Вреди ако некој заслужил. Инаку клоца по гз. Затоа одам на варијанта златна средина додека не го изанализирам и обработам комплетно во глава, па да заклучувам што ќе правам. Какви луѓе (читај гомна) ми посметале низ животов, алал да им е, ме опаметија. Бар нешто позитивно извлеков.
Nevredi! Ako si dobar ke bidat losi so tebe,ako si los ke te postuvaat,pa sega ti vidi sto ke pravis!! [mod-kirilica:2lfdqf2b][/mod-kirilica:2lfdqf2b]
Секако дека вреди. Добар да, но не наивен. Велат: "тоа што сакаш да ти го прават на тебе, прави го ти на другите"... Бидете добри, ако не ви се возврати во моментот, секако наградата за вашата добрина и љубов ке ја добиете можеби подоцна, но во правиот и вистински момент. Без страдање нема учење. Ако некој не повредил поради нашата добрина, тоа да го гледаме како една лекција. Се во животот е лекција, учење, надмудрување со сам себе. Се е искуство. Но добрината и добродетелството никогаш да не ги губиме во себе. Тоа е всушност, нај едноставната и нај искрено исконската ЧОВЕЧКА особина.
Кон себе - дефинитивно, па и кон другите, се' додека со тоа си добар и кон себе и не си во позиција на жртва.
Зависи.. Има моменти кога треба да си полоша од ѓавол но има денови кога сме мили како ангелче. Сепак тоа зависи од луѓето...
Јас викам кој како што си заслужил, ако тој со мене не се однсува добро па што морам па јас со него да се однесувам добро а оние кои се однесуваат добро и знаат да почитуваат тога и јас истот го правам.
Секој ден си го поставувам тоа прашање,а луѓето кои се во моето секојдневно опкружување,со своето понашање ми го одговараат со негативен одговор.Ама не е битно на што те наведува околината,Најважното е тоа што го носиш во себе,каков си сам на себе допадлив,тоа е нешто кое никој не може да посегне по него и да ти го земе затоа што го носиш под кожата,а зрачи надвор од неа.
Треба да се игра топло-ладно, за кого како, кој како си заслужил. Но во секој случај, никогаш не би одбрала да бидам лоша, но итра ДА, а тоа се две различни работи. Ова го нагласувам затоа што сите велат биди лош и успеј во животот. Но може да се биде променлив и итар и пак да успееш
Вреди, но само со оние кои заслужуваат. Бидејќи живееме во такво време каде што секој гледа само за себе си, и секој гледа за лична корист и интерес, па така околу нас има секакви карактери и личности кои можат многу лесно да ја злоупотребат нашата добрина. Затоа велам, вреди да се биде добар, но само кон оние кои тоа го заслужуваат.
Вреди, ама со тие кои заслужуваат. - ова го гласав.. И секако дека ова.. Мразам кога некој ја злоупотребува добрината.. Бидејќи по карактер баш и немам навика да бидам добра, сепак не сакам некому да му ја злоупотребуваш добрината.. Но ете така, луѓето не знаат кој ја заслужува нивната добрина, и им прават добра на луѓето кои воопшто не го заслуѓуваат тоа..
Вреди,ама со тие кои заслужуваат.Така гласав и така мислам. Во околината во која повеќето луѓе и повеќе гледаат да те искористат и изиграат,зошто ти да седиш со наведната глава и да им го дозволиш тоа?И да бидеш добар со нив,тие нема да бидат благодарни за тоа. Затоа кон тие останатите што се добри со тебе,кои ти мислат добро пред се,и ти ќе им го вратиш тоа.
секогаш сум се однесувала како многу добра личност. ме згазија па ко покажав малку полош карактер сега немам толку глупости ко порано ама со одредени личности сум добрата јас
Ех ова нека ми е лекцијата. У принцип добра личност сум, предобра! Ама, ме искористиле до макс! И тоа како. И после исчезнале. Сега се враќаат , некои бараат прошка, некои ни фала не рекоја, а некои најлицемерните не ме ни препознаваат! И ајде после биди добар? Што фајде?