Мислам дека никогаш не знаеме кој е тој кој заслужува да се однесуваме добро кон него... Верувам дека секој човек е роден добар, само средината го изобличува неговото срце, а и факт е дека денес луѓето имаат еден куп проблеми за кои треба да се грижат, а не сите знаат како да се соочат со таа грижа... Па така, колку подобро се однесуваме кон другите, толку подобро и за нас, и за нив... Но ако некој ми стапне на нервот... Е тогаш - џабе е колку сум добра...
Вреди да си добар заради себе, но не и наивен. А лошотилакот секогаш се враќа на тој што прави лошо, денес или догодина, сеедно. Се си има своја цена.
Вреди да си добар,но не поради другите туку поради самиот себе и луѓето кои навистина го заслужуваат тоа.Нека се и 3 луѓе само,како што се во мојот случај но вредни се како за 3000 и за нив вреди да сум добар човек.Не викам дека со други сум злобна и гад,не тоа нема да ме направи среќна,другите само ќе ги дистанцирам,ќе изградам ѕид помеѓу нас кои нема да можат да го поминат,така нема да им дозволам да го истакнат лошото во мене,нема да паднам на нивно ниво,не иако ми се случило да неможам да се исконтролирам но не повеќе,рамнодушна сум со нив.
Вреди да си добар се додека тебе тоа ти одговара и те исполнува, се додека се чувствуваш добро со себеси што си таков. Порано бев и предобра со луѓе кои не заслужуваа, ама џабе, кога не бев задоволна, се преокупирав со тоа дали воопшто правилно постапувам, зошто мене не ми се враќа со арно...Секој доаѓа до степен кога му е преку глава од некои луѓе или негативни настани и си мисли дека му е време за промена, дека ако го смени однесувањето на полошо ќе се чувствува подобро. Сум го пробала и тоа. Едноставно не сум тоа јас. Сфатив дека сум многу посреќна да правам добрини, макар ми враќале обратно, ама повеќе не се разочарувам. Прифатив дека мене ми одговара да сум добра и ако не ми одговарало, ќе сум се сменела. Изборот е ваш. Место да кукате како никој не ве цени, како се правите за другите, никој не ви помага вас...сменете се. Никој не ве тера да правите нешто со сила. Признавам, сум правела добрини, со цел да ми се врати на ист начин, но тоа не е поентата, штом го очекуваш истото за возврат. Дарувај, без оглед на исходот. Сеуште ме разочаруваат...навредуваат...повредуваат, но не си го земам тоа при срце. Тоа е нивна грешка. Мое е да простам и да го исполнам срцево со љубов, наместо со бес, лутина. Некој ќе ми направи лошо, па јас ќе му вратам со лошо и така до недоглед, ќе се замразиме, а зошто кога сум можела да најдам мир и сила во себеси да се помирам со тоа дека така требало да биде и дека е една лекција од која може многу да научам. Нема да се спречувам себеси да сакам, да се отворам некому, да верувам, само зошто некој ме повредил. И да, вреди да се биде добар. Во однос на тоа да се биде добар со луѓе кои заслужуваат-па како можеш да бидеш сигурен дека некој заслужил? Можеби дотогаш таа личност ти била најголема поддршка, но утре може да ти заврти грб, да те зафркне на најподмолен начин, а немало никакви индикации дека тоа можело да се случи. И ќе продолжам да бидам добра и далеку позадоволна со таа доблест, а ако некој решил да ме навреди, повреди, изневери, тоа е негово право и не можам ништо да сторам околу тоа. Ниту тој може да влијае на начинот на кој јас ќе реагирам. Така да, ако ви одговара, бидете добри, ако не ви одговара, одберете го другиот начин, само не го кривете животот или судбината за се што ви се случува. Life is 10% what happens to you and 90% how you react to it.
Се обидувам да бидам добра со другите... Но никогаш не ми е возвратено Затоа веќе незнам дали да верувам во тоа дека вреди да си добар и дека секое добро со добро се враќа...
