Време за мажење... а станбеното прашање?

Дискусија во 'Врски' започната од newring86, 13 јуни 2010.

  1. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    809
    Кај и да е -после завршен факултет, најдена работа....долгогодишна врска..по логика на нештата време е за мажењеее... :lol: е сега не зборам одма за утре него во наредните година, две... :tmi: Она што сакам да прашам е -некоја веке омажена девојка да ми каже како го решивте станбеното прашање? Ние конкретно категорично не би сакале да живееме со старите, нашите се со средни примања од кои не би можеле да ни купат стан...е сега....живот под кирија....или станбен кредит....уф- страшно ми изгледа..!? :?:
    Колку вие мислите дека животот оделно од старите е нешто - Must have - ? По која цена? Од друга страна па, со плативе денес ако чекаме да има пари за стан...ке остареме нели? :|

    Дискусијата може да започне :)
     
    На V!ncent>v@n<G0gh му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.382
    Животот одделно од старите според мене е баш must have!

    Тргнувам од примерот на татко ми и неговата страна од фамилијата - 5 деца и сите си имаат сопствен дом, а родителите си живеат сами во семејната куќа. Целиот живот било така. Таму кавги не паметам да имало, звучи идеално, ама така е , ден-денеска никој со никого не е скаран. Секој си ја гледа својата работа.

    Од друга страна - во фамилијата на мајка ми секогаш има некој што живеел со родителите одреден период , макар и на кратко и се јавуваат караници, 3 генерации по дома, лудило! :^)

    Лично верувам дека е најдобро уште од прв ден младите да се одвојат од старите. Со сета почит кон сите што живеат со свекорот и свекрвата, можеби си има предности (некогаш зготвен ручек, причувување дете), ама моја куќичка - моја слобода! Верувам дека во ваков случај предностите се далеку поназад од недостатоците. Можеби јас сакам да си шетам гола низ мојот дом, зарем ќе го правам тоа со свекорот и свекрвата по дома? Башка, ич не сакам некој да ми се меша во мојата работа, макар и добронамерно. Тоа е моето мислење.

    За станбеното прашање, ако мора да се бира помеѓу плаќање кирија и станбен кредот, би го одбрала второто ако има услови, затоа што плаќаш за нешто што на крајот ќе биде твое, а не пари фрлени во ветер, и секој момент да те избркаат од таму.
    Не сфаќам како млади брачни парови толку се успаничени околу тие станбени кредити, секаде е така, ние продадовме еден стан, нормално не ни стигна за нов, немавме пари ни за пола и го отплаќаме на 15 години. Некогаш се смееме дека ќе го плаќаме дури и кога татко ми ќе отиде во пензија, ама се знае дека е наш, а ратата е секако еднаква како и кирија за двособен стан, ако не и помалку.

    Мој совет и сопствена одлука е да се направи се' ама буквално се' за да се започне нов живот, одделно од старите.
    Не можам да замислам живот со свекор и свекрва, никогаш не сум ни сакала. Имам другарки што размислуваат спротивно од мене - ќе си пиеле кафе со свекрвата, ќе си трачареле, не знам ти што, :lol: животот ќе бил полесен.
    Не верувам во тоа. Го почитувам нивниот избор, но моето мислење по ова прашање не би го сменила никогаш.
    За илустрација - дури и да има услови - не би живеела ни со моите родители кога ќе сум во брак, а камоли со туѓи. :)
     
  3. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    90
    Ова е сега моја перспектива на ова што го прочитав..
    Јас уште студирам, немам дечко но сум размислувала на темава бидејќи таква сум си, многу често си размислувам долгорочно, хаха.
    Земање на стамбен кредит ако немаш голема плата е многу ризично бидејќи замисли од плата секој месец да ти се кратат пари за тоа, плус сметки, плус храна, плус превоз -што останува за живеење?? Утре ќе сакате да имате и кола- за тоа треба пак кредит, но лично мислам дека е побезболен овој кредит отколку стамбениот.
    Живеење со постарите дома исто така не се сложувам, имам лично искуство, додека сме живееле со баба и дедо тие секогаш се мешале на мама и тато. Дали во нашето воспитување, дали во ствари поврзани за плаќање, дали за излегувања кај пријатели.. И тука се ствараат непријатни ситуации, караници и слично. Кога живееш одделно, поретко те гледаат, повеќе им недостасуваш, и кога ќе одиш кај нив многу многу нема да мислат да те искараат туку да се изнаправите муабет. Друга позитивна работа на живеење одделно е тоа што утре кога ќе имате деца, здравје Боже, едвај ќе чекаат да им ги дадете да ги почуваат. Бидејќи не ги гледаат секој ден. А ако секој ден ги гледаат и секој ден ги чуваат ќе слушнеш коментари од типот: какви родители сте, само излегувате .... и остало :| Што и не е баш пријатно.
    Живеењето под кирија ( во наместен стан ) мене ми е сосема ок. Верувај има многу убаво наместени станчиња надвор од центар што и не се толку скапи. На пример ние издаваме стан и верувај сите кираџии минимум 5-6 години се кај нас. Оваа кираџика моментално е 8 години кај нас. Додека живеете под кирија нема расфрлање со пари, ќе штедите пари колку што можете, верувај се собираат после некое време големи цифри од штедење. рачунај (здравје) ќе си имате 2 плати, по 2-3 илјади месечно и не е малку. До тогаш можеби ќе имате можности за стамбен кредит, секој ден конкурентските банки пласираат се поповолни и поповолни услови, само ако веќе одиш на таа варијанта потребен ти е добар консултант, бидејќи неретко банките имаат свои трикови кои се кријат зад поволните услови.
    Се надевам дека ти ја разработев малку имагинацијата, што понатаму.. Немој да те фаќа паника. Добриот работник е секогаш награден. Трудот и вредната работа кога тогаш ќе ти се исплатат. Tи само имај трпение и биди оптимист. :$ :$ :$
     
