Дефинитивно не, колку подобар толку повеќе те потценуваат. Запрашај се дали некој ке биде така добар кон тебе како ти спрема него?
Не вреди да си добар .... Јас навистина себеси се сметам како добра личност, и секогаш сакам да помогнам во ситации кога гледам дека на моите најблиски ( другарки, ....) им е најтешко, но сватив дека тие таа моја добрина ја злоупотребуваат.... Додека јас им делев совети и им кажував за нивно добро, тие мислеа дека јас немам паметна работа па им се мешам во животот,,, девојки па зарем добрите другарки секогаш треба да бидеат искрени,,, јас бев искрена но тие ,,, тоа едноставно неможеа да го видат... Си се тргнав настрана и сега ми е многу подобро .... и сватив дека несекој на денешно време знае да цени ДОБРИНА поздрав
Јас мислам дека вреди да си добар,кога тогаш се врака добрината,може да биде за 5,може за 10 години.А има луѓе со кои не вреди да си добар,али таквите треба веднаш да ги избришеме од список,зошто секогаш ќе не разочаруваат,и баш тогаш ќе ни се врти во глава НЕ ВРЕДИ ДА БИДАМ ДОБРА...така да подалеку од лоши луѓе,негативни...
Вреди да си добар од проста причина што секогаш доброто со добро се враќа. Ако луѓето околу тебе незнаат да го ценат тоа, нема врска, некој од горе гледа се и ги мести коцкичките..
Која е разликата помеѓу Good girl with noghty toughts и Noghty girl ?!? Едната е безгрешна, бидејќи не сторила ништо лошо, само си размислувала кутрата таа, и се присакувало, но се воздржувала , додека другата е грешна, бидејќи си го направила ќејфот ?!? Личен избор е дали некој ќе реши да биде добар или лош во животот, дали ќе следи некакви општо прифатени етички норми и правила на однесување, ќе ја почитува Библијата од нејзината прва, па се до последната страничка или пак, ќе реши да прескокне некоја од Заповедите, ако не и повеќето и ќе си го проживее животот, онака како што само нему му се сака. Најмалку ми е битно кој е лош, а кој полош или кој е добар, а кој подобар, ако јас лично сум се определила да бидам добар човек, соодветно да чинам само добри дела во смртниот ми живот и да очекувам, ако не добрина од „лујѓинава“ околу мене, тогаш дека бар на оној свет, сите мои добрини ќе бидат исплатени до последна . Ако јас живеам со замислата дека на секое мое добро дело треба да ми се врати со добро, тогаш можам само да се себе-разочарам до тој степен да еден ден кога ќе станам од гнездото мое да ја отерам у три лепе пи**е материна сета добрина во мене и да си продолжам како нов -лошотилок од човек, по пандан на остатокот од хуманус-ите. Всушност, ова ти е свет, кој отсекогаш и пател од ерозија на моралот, затоа и оут оф мајнд е секаква замисла дека нешто би било поинаку. Но, да фино ќе беше ако се беше скроено, по мерка и замисла на некој перфекционист и овој свет беше рај на Земјата, а сите ние анѓели со крилја и по еден џиџан убав ореол над глава Но, светот е сепак само обичен свет и животот на секој од нас смртен, а бидејќи искушенијата се дел од него, па мисијата на секој добар човек е да им одолеете... или не. Сепак, се тече, се' се менува и во крајна сметка како секој од вас милува Така да, да се биде добар, веројатно вреди подеднакво колку и да се биде лош. Кога така би ги поставила работите некако и по ми има смисла и по ми прави убаво на душата, бидејќи јас и оној горе си имаме премногу теми за мудрување, кои мене не ми се јасни па се надевам некој пат ќе објасни... али отом-потом И за крај, па.... јас искрено не знам што друго да изјавам за вашава телевизија, освен една луда теорија, во која, секој пат наоѓам утеха, бидејќи денот ми се бои бааааар малку. А, нели подобро така, отколку да си играм „откриј го дното на шишето“, особено после 19 саат, а дома ни капка :. ...само оние што Бог ги сака најмногу, најмногу и ги измачува. Само така, секој од нив ќе го научи патот до рајот. Па сега, кој ќе си ја повтори дома му лекцијата и без на памет учење..
