Ако правиме генерална анализа не вреди. Подобро навреме покажете ја отпорноста за газење и манипулирање од страна на другите.Така ќе создадете слика на сериозна личност во нивните очи и ќе научат како да се однесуваат со вас. Доколку некој ја заслужува вашата добрина и ви возраќа за тоа, тогаш вреди да бидете добра личност.
Не вреди! Во денешно време ако си добар сите ќе те јаваат и ќе те молзат ко крава.Дури и да си речеш да бидеш добар само кон оние кои исто се однесуваат со тебе не вреди бидејќи и тие наводно наивно изгледаат,но всушност незнаеш какви ѓаволи се кријат во нив.
Јас мислам дека вреди само за одредени личности. Личности кои ни се блиски, кои сакаме да ги задржиме во нашиот живот. А и секако, добра сум со тие кои што се добри со мене. Како тие на мене, така јас на нив.
Не. Ќе ти се качат на глава сите,ќе те соголат,ќе те искористат па ќе ти свртат грб и така натаму. Вреди да си ја гледаш работата и да не му посакуваш лошо на другиот,нешто како секој да си ја брка работата,ако можеш некому да помогнеш помогни му,ако не,не му ни одмагај.
Koga si dobar samiot ti se polnis so pozitivna energija, loshite luge se negativci i dovolno e sto samite se opteretuvat so loshi misli, no so sekoj ne vredi da si dobar, so nekoj ednostavno ne se zamaraj.
Многу генерализираме,секој за себе се смета за добар,ја знаете онаа позната изрека и волкот глумел јагненце ,јас си ја терам вака за добрите добар,за лошите лош.
Како што гласав и во анкетата: Вреди, само со оние што заслужуваат. Јас тоа го имам почувствувано на сопствена кожа, и сега гледам дека не заслужуваат сите да бидеш добар кон нив. Ја искористуваат твојата добрина за лична корист, а потоа кога ти требаат каде се? - Никаде! Навистина не треба со сите да си добар. Како другите со тебе - така и ти со нив.
Не вредииии бре ..луѓево се повеќе и повеќе не ценат коа им правиш добро ... а коа им правиш лошо па ти враќааат со добро !
Малку сме тие што не можеме да се промениме. А толпата наречена народ е подготвена на се спрема секој само да ги оствари своите планови.
Ноуппп според менее денес секој гледа само како да те заебе и секој си гледа само за себе. Снајди се па живеј (ма да не сум до граница да газам преку лешеви да дојдам до целта)
Во денешно време ништо не вреди, али ако си добар спрема другите сметам дека не го правиш тоа заради другите туку заради тебе бидејќи на крајот на денот ти остануваш сам со себе и битно е на тебе да ти е пријатно со самиот себе. Сепак на крајот тие добрите се оние што се повредени, но изборот е ваш какви вие сакате да се видите.
Се` уште верувам дека вреди да се биде добар, иако како стареам сфаќам дека добрината треба да има граница, ама тешко дека некој може да се смени, особено после оформувањето на карактерот.
Во денешно време ако си добар тешко тебе. Скапо ќе ја платиш цената. Секој ќе гледа да те искористи и злоупотреби.
Не ми е важно дали вреди! Јас сакам да бидам колку што можам подобра поради мене, мојата совест, за јас да бидам среќна. Секако добрината е релативна работа. Свесна сум дека може да ме искористат, но сметам дека тоа нема да биде моја загуба...