bidi dobar so dobrite luge e toa go glasav. i jas sum bila gazena mn pati i pak sum bila dobra i pak se me gazele. Nekoi ne ja svakaat dobrinata ama si rešiv jas taka da stavam nekoja granicaa ne dozvoluvam veke nikoj da me gaze pa i neka me imatt za najgolemata vešterka veke ne e ponižuvam i ne pomagam na nikoj na koj ne zaslužuva ete taka
Не знам дали вреди Мислам не треба човек да дојде до тој степен на мнение за да може, да сака да премерува со аршин дали вреди или не! Тоа си доаѓа само по себе,зашто ако направам добрина не очекувам да ја добијам назад.Животот така ме научи.
Вреди,ама само со тие што заслужуваат. Добра сум од кога знам за себе и многу луѓе го имаат искористено тоа,против мене на многу лош начин и сега размислувам како со друга глава.Секако добра сум со тие што стварно заслужуваат,што стекнале доверба кај мене,кои се исто така добри и не те искористуваат.
Понекогаш и јас се прашувам самата.Вреди ли да правам на сите добро и да бидам толку наивна?Мислам дека полека го пронаоѓам одговорот.Мислам дека сите се како мене.Да сакаат на сите да погодат,да гледаат прво за другите после за себе,да го почитуваат другото мислење и да им веруваат на повеќето.Но,ете не било така.Сигурно сум си живеела во некој друг свет и сум мислела дека ако бидам добра, и тие ќе бидат добри.Но,полека полека си ја учам лекцијата иако ми е тешко.Сфаќам дека треба да бидеш добар само спрема тој што заслужи и што е добар спрема тебе.Кој како ти прави и ти треба да му правиш па дури и дупло да у враќаш.Тоа е денешната смисла на живот....за жал.Има премалку такви кои што не прават нешто од корист и кои што не љубоморат.(Не знам сега што изнатрупав ама ај.... )
Пробувам со сите да бидам добра, да не се карам.. Некогаш од толку што сум добра, многу простувам. Ги толелирам некои ситурации.. Само последниве недели пробувам да се воздржам ама ќе ми пукне филмот А мразам кога некој ќе ми се налути Другарки, ми имаат речено.. Не биди толку добра, треба еднаш и лоша да си Сепак, вреди да си добар за некои кои заслужуваат.
Точно, вреди да се биде добар за тие кои што го заслужуваат тоа. Но, во денешно време тешко е да се процени КОЈ навистина заслужува... Од досегашново мое искуство, ги избирам само погрешните личности, па, затоа - не вреди да се биде добар
се обидувам да бидам добра со сите, ама најчесто на моја несреќа. Сите околу мене поблиските што ми се ми велат дека сум премногу наивна и дека страдам заради тоа. . Еве еден пример за тоа: имав другарка со која бевме цимерки неколку месеци. Потоа си заживеавме како сестри, односно јас така мислев. На многу пати си споделувавме тајни помеѓу себе, си помагавме, едноставно ја почитував како што ја почитувам сестра ми. Последната година време забележав дека нагло се промени, најверојатно го сменила мислењето за мене, или беше за тоа што си фати дечко и беше неразделна со него, единствено ме викаше кога беше сама или ако и требаше помош околу факултетот (најчесто семинарски) . Незнам зошто ама почна да го менува мислењето за сите околу неа, сите ги гледаше некако од високо, демек сите околу неа се прости, глупи и неписмени, кога бевме заедно цело време само за тоа зборуваше, а можам да замислам што зборувала пред другите за мене. Пред неколку месеци требаше да излегуваме парови јас и таа со дечковците, но ние имавме финансиски проблеми, и и кажав дека нема да одиме и кога ми се пушти: лигушка, гагач, сум се жалела дека сум немала и никогаш да немам, ама не знам што се не ми рече. И до тогаш трпев цела година и повеќе ама сега веќе ми пукна филмот и не можев повеќе. Ама можам да се обложам сега кога ќе треба да се прави дипломска ако не си најди жртвено јагне пак ќе ме побара мене.
Добрината како човекова особина денес е многу ретко застапена.Секој посакува да го добие она што го сака на полесен начин,дали добрината е она што треба да не води во животот или треба да се осврнеме на злобата и осветата? Која е целта да се биде добар кога на крајот секогаш ни се враќа со лошо? Дали вреди да се биде добар, кога покрај се животот еден ден ќе ни сврти грб во онај момент кога најмногу ќе ни треба, али токму во тие моменти можеме да видиме колку сме силни и колку имаме воља за да сакаме и да живееме. Животот во еден свет како овај исполнет со болка,тага,незадоволство и тешкотии не тера да се подзамислиме дали има причина дали да бидеме човечни.И на крај секогаш ни останува еден одговор........заборави на себе, помисли малку на другите и ќе дознаеш која е потребата да се биде добар, да сепак покрај се вреди да се биде добар .