НЕ ВРЕДИ ДА СИ ДОБАР! Кога тогаш на глава ќе ти се качат и ќе ти покажат заби, оние за кои во оган си влегувал и последното си им го давал. Кај мене ова се покажа во пракса, не говорам од памет. Вреди да си љубезен, искрен, фин, културен, објективен, хуман...НО НЕ ВРЕДИ ДА СИ ДОБАР, зашто добрината еден ден на нос ќе ти ја извадат
Некогаш бев Фина и Фино се зезнав Мислев дека сите со како мене поточно сакав да верувам дека е така .... Од како знам за себе некој се обидува да ме сопне да ме понижи да ме повреди да ми напакости ... Долго време се прашував ЗОШТО баш јас сум мета зошто сум трн во око не повредував никого не понижував само сакав да помогнам но и тоа не беше добро и тоа не чинеше . Не сакав да верувам дека така функционира светот околу мене далеку од тоа дека сум живеела во стаклено ѕвоно но навистина беше прерано за такви игри.Помина и неизбежното , работите стануваа се полоши игрите се поопасни , сфатив нема излез и нз како се наеднаш се случи како пред мене да помина со брзина на светлината се се смени т.е јас се сменив поинаку почнав да гледам на работите ... Не не станав огорчена злобна и гневна туку прабилно расудувам СЕКОМУ СПРЕМА ЗАСЛУЖЕНОТО ни повеќе ни помалку повеќе нема кредити за оние кои не ги заслужиле ако некој не ми одговара го бришам , и така ми е подобро . Дефинитивно не вреди да се биде добар !!! Никој тоа не го цени ни почитува вака стојат работите ако си Добра Глупава си наивна проста ..... Трагично но вистиниот денес успеваат само оние кои газат и преку лешеви да стигнат до целта . Подобро да сум лошата отколку глупавата Среќна сум што се сменив има добриона во мене ама не за секого има и шанса од мене ама за оние кои ја заслужиле !!! Како што кажаа погоре ореол нема да добиеш а и да добиеш зопошто ќе ти е ? ! Подобро да бидам лошата одколку глупавата Затоа само гледај за себе никој нема да ти каже утре фала ..... Прифатете го фактот
Без двоумење би одговорила ДА! мило ми е што сум добра личност, и мило ми е што можам да им помогнам на многумина... одбирајте ги пријателите, и не заборавајте ги роднините! **Одговорот, дали вреди да си добар, го имам добиено од г-н Ферид Мухиќ, професор по социологија...
Според мене да бидеш добар значи да не бидеш исполнет со негативни емоции и мисли кои самиот тебе би те изморувале. Никој нема доволно да се грижи дали ти си гневен или весел, лут или среќен, туку ти си оној кој треба да одлучи што е добро и правилно за него. А, сите знаеме дека отсекогаш успевале оние кои се посилни и поразумни (или поснаодливи). Добрината е вредност на разумните, на оние кои имаат способност да размислуваат и разграничуваат едно нешто од друго, правилно. И да, вредност е, зашто ја храниш твојата душа со позитивни емоции кои би му помогнале на твојот дух да порасне и да се издигне на повисоко ниво како во животот, така и после него. Луѓето физички умираат, но нивните дела и подвизи остануваат живи засекогаш во срцата и мислите на другите!
вреди да си добар но не со сите само со најблиските пошто луѓето се злобни и доколку со некого не се познаваш доволно лесно мозе да се зезнеш
Ги прочитав скоро сите постови и заприметив дека сите имате одговорено со НЕ! Но, дали ние самите се имаме запрашано дали на некој некогаш на било каков начин го имаме повредено? Некој ќе рече другарк/а ме разочара, др дечко/девојка ме има изневерено не ме заслужува и ред др работи што ни се случуваат на сите во некој определен период! И поради тоа ние осудуваме дека не треба да си добар...но, ако и ние самите сме лоши и прифаќаме се што правеле другите кај ќе оди светов, во која насока, само во омраза?!? На ова јас ке кажам вреди да си добар, зошто секое добро дело со добро се враќа и подобро да си добар и доброната да ја покажуваш бидејќи никогаш не знаеме кој вистински ја цени нашата добри!
