Вреди ли да си добар?

Дискусија во 'Психологија' започната од sexybaby22, 17 октомври 2010.

?

Вреди ли да се биде добар во денешно време?

  1. Вреди.

    112 глас(а)
    14,5%
  2. Не вреди.

    141 глас(а)
    18,2%
  3. Вреди, ама со тие кои заслужуваат.

    355 глас(а)
    45,9%
  4. Ако бидеш добар, лошо ќе те снајде.

    43 глас(а)
    5,6%
  5. Златна средина.

    122 глас(а)
    15,8%
  1. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Добрината е стварно релативна работа,сите зборуваме од наше лично гледиште на работите,ситуациите во кои што се наоѓаме или сни се наоѓале,или гледаме од други примери ,како и да е сите гледам на истото целиме, добро-ако е од срце и не очекуваш ништо за возврат,или кога некој стварно му треба твоја помош и ја дадеш од срце и се вложиш, а при тоа не очекуваш нешто за возврат.Е сега има луѓе кои тоа не го ценат, и јас си имам дадено за право на таквите луѓе кои што помошта моја неколку пати ја злоупотребиле да не им помагам,чисто ради да не се најдам во ситуација јас лично да се јадосувам зашто некој ме искористил,и од она добро што ке сум го направела ,подоцна ако се каам нема да биде добро тоа.Сега постојано сум опкружена со луѓе кои гледаат да те искористат затоа што повеќе пати успеале во тоа ,и кога ке побараат помош од мене јас на страна капата.Зошто? Па само затоа што доколку им помогнам,знам дека на тоа ке плукаат по некој ден ,и јас ке бидам единствена која ке се јадосва и ке се кае оти сум направила "DOBRO" кое всушност не е веќе добро ради тоа што ке се каам.
     
  2. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Да ја прашав мајка ми пред едно 20-30 години дали вреди да си добар, сигурно прекорно ќе ме погледнеше и ќе кажеше дека се подразбира, нормално, како очекуваш ќерко другите да бидат добри со тебе ако не си ти со нив.
    Сега синот ме прашува вреди ли да си добар. Другарот на кого му диктира домашни по телефон и му дава лектири, му рекол дека наставниците му попуштаат. Разочаран е и бара одговор. Е одговорот не е краток и прецизен, како оној на мајка ми. Времињата се сменети, луѓето знаат да бидат сурови, понекогаш и тие од кои најмалку тоа го очекуваме. Но, дали тоа ни дава за право децата да ги воспитуваме дека треба да бидат себични, немилосрдни... И додека во високо развиените земји, во градинките и училиштата децата се учат на асертивност, ние се враќаме назад. Ако некој е лош со тебе, ти биди трипати полош со него, ако те удри и ти удри го него, ако може посилно...око за око, заб за заб.
    За жал живееме во општество во кое никој не прави ништо, ако нема интерес. Простете што генерализирам, но секоја чест на исклучоците. Такви за жал познавам многу малку. И додека порано со прст се покажувало на лошиот, нељубезниот, нечовечниот, сега е обратно. Ако наидеш на некој што се вели народски од мајка роден, се чудиш, неможеш да дојдеш на себе на каква реткост си наишол.
    Ј има 12 години и е болна од тешка болест. Пред некој ден Ј бара нешто од мене, а јас се обидувам да ја задоволам нејзината желба, барем малку да ја усреќам. - Остави ја, ја размазуваш, после ние имаме проблеми... ми сржува една колешка со непријатен глас. - Па, дете е,- успевам да изустам неверувајќи. Сите ме стрелаат со погледот како да сум сторила не дајбоже кривично дело.
    Да, живееме во време кога со прст се покажува на добриот, и тој треба да ја сведне главата и да се засрами.....затоа што бил добар....каков срам, каков блам.
    Само не знам каде ќе ни биде крајот....
     
