1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вреди ли да си добар?

Дискусија во 'Психологија' започната од sexybaby22, 17 октомври 2010.

?

Вреди ли да се биде добар во денешно време?

  1. Вреди.

    112 глас(а)
    14,5%
  2. Не вреди.

    141 глас(а)
    18,2%
  3. Вреди, ама со тие кои заслужуваат.

    355 глас(а)
    45,9%
  4. Ако бидеш добар, лошо ќе те снајде.

    43 глас(а)
    5,6%
  5. Златна средина.

    122 глас(а)
    15,8%
  1. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    ДА !
    Јасно - гласно - кратко - ДА !

    Но,не за да се шеткате ваму - таму и да кажувате колку сте само прекрасни и добри туку за да не се посрамите пред самите себе - да не се чувствувате лошо заради лошо кажаниот збор или дело :)
    Вреди да се биде добар - барем заради среќата/гордоста која ќе ви го исполни лицето кога ќе ја/го видите противникот/чката како се дроби од самата помисла дека не успеал/а да ве изнервира и да ве испровцира :)
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Треба да се биде добар само со оние кои ја вреднуваат твојата добрина и ти враќаат со добро. Оние за кои мислиш дека ти се добри другарки, блиски пријателки, а ти копаат дупка зад грб.. оооој господе чувај ме од такви. Кога ќе те тресне нешто по глава, ќе незнаеш на каде да се завртиш. Затоа на секој не му се отварајте, на секој не ги кажувајте вашите маки, затоа што можат да бидат злоупотребени. На оваа денешница добар и чесен човек тешко да сретнеш. Секој гледа за себе арно да си направи, па и по цена на туѓа несреќа. Биди добар ако мислиш дека вреди за одредена личност да се биде добар.
     
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Тоа се мислам и јас.... вреди или не? :wasntme:
    У суштина не сум некоја добра вила и мразам улога на Мајка Тереза :angel: , ама па од друга страна не можам да се сетам да сум направила некое злодело (намерно) со цел да му напакостам некому :devil: !
    Не се сложувам со тоа дека ако си добар сите ќе те газат, не се сложувам бидејќи не значи дека ако си добар тогаш си и наивен!
    Важно е да бидеш претпазлив, и тогаш кога си добар (за да не ти вратат со лошо) и тогаш кога си лош (за да не ти вратат со лошо на квадрат) :!:
    Без разлика на се’ ,,не му одмагам на човекот тогаш кога не можам да му помогнам,, ова ме одржува во категоријата на добри луѓе (барем така мислам)
     
  4. twisterworp

    twisterworp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    19
    да си добар значи освен овие доблести да си пожртвуван добронамерен искрен директен храбар нормално да се бориш за тоа што вреди да си поголем човек да му помогнеш на човекот на скалилото под тебе да знаеш да простиш да помогнеш да си човек од збор да знаеш да слушаш да дадеш совет да примиш пораз и тн :D
     
  5. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    Никој не ја заслужува нашата добрина бидејќи на денешницава никој не гледа да ти направи добро туку секој гледа да те повреди!
    -јас цел живот се сопнувам на подли луѓе, и многу сум несреќна што во животов сум се дружела само со никакви луѓе!

    Но сепак мислам дека вреди да се биде добар бидејќи како личност ти се издигнуваш нанапред, а тие што се користољубиви, нивната радост не трае долго ;)
     
    На Frosin4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    знам дека да си добар-во превод значи да си будала што секој ке ја користи, секој ке ја гази
    наместо доброто со добро да се врака, секогаш со лошо се возврака, НО секако дека ПОСТОЈАТ ИСКЛУЧОЦИ и тоа кога НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАШ :$ мене така ми се има случено неколку пати, и навистина бев изненадена.

    дел од мене што НЕ МОЖАМ да го изменам е да бидам добра, и со они кои ми нанеле зло и болка, но сепак пред се сум ЧОВЕК и немам навика да ги газам, измачувам и понижувам оние што се послаби од мене, и оние кои и не ми нанеле некоја добрина, но сепак еден е ГОСПОД кој гледа и врака, а богами и плака, но како што рекле постарите-се во свое време
     
  7. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Досега повеќе пати ми се вратило со лошо..Од добротата и финоста никаков ќар..Па затоа малку сменав однесување кон некои личности и видов дека така е подобро за мене..
    Нема да дозволам да ме газат само колку да испаднам добра.Секој си е себе си приоритет и нормално е секој да си гледа најдобро за себе.Природно е да постои доза себичност,но користољубивост не оправдувам!
    Али уште си се тешам со тоа дека се исплаќа и вреди да си добар...
    Не за џабе рекле..На добриот со добро му се враќа :wasntme:
     
  8. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Има разлика меѓу добрина и финоќа.

    Добрина - Да си чесна, искрена, неманипулативна личност со искрени намери и сочуство и разбирање за другите луѓе

    Финоќа - Да им удоволуваш на луѓето и правиш све за нив, со цел да те сакаат и имаат добро мислење за тебе

    Луѓето често мешаат добрина и финоќа. Првото е доблест, второто е карактерна маана. Добрината е секогаш добра... Финоќата е она што е лошо. Многу луѓе пробуваат да компензираат со финоќа, не им проаѓа, бидуваат искористени, и после велат (ете, ако си добар, секад нае*уваш), а уствари нема врска, не ни биле искрено добри, туку биле фини. Има разлика.
     
    На slobodka и Phyramide им се допаѓа ова.
  9. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    ^^ Интересно мислење..ме замисли и мене :wasntme:
    Во право си..не викам не..али и многу искреност и имање искрени намери кон секој :shake:
    Не вреди и тврдам дека тие личности со такви особини се искористувани,за жал,често.Зошто секој не знае да цени...
    Колку што е голема добрината кај еден,толку е подлоста кај друг.
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш се стремам кон тоа да бидам добра и фина кон луѓето, дури и кон оние што честопати ги нарекуваме „лошите“. И многу ми е мило и убаво кога некој друг така се однесува со мене. Не викам дека мораме да се лигавиме со „срце“, „душо“, „мила“... туку едносавно финоста и културата пред се’ да се на прво место. Дрскоста и искреноста не се исто како што некои сметаат. Едно е да бидеш искрен, тоа што го мислиш или чувствуваш да го искажеш на фин и културен начин, а друго е тоа да го направиш дрско и нападно. Сепак не ги судам таквите, тоа си е нивен начин на комуникација.
    Како и да е, да не бегам од темата, убаво е да бидеш добар и фин, а дали вреди... :?: :|
    А како што гледам денес се’ повеќе успеваат оние „лошите“ во светот, оние кои играат прлјаво, со врски и нелегално... :!:
     
  11. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    Не вреди воопшто да си добар на денешно време.Јас бев толку добра,трпелива и имав разбирање за се,а сето тоа ми се врати на најлош можен начин.нешто што навистина не го заслужив и сега жалам што бев толку добра,ке си имам памет за друг пат
     
  12. nkaterina

    nkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    драга Анаб немој да си толку строга кон себе, добрината е лична особина која не се менува, верувај ми од искуство ти казувам.Само колку пати и јас го имам истото помислено,промена на карактерот и лутината ми трае повеќе или помалку едена недела, а потоа пак по старо,дури одам и на психолог за да се сменам и да бидам лоша во наводници.Само гордо главата горе и обиди се да научиш да враќаш мило за драго, таму каде најмногу боли.поздрав и се најдобро.
     
  13. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Човек со добра душа, свесен за тоа, ако сака да се смени, не може. Тоа е нешто што е во човекот и готово. Секоја постапка направена против своја желба, за да си докаже самиот себе дека е лош, и со намера дека така повеќе ќе биде почитуван од другите е само вештачко. Едноставно не ни може такво нешто да направи. Ќе има грижа на совест и не е тоа тој.
    А дали во денешно време вреди да си добар? Мене ми е сеедно дали е или не е. Имам добра душа, така сум учена, растена и не можам тоа да го откоренам. А и не сакам. Тогаш не би била јас.
    Зошто да бидам како другите, огорчена, злобна душа и да правам лоши работи? Не функционирам јас така.
    Убаво ми е кога душата ми е чиста, не правам намерно лоши работи и не сум злобна. Така ќе привлекувам убави работи. Кармата е заебана работа, пазете се.
     
    На Mygirl, gluvarche, anab и 2 други им се допаѓа ова.
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Секогаш сум добра со секого,такви сме со дечко ми исти на секогоарно.сите го видоа тоа и почнаа да го користат пред се за расзни услуги,па еве некако се трудам да се сменам зошто никогаш не ми се вратило со добро.но да бидам лоша неможам така ме воспитале,само ќе се трудам да сменам некои работи,мое е да направам добро луѓе сме,а кој ми прави лошо нему да му се врати.
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Е денес си добив таква потврда на моето дека не вреди да си добар...
    Така ми го шлепнаа-јако!
    Се изнаплакав јас за безвезе,што се меткам кај што не ми е место,што гледам да смирам страсти и на крајот да излезе позитива.
    А одговорот што го добив беше-Тоа не е твоја работа :| :bow:
     
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    не вреди
    животот со добри удари ми покажа дека не вреди бев предобра дури ама пак ќе речам БЕВ повеќе не ќе си го гледам само мојот живот и секогаш ќе бидам тука за неколку личности што ги сакам и ми го исполнуваат животот ама само за неколку на прст се бројат :)
     
  17. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Вреди да си добар со луѓето кои се со тебе.....со оние подлите, кои сакаат да извлечат само корист (а јас сум како детектор за нив) НИКАКО! Само пердашење на таквите, за да си знаат со кој си имаат работа :D
    Сум слушнала многу пати како велат дека добриот и глупавиот се на исто рамниште, до некаде се согласувам....колку си подобар- толку повеќе сакаат некои луѓе да го злоупотребат тоа :)
    Покажете некогаш заби, немајте гајле......така само повеќе ќе ве почитуваат, а на оние добрите -возвраќајте им дупло :)
     
  18. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Добар ???? Ма нема шанси секогаш викам кој ми прави добро ќе му вратам 3 пати подобро кој ми прави лошо ќе му вратам со 3 пати полошо.. Денес невреди да бидеш добар со никој никој не го цени тоа.
     
  19. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    вреди секако,само што ја прочитав темава комплетно и некако ми се наметнува да ве прашам сите,а заради кого сте сите добри заради себе или заради другите,или имаш душа или не,тоа најдобро во себе си си го знае секој,е сега па неможеме да очекуваме пофалби веднаш,па вракање со иста мерка.мое тврдење е ако си добар во душата тогаш си мирен со својата совест ,а секој ке си пожнее тоа што си посејал,менталното здравје е најважно во животот,те прави посилен и само така може да се издржи во овој,, модерен,,свет ,да се оди понатака зошто после дождот секогаш доага сонцето. :*
     
  20. Renee

    Renee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Денешниве луѓе добрината ја земаат здраво за готово, и колку си подобар толку повеќе ќе те газат, секој ден, се повеќе и повеќе. Лолипоп е сосема во право. Била добра, ја снашло лошо, сега е себична, ама себична си е заради сопствената среќа.
    Што дека јас многупати сум била на штета заради среќата на другите па никој ни фала не ми рекол. Додуша некои не се ни свестиле дека всушност ме повредиле. Затоа секој треба најмногу да се фокусира на себеси и она што го прави среќен, бидејќи ако се обидуваме само некого да усреќиме, никогаш нема да е доволно.
    А кога станува збор за доверба.....Додека на времето нашите мајки и татковци се дружеле и се помагале меѓусебно, нашиве генерации гледаат кој колкава штета може да нанесе, или кој колкава корист може да добие од нешто. И ако ние вака се однесуваме, тогаш што ќе биде со средината во која нашите деца ќе растат?????
    Дали воопшто ќе може некому да веруваат освен на нивните родители?