Дали откако ќе прекинете долга емотивна врска сте си дале на себеси еден период за да "жалите" односно да ви "легне" фактот дека не сте повеќе заедно со веќе бившиот партнер?Што правите во тој период,слушате музика се затварате дома ,јадете повеќе од вообичаено,шетате секој викенд по дискотеките и се алхохолизирате за бар неколку часа да избегате од реалноста??Дали ве фаќаат моментални кризи да го свртите неговиот телефон макар само да му го чуете гласот.иако знаете дека тоа ќе ја влоши ситуацијата за двајцата??И за крај дали по рекордно кратко време ви се случило да се заљубите во друг што не мора да значи дека среќно сте се заљубиле!Пишете ги искуствата,воедно да спомнам дека прашањево ми се однесува за сериозни врски што траеле подолг период,сепак навиката да се искорне е најголемата задача според мене...поздрав до сите вас!
Имам прекинато врска која траеше подолго време но не беше нешто посебно сериозна, всушност мали бевме и двајцата па имавме само заедничко излегување и бакнежи! Од далеку се гледаше дека и двајцата сме несозреани и неизживеани! Дојде ден кога пукна таа врска, по моја иницијатива следеше прекин на таа врска! Не беше лесно, ни за мене ни за него, и мислам секој прекин на долга врска предизвикува тешкотии и на двете страни! Како ќе се манифестира тој тежок период пред народот зависи од карактерот на човек, некои се алкохилизираат,други се повлекуваат во себе, трети се фрлат во лов на нови љубовници,некои плачат деноноќно, други пак се депримираат, а има и такви кои остануваат во свет дека сеуште има шанси да се врати старото! И за мене беше тежок период но можам да се пофалам дека брзо го надминав! Не западнав во депресија туку напроитв започнав интензивно да се дружам со другарките, запознавав нови дечки, додворувачи, познанства,алкохол во умерени колични... за кратко време го запознав и сегашниот ми дечко, се заљубив и сфатив дека конечно го имам она што го посакувам! Времето за плачење го сведов на минимум, и според моето искуство тоа ,,време за плачење,, зависи од карактерот на човекот и од серизноста на врската! Сигурно дека не е лесно,сепак си навикнал на еден човек и сега наеднаш треба да го избришеш од твојот живот, но како ќе се носиме со тој проблем е индивидуално! Не има различни луѓе и различно реагираме на тешките моменти во животот!
Сум немала толку долга и сериозна врска за да видам како ќе реагирам. По оваа врска во која сум сега најдолга ми била 9 месеци и кога раскинавме првиот ден ми беше безвезе малку депресивен ама идеше викенд и благодарение до другарките супер-лудо се проведовме што не осетив дека ми недостига,а за другите пократките врски....едноставно се е навика,ќе се навикнеш без него и си бараш друг
Немам такво искуство, сегашната врска ми трае 1 година и не планирам да ја прекинувам во скоро време и не знам како би реагирала но можам да претпоставам дека ќе западнам во голема депресија. Ќе биде страшно искуство за мене што не сакам да го доживеам.
Искрено оваа врска во која сум сега,можам да кажам дека ми е најсериозна почнувајќи од тоа дека и заедно живееме,и сепак не е мал периодот од кога сме заедно. Јас знам да плачам и тоа убава сесија на плачење да одржам,ама така ми е многу полесно....Земам воздух и со крената глава продолжувам понатаму,а се што било го оставам таму кај што му е местото ВО МИНАТОТО!
Ај прва ке бидам сега засега, што го имам искусено тоа.. Прво неможеш да се помириш со тоа.. следи еден период на неверување, се будиш сабајле мислиш дека си уште со него.. После следи период во кој ке плачеш многу ке те потсетуваат песни, места , предмети на него , и за се нешто ке се онерасположуваш... Сеа следниов период е за секого различен, јас се впуштив одма во летни авантури мислејки дека полесно ке го заборавам , мислев ако сум во туга прегратка секоја вечер нема да ми биде тешко , ке ми помине болката, но се лажев самата, кога ке дојдам дома и легнам, ми се навраќаа солзите... После тоа следи еден период на помирување и тоа е тоа така требало да биде, се додека не дојде некој нов да се заљубиш па истово да го праиш со него
Секој си наоѓа свој начин за помирување со состојбата. Ако ме прашуваш мене, се ми е исто како порано, со единствената разлика што времето што сум го поминувала со него, сега го користам во некои други активности, од типот на - повеќе кафиња со пријателите, повеќе ноќни забави, повеќе шопинг-прошетки, повеќе планинарења или викенди на село.... итн. Инаку, немам ништо против плачењето, иако за мене сфаќам дека ако сум одлучила да сум без некој, или некој одлучил да е без мене, е крај, непомирлив и со ништо не се враќа, а не така уште повеќе да си ја повредувам душата. На некого му олеснува со плачењето, затоа зошто да не си се исплаче.