Мислам дека вреди да си добар. Сите сме биле повредени и сме повредиле некого, тоа е факт. Ни свртиле грб, сме свртиле грб, се покајале, сме се покајале, ни простиле, сме простиле, но и добро ни направиле, а и ние сме направиле некому. Убаво е да си добар, но сепак до одредена граница, за да не ти се качат на глава, зашто како велат старите „ и многу арно не е на арно“. Има луѓе што ич не ценат ни добрина, ни ништо, сакаат само тие да се задовлени, ни има и такви кои се благодарни и за едно арно сто пати ќе ти вратат, никогаш не се знае. Убаво е да се прават добри дела, тоа не прави подобри луѓе и не издигнува над другите
мислам дека не секогаш. мене мојата најверна другарка често ми вели дека токму ова е мојата најголема мана бидејќи сум пре добра и дека затоа ќе те газат други . И се согласувам со неа. Секогаш гледам на другите попрво да помогнам а за мене на крај гледам..Ама сепак треба да бидеш добар бидејќи некој имаат осет и таа твоја добрина ќе ја наградат на некој начин.
Секогаш сакам другите да бидат среќни и во случај да јас морам да бидам несреќна...чсекогаш му помагам на другите во сите моменти искрено немам лоша душа и не можам да бидам лоша... но на некои на кои цело време му помагав не ми рекоа ни фала само ќе кажам нека им служи на честа... многу пати седам и си размислувам ма доста биди малце и лоша но за зал неможам да бидам таква.. а се прашувам како можи да престанам да ги сожалувам сите и да му помагам и покрај тоа што тие не го почитуваат тоа....но како и да е мислам дека се се враќа и се се плаќа.....
многу сум посреќна кога некој човек го правам среќен,едноставно кажано е среќен поради мене,ги ценам луѓето што ме ценат.. добрината на денешно време е слоупотребена секој гледа да си удоволи само на себе (секоја чест на исклучоците ) ... само неможам да сфатам едно... една недолична работа да направам веднаш со нешто лошо ќе ми се врати,но останатите кои се знаат како "лоши личности" секогаш лесно поминуваат...
Прв одговор е што ми дојде на ум е да кажам дека вреди, но дефинитивно ако бидеме себични, лоши, дволични и полни со негативни карактеристики тоа па уште помалце ќе вреди, затоа треба да си ги сочуваме добрите вредности. На ваков или онаков начин животот секогаш се ни враќа и тоа како бумеранг. И мислам дека сите треба да се водиме според златното правила на животот Не прави им го на луѓето она што не сакаш да ти го прават тебе. Да живееше секој со оваа помисла мислам дека се ќе функционираше многу добро во овај свет...
Или ти газиш или тебе те газат.. многу пати досега сум била изневерна од другарки кои ги сакав како сестри, за кои правев се.. мислам дека не вреди.. но секогаш има исклучоци.. ретки се оние кои ја ценат добрината но сепак ги има.. така кој како ти се поставува така и ти кон него!
Мислам дека треба да се слуша срцето во секој момент, затоа што тоа има чудна форма на функионирање и работите ги перципира со поголем интензитет од мозокот. Ако срцето во некој момент ти вика да помогнеш на некој, било дали го познаваш или не, тогаш треба да се послуша. За правење нешто лошо на другите, треба прво да се запрашаме нали навистина ни е потребно тоа, дали имаме корист ние лично од самта постапка и дали можеме да се носиме со последиците кои подоцна ќе произлезат од самото дело... Интуицијата е чудна работа...некогаш може да не натера да направиме работи кои не сме знаеле дека можеме...во секој случај, доколку можеме да го слушнеме внатрешниот глас, ќе сватиме подоцна дека се си има свое зошто...
знам дека не вреди да си добар, оти многу често лугето знаат да ја искористат твојата добрина а во превод да си добар-значи да си будала (барем јас тоа така го свакам) и јас како и другите феминки се имам изгорено неколку пати од другарки, но тоа е , што да правиме такви се лугето злобни, да ти напакостат, да ти факаат сеир од страна, ама кога на нив им е тешко помагај,е нема