Зарем треба, воопшто да постои дилема дали вреди да си добар човек ? И немојте да мислите или да бидете добри зарадии другите туку, бидете добри заради себе, и не преувеличувајтего било кое ваше добро дело мислејки дека ке го засени она што сте го направиле лошо. Бидејки едно лошо дело може да ги засени сите добрини што, сте ги направиле и никогаш не очекувајте добрината што, сте ја направиле да ви се врати со добрина, бидејки ако правиш нешто очекувајки тоа да ти се врати тогаш не си го правел/а тоа од срце. Најголемата награда за направеното добро дело е кога ке видиш дека некој е срекен токму поради тоа што ти си го направил/а.
ни вреди ни ништо,цел живот кутам и само со добро вракам и до сега со добро ми се нема вратено,лошите просперираат во овој свет
Да вреди. Не вреди цел жвито само добро правам, помагам колку можам и на кој можам, ама секогаш ми се враќа спротивно што би се рекло рани куче да те лае. Ама па јас се водам од помислата дека има господ па тој ќе суди на сите.
Вреди или не вреди, што и да направиш Господ за се ќе ти врати. Јас се сметам во добрите личности имам направено повеќе добри работи, секогаш сум овде ако на некого му требам и до сега не видов резултати од тоа. И вистина е тоа дека лошите владеат со светот, а ние добрите сме секогаш овде кога ќе затребаме. Јас сметам дека сум и премногу наивна личност, верувам на секој збор изустен од било која уста, и затоа си страдам. Да се надеваме дека Господ еден ден и нас ќе ни врати за сторената добрина.
Се слагам милијарда проценти. И пак доаѓаме до тоа дека вреди, доколку намерата е да се направи доброто дело само за да се направи, без внатрешни пресметки и очекувања за награда, и без ликување и хранење на егото. Тоа е потешко да се постигне отколку што изгледа, но секогаш вреди да се трудиш затоа што да стигнеш до пола пат не е исто како никогаш да не си тргнал. Во врска со последниот пасус, делот со образот е секогаш дискутабилен, затоа што ако веруваш во Бог треба да се почитуваш и себеси како Негова креација. Всушност Библијата вели и "Сакај го ближниот како себеси", дел во кој многу јасно се кажува дека си важен и самиот ти не помалку од другите. Библијата вели не повредувај, но тоа не се однесува само на другите луѓе туку и на себе. Тоа е работа на толкување кое е секогаш различно кога станува збор за религијата. Еве во прилог две зен приказни кои на брилијантно едноставен начин ја пренесуваат суштината, изворната намера на добриот човек. Тоа не значи ласкање и не е градење на добро име за себеси. Она што на прв поглед и впечаток ни изгледа како добар збор и дело не е секогаш добро, и она што на прв впечаток ни изгледа остро, може да биде најдобро и најправилно дело. Спојлер Глупавиот властелин Двајца зенистички учители, Даигу и Гудо, биле повикани на посета кај некој властелин. По доаѓањето, Гудо му се обратил: „Вие по природа сте мудар и имате вродена способност да го научите зенизмот“. „Глупости“, рекол Даигу. „Зошто му ласкаш на овој глупак? Тој може да биде властелин, но нема поим за зенизмот“. За чудо, наместо да изгради храм за Гудо, властелинот го изградил за Даигу, со кого продолжил да го изучува зенизмот. Спојлер Скржавиот уметник Гесен бил монах уметник. Секогаш настојувал да ја наплати работата однапред, а неговите цени биле многу високи. Станал познат како „скржав уметник“. Еднаш побарала слика од него и една гејша. „Колку можеш да ми платиш?