1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вреди ли да си добар?

Дискусија во 'Психологија' започната од sexybaby22, 17 октомври 2010.

?

Вреди ли да се биде добар во денешно време?

  1. Вреди.

    112 глас(а)
    14,5%
  2. Не вреди.

    141 глас(а)
    18,2%
  3. Вреди, ама со тие кои заслужуваат.

    355 глас(а)
    45,9%
  4. Ако бидеш добар, лошо ќе те снајде.

    43 глас(а)
    5,6%
  5. Златна средина.

    122 глас(а)
    15,8%
  1. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Ви кажувам од искуство (не дека имам некое којзнае колкаво), во сите ситуации секогаш СЕКОГАШ вреди да си добар. Не заради луѓето околу тебе или не знам што, туку чисто заради себеси. Зар не се чувствувате небесно кога ќе помогнете некому, на помалиот брат да напише домашна, на стара баба да и отворите врата, на другарка да го освои дечкото. Било кој не знам колкав успех не може ни да се мери со чувството на вонземност кога сте добар. Барем кај мене е така :)
     
  2. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
    Вреди да си добар само со тие што со тебе се добри! :)
     
  3. janicka12

    janicka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Денес на ова време секако дека не вреди да си добар затоа што си знам по мене кога имаат другите проблеми и да им помогнеш тогаш трчаат, а кога јас имам проблеми тогаш кој ме шиша можам јас да издржам.
    Е како бе така-милион пати ми се има случено тоа.
    Не е убаво да си добар денес затоа што навистина никој нема да те цени онака како што заслужуваш. Тоа е за жал така функционира денес светов немам избор за жал.:envy:
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Мислам дека кога-тогаш се се враќа. И секогаш се водам според она: Не им го прави на другите тоа што не сакаш да ти го прават тебе. :)
    Кога јас сум добра со некого тоа е така пред се затоа што и другиот е добар со мене, и затоа што јас се чувствувам поубаво кога помагам некому, кога давам совети, кога убаво се однесувам и слично. Кога сум среќна сакам да ја споделам среќата со луѓето околу мене, така станувам уште посреќна и исполнета. Сметам дека има луѓе кои ја ценат добрината.
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    вреди да си добар со сите. Јас на пример со сите сум добра, на сите им давам шанса да ми остават впечаток дека навистина сакат да бидат искрен пријател со мене. Така сум стекнала многу добри пријатели. Доколку тоа не се случи или ако осетам дека некој е лицемерен автоматски сум и јас таква. Поентата ми е дека на сите им давам шанса. Никого никогаш не сум мразела без причина.
     
  6. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    ако се преиспитуваш дали вреди да си добар, тогаш размисли дали си добар?
    затоа што ако си, нема ни потреба да се преиспитуваш!
    а ако правиш „добро“ за да ти вратат, тогаш поарно не прави.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. barbie-hilton

    barbie-hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Ако бев лоша не знам дали ќе се сакав толку многу :lol: па јас си ја сакам душата затоа што сум добра хуманитарна и ред други работи тие се вистинските вредности во животот, штета што некои луѓе ги заборавиле.. Ги жалам оние што се лоши и ме ме чудат што ќе постигнат со тоа?? Се се врти се се враќа не го заборавајте тоа...
     
  8. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Не-од лично искуство ова... ;)
     
  9. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    70
    Вреди да си добра самата со себе и со сите тие што заслужиле да си добра со нив.
    Нормално некогаш е лошо па да си претерано добра значи не одење во екстреми. :!:
    Со останатите добро е да си коректна,ако можеш да го постигнеш тоа. :^)
     
  10. babygirl

    babygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    66
    во денешно време не знам колку е ова паметно.....злоба од сите страни , дволични луѓе , одредени газат и преку живите за да ја постигнат својата цела .....за џабе не се рекло секому според заслугата мада што денешницава ни е во хаос така да ке те заебе тој што најмалце очекуваш
     
  11. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Секој за себе си си мисли дека е добра личност.Да се соочиме со фактите секој од нас е гречник но имаат некои личности кои претеруваат и ми направиле лочо а сум им помагала многу ,но сепак верувам дека треба да се биде добар кога тогаш не дојде и нашето :)
     
  12. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.079
    Допаѓања:
    5.143
    Не Вреди
    И денеска ми се докажа тоа ]:)
     
    На plawa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Секогаш вреди да си добар. Не заради луѓето околу тебе туку заради себеси. Секогаш се трудам да се водам според тоа помагај а не барај ништо за возврат. Помагај, биди добар и љубезен со сите, а дали некој ке биде благодарен и ќе го цени тоа зависи од културата на самиот човек. Зар не се чувствувате убаво кога ќе помогнете некому?
     
