Вреди да си добар кон оние што ти ја возвраќаат истата добрина, за другите не. Се чувствувам преубаво и исполнето кога правам некоја добрина, а уште поубаво кога истата добрина на некој начин ми се враќа и мене.
Според мене златна средина. Единствено што ме вади од такт е тоа што лица на кои им е најмногу потребна помош(кои што се во лоша здравствена состојба,лица без средства за живот) го искористуваат тоа.Сум сведок на личност која е во лоша здравствена состојба (а има средства за подобар живот) ја искористува ситуацијата во која се наоѓа,само за да и се помогне.Тоа не можам никако да го сфатам,зошто? Па понекогаш викам Господ ни го дава она што сме го заслужиле,но ајде да не грешам душа,ја почитувам личноста ,но во последно време таа мене не ме почитува.И уште нешто не ми е јасно е тоа што сите сакам да бидеме еднакви,односно таквите личности да бидат прифатени во општеството како сите нормални (како здрави) а кога доаѓа резултатната оценка на крај,истата таа личност да биде привелигирана,односно се смета за повисоко ниво од остатнатите.
Ако си добар ја злоупотребуваат добрината. На пример, знаат дека не ги лажеш, а те гледаат како да си сомнителен. Те бараат само кога им требаш, а кога ќе најдат нови познаници не се јавуваат со месеци. Додека имаат корист сите се добри, а потоа си го покажуваат вистинското лице. Инаку сите се мешаат кај што не им е местото.
И шо демек бев добра со сите ама не ми врајчаја така па и јас сега че бидам лоша со сите, така? Ако сте напраеле 1000 добри работи, и една лоша, и само лошата ви ја памтат, одма викате ах и јас лошо че се однесувам сега. Ако сте праеле 100000 добри работи и никој не ви возвратил значи лоши се другите? То шо прајте 'добрина' и очекувате добрина за возврат не ве прај добри, оти ако некој е добар ги прај работите безусловно, не очекува ништо за возврат, ни добро ни лошо. А шо и да дојди не е ништо шо не можи да се справи чоек на друг начин, освен ај че бидам и ја сега лоша... Општествово и вредностиве денеска се безврска, ама ако сакате да бидите добри, бидете си добри за вас, вас да ви биди мирна душата.. Сум била навредувана, сум била разочарана, се и сешто сум доживеала. Сум кривела лујџе дека се лоши, сум најдувала мани на други, и јас сум се кривела, ама знајте шо, вие си ја креирате околината ваша. Ако не ви одговара некој шо не се однесува добро со вас, исфрлете го од околината. Не викајте лошо за нив, едноставно избришете го од глата. Че речите ех па сите такви се денеска па ако земам сите да ги отфрлам од околина че треба сама да бидам. НЕ. Има секакви лујџе, само зависи кај гледате кај барате и со кој барате, такви че најдите.. И не, во никој случај не викам дека јас сум добра и совршена, ама зато е живото, за секој сам да си се изгради и да се стреми да биди личноста шо сака да биди, па вие одлучете си..
Најдобро е да си добар, да ти е чиста совеста и образот, на лошите кога тогаш лошотијата од глава ќе им се удри.
во никој случај не вреди ,ако си добар те користат само кога им требаш .. вреди да си добар само кон оние кои го заслужуваат тоа !!
Вреди со оние кои го заслужуваат тоа.Со останатите не вреди, ама сепак ако бидеме добри и со нив, ако не тие, Господ ќе ни врати со добро.
Јас мислам дека вреди да се биде добар, но само што повеќето ја искористуваат таа добрина и луѓето на крај остануваат разочарани. Мн. ретко некој да цени од некој добрина, може ги има и повеќе но на крајот кога ќе се направи една грешка, таа добрина што некој ја правел за цел живот ќе исчезне.
Искрено , одговорот е не . Не вреди да си добар , затоа што никој во денешно време скоро и да не го цени тоа ( секоја чест на исклучоците кои се во многу мал број ) . Секој гледа само нешто да искористи од друг . Сепак јас останувам на тоа да се прават добри дела но и да не се очекува нешто за возврат .
И другите луѓе да се однесуваат лошо спрема тебе мислам дека не треба така да возвраќаш како што тие прават...
Aпсолутно НЕ! Освен ако сакаш лошо да ти се врати тогаш секако биди добар и биди жртва на последиците од тоа..