1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вреди ли да си добар?

Дискусија во 'Психологија' започната од sexybaby22, 17 октомври 2010.

?

Вреди ли да се биде добар во денешно време?

  1. Вреди.

    112 глас(а)
    14,5%
  2. Не вреди.

    141 глас(а)
    18,2%
  3. Вреди, ама со тие кои заслужуваат.

    355 глас(а)
    45,9%
  4. Ако бидеш добар, лошо ќе те снајде.

    43 глас(а)
    5,6%
  5. Златна средина.

    122 глас(а)
    15,8%
  1. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Не, не вреди! Значи тотално сум разочарана, не мислев дека на тие години така ќе ми биде.МОже смешно ќе ви изгледа но стварно сум разочарана...
    Значи сите со тебе се златни додека не те искористат. Секогаш сум јас тука да помогнам, да им покажам да ги утешам а тие каде се???Секогаш кога ќе им притребам за било што мислиш најдобрите суштества на планетата се и после кога мене ќе ми требаат ги нема. А недај боже да доживееш неуспех или пад , абе душата им се полни пресреќни се им се познаа а ќе дојдат и ќе те тешат а им се познава. Еве ден случај едно девојче од класот мислев другарка ми била,фина беше додек ане ме претија на еден глуп натпревар. Од тогаш се смени иднес си разговараме со класната и таа ни зборува за тоа дека ако имаме потреба и помош тие послабите ученици да се консултираме со тие појаките да ни објаснат. И тоа девојче и вели на класната ама Хеп никогаш нема да седне да ни помогне...Молим те душо јас душа си давам за класот секогаш сум спрема тука но да помогнам а не јас цел одмор на тебе да го потрошам раскажувајќи ти лекција бидејќи ти дома не си седнала да научиш,за тоа не сум должна.И уште еден случај кога мојата најдобра другарка кога ни ги даваа тестиовите по биологија мене ми беше најдобар и таа од завист ли незнам од што го зеде тестот и рече дека требало даимам помалку бодови од незнам која причина но се виде дека се е океј со тестот и се повлече.Ама ја фатив ја во тесно истата случка по математика само таа беше на мое место, всушност овој пат таа навистина имаше помалце бодови и и го укажав тоа и ме замоли да не ја кажувам па така и сторив зошто не сум таква личност шосле ќе ме гризе совеста, но си ја увиде грешката и од тогаш тоа и се нема повторено. Несакам повеќе да навлегувам заради безбедност да не ми се открие идентитетот.
    А да и уште нешто , со задоволство би е преселила во западна макеоднија зошто таму навистина луѓето се по културни и по учтиви, зошто овде освен пчуење друг збор незнаат.Ама тоа ти е неможе да се промени, што е тука тука е :)
     
  2. Strawberry.6

    Strawberry.6 Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    10
    Вреди, сеуште има луѓе кои ќе те ценат ако си добар. Иако од мое лично искуство во повеќето случаи не вредело што сум била добра спрема некои, сепак не планирам да станам лоша... Кој цени- цени, кој не- не ми треба во животот!
     
  3. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Вреди ли да си добар? - подобро би изгледало и пореално дали мислиме дека сме добри.
    Бидејки што самото прашање „вреди ли да си добар“ делува како нешто прорачунато, нешто што се чека за возврат.

    Треба секоја работа да ја правиме со задоволство без оглед дали истата ке биде возвратена.

    Добрината е една од моите идеали, додека не би ја чуствувала кај себе и кај другите мислам дека не би имало ништо смисол.
    „добрината“ и „вреди“ не одат заедно никако. :!:
     
  4. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Категорично НЕ :!:
     
