Вреди ли да си добар?

Дискусија во 'Психологија' започната од sexybaby22, 17 октомври 2010.

?

Вреди ли да се биде добар во денешно време?

  1. Вреди.

    112 глас(а)
    14,5%
  2. Не вреди.

    141 глас(а)
    18,2%
  3. Вреди, ама со тие кои заслужуваат.

    355 глас(а)
    45,9%
  4. Ако бидеш добар, лошо ќе те снајде.

    43 глас(а)
    5,6%
  5. Златна средина.

    122 глас(а)
    15,8%
  1. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Вреди, но само со тие кои се добри спрема тебе.
    Добар си со сите- те газат.
    Покажи малку заби, се ќе биде поинаку.
    Си знам од лично искуство.
     
  2. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    секако дека вреди за оние кои што заслуЖуваат и те прават среќен и исполнет
    за нив би била тројно подобра ;)
    а за оние кои што не заслуЖуваат, не дека вреди или не вреди, али ги игнорирам во целост, затоа што некои лиЧности дури не заслуЖуваат да и каЖеш ни еден збор или да и го видиш лицето-тотален игнор.
     
  3. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Вредело не вредело,,јас со сите сум добра.Поинаку не можам.Ме гризе совеста. Иако на крај пак јас не чинам..ама тоа е тоа ..
     
    На seksi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    1.742
    Колку си подобар толку повеќе на глава ти се качуваат... Сум била добра и уште сум,ако некои упорно го злоупотребуваат тоа...Јесте да правам грешки,свесна сум ама дирекно на некој не би посегнала...Ќе ме гризе совеста а и секако не сакам да правам нешто што несакам да ми го прават мене.. :angel:
     
  5. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Точно е кога велат дека меѓу добриот и глупавиот мала е разликата. Ако си добар и наивен кон сите многу луѓе тоа ќе го злоупотребат.

    Порано бев наивна и верував во тоа дека ако правиш добро со добро ќе ти се врати, но сфатив дека никој нема да ти рече фала. Научив дека треба само добра проценка и однесување по принципот кој како си заслужил - кон луѓето кои те почитуваат ќе се однесуваш добро, а кон другите не мора да се однесуваш лошо, едноставно не им посветуваш време и внимание.
     
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Па сметам од сопствено искуство, но и од набљудување на луѓето, дека добрината носи несреќа. Да, имам еден колега, предобра душа има, на сите им помага, нема лош збор за никого... но е несреќен. И не е точно дека на добрите луѓе им се враќа со добро. Може се наградени некогаш, по некоја случајност со добро, но веднаш се зашамарени од ладната реалност.
     
  7. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Де бре луѓе, зашто сите мислите толку себично, индивидуално и само за себе?! :?:
    Јас сум добра со сите! Ама баш со сите! Неодамна и помогнав на девојката која пробува цело време да ме уништи. Направи добро и фрли го во морето - викаат старите. Никој не добар спрема мене освен оние, најблиските. Па зошто па и ми треба да бидат такви? За после до крај на живот да ме замараат со тоа јас ти помогнав мораш и ти мене. :^) Не, не сакам да бидам себична, доста ги има во нашето општество. Секогаш вреди да си добар! Секогаш! Дури и со човек кој никогаш не си го видел, а ти бара помош. После помошта она „Фала, Господ да те благослови“ вреди повеќе од било какви пари, материјални работи. :!: Луѓе, освестете се ! Место да се огледувате на Лејди Гага (немој да ме сватите погрешно, немам ништо против неа), почнете да се огледувата на Мајка Тереза.
    искрен позз од мене. :*
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    8.452
    Вреди, кога тогаш ќе се испалти, не мислам во материјална смисла. Прави добро за добро да се врати, јас си се држам да оваа поговорка и засега добро се држам, се немам разочарано :lol: :lol:
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Вреди за самиот себе, и своите блиски околу тебе..
     