    На Hipster и smiley-94 им се допаѓа ова.
  3. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Искрено незнам дали вреди пошто секогаш сум добра а лошо ме снајде :(
    Но сепак, ке продолжам да бидам добра :)
     
  4. tatjanceto

    tatjanceto Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    so maceto macka so lavot lavica
     
    На Cence му/ѝ се допаѓа ова.
  5. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Во оба време баш и не вреди да си добар, но јас и да сакам неможам бе да не бидам добра.. Небива ете. Колку пати сум се обидела да не мислам на другите ами само на себе али не оди. А и ем кога правиш добро многу подобро се чутвуваш. :)
     
  6. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    вреди да си добар но не и многу затоа што сите ке те газат
     
  7. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    После тоа што ми се случи на 16ти, дефинитивно вреди да си добар само со најблиските, со никој друг... како они со тебе така и ти со нив, од сеа ова ќе е мојата филозофија, доста се правев мајка тереза и на сите им помагав, и кога можев и кога не можев. За што?? За на крај некој нож во грб да ми забие... NO THANKS! :bow:
     
  8. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    783
    Пол:
    Женски
    Од што 23 години сум добра и како Peperutka90 што пиша - доста долго време сум мајка Тереза, добро знам што се ме снашло во животот од таа добрина. Дојде време и од својот најблизок да се пазиш, а не пак од некој што не ти е ни род. Многу пати сум се изгорела, ама никако да ми дојде памет. Пуста душа, премногу добра па на крај и повредена.. Дај кажете некое чаре, како да станеме лоши ние добрите :D
     
  9. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Не вреди да си добар ама во никој случај! Шанси нема. Зошто ? Ете затоа нема некое големо објаснување џабе викаат биди добар со добро ќе ти се врати мене едно што ми се врати у пм а ај си викам господ гледа се . Не сум и јас цвеќе за мирисање секако секој со своите маани и доблести но што е многу многу е . Колку си добар толку повеќе ти серат над глава и ама баш ништо нема да ти се врати со добро си зборам од искуство . Епа сега спрема нкои луѓе се однесувам ко тотален дебил и кретен зошто само тоа заслужуваат а спрема тие другите сум фина :) Жал ми е но дојде такво време секој да си гледа за себе и за своите потреби така е ама што да се прави мора да се обидеме да преживееме некако баш тие што се ‘‘лоши‘‘ и прават некои ‘‘мучки‘‘ најдобро си поминуваат такви фини се супер на почетокот си ќутат ти се вртиш со грб и ОП ете ги со цееела уста ширум отворена :) ете така се управува денес со светот само СТРОГО! Добрите луѓе побрзо умираат ;)
     
  10. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    До сеа сум била добра со секого, и со тој шо требаше и со тој шо не требаше.Па лошо ми враќаа. Едноставно изгледа не сакав да верувам или да видам дека стварно постојат луѓе кои само на себе си мислат, и само себе си си прават добро, а за другите не им е гајле како се чувствуваат, и им враќаат со лошо.Од коа почувствував на своја кожа, и од кога ме здоболи премногу, си завртив нов лист.и да, сега сум добра само со тие што заслужуваат, осносно со многу малку луѓе. Не викам дека на другите им правам лошо, само не влегувам во толку блиски односи за да бидам у ситуација да бидам добра со нив и да им помагам, а тие...ништо или лошо. Едноставно не ме занима животот на другите. Се што прават нека си прават за нив, мене некам да ме задеваат, пошо јас не ги задевам нив. И за на крај, ако сам не си правиш најдобро за себе, верувате ли дека некој друг ќе прави добро?
     
  11. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Вредии.. но безнадежно е да бидеш добар со луѓе кои со тебе не се. Затоа биди добар за они кои тоа го заслужуваат!
     