“ прашал Гесен. „Колку што ќе побараш“, одговорила девојката, „но сакам да работиш пред мене“. Така гејшата во определениот ден го повикала Гесен. Подготвила и гозба за слава на својот светец заштитник. Гесен со префинета вештина ја работел сликата. Кога завршил, ја побарал највисоката можна цена. Гејшата му го дала бараниот износ. Потоа се свртела кон сликата на својот светец и рекла: „Овој уметник го интересираат само парите. Навистина, неговите слики се убави, но неговиот ум е извалкан, се гледа дека парите го расипале. Делото на еден толку гнасен ум не заслужува да биде изложено. Можеби ќе биде добар за да ми ја наслика фустата, и тоа е се’.“ Таа ја соблекла здолницата и побарала од Гесен да наслика уште една слика, овојпат на заднината на нејзината фуста. Му рекла дека повторно ќе му плати колку што ќе побара и Гесен повторно побарал неверојатно висока цена. Дури подоцна се открило зошто Гесен толку ги сакал парите. Во тој крај често владеел глад, што бил смртоносен за сиромашните. Богатите не сакале да им помогнат, така што Гесен имал таен амбар што секогаш бил полн со ориз, за случај да настапи глад. Потоа, патот што водел од неговото село до народното светилиште бил во многу лоша состојба па патувањето по него било многу непријатно за минувачите. Сакал да направи подобар пат. Неговиот учител го напуштил своето тело без да знае за желбата на Гесен да изгради храм, а тој сакал да го изгради токму во чест на својот учител. Кога ги остварил своите три цели (ги наполнил амбарите, го направил патот и го изградил храмот), Гесен ги фрлил сите свои четки и сликарскиот прибор и веќе никогаш не насликал ниту една слика. Даигу е подобар човек во случајот затоа што не се повредува себеси со тоа што ќе каже лага, а и не го повредува другиот со тоа што ќе му ја каже вистината. Зенистичките учители биле познати по својата строгост, но тоа не ги прави лоши луѓе, туку напротив. Гудо бил познат учител, добар учител, но во овој случај не направил добро дело со ласкањето. Еве имам и личен пример. Се нафатив да преведувам неколку страници за семинарска затоа што имав време, си реков половина час во денот нема да направи да изгубам нешто, а ќе помогнам. Испаднаа повеќе страници и требаше да изгубам многу време, неспиејќи две вечери. Сепак го преведов тоа затоа што ветив, но и си помислив: му реков на човекот, што ќе си помисли за мене ако му ги вратам? Сфатив подоцна дека тоа што го направив не е добро затоа што ем поттикнувам лажење, затоа што тој ќе добие незаслужена оценка, ем си кратам од спиењето за да не го нарушам впечатокот што тој го има за мене. Добро дело со лоша позадина. Ако Гесен ликувал со своите намери, ако ги кажувал кога ги земал парите, немало да биде добар човек туку себевоздигнувач. Намерата е важна, важно е таа да не биде себична. Ако го правел делото со намера да биде славен и почитуван, не би било толку вредно. Како што не се толку вредни и делата на повеќето денешни славни хуманитарци кои одат до Африка со репортери за да ги сликаат. Точно е дека егото секогаш се појавува на овој или оној начин, но вистинското добро дело го нема хранењето на егото како своја цел. Ако го правиш делото со цел да бидеш награден или подоцна човекот да ти се најде кога ти треба услуга, не е толку вредно. Но и тоа е повредно од водењето по девизата "Целта ги оправдува средствата" сфатена во својата најлоша конотација дека не е битно кому ќе му наштетиш за да се доведеш себеси во подобра позиција. Луѓе што прават пресметки за своите дела, луѓе кои велат дека да се направи добро дело не вреди затоа што луѓето не знаеле да ценат и не добиваш ништо за возврат, се најниско на скалата на вредности, затоа што им се извртени.