Кога заврши мојата најболна и најдолга врска во животот,на почеток неможев да поверувам што се случува...едноставно се потсекаше на него,музика,ТВ,кафичи,филмови,паркови,клупи...буквално се...најлошо беше што тогаш незнаев да плачам,едноставно се држев во себе,поминуваа месеци,а јас не го спомнував неговото име,солза не испуштив,седев по цели ноќи,неможав око да склопам,мислев на него,но никако неможев да си дозволам да заплачам...мислев дека тоа ке ми биде официјално признавање на крајот...и една ноќ(можеби тоа беше и мојата последна непроспана ноќ) седев и само вртев канали на ТВ,ко по обичај и гледам Опуштено со Тони и Део,и ако ви текнува порано,во првите сезони имаше Добра Мисија со Добрата Вила Марија,приказната беше најобична,секојдневна приказна,за некое многу сиромашно семејство,што бара помош...и од нигде никаде почнаа да течат солзи од моите очи...како чешма,неможев да престанам да плачам...и плачев и плачев и плачев...се додека не излезе се од мене...колку само ми олесна...за срека,од тогаш научив да плачам и да не собирам во мене
Не ми се случило ама ако ми се случи што е многу веројатно Па познавајќи се себе прво ќе се замислам како се беше после во прв момент кога ќе бидам сама ќе се опијам и ќе се исплачам (ако стварно ми е тешко ) зашто не плачам баш ептен за љубов :'( И во кома спиење нормално утредента си правам добра купка се средувам дотерувам и одам некаде да прошетам да си го разбистрам умот и средам мислите . Обично кога нешто ќе пропадне викам па и онака не ќе беше вака онака и така не беше ништо посебно ќе биде подобро блаблабла ..... И ќе си помогнам сама на себе Леле се испланирав и гледаш не дај боже ми се случи и не можам да од кревет да станам од плачење не не не
Се што има навика има и одвика. Најдобар лек според мене е дружењето со луѓето, одење на места на кои сте сигурни дека нема да го видите и многу битно да се стави на кантар што добивате а што губите. И... секој се раѓа сам, секој без секого може. Ако некого напуштиш сигурно не бил достоен за твоето внимание, твојата љубов, посветеност, пожртвуваност. Во животот бегај од тоа што бега од тебе. Никој не се раѓа за да доживува болка. Остави ја и препушти им ја болката на „болните“.
еве девојки вчера јас со дечко ми раскинавме.. тажна сум многуу не ме интересира ништо го сакам него сакам да сум со негоо..амаа некако уште сум мала за одсега сериозни врски така заклучивме и ставивме крај на врската некое време да бидеме разделени да видиме како се одвиват работите тешко ми е..жалл ми е незнам како да се справам со мислите дека повеќе нема да бидеме заедноо како да го надминам се то :'(
Барем сега времето е супер за шетање излези и прошетај и веќе ќе се чуствуваш подобро а љубовта може да биде храна за се во животот па ако пречка ти се само годините а не некои други проблеми во врската и ако таа врска те прави среќна не гледам причина зошто да ја прекинеш. Ти посакувам се најдобро
Досега сите бивши си ги ставав на срце ,ама баш сите ги имам исплакано макар да станува збор за едно мување со последниов бевме заедно 4 месеци кога прекинавме, плачев дено-ноќно и уште знам да заплачам ! па се прашувам како ке ми биде врска од 2-3 години да раскинам не сакам ни да помислам дефинитивно ке се мрднам -.-
Со бившиот дечко уште додека одевме имаше така моменти кога мислев дека готово пукнало, па ајде пу пу неважи пак се сакаме, ама кога конечно пукна и заврши се ( тоа беше преед година и 6-7 месеци) прво неможев да верувам што ми се случило мислев дека е крај на светот, дека никогаш јас нема да најдам никој, плачев, слушав тажни песни, бев тотално скршена, но не попуштав пред никого не покажував дека ми е тешко. Подоцна после неколку недели почнав да излегувам да се дружам цело време и да не оставам простор да помислам на него, во прво време навечер кога ќе си легнев ми доаѓаа мисли но почнував сама да ги тргам, тој си фати женска и тука сите мои закопани надежи изумреа, сфатив дека никогаш ама баш никогаш ништо нема да е исто и си реков можам јас.. одиме понатаму. После 3-4 месеци се смував со сегашниот дечко ( него го познавав од порано но никогаш не сме биле нешто блиски ), прво како на зафрканција но потоа почна да станува сериозно, се мувавме еден месец и после тоа се фативме и еве до ден денес сме си среќни, и многу го сакам. Дури сфатив дека предходниот дечко не сум го сакала како овој сега. Со него сеуште се среќавам бидејќи бевме од исто друштво па кога ќе се собереме и тој е тука но не ми се враќаат никакви чувства. Он раскина со девојка му, јас сеуште сум си во среќна врска. Си правиме муабет и тоа е тоа... Но едно знам, дека таа врска ме научи на многу работи кои сега ми помагаат да ја одржам оваа врска, така да не жалам за ништо, се е дел од животот и секој еднаш мора да помине низ тоа.