  5. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Можеби не вреди, но и покрај сите разочарувања јас нема да се променам. Ќе си останам ваква, мека, попустлива, другите на прво место а јас на последно, бидејќи така ми одговара пред се мене. Порано мислев дека ако сум добра со исто ќе ми враќаат. Сеуше сум најверојатно наивна кога ќе се во прашање блиските, но тогаш бев нешто претерано. Секој можеше да ми го контролира секој чекор... некои и си го искористија тоа..
    Денес не сум добра за да ми вратат со исто. Немора... посекако многу од тие што сметам дека барем малку досега се привилегирани да ме познаваат ме мислат дека сум ѓаволот или некој невиден досега манипулатор што не е свесен дека тоа воопшто го прави.. Шала настрана, тоа си се само мои впечатоци.
    Не вреди, покрај денешното лицемерие, но немора да вреди се додека мене тоа ме прави среќна.
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.581
    Допаѓања:
    13.976
    И јас после повеќе од 10 години дружење избришав две другарки затоа што ме искористуваа. Кога имаа проблем се ми кажуваа на мене , а кога јас имав проблем ме исмеваа. Е кога ги шутнав се видоа дека нема на кого да лечат фрустрации. И ми олесни да ви кажам. Ми тргна се на подобро. Ми пренесуваа негативна енергија, па се карав дома со моите. Е после кога видоа колку се пробив со свој труд, успеав до енгде да стигнам без пари, без ничија помош, пукнаа.Абе во очи немаат смелост да ме погледнат. Сега си поминувам со гордо крената глава и ич не ми е гајле. Ккао да не сум ги познавала. Од вакви пријатели навреме ослободете се. Се дружам со кого сакам, со позитивни луѓе што ме развеселуваат, ме релаксираат едноставно. А другиве ма ги игнорирам и точка.
     
  7. Saani

    Saani Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    37
    Вреди, ама со тие кои заслужуваат :D
     
  8. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Да вреди,али само за тие кои што заслушуваат ;) Разочарана сум премногу.Со некои луѓе бев премногу добра,но тие како ми вратија.... :?:
     
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    вреди малце со тие што се добри со тебе но малце да не те искористат на крај...инаце никако добар никао..добрите лјуге секогаш патат и страдат дуполо повеке од се...

    ;( ;( ;(
     
  10. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    337
    Пол:
    Женски
    Вреди да се биде добар малку ама само со луѓето што заслужуваат.
     
  11. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Да се биде добар - најголемата грешка во животот.
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Вреди! Барем ќе си имаш мирна совест кога ќе си легнеш да спиеш!
    Но, само да расчистиме: да се биде добар не значи да се биде наивен или глуп!
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Во некои случаи можеби би рекла не, ама сепак ДА! Вреди да си добар, оти пак според мене Господ ми враќа со добро. Ако некој не знае да ми ја цени добрината не ми е битно. Битно ми е што доброто со добро се враќа, а пак тие што мислат лошо со свој камен по глава си маваат. ;)
     
  14. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    во денешно време да си добар значи дека сите ќе те искористуваат, и покрај тој факт неможам да го сменам тоа во мене за жал
     
  15. samomarija

    samomarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    45
    Не вреди, бидејќи на денешно време ако си добар ќе те ебават како сакат.
     
  16. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    не не вреди да се биде добар!!! колку подобар си толку повеќе те повредуваат, и не им е грижа како се чувствуваш ти.
     
  17. Wiliams

    Wiliams Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    12
    Не вреди стварно има ненормални кои можат да ја искористат твојата добрина и искреност ама не да те искористат туку да те исцедат ко лимон и да те фрлат...Стварно не сфакам некои работи кога се може да биде така едноставно и просто и на крај ке се погоди некој што буквално ке ти расипе се па не ке можеш да најдеш крај со крај....и се знае кој ке биде крив за се
     
  18. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Вреди само кон тие што мислиш дека стварно заслужуваат да ги почитуваш и сакаш.Јас многу пати се изгорев поради таа добрина и разбрав дека многу од луѓето ја искористиле добрината кај мене,па решив да сум воздржана кон луѓето се додека не заклучам дека некој ја заслужува мојата добрина и да му ја пружам,а кон тие што се дволични и лоши кон мене јас само ги игнорирам.
     
  19. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    не вреди да си добар оти добрината денес страшно знаат мршојадците да ти ај искористат и да те клоцнат кога ќе им се здоцадиш...ама тоа се учи од мал....а кога веќе ќе се оформиш....џабе ќе се трудиш да си лош со некој....неа да успее!
     
  20. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Се сложувам со сите вас и се прашувам зошто лугето се толку злобни и зошто животот не е фер?Јас сум верник и само БОГ МИ ДАВА ТРПЕНИЕ ДА го сузбијам гневот. Едно време почнав да се гневам и видов дека само самата се јадам одвнатре и ми влијае лошо на здравјето. Не ми е јасно зошто расипаните, дволичните и злобните ги гледам среќни. Да си добар како јагне е доблест, но не знам како да се справам со лугето кои имаат негативна енергија и задаваат ниски удари. Многу пати самата си плачам и само моето дете и верата ми дават сила да истраам до крај. АЈДЕ КАЖЕТЕ МИ КАКО ДА СИ ПОМОГНЕМЕ