Вреди. Пак ќе кажам - вреди. Оние кои ми се драги и сметам дека заслужиле, ги опсипувам со убави дела и нема да се мислам и во глуво доба од ноќта од отрчам ако им требам за нешто. Не сум од тие кои ако направат убаво дело ставаат цртки на ѕидот, па по секоја цена да очекувам нешто за возврат... Аха, јас ти го дадов / направив ова, а ти на мене... Не реагирам така. Ме боли во принцип непочитта од страна на луѓето. Не очекувам мило за драго, барам само малку почит. Нејсе. Но, ми доаѓа памет. Ми се случило да направам убаво дело, да слушнам лош збор позади мој грб... и после некое време ми доаѓа и ме моли за помош... Просто, ја бришам од листата на живи. Не се каам за сторената добрина, тоа било тогаш и сум се чувствувала убаво, и дури и со сознанието дека си имам работа со егоистична, лицемерна кучкетина - пак ми е поубаво на душата, станувам и легнувам човек, а не лајно.
Исто како јас да сум го напишала. Само мене многу повеќе ме повредуваат делата отколку зборовите. Не ставам цртки, трпам многу ако приметам нешто, дозволувам определено време да прават дури и будала од мене (често и намерно не реагирам, само за да видам до каде може човек да отиде со својата злоба), но, откако ке ми „скисне„ знам да кажам буквално се и да ја избришам личноста од мојот живот.
Можам само да кажам дека за најблиските луѓе кои се постојано околу тебе вреди да се потруди човек да биде добар со нив, но има случаеви каде го злоупотребуваат тоа. За останатите личности биди резервиран, никогаш незнаеш утрото што ти носи и која личност на праг ке ти стапне. Обично секогаш си велиме дека треба да сме добри со луѓето кои ни требаат но некогаш ги превртуваме нештата и ги одтуѓуваме од нас несвесно! Зарем вреди да те навредува некој ако му допушташ, или ако му бидеш негов поданик. Не! Имај си свој став, свое разбирање и свој живот - но гледај го животот и на другите од нивна гледна точка. Ставај се во нивна позиција за да им откриеш што им лежи на душата и дали можеш да им помогнеш или одмогнеш. Тоа е мое мислење, секогаш сум резервирана, избегнувам луѓе за кои сметам дека се недоверливи. Но затоа секогаш сум тука за најблиските во секое време.
Според мене не треба да си премнугу добар! бидејќи колку повеќе си добар толку повеќе луѓето те газат .. не викам дека треба да си злобен но сепак не треба да си премногу добар
Па во глобала добро е да се биде добар, но треба да поставиме граници и да не им допуштаме на другите да ја искористат нашата добрина. Во денешно време никој не ја цени добрината , па во некои случаи подобро е да бидеш лош отколку добар..
Вреди да се прават добри работи дури и кога нема да се возврака и кога некој ти прави лошо треба да му вратиш со добро.
НЕ, НЕ и НЕЕЕЕЕЕЕ!!!! Никако ! Кога тогаш (кој и да е) ќе ја злоупотреби твојата добрина,за што и да е. И на крај ти ќе испадниш крив/а, а секогаш си бил/а тука за некого.
Според мене не вреди да си добар колку повеќе си добар толку повеќе те газат те сметаат за наивен и не те ценат воопшто. Го кажувам ова од лично искуство многу пати сум била повредена сакајќи да направам добро на сите на сите да им угодам и што добивам на крајот само нож во грбот но што да правам таков ми е карактерот и пак сум добра и пак угодувам на секој.
не вреди ама баш ни малку да си добар дури сега сватив сепак не е касно боље икад него никад така да јас вртам нов лист
Добар?... зависи за кој, прост одговор со да и не немам, чувствата на доброто и лошото се толку испомешани што се зависи од перспективата на посматрање, наложената ситуација, способноста да осудуваш тоест неосудуваш, луѓе, ситуации, расположенија, блиски, непријатели па соодтветно на дадената ситуација да се поставиш и одговориш според сопственото начело на исправност и доброправење, кое пак не се поклопува со вредноста и однесувањето на поединци или група, така што од различна позиција на проматрање, те прави како исклучително добар или лош лик. Не постои универзално однесување на тоа да си “добар“ или да “лош“. Се зависи од моментот, совеста, свеста, призмата на гледање, мотивите и сл. една та иста ситуација или едно исто човечко однесување племенито да се протолкува или да просто да те згрози. Чисто за пример, Еутаназијата, оправдана или не и зошто?.... безброј полемики, одземањето на живот од благородна побуда те прави човек или убиец. Крадењето за леб или од луксуз, се забранува, ама го оправдуваш како крајна мерка, чисто напоменувам некои општи примери. Од различни мотиви и побуди хуманоста и доброчинењето можат да се толкуваат различно. За прашањето: Вреди ли да се добар?....Веројатно вреди ако постапуваш по сопствен осет за правичност, кој навечер ти дава добра починка, а наутро елан за уживање во сопствениот живот и ако правењето добро или неправењето ништо ти е дел од природата, а не затоа што е наметнато однадвор, кажано, напишано во облик на правила за добро и лошо. Спротивното од тое е обична глума.
