Да се биде добар НЕ ВРЕДИ ! Освен во ситуации кога веќе некој друг ризикува и е искрен и добар спрема тебе и ти докажал дека заслужува таков третман... Еднаш решив да бидам најдобра со некој, да му удоволам се, да му го разубавувам животот, да му бидам поддршка, да му се најдам во секаков момент, и да не се побунам... Искрено, се покајав... Колку се трудев да бидам добра, толку со неискреност ми се врати... И денес да му речам, знам дека нема да признае.... Ќе се прави дека е се во ред.. Ќе глуми и ќе се чуди од каде се сите мои заклучоци кои сум ги донела во врска со нас..... Ќе ме убедува дека не сум го запознала добро... Дека не е тој таков.... Тешко се отварал.... Како НЕ! За жал еднаш кога решив да бидам навистина добра, да правам СЕ што правеле за мене, да не се заебавам, оној кој ми рече дека се плаши да не го повредам почна со своето однесување да ме повредува мене........ И иако сеуште не е свесен за овие промени во мојот став, тој е виновен за нив.
После се што ми се случи мислам дека не вреди да бидеш добар.Во денешно време да се биде добар значи да си будала.Така да само себеси ке си се мачиш.......Сите што се лоши се допбри,а тие што се добри се лоши! Па до кај стигна светов бе????????
Точно е дека е доблест да си добар ,но уште поголема доблест ако успееш расипаните,дволичните и злобните да ги преплавиш со искрена љубов,ако успееш во тоа тогаш тие ќе исчезнат и веќе никогаш на памет нема да те стават.Таквите луѓе бегаат од љубовта,јас успев и затоа ова ти го напишав.пробај и ти Поздрав
eticka Се сложувам со тебе дека доблест да си добар,но уште поголема доблест е расипаните,дволичните и злобните да ѓи опсипеш со голема и искрена љубов како вратка за нивното злобно дело тогаш тие ќе бегаат од тебе и ама баш никогаш нема да ти доближат само така можеш да им вратиш јас пробав и успеав затоа и ова ти го напишав
хм...како да си помогнеме.....богами и јас истото се прашувам нон стоп...како???...ама одговор не доаѓа од ниакде!
Кога веќе Етицка ја испрати молбата до сите нас, тогаш мора полека, немора наеднаш НО МОРА СИТЕ ЗАЕДНО ДА СЕ ОБИДЕМЕ И ДА ПОБЕДИМЕ. ЕВЕ ЗА ПОЧЕТОК ПРЕКРАСНО Е МИСЛЕЊЕТО НА РИЦИ.АА...ајде , во нас добрите е силата. Неможе злото да биде посилно од возвишената добрина. јас се ставив во размислување, но засега нема нисто да написам додека не сум сто посто сигурна во исправноста на мојот став
АЈДЕ. АЈДЕ, МИСЛЕТЕ .... ВЕ ЧЕКАМ. СИГУРНО МНОГУ ЧЕКААТ КАКО МЕНЕ. имам претчуство дека ќе има добри идеи, искуства. Ве поздравувам и кисс до сите
Не сум сигурна дека навистивна вреди.Сеуште сум мала,но сепак знам каков е денешниот свет и какви се лугето.Денес повекето се лоши,неправедни,само за корист.И кога ке размислам убаво мислам вреди,ама само со некои.
аууу нее! Во никој случај не вреди. Ако не се пазиш се наебал.. и тоа од оние спрема кој си бил добар Ок, чест на исклучоци. Има некој за кој вреди и треба да си добар
Со тој што е добар со тебе вреди да се потрудиш. Т.е. нема ни да биде трудење, туку некако природно ќе му дојде на добро со добро да вратиш. И ќе бидеш среќен до небо кога ќе направиш добро дело за некој таков. Ако е некој гад има 2 опции. Или воопшто не го рецкаш или му возвраќаш со иста мера, ако не и полошо. Али најчесто првава опција е боља, пошто ако се трудиш и мачиш да му вратиш испаѓа дека се занимаваш со него и трошиш драгоцено време што би можел да го искористиш на многу попродуктивен и во секој случај попозитивен начин.
И јас вчера се уверив во повеќе наврати , многупати увидов дека само со лошо ми се враќаше, луѓето те користат кога ќе видат дека сакаш некому да му помогнеш, само да ти напакостат и да ти растурат нешто... незнам зошто не ги сваќаат вистинските вредности на животот, еднаш се живее!
нормално дека треба да си добар е сега дали вреди ? епа мислам дека тоа не треба да се вреднува ни да се анализира . Јас сметам дека треба да си добар поштен човек сеедно во каква средина живееме Никогаш нема да дозволам да се променам на лошо заради сите тие луѓе на кои им е отруена душата со злоба и лошотилак ., Најбитно ми е да имам мир во душава , лесно да си спијам , да знам дека јас ништо лошо не сум направила ..
Не можам да се помирам со тоа дека нема победа на добрината. Не ни сакам да се изедначам со непријателите. ДОБАР ДЕЛ ОД НИВ МИ БИЛЕ ПРИЈАТЕЛИ НА КОИ СУМ ИМ ПРАВЕЛА МНОГУ ГОЛЕМИ ДОБРИНИ И СУМ ИМ ПОМАГАЛА, апосле ми задале низок удар. Од некои од тие удари имам последици во душата и секојдневието. Никогаш нема да бидам како нив , па и последен ден да ми е. ДРУГО МИ Е ПОЕНТАТА -како што во физичкиот свет има закони, пр. фрлиш камен во вода-тој ќе падне, фрли дрвце во вода тоа ќе плива. ТАКА МОРА ДА ИМА ЗАКОНИ И ВО ДУХОВНИОТ СВЕТ И САКАМ ДА ГИ ДОЗНААМ, ИЛИ БАРЕМ НЕКОИ ОД НИВ. Почнав да читам некои книги, скрипти, но добар дел се чиста комерција. Знам дека верата прави чуда, многу работи знам, но на крајот ништо незнам. Само имам надеж, вера и љубов дека сепак мора да постои законот на победата на доброто над злото... што да правам... до кога вака...ве молам ајде да си помогнеме сите ние
Исто се чувствував и јас до пред некое време, но никогаш немој да се одкажуваш од вредноста на душата која ја имаш и немој да очекуваш награда од луѓето за кои тоа е непознат поим, за твојата добрина од друга страна ќе жнееш придобивки, но само треба да си свесна во мометнот зошто тоа баш тебе ти се случува, после толку болки што ги претРпев во животов , останав достојна на моите верувања и вредности и ми се исплати, сега немоЖам за ништо да се пожалам, барем за големите работи, секогаш има ситници кои не вадат од такт, но тие не се поентата на животот СЕКОГАШ НЕГУВАЈТЕ ЈА ДОБРАТА СТРАНА ВО ВАС, ЌЕ ВИ СЕ ИСПЛАТИ НА ЧУДЕН НАЧИН !!!
Тешко прашање... Добрината е карактеристика што не секој има привилегија за да ја има! Можеби сум сеуште малечка, ама знам што се случува низ светот, па затоа најчесто ако си добар сите те газат, искористуваат или можеби не ја ценат твојата добрина. Познавам многу добри и лоши луѓе. Не секој ја има таа намера некому да му наштети, сите луѓе не се исти, така да... мислам дека треба да си добар со оние што заслужуваат.
Кон оние кои заслужуваат, кон оние кои ти помогнале некогаш во животот вреди да се биде добар. Никогаш не возвраќам без потреба, оној кој ми помогнал и јас ќе му помогнам.