Има моменти кога мислам дека вреди, има моменти кога мислам дека не вреди. Добрите многу страдаат но еден ден ќе бидат среќни и ќе го добијат тоа што им припаѓа и го заслужиле. Лошите најчесто најдобро поминуваат во животот, но на крајот не се знае каква несреќа ќе биде нивната казна.
Темава ме потсетува некако на текстот од Џибони '' Dobar i glup, ista je stvar .. '' Сите сме се нашле некогаш во ситуација кога некој ни ја злоупотребил добрината и сме се почуствувале како во текстот на Џибони, приглупи и насамарени. Но,сами сме си виновни за тоа. Сепак, секогаш вреди да се биде добар со оние кои сме процениле дека заслужуваат.
Вреди На добрите луѓе добрината им се чита од очи. Ретки се таквите. Еве јас не сум една од тие....неможам да бидам добра.Добра сум само со најблиските. ,,Лошотијата,,ми е обрамбен механизам.
Секогаш вреди да си добар. Можеби на кратки стази ќе се разочараме, но на долги се исплати. Што значи да си добар? Ако ги исполнуваш желбите на другите, а се во спротивност со твоите потреби тогаш-не си добар, ниту кон себе, а другите ги лажеш. Тоа е јазот кој не мачи. Ако сум свесен дека тоа што го правам и сакам да го направам и свесно го правам - тоа е вистинскиот избор. Јас избирам да сум добар. Одговорноста е моја и затоа нема да се покајам подоцна затоа што сум избрал да бидам добар. Добрината со добрина се враќа, можеби не од истите луѓе, но ќе дојде од друга страна - обично за тоа не сме свесни.
Вреди за тие што заслужуваат да бидеш добар и знаат да го ценат тоа што го правиш за нив. Не велам дека некој треба да ти бакнува раце и нозе или да те наградат со орден за добрината и помошта и за се што си сторил за некој ама барем да не ја искористуваат добрината и да не ти го копаат гробот зад грб! Најчесто во реалниот живот важи изреката рани куче да те лае! Затоа во последно време практикувам да си речам на самата себе на некого и душата да му ја дадеш ако не знае да тоа да го вреднува џабе е се не вреди да ги задржуваш таквите личности покрај себе. Некогаш со правење добрина и давање на 101 шанса со простување и помагање со свои камења сами се удираме по глава и сета добрина низ нос ќе ни се извади.
Не вреди во никој случај,да си добар никој не го цени тоа и нема да ти врати со благодарност и почит,туку напротив само ќе те користи и манипулира,за жал денес се измешани човечките вредности,и ако си добар те сметаат за глуп и те земаат под нозе народски кажано Често знам да бидам добра,услужлива,мила и фина,а кон мене ретко кој се однесувал на ваков начин,сите те гледаат само дури им користиш за нешто,направи им една услуга како куче ќе трчаат по тебе за корист,а само еднаш одбиј ги за нешто е тогаш не постоиш за нив,а добар си им кога си тука за нив 24 саати на ден и се ставаш на последно место себе си за атер на другите. Дефинитивно како и да вртиме,има милиони примери кои ја докажуваат оваа теза дека не вреди да си добар,ама сепак бидете добри и не си ја трујте душата,колку и да не ви ја ценат добрината,сепак вие се доградувате како доблесна личност и си припишувате плусови за добро однесување,знаете каде
Не вреди да си добар за другите, но вреди да си добар за самиот себеси, помогни колку можеш и на другите дај подршка, чисто душата и совеста да ти биде мирна, да се почуствуваш дека си голем човек. Кој колку сака и може нека помогне не замерувам, а јас знам дека ако помогнам и животот на мене ќе ми помогне, немора луѓето.
Секогаш ми било проблем тоа што сум добра и со сила сум пробувала да бидам како другите, ладна и бесчувствителна но не бивало така Добрината, желбата да бидам тука за сите и емпатијата никогаш не ме напуштија колку и да сум го сакала тоа. Се ова немаше толку лошо да звучи ако бев на пример помалку чувствителна Ама тоа е ... Често со маж ми си викаме дека не припаѓаме на овој свет
Вака сеа.Вреди да си добар со тие кои знаеш дека се тука за тебе и знаеш дека можеш да сметаш на нив.Да им се довериш и да ти се доверат.Да побараш совет и несебично да го добиеш.Еве јас имам една другарка таква и плус мојата фамилија.И да вреди да сум добра за нив! Од друга страна, има и луѓе што ја злоупотребиле мојата добрина и ја сум се освестила и повеќе не сум иста спрема нив.Никогаш веќе нема да си дозволам да им се доверувам и да им верувам...Не дека јас сум лоша спрема нив или па им мислам лошо..Никако! Но едноставно нема да бидам добра како што сум била.Всушност 'сеедното' ми се активира.За таквите, не вреди.
Vredi da si dobar ama za tia sto cenat i sto se sekogas do tebe i vo dobro i vo loso,a za tie sto se od korist so ista mera da im vrekame
Јас иако се карактеризирам како добра особа, мислам дека не вреди да си добар во денешно време. Колку си добар, толку повеќе те газат.
Вреди , за искрените луѓе , за луѓето кои се со тебе во се , за своето здравје , за доброто на светот . НО никако да не дозволиш да те газат истите
Дали вреди во смисла на "правам добро, ми се враќа со добро", дефинитивно не. Луѓето ретко ги памтат добрите работи, а уште помалку возвраќаат. Ама вреди во поглед на тоа што правиш некој друг среќен, а со самото тоа си и ти среќен. Душевен мир, прајслес.
Периодов ептен често си го поставувам прашањето : Вреди ли? Доброто се заборава а и честопати со лошо се враќа... Се памети лошото, како сите да ја носат во себе особината злопамтило. Заврши му 100 работи, ќе запамети само кога си го одбил за нешто. Научив, вреди да си добар кон луѓето но не наивно добар, не безрезервно добар и не во секоја ситуација да си добар. Научив да бидам себична, понекогаш, научив дека само поедини луѓе во животот заслужуваат да си добар кон нив. Не значи дека ако не си добар, тогаш си лош... Како беше изреката ,,ако не можеш на човек да му помогнеш, тогаш барем не му одмагај,, Сите мислат дека се добри...а светот се гуши од лоши луѓе!