  12. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Вреди да се биде добар само со одредени луѓе!!Пред се ќе ги ставам родителите зошто тие никогаш нема да не изневерат.За жал многу пати сум страдала поради тоа што сум била претерано добра со некои луѓе.Затоа со секого постапувам како заслужил.Ако е добар и јас сум добра,а ако не му вртам грб,заборавам дека постои и продолжувам понатаму :)
     
    На Boka.A му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Boka.A

    Boka.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    10
    Будала и поштен/добар се исти!
    Многу ме нервира кога некој е со тебе само кога му требаш, а кога ке те „исцеди“ тогаш најде момент и ти се скара или нешто слично! Потоа пак ти се враќа велејки „погрешив“ итн.
    Многу сум била добра со сите :angel: и сите ми го правеа тоа еднаш, двапати, трипати ... и сега веќе си велам:
    :envy:
    -Најди си другарка на свое ниво!
    -На добро возвраќај добро!
    -Лошото игнорирај го!
    -Простувај но не заборавај!


    човече ... помага!!!!!!!! :rock: :rock:
     
  14. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
    Рани куче да те лае...
    Вреди но, само со оние кои се со тебе добри ;)

    Ако еднаш човек на добро ти вратил со лошо, голема е можноста е да се случи тоа и втор пат.А ако се случи втор пат биди сигурен дека ке има и трет пат..

    Простувај, но никогаш не заборавај, не дозволувај да те изгазат по втор пат!
     
  15. Belieberka666

    Belieberka666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Вреди, ама со тие кои заслужуваат. :)
     
  16. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Ако те удрат по единиот образ, сврти го и другиот, пишува во Библијата. Доколку се однесува до мен понекогаш го правам тоа, но само за да вежбам волјата и воздржаноста.
     
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не знам,уште размислувам по ова прашање.
    Точно е дека правилно е да си добар спрема оние кои заслужуваат.Ама откаде знаеме всушност кои заслужуваат? Можеби за некои сме мислеле дека заслужуваат а се покажало дека не е така.
    Јас себеси се сметам за добра личност и ништо не сум правела со лоша намера ама една личност ми има кажано дека сум себична.Останав ваква :o ,а толку пати се трудев да и помогнам и секогаш постапував коректно кон неа,а она се фати за некои шали кои сум ги кажала а се навистина детски и безначајни,ништо лошо не сум мислела со тоа.
    Така да,поентата ми е колку и да имаме добри намери некои личности ги сфаќаат погрешно и кога да видиш,на крајот од денот вредело ли да бидеш добар?
     
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Според мене

    тоа што јас сум добра и љубезна кон другите прво ми прави мене да се чувствувам добро.
    Но има луѓе со кои стварно не можеш да бидеш добар и не заслужуваат. Понекогаш дури и со таквите гледам да се однесувам како што треба, но понекогаш ич не ги можам па у најгори случај сум саркастична (и тие тоа не го сфаќаат |( ) или едноставно ги одбегнувам.

    У глобала сум фина. Доста фина. Префина. Претерано грижлива.

    А они такви морони. Ех бееее.... :|
     
  19. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Работава е што ние возвраќаме со добро на некој а тој на нас па со лошо,огорчени од тоа кога ќе дојде добриот ја плаќа цената на претходниот.Барем кај мене така се случило.Искрено немам милост за сите и се повеќе почнувам да покажвам заби.Некои луѓе немаат осет..
     
  20. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    За мене, да си добра-добра е прекрасно чувство.
    Зимово малку збидалев, земав сите пари што ги имав (околу 300/400 денари)
    и ги раздавав :lol: Мислам, на сите кои просат им дадов по малку, и знаев дека не
    направив ниедна грешка.
    Добрина е прекрасно нешто, незаборавно исто така.
    Понекогаш луѓето знаат да искористат, но сепак, ќе им се врати.
    Добрина и Милост ќе се најде секаде, но наша работа е да ја спроведеме.
    Да ја спрроведеме, кај што можеме и каде што е потребна.

    :$ :)