Не премногу добар но ДОБАР да вреди! Доколку ти си бил со некој добар кој те разочарал и повредил не значи дека сите други тоа би го правеле биди добар со сите но само помалку ВЕРУВАЈ.. секогаш биди искрен не вреди заради некој да станеш огорчен и поради тоа ти да ги повредуваш луѓето околу тебе
Не знаеш што те чека во иднината така да не знаеш што ќе ти се случи...така да не можам да тврдам личо јас дека нема да му го направам/а ова на некого или некој/а на мене...не сакам да бидам таква,да добијам нешто со тоа што ќе повредам некого или ќе го згазам а ќе заборавам на се што било..искрено би рекла Не ама Животот е игра...
Дали вреди?Никој не знае баш точно дали вреди ама јас мислам дека вреди...едноставно ќе ти се отворат некои порти во животот,па и од Господ е пуштено да се прави доброто а доброто го прават добрите луѓе така да јас верувам дека вреди да си Добар
Ако чекаш фала од луѓето,богами ќе се начекаш! Денешно време секој си гледа само за него и не цени ништо добро.. Додека му треба нешто од тебе е добар, ти лицемери.. после не те познава бре, а не да те услужи тебе некогаш кога си му потребен!
Дефинитивно не вреди да бидеш добар ама не и да ги третираш сите како мајмуни. За жал (скоро)сите гледаат да си удоволат за себе па марак и да злоупотребат нечија добрина. Затоа, некоја златна средина треба да се фати и терај!
Колку што повеќе растам и запознавам луѓе толку повеќе се изненадувам и разочарувам од нив.Значи што се нема по светов.Какви дволични,лицемерни личности.Според мене не вреди да си добар.Затоа што тие што не се добри повеќе успеваат на ваков или таков начин али повеќе успеваат.
За кого како! Не вреди да си добар кон сите, но вреди да си добар во умерена доза кон оние кои ти значат. Ама ти значат навистина. Добрината често се заборава, не се враќа со добрина, па затоа и не треба да се биде добар кон секого!
Вреди, не знам зашто не би вредело?! Не дека ќе добиеш нобелова награда, но тоа не е ни потребно... Не е потребно некое признание за твојата добрина... едноставно биди си добра за сама себе како личност, за да те сакаат тие околу тебе и за да те ценат... Кога сите луѓе би биле добро, светот би бил убаво место за живеење, па со оваа помисла тргни од сама себе, па потоа за другите И да, има и такви луѓе кое не ја ценат добрината, кои само ја искористуваат, но нека си тераат тие по твое, добрината носи и добро, а злото само може да ти донесе поголемо зло...
Доброто со добро се враќа, но во сегашно време се помалце. Дури и ако си најдобар сите ќе те искористуваат.. Затоа треба да си фатиме некоја средина..
Едно од често поставувани прашања.... Сепак, би рекла дека не вреди.. добра сум, дури и премногу.. но, за кого? кој некогаш ќе го направи сето тоа што јас го имам направено? - ...реторско прашање.. Често си велам во себе:,,КРАЈ! ЌЕ СЕ ПРОМЕНАМ! НЕМА ДА БИДАМ ВЕЌЕ ТАКВА!" .. но, залудно .. пак сум истата.. и истата... и секогаш ќе си бидам таква..
mislam vredi da se bide so nekoj kako sto e on so tebe.. [mod-kirilica:2rhzk1av][/mod-kirilica:2rhzk1av]
финтата е во тоа што луѓето се лицемерни и неможеш да знаеш со кој вреди да си добар. ако ние сите знаевме со кој вреди да си добар и кој заслужува добрина немаше потреба да биде поставувано ова прашање
Епа вредат тие луѓе што се до тебе секогаш кога си во тесно и кога ќе ти притреба нешто, што знаат да те утешат и што се секогаш тука за тебе. По тоа се оценуваат луѓето, не може некој кој не сака да ти помогне, секогаш да ти прави лице и да ти помага . Во краен случај, најблиските, фамилијата, дечко ти, евентуално некоја од другарките ... За нив бар вреди.
Пишете и зошто вреди или не вреди, образложете го вашето мислење, не одговарајте само со Да или Не. За таа цел ќе направам анкета.
Ако си премногу добар ке те прават прост !!!!!!!!!!!! Јас имам една пријателка и мислам дека е многу добра и затоа многу си Ја сакам и тоа искрено ја сакам и се би направила за неја зошто знам дека навистина искрено е добра! И јас сум добра кон неја ! Значи на доброто со добро си вракам !
Денес доброто се заборава лошото се памти но сепак не сум лоша личност тие што се лоши спрема мене има кој да им врати,секако дека веќе и немам близок контакт со нив но не превземам мерки да враќам, а спрема остантите сум добра .. значи се прилагодувам и една грешка некој да направи се оддалечувам од личноста за да не ја зачести истата
Па, и јас си имам сериозен проблем со добрината изгледа. . Кога бев помала, во пубертетот,тој период,мислам дека сите девојки поминуваат низ тоа пубертетско лудило,кога мислиме дека се е наше,дека се можеме да имаме...и сум сакала и јас да бидам кучка, пошто тоа е сега хит мегју девојките, полни се со себеси и горди ако знаат дека се одмаздољубиви кучки... Но, со тек на време сватив дека лошо се пронаоѓам во таа улога...и едноставно, имам вградена силна совест изгледа, и не можев нити раат да спијам нити да се будам тој период... сега сум тотално друга приказна,пошто од тој момент сватив дека јас сум едноставно добра,и не можам против тоа,не сум креирана за да бидам лоша,ии почнав да се градам себеси во таа насока..ноо... мислам дека не ми донесе ни нешто посебно добро. Освен што сум секогаш сигурна во своите добри постапки,мирна ми е совеста и знам дека сум многу подобра од мнооогу други луѓе во моја околина, другото се оди надоле. Имам и свој одбранбен механизам кон останатите, но на пр коа се работи за љубов, јас сакам безусловно и безрезервно, го давам најдоброто од себе на тој што го сакам надевајки се дека кје го цени,но изгледа сите лугје се исти,што повеќе добиваат тоа повеќе злоупотребуваат... И сега ми се случи пак истото..иако бев среќна скоро две години,полека но сигурно тој свати дека јас едноставно сум таква, и дојдовме до точка каде што пак јас сум таа што е повредена и плаче. А не си оставив никаква резерва за себеси ни малце гордост дури, и можете да си замислите колку сум изгубена сега. Тоа е најлошото што може да се случи некому.. но зошто.. и што вреди сега што јас бев добра..?...кога нервите при крај ми се.
Според мене вреди да си добар, бидејки тоа е наш составен дел од нашата душа. тоа што другите ке кажат воопшто и нее битно, сепак ние не живееме за другите. Е сега ако додјеме до ситуација да бидеме лоши, да се испонашаме лошо, прејасно е дека и така ке постапиме, јас имам една реченица која секој ден си ја повторувам, биди добар со добриот а лоша со лошиот, и тоа е точно, ама како што одат работиве во денешницава, повеќе од луѓето се лоши отколку добри. Сите ние имаме некои маани, па така и оваа со добрината, ако некому дозволиме да не гази, многу јасно е дека тој тоа и ке го прави, но ако малце покажеме заби.... си се одбраниме... јасно дека ке престане, затоа Биди добар до добриот, а лоша со лошиот ... Убаво е во некоја умерена доза во секој од нас да постои некоја лоша точка, бидејки таа ке ни помогне да станеме кога ке ни биде најтешко, кога некој ке сака да не згази, а ние ке можеме да му вратиме