1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вреди ли да си добар?

Дискусија во 'Психологија' започната од sexybaby22, 17 октомври 2010.

?

Вреди ли да се биде добар во денешно време?

  1. Вреди.

    112 глас(а)
    14,5%
  2. Не вреди.

    141 глас(а)
    18,2%
  3. Вреди, ама со тие кои заслужуваат.

    355 глас(а)
    45,9%
  4. Ако бидеш добар, лошо ќе те снајде.

    43 глас(а)
    5,6%
  5. Златна средина.

    122 глас(а)
    15,8%
  1. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Вреди!!! А знаете ли зошто? Бидејќи ќе дојде ред кога луѓето ќе не споменат и ќе се присетуваат само на добри работи кога ќе го слушнат нашето име. Како велат: Ако добиеш шлаканица, заврти го и другиот образ или пак, на непријателот врати му со добро, тоа ќе го дотолчи. Според ова се раководам целиот мој живот и нема да дозволам никој да ме предомисли. :)
     
    На crazylady, Meggy, aerodrom и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.099
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Вреди, секогаш... и во денешно време вреди! Јас се трудам да бидам добра за себе, не за другите, туку затоа што јас се чувствувам убаво кога сум добра. Ако некој ме повредил и ја искористил мојата добрина, не значи дека треба да си забранам да правам добри работи, па дури и за луѓе кои не заслужуваат. И да им е за корист и ништо друго, не ми пречи, јас моето сакам правилно да го направам.
    Не сум добра за потоа да имам кому да му се обратам кога ќе ми затреба нешто, не сум добра за другите да имаат убав впечаток за мене, се трудам да сум добра затоа што едноставно сметам дека тоа е правилно, и толку, не очекувам ништо за возврат.
    Се разбира дека треба да се има такт и граници, и ги имам, но никогаш не велам: Е штом не знаат да ме ценат, отсега ќе бидам друга личност. Мислам дека овие вредности кои денес се актуелни, а според кои се мисли дека ако си добар само ќе те користат и дека луѓето не го заслужуваат тоа, не се правилни и само го јакнат егото до превисоки граници.
     
    На crazylady, Chocoholic.girl и ma4o4female им се допаѓа ова.
  3. NICKRIVERS

    NICKRIVERS Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    11
    се согласувам со тебе :)
     
  4. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    267
    Би сакала да верувам дека вреди, но од лично искуство - поголем е бројот на личностите кои ја злоупотребуваат добрината и враќаат на неа со иста мера само додека имаат корист, а потоа ги забораваат сите добри работи.
     
  5. Fernanda

    Fernanda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Кажи речи,скоро сите се согласуваме дека во денешно време НЕ вреди да си добар! Во принцип секогаш сум добра па дури и кон тие што не заслужиле,но сега го поставувам прашањето,Вреди ли да се биде лош,кон оние што те повредиле? не сум злопамтило , но понекогаш се каам бидејки би сакала некој да се почувствува онака како што сум се чувсствувала јас кога ме повредиле а на кои сум им многу добра направила.. Има многу луге кои ги знам,и кои се водат по принципот, повреди ме,дупло ке ти вратам,можеби и се во право.! Ужасно е чувството кога те издал оној најблискиот,оној на кој си му помогнал најмногу,оној на кој си му отворил многу врати во животот!Но тоа е што е,денес лугето не ги ценат добрите дела!!!!! :|
     
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Сакам да мислам дека вреди, ма да гледам дека џабе е... се разочарувам некогаш поради тоа, ама тоа е... вреди да си итар, снаодлив, до негде и дволичен и манипулант, подобро ќе те снаоѓа отколку да си добар...
    глеј си за себе, како што очигледно и прават повеќето и добар биди си само за себе, не за други
     
  7. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Па во денешно време искрено многу не вреди да си добар.Јас се обидувам да бидам реална спрема другите и практикувам однос како ти со мене-така и јас со тебе.Но се согласувам и со мислењето дека треба да си дипломата,да знаеш кога и со кого како ќе се однесуваш-така најдобро ќе си поминеш.
     
