Прво планирав да одговорам со кратко и јасно НЕ, ама после одговорив ДА, ЗА ОНИЕ КОИ ЗАСЛУЖУВААТ. Во таа група спаѓа само потесното семејство и уште една две другарки кои барем досега биле добри спрема мене. Откако се изгорев 1000 пати со тоа што сум добра моето мото е НЕ МУ ПРАВИ НИ ЛОШО НИ ДОБРО НА ЧОВЕК. А ако си се одлучил веке на некој да му помогнеш, помогни му ама малку ТОЈ ШТО Е БЛАГОДАРЕН И ОД МАЛКУ КЕ ТИ БИДЕ БЛАГОДАРЕН.
Не е добро со секој да се биде добар..Има случки кој сум била добра па накрај си го завртеле грбот..Исо другарките сум и КЕ бидам мн. ДОБРА..Но некои незнаат да ценат..:/
Не, не, не. Толку се искривени, изопачени, лицемерни, и самозаљубени луѓето во денешно време. А и зошо? Колку повеќе си добар толку луѓето можат да те газат, да те масират, да те гњават. И секогаш викам да, не вреди да се биде добар, ама па не секој може да биде лош со сите.
Зошто да те газат? Па не е исто да бидеш добар и авторитативен, или пак да не знаеш да кажеш „не“ па да те гњават.
Добро рекла мајка Тереза...доброто што ќе го направиш денес ќе биде заборавено до утре..но сепак прави добро
Вреди да си добар ? -Некогаш да некогаш не. или појасно да биде..вреди за оние кои го заслужуваат тоа.
абе јас колку добро да им правам тие пак ме сметаат за BAD GIRL мразам лиѓе кои не почитуваат добрина
Според мене вреди да си добар само кон оние кои го заслужуваат тоа, јас до сега се имам многу изгорено за тоа што сум била добра кон секого, за тоа што сум помагала и сум подржувала некого, а на тоа ми било вратено наместо со благодарам, што би се рекло со нож во грб и со дрва и камења.
Незнам зошто прашањето. Дали вреди? Им правиме добро на луѓето само ако нам тоа ни вреди? Нели е тоа себично, како сме тогаш ние добри? Да бидеш добар со некого, не зависи од тоа тој каков е, туку ти каков си. Ако не сакаш да ти е мрачно во душата и да си се јадеш и зајадуваш самата или другите, ќе си со сите пријатен или повеќето. Ако тебе така ти годи нели Жал ми е што не памтам толку кој кажал, а навистина е битно во моментов ама вака идеше муабетот. За одлуките од типот -доста ми беше да сум добра, сите ме искористуваат. Од денес нема повеќе така. Лага. Ако си добар нема да се промениш, неможе да ти влијае. Таков си. И да пробаш ќе се чувствуваш одвратно, ќе имаш ужасна грижа на совест и ќе сакаш да се извиниш и поправиш. Ако си добар, ќе треба да се задоволиш. Некој ќе те искористува и ќе те боли, ама бидејќи си добар ќе се задоволиш со тоа што ти не си таков Некој ќе ти рече нешто лошо, ти ќе го проголташ, ќе се свртиш кон друг и ќе му се обратиш со уште подобро. И ќе си среќен, затоа што не си човек кој повредува туку шири позитива. Ќе си среќен затоа што знаеш дека се трудиш да бидеш подобар, дека нема никој кој го боли поради тебе, дека нема некој кој те мрази заради твоите постапки. А тоа ќе ти биде далеку поважно. Вреди да се биде добар, себично заради себе. На крајот на денот, кога ќе си легнеш, помалку ќе те болат постапките на другите спрема себе, отколку совеста за своите лоши постапки спрема другите. Вреди да се биде добар, затоа што ќе се појави некој кој ќе го цени тоа и тој ќе биде добар со вас, па сите добрини збрани ќе ви се вратат. Затоа што доброто со добро се враќа (само треба да се има трпение)
Нема добар човек на светов кој не се соочил со неговата суровост. Добрите се малку на број, а злобните и подмолните луѓе се насекаде. Нормално дека добрите ќе мораат да бидат во контакт со такви личности. Ги има во изобилство, а добар дел од нив и одлично глумат. Сепак, иако јас се сметам за добра личност, може нечии очи ме гледаат како лоша. Може некој што според нас прави нешто лошо, смета дека тој всушност прави нешто добро. Сакам да кажам дека доброто и лошото не ги дели некоја ептен видлива граница. Ова не се бајки, не се делат луѓето на добрите принцези и лошите вештерки. Како и да е, вреди да се биде добар за лична сатисфакција. Ако правиш нешто добро со цел да ти се врати со добро, тогаш ти воопшто не можеш да се вброиш во групата на добри луѓе. Ако јас тебе ти продадам нешто ќе гледаш на мене како добра личност? Не. Едноставно нема да имаш никакво мислење за мене, бидејќи јас сум разменила со тебе материјал за пари. Со тоа што вие правите добро, за да добиете добро, само ги разменувате вашите услуги со некој друг. А, тоа ве става некаде на таа невидлива граница помеѓу доброто и лошото. Да правиш добро, значи да не очекуваш ништо за возврат. Јас сум се соочила со многу „лоши“ луѓе во животот, како и со луѓе со „лоши“ карактери. Ми наштетиле. Ме повредиле. Но, не им посакувам ништо лошо. Што може да им се случи полошо од тоа што нивната душа е затруена, а нивниот видик е попречен од сета таа омраза која ја собираат во себе? Ги жалам. Скршнале од патот. Ја изгубиле сопствената среќа, па се хранат со несреќата на другите со тоа што самите ја причинуваат. За греота се. Не знам како спијат навечер.