Мислам дека вреди да си добар. Но, не и наивен, да се разбереме, ова се два различни поими. Наивноста според мене води кон глупавост, а добрината - кон исполнетост, среќа, слога. Денешницава не води баш кон најдоброто, но барем да се потрудиме да изменеме некои работи. Добрината ја ценат добрите, оние кои не ја ценат - не се добри. Се’ се плаќа на овој свет. Доброто - со добро, лошото-со лошо. Вие изберете дали сакате да ве следи добро или лошо. Доколку го изберете првото, почнете со добрини. Никогаш не е доцна. Секогаш многу повеќе вреди да си добар. Така или онака, кармата секако ќе настапи. Спојлер
Имаше се сеќавам една одлична епизода на Пријатели во која што Фиби се обидуваше да докаже дека всушност постои несебична добрина, и дека не секое дело кое се прави со добра намера се прави истовремено од себични побуди. Се кладеа со Џои и погодете кој победи? Излезе на крај дека е утопија да се мисли дека денес нешто што се прави најдобронамерно е истовремено и - несебично. Алтруизам и добрина? Постојат ли и до која граница? До граница да не си наштетите себеси или има и такви кои се подготвени да загинат во име на туѓата среќа, живот, здравје? Како и да е, тоа е можеби друг муабет. Јас се согласувам дека вреди да си добар - и ќе се повторам - доколку таков си и доколку си искрен во намерите, доколку ти е тоа својствено и природно. Доколку не си добар само заради некоја скриена намера за сопствено добро, за да се покажеш добар а во суштина не си. Поголемо лицемерие - амин! Вреди да си добар, затоа што тоа е движечката сила на секојдневието кое полека но сигурно се движи во еден длабок амбис. Добрината го влече назад. Јас сеуште верувам во добрината на луѓето, сеуште. Иако колку што станувам повозрасна толку повеќе го разбирам она - „ги мразам луѓето, затоа што се зли“ кое некои мои пријатели ми го имаат речено. Епа јас по цена да сум последниот Мохиканец, не намеравам вештачки да се сменам иако почнувам да сум помалку наивна отколку во времето кога бев помлада. Добра? Да. Но не по цена да ми рипаат на глава човечки пијавици, мрчала, песимисти и злобници. Пред таквите бегам, себеси се бранам, но немам најмал проблем да помогнам, да направам добро дело во билокое време. Напротив, мене ми е мило и посебно задоволство да го направам тоа. Мене туѓата среќа и насмеаните и среќните фаци околу мене ме инспирираат. Ете - себично е на некој начин, но тоа е така како што е. Она што многу повеќе од се ме разочарува е постоењето на луѓе такозвани аждери (бррр уа за нивниот табиет) кои гледаат негативно на секој обид на човек да биде несебично добар. И едвај чекат да ти промрчат и да те етикетираат со зборчиња кои не ти доликуваат. И жал ми е за луѓето кои гледам дека се толку добри, праведни до степен да ги наречам ангели а сепак другите многу потценувачки настапуваат кон нив. Евентуално ја искористуваат нивната добрина, глупаво ги манипулираат и потоа најглупаво знаат да им забодат нож во грб Е во такви ситуации и случаи ми се плаче. Мене не ме разочарува човечката злоба и лошотилук толку колку што крајно ме иритира неправедноста и неурамнотеженоста која што постои на светов. И затоа арам да им е на првиве кои зад секое добро дело гледаат некаква лоша намера. Веројатно - према себе ги оценуваат и останатите. За крај ми текнува на една случка од средношколските денови. Моја многу блиска другарка ми се јави во ваков некој период, надвор студено, истура дожд, што се вика жал ти е и куче да истераш надвор. И ме замоли да одам со неа итно и било да си купи некој фустан чинам за некоја специјална прилика. Всушност се работеше за глупост, признавам, но нејзе и беше битно јас да и помогнам со ова. Ја одбив и и реков – извини ама надвор е тињасто, не ми се излегува. Спуштив и се сепнав кога ја видов мајка ми како ми дише на врат. Ме праша што е работава и ме праша што сум и одговорила, и потоа ми рече. А не драга моја! Ќе и се јавиш, ќе и се извиниш, ќе се облечеш топло и ќе отидеш до град со неа. За тебе е ова можеби глупост, но на неа и значи. Ако сите вака постапуваме каде ќе ни биде крајот? И тогаш кога најмалку ти се прави нешто, ако се работи за тоа да усреќиш некого, особено другар или другарка, направи го без да се двоумиш. Ти малку ќе накиснеш на дождот но другарка ти ќе биде среќна што си и помогнала. Ми се насолзија очите и си реков само – дека е во право женчево мое паметно. Човечката мрзливост изгледа стана поголема од човечката добрина. А кога ќе го видите тоа насмеано фацуле кое вие сте го направиле среќно вака или онака, е тогаш знаете дека вреди да си добар. Макар и сте осамени како мамут пред изумирање.