  8. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Заем - не, немам пари! Гледај снајди се од друг, јас ниту давам ниту земам! - ова кој сака нека е...и роднина нема да дадам!
    Частење - немам пари, го кажувам без срам, ќе си го платам мојот дел! ...и мн други примери

    Иначе бидеќи не се интересирам ама баш за туѓите проблеми, луѓето не ни се обидуваат да ме користат, а и тоа да пробаат да го направат, како детектор сум....одма ги анализирам, ќе сочувствувам со нив, и фино и лепо ќе ги откачам!
    Кога баш не ти е гајле, што прават другите, и си фураш во некој твој свет, луѓето со вакви искористувачки намери, те избегнуваат...барем според мене!
    Порано, бев добра, ме искористуваа кој ќе стигнеше....ама сега, тешко, многу тешко! Се се учи во животот!
    Вреди ли да си добар? Вреди да си добар за себе, а за другите, ме боли газот што мислат, дали сум била добра или лоша......
    Мој живот, моја ствар, за себе живеам, а не за другите! :rock:
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Вреди да си добар само поради лична сатисфакција а за да успееш во оваа наша сурова реалност треба да си звер кој ке гази по живи луѓе за да успееш. Треба да се избориш за одредена позиција во општеството која ја заслужуваш - посакуваш.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LittleMissSunshine

    LittleMissSunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    22
    Вреди да си добар и секогаш кога можам помагам на тие што заслужиле и не очекувам ни фала зошто го правам тоа од срце а другите ги ставам на ignore. Порано бев наивна и на сите им верував ама откако се изгорев неколку пати научив да си ги селектирам другарите и сега со сите што заслужиле сум и повеќе од добра а од останатите се држам на дистанца. А тие што ве повредиле ќе им се врати сигурно ви кажувам од искуство What goes around comes around! :)
     
  11. sexybaby22

    sexybaby22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    22
    Вреди да си добар, но зависи кон која личност.
    Ако тој/таа е добар/добра кон мене тогаш и јас кон него, а ако тој/таа ме гази и не ме почитува и не е добар спрема мене јас сигурно нема да му/и продавам добрина туку ке вратам на ист начин, јас така мислм ака ретко кога го праам тоа, незнам не сум злопамтило :?: ;)
     
  12. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    Секако дека вреди :) добра сум само за оние што ги сакам, а за другите зависи кој како заслужил ;)
     
  13. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Вреди да си добар, но не спрема секој... Јас имам свој изграден живот и околу него си подигнав кинески ѕид :P за луѓето што се околу мене сум ангел.Спрема сите се трудам да бидам добра, но ако согледам дека не се цени ништо, тогаш завршува и тоа... А на оние кои ми нанеле зло се трудам (сепак сум дупла скорпија) да не им враќам :D Нивната казна е што ги исклучувам од својот живот и нема назад, едноставно ги бришам...
     
    На April87 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Јас лично мислам дека вреди да си добар лично за тебе...Да имаш чиста совест и да си спокојна дека не си згрешила на никому...Секако дека ќе бидеме повредени на овај или онај начин...Ама битното е дека јас вервам во Бога и вервам дека на сите ќе ни суди...
     
    На aerodrom и April87 им се допаѓа ова.
  15. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Вреди да си добар.Со луѓе кои ти се блиски на кои им веруваш,кои ти ја возвраќаат добрината (иако се во се помал број денес).По природа сум човек кој кога гледа дека може да ти помогне (за било што) ти помага,но кога ќе видам дека тоа не го цениш,па уште ми враќаш со лошо,нареден пат и да умираш на улица само ќе поминам без да те забележам.Многу пати се имам изгорено и тоа од луѓе кои сум ги сметала за пријатели.Кога ќе помогнам или ќе направам добрина за некој ми е мирна душата,додека тој ако гледа да ме за*бе има Господ,верувам во него,тој ќе му врати за мене.Денес мора да си итар и мудар инаку ќе те газат.Станувам и себична по малце зошто ти даваш прст они цела рака ти ја земаат.А за возврат?

