Вреди ли да си добар?

Дискусија во 'Психологија' започната од sexybaby22, 17 октомври 2010.

?

Вреди ли да се биде добар во денешно време?

  1. Вреди.

    112 глас(а)
    14,5%
  2. Не вреди.

    141 глас(а)
    18,2%
  3. Вреди, ама со тие кои заслужуваат.

    355 глас(а)
    45,9%
  4. Ако бидеш добар, лошо ќе те снајде.

    43 глас(а)
    5,6%
  5. Златна средина.

    122 глас(а)
    15,8%
  1. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Некогаш ке ме прашаат моите најблиски зошто им помагам на некои луѓе кои што незаслужиле да им помогнам.

    Јас најчесто велам не го правам тоа за нив го правам за самиот себеси затоа што сум добар човек
     
    На Evellin.a му/ѝ се допаѓа ова.
  2. loveme-4ever

    loveme-4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    За жал не :(
     
    На tinan му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Така е.

    И после ко бавча те работеле. Со тие што сум бил ѓубре, навише ме ценат.
     
    На Greeen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Сега сум сигурна дека не вреди !
    Со никого не вреди да си добар !
     
  5. Evellin.a

    Evellin.a Активен член

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Вреди. И треба да се биде добар. Речиси секогаш добрината ја поврзуваме со наивност, но не е исто. Наивност, кога си премногу добар и не размислуваш многу за постапките, па другите те искористуваат.. :?: Друга работа, сите велат, нема другите да ви вратат со добрина. Па што? Знаеме какви се луѓето и тоа е тоа! Што, зарем е подобро да се претопиме со толпата, отколку да бидеме индивидуалци? Добрината не е слабост, тоа е доблест :) И добрите луѓе ќе ги најдат своите истомисленици, таквите како нив :) Не се сите злобни, одмаздољубиви, лицемери.. добро , секој има маани, но сепак. Да кажеме дека таквите луѓе што ќе не повредуваат во животот, само ќе ни помогнат да си го изградиме карактерот и да ја научиме лекцијата, да бидеме повнимателни :$
    Ова звучи како јака форумска филозофија, ама така си е. :) Ако не друго, чувството е прекрасно, да знаеш дека си добар и правичен. Не значи дека нема да успееш во животот :?:
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.726
    Допаѓања:
    38.459
    Пол:
    Женски
    Така е. Колку повеќе си добар со луѓето, толку повеќе ќе те користат и ќе си прават мајтап со тебе.
     
  7. popi

    popi Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    63
    некои луѓе ќе ја злоупотребат твојата добрина, зависи од човекот со некои треба да си добар ама со некои пак не заслужуваат најмалку да си добар
     
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Абре луѓе, бидете добри, може некого ќе преобразите :wasntme: зошто да допринесете да се зголеми негативната енергија во светов :wasntme: Не велам да бидете наивни, ама ако се може, зошто да не се помогне некому. Ако сте добри само зашто очекувате нешто за возврат... :^)
     
    На Evellin.a, Primrose.x и Moira им се допаѓа ова.
  9. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Во денешно време баш и не вреди да си добар. Повеќето ја злоупотребуваат таа добрина, што се вика им даваш прст а тие ти ја земаат цела рака. Постојат и исклучоци на кои можеш да им помогнеш и да бидеш добар со нив. Сега се помалку и помалку има такви.. За жал! :|
     
  10. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Вреди да се биде добар - ич!

    Затоа што луѓето ќе помислат дека сте наивни и ќе сакаат да го искористат тоа во своја полза, не сметајќи притоа дека можеби ја покажувате и онака малку останата човечност во денешно време и се обидувате да им помогнете. И после кога ќе сфатат дека сте ги прочитале и давате отпор по првично покажаната добрина, се лутат како мали деца и глумат жртви и “навредени“ од таквиот однос, тоа е најинтересниот дел. :D Токму затоа гласам да НЕ се биде добар! :) Во одбрана на тезата ќе наведам 3 ситуации, кои датираат од последните 365 дена.