    На Ket.Rin му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Вреди !
    А за не дојде до тоа да си лош (да направиш нешто лошо), секогаш е подобро тие што не предизвикуваат така да направиме, да ги држиме понастрана.
     
  15. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Моето мото е SEKOJ DEN NAPRAVI PO EDNO DOBRO DELO ILI PREDIZVIKAJ NASMEVKA BAREM NA EDNO LICE и тоа немора вицеви да казувам едно БЛАГОДАРАМ или ДОБАРДЕН е доволно некому да му е мило и на некој начин да му го разубавис денот.Вреди да се биде добар најпрво за самата себе а трпам толку многу неправда моментално и првиот пат мислев дека е неподносливо,со текот на времето гледам дека лугјето мислам на оние моите претпоставени се повеќе се нервираат од фактот дека немозат со нивната злоба да ме унистат сто и да прават се трудам да сум се подобра и подобра верувајте ќе пукнат а мојата работа?па јас си одам според договорот и никој нисто не ми мозе но фактот дека не сум покварена и добра ме вреднува како личност и се гордеам зосто никој немозе да те унисти ако си праведен.Имасе еде филм незнам како се вика и таму две злобни девојчиња прават муабет:ја виде новата девојка во училисте?-да знам убава е :((( ама знаес ли сто е најлосо? Добра е! -лелеее најлоса комбинација!
    незнам кој ја разбра поентата,лицемерните и злобните немозат да се помират колку е човек подобар е подобро...ептен ја развлеков темата :)
     
  16. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Не вреди со никој, зошто кој и да е го искористува тоа на некој начин. Во време кога сите си ги гледаат сопствените интереси, спремни се да пројдат преку се за да постигнат ич не вреди. Убаво викаат ако си фин сите фино ќе те зае*ат. Сум имала секакви другарки што мојата добрина ја искористиле, не викам дека и ја не сум искористила нечива добрина ама ете такви сме ние. Што значи дека и не сум којзнае колку добра, знам да бидам добра додека ми се и другите добри ама пак и тоа си има некоја позадина зошто е тоа така.
     
  17. bejbi.91

    bejbi.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    27
    Дефинитивно вреди да си добар, безразлика дали тоа некој ќе ти го врати некој ден или ќе знае да ти го цени, вреди да си добар заради самиот себе, многу е убаво чуството да му помгнеш на некого на било кој начин, да го усреќиш ако можеш, затоа што среќата сама за себе нема големо значење ако не му ја поклониш на некого, тие што се добри секогаш ќе си останат такви, а дали се будали ??? не верувам, будали се злобниците кои нема никогаш да ја осетат убавината на добрината
     
  18. The.Rainbow

    The.Rainbow Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    32
    Вреди за оние кои те ценат тебе и твојата добина,и кои кон тебе се добри.А инаку ме нервираат луѓе што се прават како да се безгешни и што кон сите со мили зборови се однесуваат.Таквите се всушност најлоши.И секако не треба секад да си добар,некад треба да знаеш и да пресечеш.Да видат луѓето дека знаеш да пуштиш заби ;)
     
    На ElleS му/ѝ се допаѓа ова.
  19. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.326
    Според мене не треба да си добар со никого.
    Затоа што денес и родителите можат да ти свртат грб(ретки случаи, но постојат), фамилијата ја ставам во ист кош затоа што секој си гледа за својот задник, него да му е удобно, за други who cares(?) и за другарките имам да дадам пообразложен коментар.

    Како што гласи онаа изрека: Плаши се од пријателите, а не од непријателите.

    Да, непријателите ти мислат лошо и гледаат да ти напакостат, а што е со тие што ти се пријатели?
    Лижозадници, те истураат со мили зборови, ти се пикаат, а ти добар, наивен и со цел памет ке речеш:
    Не бре таа е добра, никогаш не би ме повредиле/бфф!

    Аха, да бфф, гледаш за месец/два, краен рок година ти свртела грб, спиела со твој бифши, те оговарала, нашла друга наивна личност која слепо ке и верува.

    И за нив да бидам добра?
    Ма нее, овој суров свет ме научил да бидам себична и никому да не верувам!
     
  20. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Порано можеби ја осудував до некаде оваа особина, не дека е лошо да си добар, не во таа смисла, туку дека нема, на постојат луѓе што ја ценат оваа доблест. Ретки се таквите, т.е ретки се оние кои знаат да ја познаат.
    А сега веќе почнав да се водам по она што чувствувам, и да, вреди да си добар, се чувствувам душевно исполнета.
    И не жалам за ниту еден добар гест кој го имам направено, макар и да не ми е вратено со иста мера.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.