Хм..тема долга за дискутирање. Според мене вреди да си добар спрема оние кои НАВИСТИНА те сакаат и кои биле тука кога ти биле најпотребни иако тоа не значи дека и до крајот на животот ќе останат исти како и претходно. И не, не вреди да се биде добар со некој кој живееш и го познаваш малку време. Не вреди! Сета почит и добрина која треба да ја изразам е љубовта и почитта кон родителите, затоа што тие ми ја пружила сета љубов и добрина на овој свет, ми помогнале да стигнам на ова ниво на кое што сум сега, ми ја подариле вистинската љубов и биле секогаш тука кога ми биле најпотребни. Едноставно, никогаш не ме напуштиле.
Дали вреди да си добар? Мене самото прашање ми е користољубиво. Дали ќе бидеш добар или не, според мене, зависи од карактерот на личноста, како тој чувствува дека треба да постапи. Но, кога веќе се поставува прашањето дали вреди, јас гледам дека во прашање не е само нечија добра воља, туку и она себично: "Што имам јас од тоа?".
Јас тврдам,од лично искуство дека не вреди. Ретко кои личности заслужуваат да бидеш добар со нив,ги има да ама се стварно ретки. Златна средина,со некого добар со некого лош ,според заслуженото. А многу личности се добри,дури и премногу само кога имаат корист.
Па вреди ако сакаш да се чувствуваш добро ти како личност. Инаку во многу случаи се покажало дека секое добро со лошо се враќа... Али јбг...такви се луѓето, себични и завидливи и ретко се наоѓа некој што стварно може да се нарече добар човек... Но сепак да се биде добар е доблест што не секој ја поседува и треба да си горд на тоа
Дали вреди или не, не е ни битно, човек се рага таков и не е тоа ствар на одлука, дека од денес ке бидам добра или лоша. Тоа е карактерна особина која се добива со самото рагање, но и во текот на животот околностите во кои расте и живее таа личност можа да доведе до тоа добар човек да стане зол. Понекогаш велиме за некои луге дека се лоши, а всушност не ја знаеме нивната животна приказна и што ги натерало да бидат лоши.
Ах, колку сакам да запознаам барем некој од тие 61 кои гласале дека вреди да си добар. Јас секојдневно сум опкружена со луѓе кои очигледно гласале за второто.
Не вреди за сите. Секако со исклучоци! Секој си гледа да си го заврти тоа во своја полза, а ти дали си му помогнал кога му било најтешко или си го вадел од сите гомна кај што западнал - нема везе. Пак не си добар. Така да не вреди!
Вреди но само за личности кои што навистина го заслужиле тоа.Но за жал такви личности многу слабо се среќаваат на денешно време.Сите само гледаат корист и како да те измамат и насамарат.Додека им требаш се со тебе и се прават лицемери и се перчат со лажната пријателска насмевка,ама а видат дека веќе немаат никаква корист од тебе веднаш те отстрануваат од својот живот.Да тоа е болната вистина и скоро секогаш е така кога човек ќе реши да биде добар и да им помага колку што може на другите.Така да јас сум си на таа биди си добар само за самиот себе,другите и онака нема да го приметат тоа дека си добар за нив.
Од кога ќе си замине човек од овој свет, понатаму ништо не е важно. И мислам дека не вреди да си добра, народот е толку злобен, лош и зајадлив (барем си зборувам за сопственото блиско опкружување) што не вреди, воопшто не вреди да си добар. ЌЕ те згазат, ќе те злоупотребат, ќе те изиграат! Мојот татко беше добар и фин и услужлив спрема сите. На сите сакаше да им помогне и добро да им учини.И ете си замина, а кога ќе ми текне, дека на погребот дојдоа луѓе кои додека беше жив „го згазија“, па после од кога почина си ја „плакнеа устата“ со науубави зборови за татко ми, па дефинитвно ќе речам не, зошто за жал, кај нас добрина не се враќа со добрина.
Вреди да си добар!!! Тоа го имам почувствувано илјадници пати... На добрите луѓе им возвраќам со дупла добрина, а на лошите и злобните не им го вртам одма грбот. Се обидувам да ги сватам - зошто толку лошотија во некој човек!!! Со разговор се трудам да го разберам нивниот негативен став, па дури се обидувам и да ги предомислам во нивната лошотија!!! Мислам дека сеуште постојат луѓе кои што ја ценат добрината. Со топла насмевка, добро дело и цврста прегратка сигурно чекорам низ животот!!!
Најпрво да се биде добар е убаво за себе а потоа за другите,сигурно ќе се согласате дека повеќе сакате човек со добра душа и срце отколку полн со зло... Не вреди да се гледаат останатите и да им се угодува на нив па тие да управуваат со тебе да си добар или не , Добрината е убава работа а + и дупло се враќа,сум се уверила во многу такви моменти и срцето ми беше полно со убавина... Вистина е дека има многу кои што ја користат нашата добрина но треба вие самите да знаете како да се поставите за да не бидете повредени а сепак да сте добри.
Секогаш сум скала да помагам на секој кој му е потребна помош , да сум добра односно сите да ги третирам на ист начин . Но кога ќе размислаш подобро , некои од тие личности на кои си им помогнал и не го заслужиле тоа па дури почнале да се однесуваат надмено кон тебе . Сум била во ситуација кога иако си помогнал пак ти си виновникот за таа настаната ситуација и сите те обвинуваат тебе . И затоа според мене најдобро е да се биде добар спрема оној кој бил добар спрема тебе и кој те почитува .
Некако сум влезена во таков период, што верувајте убедена сум дека никако не вреди... се некако испаѓа дека со лошо ми се вратило мене...
Се ми се чини дека зборот добрина за некои луге не постои. Многу сум разочарана секогаш колку и да се трудам го извлекувам подеебелиот крај за некои луге не ми се исплака да сум добра....
Не вреди ама општествените норми од мали нозе не` обликуваат да почитуваме одредени доблести. За жал, не исто се дел од секого и токму поради тоа не вреди да се биде добар, но тоа не е нешто што бираме дали ќе бидеме или не. Едноставно вградено е во нас и ние потоа програмски реагираме кон дадените ситуации, па од тука - небитен е моментот дали е нешто вредно или не, ние независно од тоа дејствуваме како нашата свест и потсвест мислат дека е праведно. Во секоја ситуација останува само да се надеваме дека ќе има добар повратен одговор, па тоа ќе ни каже дали правилно сме расудиле во моментот кога во таа случка сме давале удел ние.
Не вреди воопшто. Ако си добар останатите ќе те мотаат како сакаат и нема да ја добиеш потребната почит. Во денешно време треба да се претставиш како не многу добар и сите ќе те почитуваат,ќе ти се тресат и ќе се секогаш тука за тебе. Во некои ситуации кои се одвиваа пред мене,научив дека оние кои знаат да покажат заби се поценети и поминуваат подобро. Што да се прави,такво време дојде