  4. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    90
    Уште едно нешто што ми текна како негативност кај живеење со постари.. Во ситуации кога ти ќе се најдеш во сукоб ( не знам како е на македонски :worried: ) со свекрвата и свекорот, го ставаш сопругот во незгодна ситуација, очекуваш да застане на твоја страна и да смири топка, а не е секогаш така.... Тоа пак е основа на додатни проблеми понатаму.
     
  5. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    809
    Их...за негативни страни можам да напишам многу.... тргнувам од моите. моите имаат супер брак...единствен извор на караници се баба ми и дедо ми....затоа и несакам да започнам таков живот...
     
  6. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    90
    Не можам да кажам дека не ме загрижува твоето прашање, но јас изгледа премногу спијам на тоа уво дека ќе најдам убава работа со оваа струка што сум ја одбрала. Сите ми викаат дека е топ платена ако најдам убаво работно место итн итн.. и тоа ми е некоја амбиција. Да го завршам факултетот, и после да имам убава работа и да си собирам пари за да имам свој стан. Дечко може и не мора, работава хахахахаха
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.268
    Допаѓања:
    36.379
    Хех јас сум баш на тој пат. Привршувам со факсот имам работа, имам дечко, ама ќе си почекам две години баш поради станбеново прашање. Да видиме прво дали ќе продаваме нешто или да си најдеме некакво чаре, that is ако остануваме тука.
    И јас сум пре за кредит него плаќање кирија. Одат истите пари, ама на крај ќе си бидеш во твое. :)
     
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    И јас сум за истото.
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    24.163
    Ние земавме стамбен кредит на 9 години. Тогаш 9 години ми изгледаа како цела вечност, ама еве останаа уште 3. Ратата ни е по околу 230 евра. Тогаш ставот ми беше дека можеме да живееме со платата на мојот сопруг,бидејќи неговата работа е релативно стабилна, а јас макар и да останам без работа 230 евра ќе ги заработам како и да е. И решивме дека ако дојдеме во ситуација никако да можеме да ги исплатиме кредитите, и нашите да не можат да помогнат, ќе ја издаваме куќата, а ќе живееме со нашите или во викендицата во близина на градов.

    Така теравме некои 3 години, и после некако се стабилизиравме со работа, па решивме да земеме уште еден кредит, бидејќи градевме куќа, па првиот не ни стигна да средиме се, па имавме само 2 соби средени, а веќе станавме четворица :) . И така земавме уште еден кредит што е околу 220 евра. Од него имаме уште две ипол години. Е сега се собра сума, па ме мачи тоа што треба повеќе да заработам :) . Мојата работа пак е многу нестабилна, може да останам без работа многу скоро, ама се надевам дека ќе се најде нешто. Сепак, да не земевме кредити немаше да имаме ништо.

    Инаку додека ја градевме куќата, прво почнавме да живееме сами во викендица што е на периферија на градов, прилично далеку, ама после тоа моравме да се преселиме во градот, па живеевме по неколку месеци со свекор ми и свекрва ми и со моите. Одлучивме да не одиме под кирија за секој денар да можеме да го вложуваме во куќата и да ја направиме побрзо. Во тој период немав апсолутно никакви проблеми, ама знаев дека е привремено решение, па не ни сакав нешто многу да се мешам и да внесувам промени - тоа си е нивен дом. Се прилагодив на условите што ги затекнав.