Денес, во овие чудни и парадоксални времиња, човек не секогаш треба да биде фин и добар. Тој што не заслужува добрина според мене, не треба ни да ја добие.И на моменти се запрашувам-кај исчезна човечноста? Дали отиде во неповрат? Дали ја има некаде скриена длабоко во луѓето ? Но, сепак се уште не сум го нашла одговорот на овие прашања... А и факт е, некој колку и да сака не може да биде злобен. Сепак мислам дека вреди да си добар, барем за себеси. Јас лично се чувствувам своја кога сум фина спрема луѓето. Се вели дека добрината со добрина се враќа. Но којзнае...Можеби има нешто вистина во тоа...
Добрината е нешто кое човек го носи во себе. Добар човек, може само да глуми дека не е добар. Поради ситуациите, да избегне повреда. Но, биди добар, за самиот себе си. Биди умен и процени кој ја заслужува твојата добрина. Да бидеме претпазливи, да не избрзуваме. Затоа што, не се сите изопачени. Сеуште се наоѓа по некој добар човек...
сета добрина што ја имаш направено за некој,може да биде засената само од една грешка.. вреди ли да си добар? би кажала не,колку повеќе си добар,толку повеќе ќе бидеш злоупотребен од другите а и такво време дојде,динамичниот начин на живот придонесе,некогашните доблести како добрина,наивност,невиност итн, да ти бидат терет.. нема простор за добрина..
Зависи кој како гледа на тоа.Јас велам вреди да си добар. Вреди затоа што пред се јас сум добра за себе.Кога правам добро некому не очекувам возврат..сакам да помогам бидејки тоа ме прави пред се мене срекна..а нема ништо подобро од тоа да правиш нешто што е прави срекен. Обично луѓето кога очекуваат да и се врати доброто за добро,ако на крај не испадне така, се разочаруваат и си велат што ако сум добра кога немам никаква корист јас од тоа.Значи даваш но очекуваш и да ти биде дадено... не е лсно да се биде добар но тоа што е тешко да се направи ме фасцинира..Тешко е кога треба да избереш помегу исправното и она што го посакуваш,момент кога треба да се откажеш од нешто што посакуваш и да го замениш со исправното.Во денешно време ретко кој гледа дали нешто е исправно или не, дали е добро или лошо..луѓето стануваат се посебични и го прават она што нив ги прави срекни додека од друга страна заради истата таа причина луѓе страдаат..Факт е дена фер луѓето се се поретки.. но за да бидеш добар јас мислам дека треба да научиш тоа да го правиш со задволство и правејки некому добро да те прави и тебе срекен.Кога не чекаш за возврат ништо,нема ни да се разочаруваш и секако така ке бидеш посрекен ... (мое мислење)
Да ме прашаше некој порано ќе речев дека да, вреди да си добар. Но, денес цврсто стојам на тоа дека не вреди. Ретки се тие кои ја поседуваат оваа човечка особина и токму поради тоа велам дека не вреди да си добар. И се сложувам со феминката погоре која кажа дека добрината да ја имаш денес е терет од причина што поради тоа луѓето те искористуваат.
Сметам дека вреди да се биде добар,пред се поради себе си,бидејќи нема поубаво чувство од тоа да направиш добро нешто за некого.Факт е дека не секогаш се успева со добри дела и факт е дека постојат мнгоу луѓе кои тоа не го заслужуваат и кои никогаш не го ценат доволно и кои никогаш не знаат да ја возвратат добрината.Но сепак барем мојата филозофија е дека треба да си добар со луѓето,со некого повеќе со некого помалце(секој како заслужил).
Денес владее користољубивоста и на 1000 луѓе еден е навистина благороден. Уметност е да научуш да живееш со таа вистина. Инаку да си добар е убава особина, ако си лош треба да се изедначиш со оние другите и добар човек се изедува , венее ако е исполнет со гнев и прави лошо. Најдобро е да се научиш да не бидеш наивен, не и прави змијата добрина, таа ќе те касне.
Вреди да си добар. Потребно е време ама на крај се дознава кој е добар а кој лош. Прекрасно е чуството да знаеш дека со добрина си победил.Добрината нема цена затоа што е ретка.Кога сите би правеле добрини светот не би бил она што е денес.ВРЕДИ ДА СИ ДОБАР.
да си добар во вакви време, во време на невреме, е грев, жими се. Колку поише добро им правиш они те газат ни фала да кажат за тоа што си послужил како тепих. од друга страна пак има и такви кои и најситно нешто да си им помогнал илјадапати ќе ти се заблагодарат и нема никогаш да те заборават.. Биди добар со добрите и ѓавол за лошите.-така викаше баба ми