Само кратко на темава, инспирирана од ситуација пред минута време, НЕ ВРЕДИ!!!! Ќе бидеш ,,донки,, цел живот, добар, добар, добар, еднаш ли не успееш да одговориш на нивните барања еднаш, само еднаш ги потсетиш, им потспомнеш дека и ти си живо суштество и ти треба само малку да те олабават, дека пред да те заглават со дневната доза проблем, секој ден истиот на дневен ред, да те прашаат барем како си, и добиваш спуштање на слушалка, и коментари дека си себичен и цел живот само за себе мислиш и............ Е мајка ми извини, ама овој пат ја претеравте!!! И јас сум човек бре, не камен! (И уште дебил ко мене ќе чувствува грижа на совест цел ден, ни крив ни должен ) НЕ ВРЕДИ!
Пред некој ден паднавме на дискусија со дечко ми, дали навистина постои рај и пекол и како ќе се распределуваат луѓето пред портите. И дечко ми смета - дека во рајот ќе влезат само оние добрите, кои правеле добри дела. Ама викам, добрината е релативна работа. Кој ќе пресуди што е навистина добро, а што се смета за добро, а не е (добрината за која зборувате претходно, која има зацементирана основа од себични побуди). Мајка, чие дете трпи дома за леб, украла еден портокал од пазар. За да му даде да јаде. Зашто нема друг излез. Дали е тоа добро или лошо? И ред други примери, кои не влегуваат во рамката црно-бело. Добри се оние кои имаат непоматена слика и совест во себе. Вие лесно може да ја прелажете околината дека сте душички, но кога ќе се исправите пред крајниот суд (во овој контекст тера муабетот зашто така и го започнавме, не од некои длабоко религиски побуди), самите сте свесни дали сте биле и сте добри или не. Совеста не можете да ја изманипулирате. Сопствениот мир не можете да го прелажете. Тие се најдобри показатели за стореното дело. Можете мирно да спиете навечер? Или си ја трескате совеста, т.е. таа ве гризе вам? Што се однесува до мене, полека, но сигурно во речникот започнав да го внесувам зборот не. Се трудам реално да ги проценам можностите како и кому можам да помогнам. И по која цена, зборувам за себе. Одбивам да сторам добри дела некогаш, иако сум во можност да ги направам, за да спречам -неблагодарност, лицемерие, ликување дека некој ме зафркнал, изманипулирал, чувството на изиграност кое ќе ме прогонува неколку часови/денови, ... И погодете што? Легнувам со мирна глава и спијам како бебе. Добра сум, фала на прашање.
Е Трендафилке ова ти е е добар пример со мајката која украла портокал за да го нарани сопственото дете. Да. И Робин Худ и еден куп нему слични ги ограбувале богатите за да им дадат на сиромашните. И тука добрината е релативна. Но чуството за праведност е задоволено така? А за тоа дали мирниот сон е секогаш доказ дека си и задолжително добар човек не би рекла. Не зборувам за тебе - да не ме сфатиш погрешно, никако. Ама зборот ми е дека и Дон Марко од Сицилија ќе убиеше 10ици тој ден, одеше потоа во црква да се исповеда, да си ја исчисти совеста чунки е верник и чуствува грижа на совеста. Попчето ќе му речеше - за еден убиен човек 20 оче наш. Дон Марко ќе си ги каже и заспива мирно ко бебенце. И ај иди кажи дека ова е најбитното нешто. Не е, затоа што конташ дека и мирниот сон ти е релативна ствар. Да не правиме муабет за луѓе оперирани од совест. Помирно спиење - амин. Ни дијазепамче не ти е потребно Али и тоа е малку друг муабет, да не речам - религиски.