    Значи живеењето со старите не е страшно ако знаеш дека е тоа привремено решение. Дури и нешто да се изнервираш, знаеш дека не е засекогаш и тоа те држи, и не се впушташ во кавги. Како и да е, според мене секој треба да создаде нешто свое. И не е се идеално во животот. Најубаво е стан па брак, ама ако не се може не значи дека бракот треба да чека.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.737
    Допаѓања:
    74.085
    Пол:
    Женски
    Па искрено, јас мислам дека е подобро да се живее одвоено, за да има мир во куќата, за да не се караме за глупости. Свекорот и свекрвата после свадбата ќе живеат одвоено од нас. Штом ја закажавме свадбата, тие почнаа да прават куќа само за нив, не се многу далеку, комшии ни се, ама пак сме одвоени - значи приватност ќе имаме. Самите тие решија да се одделат од нас, сакале да си бидат сами. Што е до мене, ми одговара. Моментално, додека да се намести во куќата, сите сме под еден покрив, и навистина секогаш има работи што пречат, ама пак, кога знам дека е привремено, не се нервирам. И мило ми е што ги почитуваат нашите потреби, што разбираат дека сакаме да бидеме сами, и тоа ни го дозволуваат, а ретки се таквите луѓе. Барем моето искуство така покажало. А ако се прашувам дали под кирија или кредит - па би зела кредит, секако парите дали ќе одат за кирија или кредит исто е, ама ако е станот мој, друго е - сигурно ми е колку толку дека утре нема да му текне на газдата да ме исфрли само затоа што така му текнало.
     
  11. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    809
    znae li nekoj nesto poveke okolu ratite, kolku treba ucestvo za stanben kredit?
     
  12. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    387
    Браво за темата,ептен ме погоди.Јас сум за самостоен живот со партнерот,несакам ниту да смислам да живеам со неговите.Не дека се лоши луѓето,далеку од тоа,но сметам дека кога би живееле одделно повеќе би се почитувале.Еве јас живеам заедно со партнерот,под стан.Сега за сега е тоа.....па за натаму здравје планираме да земеме стамбен кредит.Вака цел живот ќе треба под ќирија да си,а со кредитот ќе даваш пари ама барем ќе знаеш дека твое ќе остане.
     
  13. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    deneska vremeto ic ne e za zemanje stambeni krediti.drugo e da imas nekoja para na strana,pa ti fali neso pa aj da dozemes ama ako nemas i se nafatis da zemes stamben kredit e toa ti e zarobuvanje do gusa.dve moi prijatelki zemaa stambeni krediti skoro i treba da gi otplakaat narednite 20 godini po 300 i neso evra im e rata.ednata znam mi kazuvase deka vo rok od nekolku meseci ratata za kredit im se pokacila za 30-40 evra.epa luge moi kredit od 300 i neso evra mesecno nemoze da si dozvoli sekoj,sto ako dvajcata rabotime so nekoi prosecni plati od po 200 evra,znaci zaedno 400 evra,od koi 340 treba da gi dademe za kredit neli?i ke ziveeeme so 60 evra mesecno?so niv ke plakame smetki,jadenje,obleka i slicno, a decata koga ke dojdat nemora da pijat mleko i nosat peleni,i koga ke porasnat u skolo nema da gi prakame :D nakratko receno prosecna familija nemoze da si dozvoli stamben kredit...moze ili dvajcata ili barem edniot ako ima nekoi goolemi primanja od nekade.ama poretki se takvite a poveke se onie so nemaat. i kirijata ne e resenie,zabe da mu davas na nekoj pari so se vika sekoj mesec da idat jabana,a pak nemas niso svoe,odozgora i ke pazis da ne ostetis neso da ne skrsis,sepak tugo si e tugo,a gi ima i nekoi gazdi bezobrazni pa ke ti se mesa i kazuva pravila. taka da sto ni ostanuva zivot so roditelite zaedno sakale ili ne,pa da se sobira nekoja paricka i ako moze da se bara nekoe resenie.da prodades stanot pa kupis pomal,doplatis use za eden,ako mozes da iskalkuliras dobro so cenite,pa i podalecku da e,poeftino neso. ili da kupis nekoe kukice pa da dogradis,neznam.ama i zivotot so roditeli zaedno ne e bas lesen...
     
  14. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.066
    Допаѓања:
    1.605
    Баш ме погоди темава-живеам со свекор, свекрва и золва :envy: . Ние си имаме само посебно дневна и спална, а тие си имаат дневна и по една спална соба. Не размислував пред да се мажам за оваа тема само сакав да бидам со него,а можеби и годините не ми баш за мислење. Студирам и работам и мажот ми работи ама не сме размислувале за станбеното прашање- т.е јас размислувам а тој му е убаво со неговите.Убаво му е зошто сите пари ни одат за нас. Не плаќаме ни струја ни вода немаме никакви давачки-можеби и затоа се кротиме уште тука. А и свекорот и свекрвата си изградија мала кукичка ведаш во дворот но никако да одат да живеат таму :@ . Но јас се надевам дека ќе им дојде умот кога ќе ни се прошири семејството-Дај боже :D
     
