Вреди за кого треба не сите се покварени ,но во глобала невреди да се покажува таа добрина ,зашто лугето тоа често сакат да го искористат на било кој начин..
Вреди да бидеш со оние кои се однесуваат спрема тебе исто.. Во спротива другите ќе ти ја злоупотребат добрината.
Има грешка во прашањето, добрина е кога не очекуваш ништо за возврат, а ако сакаш да те перцепираат како добар или очекуваш да вреди и да ти се врати на добро со добро онда тоа не е добрина, тоа е его бустање дека си подобар од другите или очекување вид на награда/профит,корист од тоа...
Проблемот е што очекувам за возврат да се однесуваат исто како што јас се однесувам спрема нив. Ако ме повредиле и променам став и однесување, ќе речат, се сменила. Епа се сменила душо! Штета што таа нервоза може да ја јаде некој друг ни крив ни должен. Колку и да ме повредуваат заради мојата добрина, на крајот пак ќе речам вреди да си добар заради себе, својата свест и совест. Осветата ја оставам на карма. А јас ги бришам од листа луѓе од доверба.