    Добрината и искреноста се скап подарок.Не го очекувајте од ефтини луѓе! :!: :*
     
  16. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    повекето имаме лоши искуства, сме правеле добро на некој, сме помагале и на крај не за*бал, но кој губи тогаш? личноста која е зафркната или личноста која зафркнала? нормално дека втората бидејки изгубила пријател, некој кој би и помогнал.. и заради тоа ке се кае..
    но во секој случај ВРЕДИ!! можеби нема сите околку нас да ја приметат нашата добрина, и можеби не сите ке ја заслужат, но има и луѓе кои ке забележат и ке го ценат тоа што сме добри спрема нив..
    вреди да се биде добар , си имам чиста совест, навечер заспивам без грижа на совеста...
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Гајле ми е што има луѓе што ме сметаат за кучка!
    Гајле ми е за тие што ме сметаат за себична!
    Гајле ми е, затоа што на никој релано не му е гајле кој каков бил, каков е...сите си бркаат интерес.

    ДОбра сум само со одредени луѓе, и тоа се оние кои ме знаат баш каква што сум. Со тие што ми мислат добро, нормално родителите и баба и дедо, и уште неколку другарки. За сите сите други сум резервирана. А тоа не значи дека правам нешто лошо, едноставно не дозволувам да допрат до мојата срж! Не сакам да сум фина, и добра и мила, и исполнителна, и најдружељубива...па сите да очекуваат од мене којзнае што и да ме сметаам за некоја што во секој миг може да им се најде. Епа нема...
    Не сум имала лоши искуства за да имам ваков став. Едноставно пробувам да учам од туѓи грешки, и овој став го имам заземено и стојам зад него.

    И баш ми е гајле, дали според некоја поговорка спаѓам во ефтните луѓе,ама не сум сретнала па доволно добри за да им го подарам тоа! Треба да се напомене дека тој “подарок“ не го заслужуваат сите! :!:
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Мене во период од 6 месеци ми се случија работи за кои никогаш не мислев дека можат мене да ми се случат. Ми се случи тотален пресврт во животот и од тогаш уште не можам точно да кажам КОЈА СУМ ЈАС!
    Знаев да бидам добра, секого да го сослушам и да му дадам совет. Да бидам тука и во 3 по полноќ, да им ги бришам солзите... Со надеж дека ако правам добро, нормално така и ќе ми се врати.
    НЕ ! Не е така, никогаш повеќе нема да се излажам со изреките од Мајка Тереза !!
    Луѓето на кои најмногу им верував, ми ја зададоа најголемата болка и благодарение на нив се скршив на билион парчиња. Остатоците од мене долго време останаа расфрлени на подот.
    Но. Душата ми е цела, душата со сите сили се бори да ги собери тие парчиња да ги фрли во корпата на која пишува МИНАТО и да купи нови ПОЦВРСТИ и да ме изгради сега веќе како една посурова личност, (тоа не значи дека ќе правам лошо) која се бори како лавица да опстане во овој лажен свет во кој добрината одамна си е замината.
    Вреди да си добар единствено кон себе си и :!: кон родителите, затоа што тие се единствените кои ти мислат добро !
    Секоја чест на исклучоците кои можам да ги избројам на прстите од мојата лева рака :)
    пс. Се извинувам ако малце забегав од темата.
     
    На Lolipop23 и tinnalove им се допаѓа ова.
  19. Unnaa

    Unnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    40
    Многу ми се допаѓа темава.. Да, во ред да си добар кон твоите дома, кон тие што ти мислат добро кон најблиските.. Многу се трудам да изградам зид околу мене и да не го трошам моето време и нерви на секакви луѓе, зошто како стареам сваќам дека никој освен нашите не ни мислат најдобро.. зошто тогаш па јас да бидам добра со нив?.. Всушност не дека сум дошла во ситуација да се разочарам толку многу за да станам невидена лошотија, но сакам да си се заштитам на време од тоа да бидам повредена, па нека имам и епитет дека сум лоша ми е гајле.. Моите 4 другарки од детството си ги сакам најмногу на свет и покрај моите дома, на нив скоро секогаш им прогледувам низ прсти меѓутоа кога добивам негативен фид бек а знам дека сум у право е тука веќе се појавува мојата лоша, кавгаџиска страна :devil: :) ако бев оф топик се извинувам, така ми дојде да си пишам :)
     
  20. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Зависи спрема кого како!!Добар да бидеш да ама само спрема најблиските дома и тие најблиски пријатели што ти се!!За другите не вреди.ЈАс порано бев многу добра,еве дури и вечерва нешто ми се деси што сфатив дека спрема тие што не ти се толку битни во животот ич ама ич не треба да си добар.Така да добар да ама само за одредени луѓе,за другите не!