  15. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.066
    Допаѓања:
    1.605
    еве ти нешто за станбени кредити преку тутунска банка

    http://www.nlbtb.com.mk/Default.aspx?mid=132&lId=1

    побарај на интернет ќе добиеш многу резултати од различни банки
     
  16. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    607
    После стапување во брак секој сака сам да си живее,со брачниот партнер, да си биде сам свој газда, да си уредува по дома како сака, да јаде и спие колку сака, да стане самостален човек! не мора да се дискутира за тоа колку негативности има живото со стари по дома а колку предности има животот кога сте само брачните партнери и вашето поколени! Но... понекогаш е неизводливо да се живее самостојно, во друг стан или куќа! и тогаш се јавува проблем! Под кирија??????? :?: ...од искуство на моите родители кои заедичкиот живот го почнале под кирија,јас веднаш ја игнорирам таа варијанта за решавање на станбеното прашање! И јас го делам мислењето како и некои пред мене дека тоа е фрлање пари! Не знам дали некој зема толку голема плата да може истовремено да плаќа кирија, да исплака станбен кредит и да живее нормално! Во нашата држава тоа е невозможно!
    Ако се земе станбен кредит...претходно треба да се испланира се, колкави се примањата во семејството, колку години ќе се исплака тој кредит ( а најчесто се исплака многу долго) и дали ке може да се живее нормално со парите кои преостануваат! Сепак кредито ми изгледа како попаметно решение иако ме плаши самата помисла месечно да делам по 200-300 евра и тоа многу години, но барем даваш пари за нешто кое еден ден ке биде твое! За цело тоа време дури исплакаш кредит (а ќе потрае со години) мораш да се скартиш од многи работи! И одењето на одмор ви би било огромен луксуз, па дури и проширувањето на семејството би ве чинело зголемување на трошок! Полесно е ако вашите родители се понудат како помош, да потпомогнат малку бидејки сепак сами не можете да направите толку голем чекор! се разбира ако можат да ве помогнат!
    Или пак може на почетокот од баркот да се живее со старите (неговите или твоите родители) а во меѓувреме да се штеди и потоа да се искористат парите во решавање на проблемот! знам дека заштедените пари нема да бидат доволно, но барем сте имале покрив над галава а и сте заштедиле пари и не сте ги давале за кирија или пак не сте плаќале камата!
    Како и да е, решавањето на таков проблем одзема многу време и многу пари, без разлика дали плаќаш кирија, исплакаш кредит или живееш со стари!
     
  17. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    31
    Ако се одлучиш да земеш стамбен кредит, да знаеш дека тоа ќе ти биде најголемата грешка што ќе ја направиш!
    Јас лично не те советувам да земеш
     
  18. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Темава е како родена за мене :lol: Јас како мала живеев само со родителите , без дедо и баба со нас, така да знам дека така е најубаво, иако секој има право на свое мислење. Меѓутоа сега со партнерот живееме под кирија , бидејки немаме средства да си купиме стан . Поболно нешто од живот под кирија нема, да гледаш секој месец како ти одат пари во неповрат. Затоа мислиме дека ни е рано за брак , иако сме заедно скоро 8 години. Се мислиме за стамбен кредит , па ке видиме што ке биде :angel:
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    37.696
    Истото ми се случува и мене. Ме фака паника дека цел живот ќе исплаќам двособен стан, 30 години за две мали соби, и кога ќе го исплатам тој стан, пак ќе ги доведам моите деца во истата ситуација вокоја сум јас....Ужас, нема кај да живееш, а годините си одат, треба да се раѓа, а ние одолговлекуваме оти немаме каде да живееме, газдите си се газди, можат и во јануари да те избркаат со бебе, или за инат да ти ја качат киријата само заради тоа што знаат дека нема кај да одиш со бебе во рацете....
     
  20. medce

    medce Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    леле темава е топ јас познавам една другарка таа е во брак 10 год иако е мала на години 29 таа има 2 прекрасни деца.Hа поцетокот некаде околу6 год зивееја со свекор и свекрва прав хаос за малку ке и се растуресе бракот од нивно месанје де за деца де за ова ,за она се тие знаеја не даваа збор на нив ама за срека после тие пеколни години свекрвата и свекорот заминаа од станот отидоа да зивеаат на село и така и дадоа малку да дисат ама пред да го направат тоа ги натераа да земат кредит за да го уплатат станот и дека ке биде на нивно име ама ги зафркнаа тој остана на има на свекрвата е сега ови плакаат рати за станот а всусност како да зивееат како под кирија еве сега една година сопругот на другарка ми е во странство и се надеваат дека до нова година ке мозат и таа со децата да си оди па така да нема кој да се меса повеке и да го растура бракот затоа ке мора да внимавам на сто ке наидам само подалеку од стари)))))