    На Serafima, LUNA.girl, najubava2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Вреди да си добар,во ова злобно време само добрите луѓе се УНИКАТИ :bow: :bow: :bow:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Доста сложено дискутабилно прашање. На прв поглед површно и просто, но со скриена и длабока содржина.Ова прашање би го објаснила малку од друг агол.

    Навистина е помалку „лудо„ да се биде добар кон сите, посебно денес во ова време, кога сите го гледаат само она што ги интересира. Но, сепак мислам дека тука се работи за нешто многу повеќе.
    Вистински се работи за карактерот и вистинската вредност на личноста.
    Добар кон сите (според мене), означува човек кој има големо срце.
    Човек кој знае да прости, кој знае да заборави, човек кој знае вистински да сака од срце. Не е добрина само да се сака оној кој те сака, туку добрината се гледа во сите овие напоменати критериуми, односно да се сака и да се биде добар и кон оној кој ти грешил или те повредил.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Гледам и мнозинството тука се согласува со тоа "Вреди, ама со тие кои заслужуваат". Да, така е, само што и тие кои заслужуваат се ретки во денешно време. Што е навистина жално.
    Факт е дека денес секој си гледа само за себе. Ретко кој е спремен да помогне на некој друг.
     
  13. talentirana

    talentirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Ма јас мислам дека не вреди. Досега ме зезнале неколку луѓе со кои јас бев предобра, а тие на крај ме изиграа. Има и исклучоци, не велам не ама то е то....
     
  14. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.556
    Вреди, макар и да ме повредат на крај.

    Затоа што на крајот од денот, полесно ми е да плачам зошто некој друг ја злоупотребил мојата добрина, отколку да плачам зошто ја немам.
     
    На zhap4e, crazylady, Hiii и 3 други им се допаѓа ова.
  15. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    По заслуга .
    Ако некој е добар кон мене ,јас ќе бидам илјада пати подобра .
    Ако не ,тогаш не ја заслужува мојата добрина.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    колку си добар кон мене,дупло подобра можам да бидам.
    ама ако си гад, тогаш подобро воопшто пред очи не ми се појавувај.(зошто не сум некоја памти па врати,значи неќам лошо да правам,така да најдобро тој што ми мисли лошо нека ми се тргне од патот,зошто ако не....сигурно нема да продолжам да трпам и ќутам)
     
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Да можам да се вратам една деценија наназад, во моментите кога удобно си седев во мојата фотелја читајќи книгички со happy end и позитивни ликови кои секогаш победуваат на крај, без никаква борба...Доволно е да бидат добри, да ја имаат онаа благост и милина како кај кротко јагне.
    Ја имав и јас... Кога наивно и слепо веруваш во даден збор, насмевка или поглед.Добро е да си искрена и чиста душа, и освен во моментите кога ќе излезеш повреден, се друго е волшебно, како во замислен свет, цртан филм во кој ти си пепелашка...
    Со тек на време, без да сакам некако природно ми дојде да почнам да штедам на неа, оти не секогаш но често, наивноста и добрината одат рака под рака...Пази се овде, пази се онде, се калеми човек со тек на време...Без итри расудувања и строги пресеци па и доза на себичност, штознам колку се може а да ти не бидеш оној повредениот...
    Не дека Луцифер си го сторив за бест френд но не сум ни ангел, мислам дека не вреди...
     
    На Magnolija, MarchelineAmaru, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    Секој ден се прашувам: вреди ли....
    Едноставно колку си со некој подобар толку тој да е со тебе полош е обратнопропорционално. (ја погодив математикава? :lol: )
    И тоа, баш на тие кои им го давам сето најдобро од себе си, бидувам изиграна, изманипулирана, искористена и повредена.
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.567
    Мислам дека не е прашањето дали вреди да си добар...Дефинирај добар?!
    Дали значи добар по цена на лицемерие?!
    Дали значи добар по цена да се оди против своите принципи?!
    Дали значи добар да угодуваш некому за да бидеш прифатен?!
    Дали според некого добар значи исто што и емпатичен?!
    Дали значи добар додека ти прераснува во фрустрација и неподносливост за остатокот од околината додека се жалиш како тоа ти си бил добар кон некоја личност,а таа така и така ти вратила,а ти всушност не ни сакаш да бидеш добар со истата?!

    Повеќе станува збор за тоа дали вреди да си искрен. Искрено,прек*рчено ми е од душебрижници кои еуфорично ми упатуваат позитива и добрина,а у суштина не ги боли цеф за ништо.Ама знаеш,тие се добри,фини, навредувајќи ми интелигенција дека не можам да проценам на што се должи таа доброта.

    Вреди да си добар (и искрен) само доколку навистина го мислиш и чувствуваш. Ако го правиш за мислењето на околината...пљук.Исто како да не си го направил. Живот за публика, бродвејски шоуа, светки,виножита и публика,глумење на самариќанец...а тиња у пасивна агресија и гнев...

    А и оние мивките за внимание и потвда не се ништо поарни. Сервилни будали кои би лижеле и под ради доброќа,најчесто пред авторитети кои не мора да значи авторитет само на работа,туку во социјалниот живот. Амеби без критериум или било каков став. Медиокритети!

    И исто така џабе е ако го правиш за да ликуваш...овие ваквиве ми ја креваат содржината во желудникот,а знам дека не вредат ни пет пари,а до душа и околината знае.

    Вреди се додека навистина си таков и не знаеш за поинаку,вреди до моментот кога држиш до достоинството и гордоста за да можеш да се задржиш до моделот - човек,вреди се додека ти е во согласност со принципите и не те надвладеува лицемерието.
    Не ги разбирам крајностите и не ги сакам крајностите. Сакам верни и искрени луѓе,па дури и полесно би се соочила со некој искрен лошко,отколку со некој тн добричина што ми прави арно само од страв да не го осудам,а во себе тлее од омраза и фрустрација,ме пцуе и ќе ме збори по луѓе како тоа мене ми помогнал или ме сослушал или не знам што и наводно немам ни благодарам.Сто пати ќе ме праша,како сум,што сум,дали ми треба нешто,како ми се по дома,па дали нешто може да ми помогне. Ми се случи ... една ваква,да ми рече,еј шшш дојди нешто да ти кажам,абе да не зборам пред други,имаше една буквичка утнато,ама не се секирај ти ја поправив и тап,тап,по рамото... :| Фала?! Подалеку од такви.

    Често знам да подпаднам наивно со цел да помогнам,но не си го земам за зло,зошто знам да се освестам и да ја повлечам границата кога веќе ќе прерасне во злоупотреба и истата таа особа ме ползува мене за нејзини хирови,па дури и злобни планови.Не го правам тоа за да не ме озборуваат или да добијам потврда. Го правам зошто сакам,сакам некому да му олеснам.Имав среќа да имам добри учители. Не очекувам спектакуларни заблагодарувања,ниту должник до крај на живот,впрочем ако некој не ја почитува мојата добрина,тоа повеќе говори за него.Не го правам со очекување дека во иднина ќе ми се исплати и ќе можам да си го наплатам цехот од истите. Не го правам тоа само во бои на виножитото... Не го правам нештото,ако не го сакам и ми претставува потешкотија.
    Тука нашата религија прави сериозни морални дилеми...јас не верувам дека е во ред да бидеш џигер модар само зошто се утепал од вртење на образи по секоја цена.Тогаш имаш сериозен проблем со мазохизам и слаба самодоверба.
     
    На stylishh, zhap4e, sesilija и 12 други им се допаѓа ова.
  20. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.269
    Допаѓања:
    24.751
    Пол:
    Женски
    Вреди ама со тие кои заслужуваат ова беше мојот одговор во анкетата погоре. А гледам и повеќето феминки така одговориле. Значи самиот одговор кажува СЕ!