Прашањево е едно од оние досаднине кои многу често знаат да ми се увртат во паметов пред спиење. И како за чудо или не,не знам,одговорот ми е секогаш различен,што дополнително ме тера да ја мозгам темава. Како и да е,верувам дека секое добро што го правиме се исплати. Можеби во овој свет нема да видиме многу од таа наша добрина,но сигурна сум дека има горе некој кој што го следи секој наш чекор и кој што точно знае што треба да ни сервира кога ќе дојде денот на нашата средба со него. А,јас..добра сум за луѓе кои што заслужиле и успеале да го извлечат доброто од мене,а со оние кои што го искористуваат тоа,престанав одамна да се замарам и на дистанца се веќе подолг период. Одамна ги изгубив живците на тие (не)луѓе,па затоа сега сум тотално незаинтересирана за таа категорија. И да,не планирам поради нив да дозволам да се ставам во таква ситуација да замразам се` живо што гази на земјава и да си тврдам упорно дека не се исплати да си добар.. зошто тоа,тоа е сосема погрешно.
leleее не ме разоцарувај до тогас ли ке 4екам доброто да ми се исплати за горе на небото абе не да ми скисна еве прв пат во зивотот сум толку приземна добра фина убава паметна бла бла не бе ова не се трпи па мислам ме згазија лугево од воа мое понасанје добрина ма ми пука филмот зити се то4но јас не се преправам за прв пат сум искрена и тоа сто сум а не таа сто сите мислат дека е недостизна.знаес само со сватив дека сум будала и дека во овој суров свет на лаги и злобни завидливи лугје само политика помага.мислам онаа политика во однесуванјето.откако се сменив на добро еве последниве 4 месеца само им дозволив на лугјево да се осекаат на мое ниво и да си дозволуваат да ми се месаат.не бе дај поарно крени глава да немозат круната да ти ја 4епнат и фурај.сепак добро од сето тоа е сто фамилијата многу ми го цени пресвртот мој зосто ме знаат од порано, во нова средина сум и ресив да сум фина но изгледа ке се вратам во старо светло барем така не се нервирав...има темава многу простор за дискусии...поздрав4ееее
Дали вреди да си добар? Зависи на кого ја даруваш и покажуваш таа добрина! Со тие што знам дека ќе вратат со исто или со подобро, сум најдобра и секогаш сум тука за нив! Ама во последно време многу малку луѓе го заслужуваат тоа! Значи биди добар со тој за кој мислиш дека го заслужува и цени тоа што го правиш за него. А со некои алчни и лицемерни кои не заслужуваат ни со прст да мрднеш за нив, врати им со уште полошо или едноставно стави на игноре!
Кога правиш добро,не очекувај секогаш со исто да ти вратат. Пред се` треба да бидеш добра поради самата себе,НО не треба спрема секој. Во мојот пост јасно стои дека МОЖЕБИ нема да ни се исплати на овој свет,но на другиот сигурно. Тоа „Можеби“ во секој момент може да се смени,се` во зависност од тоа до кој степен дозволуваме да отиде таа наша добрина. Инаку,тотално те разбирам што сакаш да кажеш. И јас го имав истиот проблем,само што не беа 4 месеци,туку со години страдав поради тоа. Тоа мое не знаење за зборот „НЕ!“ многу често знаеше да ме доведе до ситуации кои што си ветив дека никогаш повеќе нема да ги поминам. Затоа,граница е она што ти треба тебе. Поставување на една жолта линија,која што не треба да дозволиш никој да ја премине. И запомни,добра со добрите,а со тие себичните,лицемерните и уште не знам се` какви суштества,прав ГАД!
зависи , но во поголемиот број на случаи - НЕ! такви времиња дојдоа , па секој си гледа само за себе , бев добра и пробав да им угодам на сите, накрај останав сама..секој ти е другар доека има корист Нема назад , само напред..нема пази , само гази!
Најпрво за да одговори човек на ова прашање треба да е убеден дека е доволно добар да даде релевантен и издржан одговор. Јас не се прецепирам себеси како добра, пред се‘ сакам да сум реална, трезвена и праведна личност, тоа е она кон што се стремам и на што оди најголемиот дел од мојата мисловна енергија. Ако добрината ја набљудуваме преку призмата на правење добри дела за другите луѓе, би рекла дека има оправданост само доколку чинот е „испран„ од егоистични мотиви (што е права реткост) и не се бара ништо (па макар и одобрување) за возврат, бидејќи ако бараш нешто не си подарил некому нешто, туку си продал-емотивна трговија и берза на емотивна понуда/побарувачка. Прашањето треба да се гледа и во контекст на конкретна ситуација бидејќи понекогаш важи и Јинг/Јанг принципот(во секое добро има и малку зло и обратното), а понекогаш излегува и она „патот до пеколот е поплочен со добри намери„. Мене луѓето кои мислат дека и припаѓаат на оваа категорија ми се често напорни. Секогаш се со квази-насмевка, љубезно и милно гласче и имаат милион барања и навистина знаат да бидат досадни како парче месо заглавено меѓу заби, ако не им се удоволи. Секоја чест на исклучоците ама повеќето добродушни ми се само фејк карактери со превисоко мислење за себеси и преголеми барања и очекувања од околината. Постојат и навистина искрено добри луѓе меѓутоа тие се иглите во купот сено, па јасно е колкава е математичката веројатност да се најдат. И да не пишувам километарски пост, бидејќи и немам баш некако инспирација, за мене е доволно добар индикатор совеста. Ако таа не ми го наметнува со нејзините загризи своето присуство, значи не сум била bad girl ако пак е обратна ситуацијата, уште утредента одам на поправен - да ја исправам грешката пред другите или пред себеси.
Многу добро не е на добро... Колку си добар толку со лошо ти се враќа. Си знам по себе, јас сум предобра кон сите, кога треба нешто јас сум прва за да помогнам дури и да не можам се ке направам само да помогнам барем малку... Но за жал се со лошо се враќа. Кога ке дојде редот мене да ми треба нешто тогаш сите се губат се прават како да не те познаваат. Затоа мислам дека не треба толку добрина, подобро е да се биде малку по ЛОША