1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Време за мажење... а станбеното прашање?

Дискусија во 'Врски' започната од newring86, 13 јуни 2010.

  1. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Читав пред скоро време во весник приказна, што се случила кај нас, баш на оваа тема.
    Дечко и девојка се земаат, типот работи во некое Министерство, а девојката во некој од мобилниве оператори. Имале заедно околу 45.000 денари месечно плата. Решиле да земат станбен кредит и да си живеат сами, имале можност да го отпаќаат. Пресметката им била, да плаќаат 20 000 ден месечно за станот рата и со другите да покријат останати трошоци. Си имале супер живот, им се родиле 2 дечиња и кога мислеле дека се им оди супер, дека животот им е скоцкан, се пропаднало во вода. Дечкото го избркале од работа и останале само со месечни примања од 15.000 ден. Станот им го земале зошто не можеле да плаќаат рати, а родителите не можеле да им помогнат никако. Отишле под кирија и сега влечат некако крај со крај да скрпат. Така да, стан преку банка никако!
     
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Во однос на ова прашање секоја од нас овде си знае колку и како би си го обезбедиле станбеното прашање, мислам на она пушти си ги нозете колку што ти е долга чергата :)
    Јас пред некое време се верив и сега живеам со вереникот и неговите родители и можам да кажам дека досега сите заедно функционираме одлично. Неговите започнале од 0 но со кредити ( а двајцата имаат солидни примања) успеале да направат куќа на два спрата. Ние моментално живееме на долниот спрат кој е целосно опремен, а горниот спрат треба да се среди за нас. Но бидејки ние сеуште сме студенти, додека не го завршиме факултетот ќе живееме заедно. Откако ќе се среди со факултетот и дај Боже најдеме работа ќе почнеме да го средуваме спратот со помош од родителите, бидејки е целосно празен таа инвестиција би чинела окулу 15.000 евра (груба проценка) и нормално дека ние не би можеле да ги обезбедиме тие средства сами, па затоа планираме родителите и неговите и моите да ни помогнат, или евентуално да земеме кредит кој потоа ќе си го одплаќаме.

    Јас моментално живеам во заедница и како што кажав функционираме одлично, досега немало никакви проблеми затоа што луѓето се прекрасни и се потполно толерантни, меѓутоа ние моментално привремено живееме со нив но тоа може и да потрае но според нашит планови тоа би било уште сигурни две години (реално гледано).
    Меѓутоа како што кажав јас не сум за живот во заедница, затоа што секој си има право на приватност и комоција. Да ужива во својот дом со своето најтесно семејство онака како што нив им одговара. Ние можеби ќе бидеме под ист кров но пак сепак ќе имаме свој дом, и ќе бидеме сами. Родителите на вереникот велат дека они ќе се погрижат да ни обезбедат услови и потоа нема да се мешаат во нашиот живот, ниту за нашиот личен меѓусебен однос, или во иднина воспитување на децата. И јас се сложувам со тоа ќе знам дека имам некој кој е близу и можам да се обратам за помош во секое време но пак ќе уживам во својата приватностна мојот дом.
    Станбениот креедит е добро решение но доколку се има сигурни долгорочни високи примањa, но бидејки динамичново опшество е непредвидливо има доза ризик и во тоа.
     
    На Bozica1980, acezmija и busavata им се допаѓа ова.
  3. acezmija

    acezmija Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Машки
    pusti noze kolku ti e cergata..ne pocno golema kuka pa da nemass za masa...