1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска во тајност

Дискусија во 'Врски' започната од Miss-HeLL, 25 мај 2012.

  1. Miss-HeLL

    Miss-HeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    20
    Дали сте имале таква?
    Што ако се најдете во таква ситуација да сте приморани да ја чувате во тајност врската со личност која ја сакате и ве сака? Дали врските во тајност се романтични и слатки?

    Романтична - затоа што да се наоѓаш со некој каде никој нема да ве види , да брзаш на закажаниот состанок зш. не си го видел/а толку долго време и просто се топиш кога сте заедно , барем на миг не мора да глумите и да ставате маски!

    Забранети - слатки -забранети е синоним за слатки и мистериозни врски , се што не е дозволено секогаш е послатко и повозбудливо (зошто мислите дека Ева го гризнала јаболкото?) значи доаѓам до поентата дека ако вреди , вреди и да се глуми и да лаже и да оди против светот , а ако едиствен начин за една врска да успее е да биде тајна , далеку од очите на другите , кои би се мешале , тогаш таа е правилна , се за љубовта!!!
     
  2. Miss-HeLL

    Miss-HeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    20
    Сум имала тајна врска. Врската беше тајна затоа што дечкото не сакаше никој да знае, мислеше дека така е подобро за двајцата - и во право беше. Криењето ми беше малку глупаво, а морам да кажам и ризично, да не можеш денски ко чоек да излезеш да не те види некој, ама врската беше океј во глобала. Ако има љубов се се може.. ама ништо не останува скриено. Некој ден по раскинувањето тие што дознаа брзо брзо да им кажат на другите.. и сите те преплавуваат со прашања од типот.. “ама стварно ти и ?‘‘ :^)
     
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    За мене не постои љубов доколку е врска во тајност, ако се сакам со некој нема зошто да се кријам...Можам да се сокријам највеќе до месец дена, додека не бидам сигурна што понатаму...ама цела врска, никако. Да се ми побара да се криеме, јас во мојот мозок ќе го сфатам како сака за другите да е слободен.
    Без навреда, ова е мое мислкење.
     
    На Zimone, star83, Cinderfakinrella и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Miss-HeLL

    Miss-HeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    20
    Саншајн... причините за врска во тајност се различни. Не ми текнува на многу ама пример.. преголема разлика во години, различна вера, едниот е веќе во врска/брак.
    Или се плашат од осуда на семејството или околината, без разлика од која причина врската барем привремено мора да се чува во тајност.

    Не знам како се викаше форумџивката која дечкото албанец ја оставил без објаснување.. можеби ако оделе во тајност ќе беше поинаку... :^)
     
  5. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Ова е се, само не романтична, слатка, непокорлива љубов. Ова е пи*карско криење, зошто и двајцата (или еден од нив, па го изманипулирал другиот) немаат муда да ја прекинат постоечката врска/брак и нормално да уживаат со тој/таа што го сакаат.

    Криење? Не благодарам. Јебемти љубов ако не можам кај сакам и кога сакам да го фатам партнерот за рака, да го пољубам пред блиските и да ја споделам радоста.
     
    На star83, Cinderfakinrella, H.VAGA и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Се е тоа ок, но, ако е судено да останат заедно, пак ќе се дознае и повторно можат да имаат проблеми....За различна вера, е исто. Секогаш ќе се најде некој кој ќе осудува....Не е решение ајде ќе се криеме...Секој ден на штрек, да не можеш да излезеш, да се пофалиш со љубовта...Не е лесно.
    Но, пак ќе кажам, сите имаме различно мислење.....
     
  7. Miss-HeLL

    Miss-HeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    20

    Да, така е. Се согласувам. Како што напишав погоре.. сум имала таква врска еднаш и никогаш повеќе нема да имам.. врската не заврши успешно и на крај сите дознаа дека сме оделе.. ефект од криењето нула. Ваква врска не чини. Едноставно многу оптеретува. Сите убави моменти кои се резултат на забрането-овошје-ефектот ќе посиват порано или подоцна под влијание на притисоците.
     
  8. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Јас лично не ја гледам поентата на тајна врска. Без разлика кои и да се причините што довеле до тоа, не оправдувам. Прво нека си расчистат и двајцата со емотивниот багаж од претходната врска и нека почнат од нула.
    И не си го комплицирајте животот со врски од типот 8 години разлика кај партнерите или од различна вероисповед! Такво нешто во Македонија ретко успева! Ви држам среќа на сите љубовта да победи, ама додека сте млади не се замарајте со проблеми што ни човештвото по 60год. напредната наука и технологија не успева да ги одмрси. :D
     
    На julie77 и verica94 им се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Ехххх таа тајност колку е слатка и романтична толку со тек на време е тешка, но доколку се сака се може.
    Ние нашата врска ја чувавме во тајност, привин од друштвото првите месец дена, тоа беше желба на дечко ми,ми рече: ако ни тргне ок ќе им кажеме,ако не немора сите да знаат па утре акораскинеме заебанции да паѓаат.
    Помина месец дена дечко ми беше иницијаторот така одеднаш му текна додека седевме во друштвото ми вели: Ајде Сноу кажи им да си знаат....ииии да си знаат.
    И јас таква o.O неочекував,наеднаш ми дојде ништо ми немаше спомнато.
    Потоа и до 3/4ти месец од врската криевме и од неговите, доаѓам јас кај него,а мајка му си се смешка, таман јас ќе заминуам она ќе му речела женска ти а? и овојмојот неее,ај глеј си работа ако има нешто ќе ти кажам. И така секое мое идење.
    Потоа он им кажал дека сум му девојка.
    А пак за сето тоа време се криевме од моите.
    И мене веќе ми дојде преку глава, и кога веќе идевме 1 година и 1 ден, седејќи си со мама на тераса ми налета на муабет и самата и кажав. Среќна беше бидејќи го знаеше дечко ми како мој другар,го познаваше кој е и што е.
    Но ми рече внимавај на татко ти, рано е да дознае. Јас тогаш бев 15години а дечко ми 23.
    И имаше многу криења бегања, нема да заборавам еднаш кога се криев татко ми ме чека да искочам (беше сигурен дека идам со дечко ми) и упорно шета на улицата од крај до крај (живеевме на иста улица), лелееее таа вечер никогаш нема да ја заборавам, влага братот на дечко ми и вика татко ти доаѓа...брзо јас со сите ствари во купатило се кријам, мајка му чизмите ми ги подава за кога ќе отворат врата да не се гледаат. И слушам звонче, и татко ми дошол да побара некој алат од брат му на дечко ми (зошто он покрај работата се занимава и со тоа,а многу пати и нашата ја поправаше), жими мајка у 21ч. навечер алат бара, ама тој се понадева може ќе ме види. И дечко ми со него си излезе, божем кај другар ќе идел,дечко ми си отиде кај комшијата во спротивната куќа. ама татко ми уште се вртка на улица. брат му вика ај со кола ќе те изнесам нема да види,вели и онака ќе одам накај град. не не велам оди....лелеее татко ми упорно врти и дреме.пуста јас ми текна, дечко ми кај што отиде кај другар му он има уште една порта на другата улица излага, улицата по која одам и се враќа од школо (а таа вечер бев втора смена), и му се јавувам на дечко ми он ја отворил и другата порта, и сега е моментот како да излезам да претрчам до другата куќа а татко ми да не ме види :D
    и ај тетка му 2 метра жена искача со мајка му божем цигари да купат,и ми велат СЕГА (со раката) за кога да претрчам, тамн да излезам ми покажува стој, леле брзо криј се. И некако успеавме, претрчав, поминав во другиот двор, преку порта и право на другата улица.
    И уште горда си одам од таа страна...и мувелам што ти на улица да не се срчкавте со мама нешто :wasntme:
    и тој ми вели не не онака излегов, а ти од кај идеш, велам од школо од кај можам да идам.

    :rofl: аххх само да кога ќе ми текне уште колку вакви глупости и криенки имаше.
    и ден денес ми вели неможеш да ме убедиш дека не беше кај него (од кога дозна дека идеме),ама неможевика да ми стане јасно како ми избега, ми вели гарант со брат му со колата излезе, оф мори тате си мислам,не бев во кола, ама упорно и си стојам и ден денес на зборот дека таа вечер не сум била кај дечко ми.
     
    На $ophia, kjukli, LaraSolare и 4 други им се допаѓа ова.
  10. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    2.378
    Сум била во тајна врска и уште еднаш нема шанси да си го дозволам тоа некој да ме крие. :!: Ако вистина те сака ќе те носи секаде со него. знаете ли само колку е глупо чувството кога ќе се сретнете во јавност и да се преправате дека не се познавате? да знаеш дека е твој, а да не можеш да го гушнеш и на сите да им покажеш колку го сакаш....и шо, на крај си фати друга и мене ме остави....и јас никогаш не осетив какво е чувството слободно да си шеташ, да се држиш за рака и да се гушкаш дури и на сред улица.. :( и затоа драги мои јас велам ЕДНО ГОЛЕМО НЕ ЗА ТАЈНА ВРСКА :!: еднаш згрешив ,ама затоа за следниот пат ќе си знам...
     
    На kim.k му/ѝ се допаѓа ова.
  11. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    И јас имав скришна врска уствари не знам дали и врска беше , ај демек колеги сме од работа за на крај да си се ожени за друга , па уште и на свадба ме вика колегите сеир да ми пукаат !!Бесрамник!!И ден денес доага да ме види сака да се дружи и да пие кафе !!!!
     
  12. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    А зошто тајна ? Се срами од мене,се срамам од него па мора тоа да е „ Тајна Врска“ Таквите врски се ама ептен без ВРСКА,ако сакаш да бидеш со мене бре човеку има сите да те видат со мене,да прошеташ со мене низ град со главата крената горе, како на сите да сакаш да им кажеш - Видете ова е мојата девојка,неа ја сакам и ниедна друга,таа ми е мене се.
    А тоа криење, па не сме кртови па само на темни места да се среќаваме каде што неможе никој да не види.
     