    Ситуација бр. 1) “Другар“ со кој сме учеле 8 години основно во исто одделение и 4 години средно во иста школа но различен клас, ми се јавува една вечер и ми вели имал бизнис план и ако сака да ме вклучи и мене. Нормално, прифатив да видам што е предлогот да го чујам и да одлучам. Дојде кај мене во 10 навечер и почна да ми ја презентира идејата. Веднаш сфатив кај лежи “зајакот“. Другарчето се вработило во осигурителна компанија и сега мене ми презентираше тие презентации што ги учат таму со цел да ме внесе и мене во таа машинерија да одам од врата до врата и да убедувам и “молам“ луѓе да осигураат дали себе, дали некој вреден имот и сл. и јас од тоа да земам провизија. Фиксна плата нема, колку договори ќе склучиш толку пари. Не ми се допадна тоа, од причина што таквата работа не ме влече, а нешто против своја волја само за пари не ми се работи. Во тој момент се уште зависев од моите, ама сепак нешто што не ми прави кеф, не ми се работи и точка бре. :D Се тоа ќе беше во ред... да не беше финтата дека првин морам да уплатам 80 евра на име на осигурителната компанија, да посетам некој јебиветарски семинар преку викенд и да добијам лиценца да можам да склучувам договори за осигурување. Не ми се допадна сето тоа и реков не бива, ќе си почекам уште некое време и ќе си најдам работа според професија. Наредните недела дена не можев да го откачам и работата дојде дури до таму да бидеме на 20 метри од мојата “матична“ банка и да ме убедува да платам 80 евра т.е. скоро 5 илјадарки и да ме изврбува. :rofl: Едно пола саат како мали деца стоевме скоро пред банката и се убедувавме за да на крајот виде дека на сила не бива ништо и се откажа и од тогаш доста поретко комуницираме. ПОЕНТАТА МИ Е: Во ред беше се, го знам дечкото после толку години дружба, добар е не беше со лоши намери (навидум), ама луѓето секогаш се сеќаваат на вас кога треба да добијат нешто во своја полза, дали лично или професионално и кога треба да извлечат некоја финансиска корист за себе. Да ги уплатев тие 80 евра, он ќе си лапнеше % од тоа, можеби и сите не знам како одеа тие работи. Епа извини пријателе, ама само за да ти угодам тебе и да те направам среќен, а да одам против своја волја и моја среќа, не ја бива така.

    Ситуација бр. 2) Ајде пократка ќе биде оваа, пошто е најтазе, има само неколку дена, still ongoing war on terror. :D Исто така инволвиран е “другар“ кој седи на 100 метри од мене, се знаеме уште како деца, во основно сме учеле 8 год. во иста школа само различни одделенија, а после во разни средни школи, ама пак другарувавме заради комшилукот. Да скратам непотребни детали и историја, во исто време кога јас се вработив онлајн, и тој се вработи во една такси компанија како диспечер да мизерува и рмба за 100 евра месечно. :D Океј е и тоа боље ишта него ништа шта би рекли срби јебо ги бог хаха. Еве после неколку месеци останува без работа, ги спичкува преостанатите пари и ми доаѓа на врата како пизда да се жали и да бара да му позајмам 500 ден. хаха. Ку*ац што прифатив од причина што знам каква будалетина е од претходни ситуации. Напротив, најотворено му кажав што има сега да ми доаѓа и да се присетува на мене секогаш кога запаѓа во потешкотии, никаде го немаше кога зимаше плата и да дојде да излеземе како луѓе и да се почастиме. Кога дојде до последните мизерни 50 ден. кои и така ги даде после за пакла цигари, нема што да бара спас од мене. Еднаш беше во таква ситуација каде што му требаше кеш за излегување, за да ја тестирам неговата човечност и карактер, му реков да вети и да се заколне дека со сигурност ќе ги врати парите и му дадов 300 ден. кои за него беа цело богатство во тој момент. :rofl: После дојде во ситуација да има пари и да може слободно да ги врати тие 300 ден. ама се правеше наудрен кога му ги побарав велејќи ајде ајде имаш пари не ти ги треба овие. Не сум таков да се брукам за таква сума и да му ги наплатам по секоја цена и му го простив долгот, ама ми беше битно да знам дали можам да сметам на него и видов дека не можам. И оттогаш, ниту денар немам инвестирано во него, многу јасно. Не беше поентата за парите, туку за тоа дали е карактер и има стабилност како човек. Кој еднаш ќе ве изигра за мала сума или било што друго, нека не ве лаже умот дека тоа нема да го направи ако е поголема пара во прашање или поголема работа, на пр. 300 евра или 3000 евра итн. затоа што волкот го менува крзно, ама карактерот не! И во глобала тоа е оваа приказна за сега. Поентата би била: Кога некој е во тесно, тогаш се присетува на вас и почна да досаѓа дур не го добие тоа што му го треба и кога ќе види дека не може, ќе се откаже по некое време. Но каде е таквиот “другар“ да дојде пријателски да се дружиме без притоа да гледа да искористи нешто?

    Ситуација бр. 3) Оваа ситуација е пред година дена. Инволвирана е фина и секси колешка од факултетот. :D Ме начека мене како фин и згоден младич хехе кој секогаш на лабораториските вежби доаѓаше со решена вежба и почна да се дружи со мене. Топ си беше во старт, баш онака чисто машко-женско пријателство и дружба. Она си имаше дечко, така што не ми сметаше тоа, не ја гледав како некој секс објект за збрцување хаха. Сепак мислев можеме да креираме одредена близина покрај факултетот и затоа прифатив дружба. :D Како поминуваа неделите и доаѓаше времето за вежбите колешката почна да ми бара вежби во стил “Колега ај ако не ти е тешко прати ми ја вежбата за утре“ и секако немав проблем во почеток, сакав да помогнам ако не успеала да ја реши задачата. Претпоставувам во кој правец оди ова, но ајде да се доискажам. Времето си врвеше, стана навика и традиција секоја недела јас да изигравам Робин Худ и да и ги праќам решените вежби на неа се до тој момент кога мене не ми пукна филмот и и кажав отворено да не биде до толку проѕирна зошто се “дружи“ со мене. Познато е дека знам да имам лош јазик со некој кој сака да ме надмудри и да смета дека ме зезнува, па така отворено и кажав да намали со барањето вежби и ред други работи не ми текнува сега хаха ептен бев луд тогаш. И нормално колешката се налути и надува како мало дете хаха, не е во нејзин ментален склоп некој така остро да ја нападне и да и ја каже вистината во очи. Ама стварно претера бре луѓе, некои стварно немаат осет, ќе ви се качуваат на глава додека буквално не ги отерате во пи*ду матер. И еве година дена веќе како не сме си пишале на фб или сме се дружеле во живо. Епа тоа е тоа, имам универзална тактика со која многу лесно ги откривам луѓето, можете и вие да ја применувате. Бидете добри во старт према некого кого првпат го запознавате и на тој начин најлесно ќе му го видите умот. Ако станува напорен и на подаден прст бара рака, се знае како треба да се справите со него/неа. Ако враќа со добрина и го цени тоа што го правите, тоа е вистинскиот човек за дружба. Досега не сум сретнал некого во втората категорија хахаха.

    Вакви опишани ситуации има на тон, сигурен сум и вие имате безброј случки од овој калибар. И после сето ова напишано и според вашите искуства досега, ајде кажете си самите на себе зар се исплати да се биде добар. Добар може само во старт и после добрината ќе зависи од другата страна, ама другата страна не знае да го искористи тоа, пробува да ја злоупотреби подадената рака и повеќе не е исто. Класика!

    Ете така драги феминки мислам дека ова ми беше еден од најдолгите и најдобрите постови во последно време, ама морав едноставно да се искажам кога ја видов темата хехе.

    Sincerely yours,
    Dr. Pussy Hunter :rofl:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Ех, ако човек мисли да биде добар поради другите, за да го сакаат, за да му возвратат, тогаш ќе ги доживее најтешките удари и разочарувања во животот.Ако си добар ради себе, ќе треба да имаш многу искуство да за игнорирање на лошите возвраќања. Вреди според мене да си добар, со добро срце поубаво е, отколку да правиш зло. Но има тука нешто друго. Добрината не треба да се изедначува со наивноста. како што рече некој на змија отровница добро ако и правиш, ќе те касне. Има тука некои правила, кои треба да се научат во животот, знам , но не ги знам сите. Само ено нешто сигурно знам од искуството: НА МНОГУ ЛУЃЕ КОИ МИ НАПРАВИЛЕ ЛОШО, НЕЗНАМ КАКО АМА ПОСЛЕ ДОСТА ВРЕМЕ МНОГУ ЛОШО ИМ СЕ ВРАТИЛО.
     
    На esperansa777 и Evellin.a им се допаѓа ова.
  12. Jean-Baptiste

    Jean-Baptiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    2.868
    Пол:
    Машки
    Мора да се размисли убаво на ова прашање еве денес го сменив мислењето.Не вреди.
     
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Поголеми очекувања - поголеми разочарувања.

    Добра сум со сите, дури и со душманите, ама од никого не очекувам ништо.

    Само гледам да не ме користат, ама веќе се научив ако некој ме користи за нешто и в лице да му речам.
    Живот...те учи на се...
     
  14. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Some people don't get it

    Добар=/= Наивен
     
  15. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Вреди да си добар кон некој шо ке знае да го цени тоа. А во денешно време таквите ретко ги има. Во главно добар си дури имаат корист од тебе.. Потоа сите некаде исчезнуваат. :?:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    вреди да си добар но за себе а за околината кој како заслужил.бидејќи добротата е таа која не води во рајот.
     
  17. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Секако дека вреди да си добар. Нема ништо поубаво од добрината, дали да ја правиш на друг или да ти ја направи некој. Зарем ќе станеме бездушни крвници сите. Тоа едноставно не го можат и не го сакаат сите. Не е убаво и каков е тој живот да си исполнет со гнев во душата. Најисправно, според мене, е да се бара мудроста како да се опстои и да се победи со добрината.Знам дека тој пат е тежок, но мислам дека само тој вреди.Има тука нешто во добрината, од дното на душата нешто така ми се кажува и ме тера вака да пишувам.Иако сум опкружена со разно-разни злобници и ниски играчи, кои не би можела на 1000 страни да ги опишам со сите нивни таканаречени „елементи на расипаност до коска“.Во животот не е секогаш така црно и сепак се наоѓа и по некој добар човек, мора да признаеме. Барем јас вака мислам.
     
  18. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    4.095
    Пол:
    Женски
    Мислам да. Бидејќи секогаш кога правиме добро ние се чувствуваме подобро(барем јас така се чувствувам). Сами се исполнуваме со некоја позитивна енергија. Сметам дека доброто на крај ќе се исплати, нели добро со добро се враќа?!? Секако не некој да прави будала од нас, но нема ништо лошо ако некому помогнеш. И убаво е да бидеш запаметен како некој кој правел добри работи.
     
    На mihaela55555 и eticka им се допаѓа ова.
  19. mihaela55555

    mihaela55555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    121
    мислам дека вреди....ме разочарувале но сепак не сум тип кој сака да се одмазди...продолжувам да бидам добра и простувам....
    но никогаш нема да дозволам некој да си поигрува со мене и мојата добрина :D
     
  20. Akiii

    Akiii Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    14
    Вреди да си добар ради себе мирно да спиеш и сл.Но да се биде добар спрема сите е исто како да влезеш во океан со ајкули и да си мислиш дека ќе останеш жив,кога тогаш ќе ти наштетат :devil: