Вреди да бидеш добар за добрите а лош за лошите. Сепак не треба да бидеме и многу наивни бидејки на крај ние испаѓаме повредените... така да златна средина. Јас навистина мразам некој што ќе ти направе нешто добро и после носот ќе ти го трие со тоа цело време. Прави добро, подобро ќе ти се врати. Лошо прави- има карма.
Го сменив мислењето. Не вреди. Не вреди со никој да си добар. Дури и кон оние што заслужуваат. Џабе што заслужуваат кога тие не се добри кон тебе.
Да, вреди да си добар, ама не и наивен. Тоа е многу различно...Инаку добрината и хуманоста е тоа што не прави луѓе, она што ти ја стоплува душичката, без разлика дали ќе и помогнеш некому, ќе бидеш милостив и чесен. Ама не е многу едноставно да направиш граница на она до каде некој може да ја искоистува твојата добрина. Зашто има луѓе кои знаат да го злоупотребат тоа, и тоа свесно бараат такви добри душички да им го загорчат животот. Животот ќе те научи на се, ама никогаш не треба да се загуби човечноста. Јас порано бев многу "добра'' и сите ми се качуваа на глава, гледај на сите да погодиш и на крај ти си крив ако на некој нешто не му било по ќеф. Во некои ситуации едноставно треба да кажеш- ма кој те шиша и да се свртиш. На некои луѓе не им треба добрина, туку жртва...
Вреди да си добар/ра само со оние кои заслужуваат. Мојата голема мана е тоа што кон сите сум добра (многу ме погодува тоа што ако гледам дека на некој му е многу тешко, веднаш му подавам рака, иако знам дека ако сум јас на тоа место сите грб ќе ми завртат). Добрината е главна одлика на човекот,меѓутоа во денешно време не е така,бидејќи те сметаат за глупава.
Мислам дека сепак вреди. Колку и да е лош некој човек за н егов инает треба да си добар со него. Е сега ако некој претера па и вреди да му покажеш кај му е местото. Ако со некој си добар можеби ќе те шутне и ќе заборави, но некој ќе запамети и ќе ти врати.
Да, дефинитивно вреди да си добар, но не и наивен. Исто така добар да, но не мора кон секого. Не сакам луѓето да ми ја искористуваат добрината, макар што се случувало и тоа. Сигурна сум дека секој барем еднаш, ако не и повеќе се има почувствувано искористен од нечија страна. Кој како си заслужил и јас со него така се понашам. Не сум злопамтило, не правам памти па врати. Порано навистина бев многу добра за другите, сега мислам дека тогаш сум била глупава. Не заслужувале. Со многу луѓе кои ми засметале во животов имам расчистено, не се дружам со нив. Која е логиката да живеам се уште со нив кога тие мислеле како да ме повредат? Најмногу се имам разочарувано од другарки, сега имам само 2 3 вистински, кои ќе ми останат засекогаш.
Вреди. Бар сум осетила на моја кожа, со сите сум се поставила најдобро што сум можела, ме газеле, навредувале, изневерувале, но сите дошле пак кај мене (се се врти се се враќа), дошле кај мене ама јас не сум дозволила да се вратат!
Секогаш велам дека од утре ќе се сменам, да покажам малку заби, да бидам иронична и недопирлива. Но, никогаш не дошол тој ден. Останувам пак добра, личност која секој успева да ја згази и искористи. На крај ја сум таа што патам.
во денешно време не вреди да си добар од причина што насекасде околку нас е дволичност, завист, злоба за жал такво дојде времево, секој гледа да те искористи и кога еднаш ке му речеш не за нешто е тогаш си ваков -таков и ке те користи додека може потоа кога нема да му требасе ке те шутне како топка.не вреди да си добар зошто добриот и глупавиот се бракја-народна мудрост,,, добрината денес ретко се наоѓа и цени....жалосно од тие најмалку што очекуваш тие ке ти го завртат грбот први.
Вреди да си добар за личности кои и на тебе добро ти прават. А лошото со лошо се врајќа, тоа е кармата.
Во денешно време,не е вреди,сите гледаат да извлечат корист , ама сепак има и добри луѓе спрема кои треба да бидеш добар,а на лошите кога-тогаш ќе им се врати се што сториле двојно повеќе.
Според мене вреди да си добар само со оние кои заслужуваат.Но,од друга страна јас не познавам личности кои би ја заслужиле мојата добрина.
зависи со кого,но главно не вреди подобро да си лош да ти се плашат и почитуваат отколку да си добар се учинуваш тогаш почнуваат да те сфаќаат како загарантирано добра особа и да те газат како ќилимче на влезна врата.