    На kim.k, karak и trtla им се допаѓа ова.
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    тајната врска ми е без врска. Па не живееме ние во времето на Ромео и Јулија :lol: ок може би некој гледа страст и адренаолин во сето тоа нема смисла. Единствено кога ќе сум фатела дечко не сум кажувала 2 месеци дома а и не ме прашувале па затоа можам да кажам дека не сум имала врскла во тајност
     
  14. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ваква врска сум немала и сосема ми е несватилва. да се криеме? а зошто?
    Кога сум со некого и го сакам сакам сите да го знаат тоа,сакам да излезам со него,да прошетам,да се дружам и со другите заедно со него...
    Ако има ваква тајност тогаш нешто не е во ред според мене,или се работи за некој недозволена врска од страна на родители,или едниот од партнерите не сака во јавност да се појавува со другите,поинаку незнам како би ја дешифрирала оваа врска.
     
  15. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    јас сум имала и не беше баш врска, нешо као излагање, ама долго време траеше скоро година...имаше причина за да биде тајна...и да интересно беше, предизвикувачки...е сега ако на пример причината е срам од партнерот тогаш таква врска не би прифатила
     
  16. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    Врските во тајност кажуваат многу за партнерите .
    Мое крајно мислење и одговор е дека доколку маж не е сигурен во партнерката ( не зборам за швалерации и сл. приказни) и не сака да му биде партнерка и му служи за забава ке ја крие од јавноста .Машките имаат природна потреба да ја покажат и одбележат девојката како своја , не заради девојката туку заради себе си да ја заштитат од другите мажи знаејки какви се.Пример ке кажам кога брат или татко ве преставува пред некој нагласува ова е керка ми , ова е сестра ми за да нема коментари неприкладни.
    Така да ако во првите месеци па и понатака не ве претставува во друштво како негова девојка не губете време , или губете си ама знајте дека од таа врска нема ништо!!!
     
    На m2m2m2 и molikaMk им се допаѓа ова.
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Да, имав една таква тајна врска која што не заврши добро.На почетокот моите знаеа за него и се беше ок,ама откако се разбраа некои работи за него кои што не им се допаднаа на моите,а искрено и мене па му раскинав,ама пусто мое мислење дека го сакам и незелост пак му се смирив и тогаш почнав тајно да одам со него,верувајте воопшто не беше лесно, можи беа само 7 месеци ама мене ми се видоа ко 7 години.Воопшто не беше романтично да сум под штрек цело време дали ќе ме види некој или не,па дали ке дознаат моите,значи цело време живеев под стрес. На крај таа врска ми донесе само болка откако разбрав со каков човек си имам работа и ја изгубиа моите довербата во мене дека сепак се се открива на крајот ниту една тајна не може да е вечна. Феминки мој совет подобро е да кажете на сите дека сте во врска отколку да ја криете.
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Првата врска ми беше тајна и најубава, најслатка, долго и траеше, ќе беше успешна да не дознаевме нешто што не раздели... ете тоа веројатно е негативна страна на тајните врски што дури по долго време се дознаваат некои податоци... Е кога јас и дечкото дознавме дека сме во роднински врски двајцата премногу се разочаравме и ништо сега ако се видиме некогаш си плачиме тоа е животот ;( :)
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Читајќи ве, несакам погрешно да го сватите мојот пост дека тајноста ја поддржувам.
    Значи на почетокот криевме ај да видиме дали ќе ни тргне немора сите да знаат...а потоа за да криеме од моите беше моја желба,поради тоа што имам доста строги родители (за мене беше така,сега за сестра ми е друга приказна,јас го испокршив мразот). Но тоа што криевме од моите,како што реков беше моја желба. Но сите други знаеа, и не се криевме, мама дозна по моја желба на една година и еден ден. А тато на година и 8 месеци.
    И фала богу еве сеуште сме си заедно....
    Значи не ги поддржувам врските во тајност,освен ако е некој случај како мојов.

     
  20. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    :inlove: Да, јас сум имала и тоа ми беше всушност беше моја прва врска,сите пред мене беа како врска без врска, а таа врска ми почна како врска без обврска и се започна некако спонтано, интересно, онака како на шала, така ни започна запознавањето, така и продолживме во тајност како некоја мистерија да игравме, само неколку блиски другари знаеја и тоа беше се замислете цела година во тајност а премногу го сакав, но живеевме во различни градови и си мислевме дека така е најдобро за нас, откако се пресели во мојот град официјално сите веднаш дознаа па и родителите сега веќе 2 години сме заедно и кога разговараме за тоа време се чини како да сакаме да го вратиме, кога за никој не бевме познати а сепак бевме премногу среќни и заљубени.
    :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: