Не, дефинитивно. Зошто да бидеш добар, за да некој тоа го злоупотребува, за да ти забие канџи во грб? Искуството си го прави своето, колку ние овде да се искажуваме и докажуваме дали вреди или не се додека не се почувствува на своја кожа човеч не може да го почувствува вистинското јас. Порано бев мило и фино девојче, се беше како што другите сакаа, ставот на другите беше прем мене, јас бев на последно место. Сето тоа за да бидат другите задоволни, да не бидат повредени, како ми беше мене кому му беше битно. Од како другрките фатија дечковци, повеќе не им треба дневно кафе, шетање, авантури, ниту едно кафе неделно не им беше потребно имаат дечковчи (мислам хелоу, не може да има дечко секој!) се јавуваат тогаш кога имаат слободно време они, па дури ако одбиеш средба се лути. Беа тоа депресии во мојот живот, не дека сега ги немам или пак некогаш сум ги немала, но беше подолг период... сакав да се средам себе си, да си разграничам некои работи што јас сум всушност, кој го заслужува моето внимание. Одреден период додека бев во депресија не комуницирав многу со луѓето. Не дека бев во некаква си депресија под седативи и правење свои филмови, го чувствував тоа во себе, само јас си знаев како ми е, луѓето ми ја гледаа насмевката, а позади неа се криеа солзи и безнадежни мисли. Не посетував стручно лице за помош, го надминав тоа сама, анализирајќи се себе си и свајќајќи колку всушност вредам се сменив. Сега јас сум на другите, ако нешто неко му не му се допаѓа слободно нека не прифаќа, тоа се мои размислувања и ќе биде онака како што јас сметам дека треба да биде. Тоа луѓето го забележуваат, психичките промени веројатно им ја промениле сликата за мене. Не дека јас сум сега некое суштество на кое сите му се клањаат и сите му се тресат, не дека сум вообразена и слично, но тогаш кога ќе почнеш да се цениш себе си сам, тогаш ќе те ценат и луѓето околу тебе. Значи од кога на луѓето ќе им покажеш кој всушност си, кога ќе им покажеш нокти, почнуваат да те ценат! Какви мизерни суштества сме ние луѓето, на малку покажана сила потклекнуваме.
Многу јасно, луѓето се мизерни суштества, колку повеќе им дозволуваш толку повеќе те газат. Но една работа е јасна. Треба да се цениш прво себеси, за да почнат и другите да те ценат. Ако другите увидат дека не се цениш доволно, ќе го употребат тоа против тебе.
Да, но сите тоа го мислиме за себе, нели? Сите мислиме дека сме добри, трпеливи, попустливи кон другите, а за возврат не’ газат... Но токму во тоа лежи и мојата поента. Вреди да се биде добар, за да можеш достојно да си судиш себеси и да се носиш со своите постапки. Доколку си добар пред себеси, ќе се чувствуваш поубаво, секојдневието ќе ти е „пошарено“, а секој друг што ќе те смета за таков доаѓа само како „бонус“.
Вреди да си добар...да...ама спрема тие што заслужуваат (барем јас така правам).За оние кои ме сакаат и ме ценат можам се да направам ама за тие што ме лажат,што мислам дека сум будала и што мислат дека ништо не знам можам да бидам змија НЕВИДЕНА
Читам доста мислења во темава дека НЕ вреди да си добар !!! Еднаш се изјаснив на темава, ќе се изјаснам пак !!! ДА !!! Вреди да си добар !!! Чисто заради твоја чиста совест....Ај сите вие што рековте дека не вреди да си добар, дека е боље да си некој идиот/ка, немате грижа на совест? Праите неморални работи и после тоа не ви пречи што сте го напраиле и не ве јаде совест? или не си го поставувате прашањето зошто сте го напраиле тоа, која е поентата и сатисфакцијата? Дека всушност личноста која што сте постанале не е онаа личност која што сакате да бидете? Ај погледнете се у огледало, преиспитајте ги вашите постапки па решете дали тие неморални работи се биле правилни или не!!!! Секој има право на мислење, нормално....но ова е моето... !!!! Вреди да си добар, вреди да помогнеш, вреди да си оптимист место песимист, вреди да си го цениш сопственото мислење и вреди да не потпаѓаш под туги влијанија. Зашто сите кажувате сте биле едни, па сега сте се смениле и сте други така? Па зашто сте се смениле? Зашто сте дозволиле да ве завладеат туги влијанија? Значи вие сте го изгубиле сопственото ЈАС !!!! Да точно, арогантно е ова што го пишав, но само вака може да допре до таму кај што треба за да се свати дека чисто за ваша лична сатисфакција вреди човек да е и етички и морално и карактерно добар...а оние што немаат никаква грижа на совест после нешто што ќе направат, алал нека им е !!!! Толку од мене Mistery !!!
И јас мислам дека вреди да си добар,и да правиш добрина,само така и ти ке се чуствуваш добро .. но не во сите случаеви треба да си добар едноставно кој како ке се потстави спрема тебе така и ти спрема него
Се согласувам со Мистери. Никогаш на никој не сум враќала со лошо,не ни посакувам. Знам дека секој ќе си го добие тоа што го заслужува ! Добра сум спрема сите,бидејќи јас сакам да бидам ! Тоа ме исполнува,самото сознание дека сте направиле некому добрина или сте му помогнале(колку и да ви згрешил) ви го исполнува срцето. Ве прави посреќни и подобри личности. Никогаш нема да се променам поради однесувањето на некои личности спрема мене. Јас сум тоа што сум и верувам во тоа дека да бидеш добар спрема сите вреди и кога-тогаш ти добиваш награда за тоа. Нема на никој да приуштам таква сатисфакција да види дека поради неговото лошо однесување спрема мене и јас самата сум станала таква. Никогаш !
Вреди да се биде добар секако, секогаш помагај и на луѓето без разлика на се дали тие се добри или не, се што правиш го правиш за самиот себе не гледај од другите какви се ...
НЕ! Колку повеќе се трудиш да му помогнеш на некој, толку повеќе ти ја цица крвта, како некоја пијавица. Во многу случаи сум дала се од себе за некои луѓе, а зошто? За да не добијам ни едно фала, а кога најмногу ми беше потребна помош, ниеден од нив не беше до мене! Е од тогаш си реков - Помагај на другите, но не по секоја цена, прво глеј си на тебе да ти е убаво! И стварно, поубаво ми е кога конечно почнав себеси да се ставам пред се друго (ова испадна како да сум егоист, ама...вистината е таа)
Едноставно не се исплаќа да си добар во ова време. Како е дојдено секој со секој е само од корист... Добрината веке има и второ лице, кое покасно ке те проебе за сите пари (Извинете девојки на изразот). ПОрано бев добра буквално со секој, тешко му било на некој трчии теши, помагај средувај туги проблеми, а кога јас имам потреба од нечија помош каде се сите... Добра само службено на работа оти така ми налага струката.. Инаку приватно кој како заслужил така ке си биде третиран..
Зависи за кого. Со тие што се добри спрема мене јас дупло подобра сум за нив. Ама за идиоти кои за жал ги има во изобилство не сум. Сакам да сум добра и ако нешто направам после ме јаде грижата на совест ама стискам заби и се ставам себеси прва. Ако си добар те прават глупава, мутава и те омаложуваат. Затоа третман спрема заслугите.
Не, не и не!!!Моите ме воспитале да бидам добра со сите да им помагам да ги тешам и т.н... Но што не вреди не вреди. Колку си подобар со човек толку повеќе те повредуваат, те мислат за глупача и не те почитуваат. До сега се сум трпела но крајно време е да се свртам на своја страна,да си мислам само за себе и за оние кој сум 100% сигурна дека мене ме почитуваат и сакаат. Погрешно ме воспитале моите за таа работа.
Добра сум поради себе, не поради другите. Верувам во карма и од досегашното искуство потврдено ми е дека What goes around, comes around Е сега ако некој сака да искористува, што не дека не се случило, може да ме изигра само еднаш. И не се замарам да враќам, горнион гледа
Јас оддамна заклучив дека колку и да се трудиш, колку и да бидеш добар и фин, ретко некој ќе го цени тоа. Но која е користа од тоа да се биде лош? Прво и најосновно правило во животот: Биди добар со самиот себеси! Јас лично, од чиста мира не можам да правам пакости на другите, зашто после мене ќе ме измачува тоа. Но не можам да правам нешто на мојо штета, за туѓо задоволство. Да бидам добра со некој, за мене е прифатливо се додека не правам штета на себеси.
Добра сум со моите најблиски, со луѓето што си ги сакам. Се трудам да не бидам добра со останатите зошто за нив добар е = на глупав. Поубаво ми е да си знаат дека сум лоша отколку глупава. До сега што дека бев добра со сите, никој не знаеше да го цени тоа. Така да доста беше.