прави добро за да ти се врати добро,фрли позади тебе за да ти се најде некогаш пред тебе.не е добро секогаш да си добар,затоа треба да процениш кој вреде да те запознае како добар...
Јас мислам дека вреди, но денес ретко кој го цени тоа. Поголемиот дел се од корист и знаат како да ја искористат добрината. Па затоа најдобро биди добар, но само со тие што ја заслжуваат твојата добрина
Малку ми е чудна темава.Па или си добар или не. Без разлика дали вреди или не, не можеме да се смениме, такви сме какви што сме. А ако некој е добар само заради тоа што од таа добрина ќе извлечи корист, според мене, тоа не е добрина, туку е глумење на добрина. Со други зборови, таквите луѓе се манипулатори и лицемери. И сега, друга работа во врска со прашањево, ниеден човек не е само добар или само лош. Не постојат тотални “светци“, ниту пак тотални “демони“. Секој има ангел и демон во себе, само што, во различни пропорции се застапени овие двете Кај некои преовладува ангелот, а кај некои демонот. А за дали вреди, па мислам дека вреди, ама кај вистинските луѓе. Не секој заслужува да бидеш добар со него. Посебно не оние горе споменатите, така наречени - манипулатори и лицемери
За моиве години многу пати ме заебале и тоа луѓе што сум мислела дека ми се многу блиски,ете не било така,од круг на 15 ,,другарки'' останав само со 5-6 од кои 2 ми се ептен блиски,не само за другарство и др. работи....сепак мислам дека вреди да се биде добар,некогаш си викам како не бев бар малце покварена полесно ќе си поминев дали ќе ми вратат на добрината тоа е нивна работа,зошто да сум револтирана дека постојат идиоти што ќе гледаат само во тебе корист и што е можно повеќе да те изгазат и да те заебат?па не би сакала да се вбројам во таа толпа...затоа ВРЕДИ ДА СЕ БИДЕ ДОБАР заради себе си,другите какви сака нека бидат...нивни личен избор,а дека тоа ќе ме повреди?веќе воопшто...
вреди да си добар..ако си добар цел живот ќе те следи добро.ако не си добар ќе ти се случуваат лоши работи според мисленјево мислам дека треба да си добар 100%
Секој со своето мислење. Можеби вреди да си добар, но само кон одререни личности, а кон сите. Многу пати имам кажано дека јас не се одесувам исто према сите, затоа што сите не се однесуваат исто према мене. Еве во овај перод баш ми се случува нешто такво. Јас сум добра и попуштам, а другарките ми се љубоморни. И поправив тест на другарка ми од 2 на 4. Дали ќе добијам нешто за возврат? Не верувам, можеби. Сепак треба да видиме према кого треба да се однесуваме добро. Не се сите исти и сите нема да ја сватат исто добрината која им ја правиме.
Вреди да се биде добар само кон одредени личности.Искрено се мразам самата себесе зошто сум толку добра кон сите,многу тешко избувнувам,трпам се ама незнам до кога.И кога ке избувнам за нешто што не сум јас крива,пак испаѓа дека сум лошата па не фер,па си велам да бев малку попокварена подобро ќе беше дефинитивно,
Многу сум разочара од луѓево,секој гледа само лошо да ти направи а дали вреди да се биде или не стварно веќе незнам,многу пати сум била за*бана од личности што ми биле блиски
епа зависи со кој како, ако е некој добар према мене јас сум мн добра према него, ама ако некој се понаша идиотски ќе си сноси последици-изборот не нивни, ме сакаш за пријател или за непријател, одлучи!
Да, вреди да си добар на идиотски начин. Се трудам да сум добра со моите непријатели и тоа ги докрајчува. А со луѓето кои се во моја непосредна околина не се трудам да бидам добра нити пак лоша, реална сум, таква каква што сум.
И што ако сме лоши со другите!!Дали така би се чиствувале ние подобро.Јас лично не!!!Спрема тоа вреди да си добар.Како што си ти добар со другите луѓе и некој друг е добар со тебе, а тоа секако ни годи нели?Е коклу пати во животот ми помогнале луѓе што не сум очекувала од нив такво нешто, и мислам дека им вредело тоа што биле такви.
Денес никој не забележува дали си добар или лош се додека има корист од тебе Која е поентата да бидеш добар? Да си добар за сите, а штом се свртиш зборуваат најлошо за тебе, те оговараат и ти се смеат колку си само наивен. Од кога да си добар значи да си наивен? Факт е добрите луѓе секогаш се предмет на искористување НЕ ВРЕДИ ДА СИ ДОБАР, Радо би била лоша, цел град да ме знае како гад на кој не може да му верува, ама не сум... мана е, ама тоа е што е. Глупава сум што верувам, иако ме имаат заебано многу пати луѓе кои стварно сум ги сакала
Според мене вреди да си добар со луѓе кои сметаш дека тоа го заслужуваат, ретки се ама ги има. Кога добрината ке се помеша со наивност и малку глупавост-е тогаш се станува предмет на искористување, затоа треба да се има граница, да се знае кога е доста и кога да се каже НЕ.
јас искрено мислам дека ако ги следам другите како што прават не сум подобар туку сум клон овца ако тие сите се фрлаат во река треба ли и јас да бидам еден од нив не јас ке бидам добар макар да ме чини многу работи во животот сите сме биле разочарани ама никогаш не сум се плашел и немам влакна на јазикот директен сум и кажувам каква што е работата а да си добар е добро.каква корист ке добијам јас ако ја менувам мојата особина мојот карактер тоа што ме дефинира мене заради др луге што мислат навистина нема смисла ако се сменам на полошо самиот се убивам душевно психички да правам раобти што не ги сакам не лугето можат да ти одземат мн работи ама душата и карактерот никогаш
Вреди да си добар кон САМИОТ СЕБЕ, кон другите не вреди ни малку. Добар кон самиот себе, значи да останиш доследен на сите епитети кои го опишуваат еден човек. -оптимист,грижлив, самоуверен, лојален, внимателен,толерантен,културен, одговорен, комуникативен, љубезен,чувствителен,смел,искрен.. Она што ќе ти го прават другите веќе не е ни важно, ти си останал на правиот пат, она лошо што ти го направил друг само се спуштил за едно скалило подолу, а ти си се издигнал штом си успеал да го прифатиш и да го надминеш истото, без да превземеш контраофанзива. Така да, вреди да бидам добра,бидејќи сакам да сум човек.