. Лошковците нека си тераат по свое, нека прегазуваат, нека манипулираат но се се плаќа и враќа. Јас пример може некогаш сум остра на збор или претерано искрена за што стално си кркам што зборам се што мислам и секоја добронамерна критика јас си добивам контраудар поради несамокритичноста на луѓето и секогаш викам дека ставам крај на мојата искреност морам да ставам поголема граница од оваа сегашнава. Но верувам дека чисто срце и душа е најбитно, не дека сум добра личност, но навистина се трудам да сум подобра, не сакам да вратам на лошиот со лошо а и не ги сакам во моја околина истите, игнор имаат од моја страна, само ако морам да комуницирам се е на службено ниво и резервирана сум.
Ма не вреди човек да биде добар...Колку си подобар,толку си понаивен и ти набиваат рогови...Отсекогаш ќе бидеш само за корист...Кога човек не попушта,станува полош-добива поголема почит.Биди добар само кон оние кои се добри кон тебе...а на оние лошите,искористувачите враќај дупло...