Ако веќе се зборува за убијци, психопати и сл. тогаш во нивниот поматен ум претпоставувам дека сите убиства се оправдани и секој си ја заслужил својата смрт, има многу кои веруваат нели дека убиваат од возвишени причини или за нечие добро... За мајката со детето-што ако тој украден портокал е единствената заработка на продавачот на портокали, а со тоа што мајката го украла за да го даде на своето дете можеби го скратила оброкот на детето на продавачот? Спојлер Глупавиот властелин Двајца зенистички учители, Даигу и Гудо, биле повикани на посета кај некој властелин. По доаѓањето, Гудо му се обратил: „Вие по природа сте мудар и имате вродена способност да го научите зенизмот“. „Глупости“, рекол Даигу. „Зошто му ласкаш на овој глупак? Тој може да биде властелин, но нема поим за зенизмот“. За чудо, наместо да изгради храм за Гудо, властелинот го изградил за Даигу, со кого продолжил да го изучува зенизмот. И овој пример ми е малку нелогичен како пример за доброта...Значи на крај гледаме дека сепак Гудо бил во право, излегло дека властелинот може да го изучува зенизмот, а Даигу не бил во право и не бил добар кога го нарекол глупав... Има уште многу нелогичности што ги најдов но да не тупам само ќе кажам-Какво седиште такво гледиште, не верувам во апсолутна добрина, што и да значи тоа...
Скорпионка во приказната за двајцата учители всушност најдобриот од сите е властелинот затоа што знае да цени и да прифати критика кон себеси и има желба да се поправи. Не можеме да знаеме каков човек бил тој пред тоа (веројатно немал никакво предзнаење за зенизмот, можеби се однесувал лошо кон работниците и слично), но увидел кој од двајцата ќе може да му биде подобар учител, а тоа не е тој што му го кажува тоа што сака да го чуе, туку оној што ќе го научи да биде човек. Има различни методи, не велам дека добриот пристап е лош, но добар е само кога е вистинит. Да, подоцна се покажало дека Гудо имал право, но само затоа што властелинот ја прифатил критиката на Даигу. Ако го прифател Гудо за свој учител, не би излегло така. Да, има простор за дискусија и всушност тоа е и целта на овие приказни од зенизмот. Но во секоја од нив има еден многу битен момент, а тоа е сфаќањето и секундата на промена кај човекот, може да значи просветлување или момент кога ја човекот ја сфаќа вистината што води кон просветлувањето. Има приказни за крадци кои се просветлиле во еден момент и станале свештеници, и слично, кај властелинот веројатно во таа секунда после одговорот на Даигу настанал пресврт на дотогашните сфаќања и вредности. Една зен приказна кажува многу и никогаш не е тоа што е на површината, што отвара многу простор за различни толкувања.
Лично за мене, ми вреди... Не сакам за себе да речам дека сум ангел,не сум и никој не е.И не ми е криво кога не добивам ништо за возврат кога пружам добрина, апсолутно не.Криво ми е кога некои работи кои знам дека сум ги направила од срце, без никаква задна намера, биле прикажани како спротивност на тоа што се,од некои ситни души или пак од самите луѓе за кого сум направила нешто добро го протолкувале погрешно.Во овие ситуации претерано се разочарувам и тогаш се прашувам дали вреди, ама одговорот ми е секогаш тука.Ми вреди за мене и за мојата совест која е некако најдруштвена навечер пред спиење...