Ke spijat, tie nemaat mozok vo glava da razmisluvaat, sto ke im padne na pamet toa pravat Sepak si teraat svoj zivot i kako sto rekov sto ke im padne na pamet toa pravat bez razlika dali so toa ke povredat nekoj ili ne
Ни многу арно не е на арно!-Сте ја слушнале ли оваа изрека? Јас не велам да бидеме сите зли, туку само да се има некоја рамнотежа.... да не може да ве контролираат... Мој личен пример да кажам: Пред еден месец направив фејзбук на една братучетка, потоа нејзината сестра побара да и направам на нејзе, потоа таа ми рече да сум направела на некои други братучеди нивни кои не ми се ништо на мене.... реков во ред, но следниот ден излегло на некои други.... е навистина ми дојде преку глава... реков неможам, реков сега сум зафатена... почнаа со убедувањето... реков нема да можам.... се налути... но што да и правам, навистина секој ден јас ним фејзбуци да им правам... ме најдоа мене вака и почнаа да ме искористуваат.... отидовме кај нив на гости (пред да ја одбијам), не ми ни зборуваше, а и на фб не ми збори, само кога сака нешто! Па од кога вака и роднините да се искористуваат!
Јас сум премногу добра со сите и од досегашново искуство мислам дека не вреди да си добар затоа што најчесто луѓето ја искористуваат твојата добрина. Но никако паметот да ми дојде па пак си продолжувам со истото. Веднаш им простувам на сите,па имало и ситуации кога истата таа личност која премногу ме повредила да ми рече не можам да ти се изначудам,како можеш да ми го простиш тоа? Но таква сум и не можам да се сменам. Вреди да си добар со тие што навистина заслужуваат,и со тие што се добри спрема тебе.
Искрено, прв пат го слушам ова „Добриот и глупавиот се исти“ и не можам да се согласам со тоа, не значи дека ако некој е добар е и глупав, сигурно никој не би дозволил да си наштети себе со некоја добрина што ќе ја направи, а и во случај некогаш да згреши, ќе си учи од грешката и ќе пази што прави потоа.
Вреди само кон оние што се добри кон мене а оние кои не се дупло повеќе им враќам , а воопшто не се согласувам со тоа добриот и глупавиот се исти ако е така никој нема да имаш покрај себе ако си поминала низ значајни случки за да дојдеш до тој заклучот добро размисли и не губи надеж (од искуство ти кажувам) ( за booba)
... ........дефинитивно големо НЕ.....мое мислење......... . ..околу нас има премногу лаги, превари, и тоа од личности за кои никогаш не би поверувала и очекувала дека се способни за тоа.....нема добри луѓе.....сите се дволични и подли,така да можат да ти забијат нож во грб само малку ако се свртиш..........долги години верував во добрината ама премногу ми се случи и тоа од личности кои ги сакав најмногу во мојот живот,,,така да доверба и добрина нит очекувам нит ќе дадам,поќе....намерно нема да наштетам на никој,ќе помогнам,културата и нивото на свест не ми дозволуваат да бидам лоша,ама тоа може да се случи некогаш ама секогш,не.. . .едноставно не се замарам ...си гледам и не давам мое,и не гибам и не сакам туѓо.....