Врска во тајност

Дискусија во 'Врски' започната од Miss-HeLL, 25 мај 2012.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.895
    Допаѓања:
    130.011
    Пол:
    Женски
    Па, 99% е трол. :D
    Мислењата апла брзински се склопени и нелогични.
    Ако не е трол, тогаш е крајно глупава, зла и скапана жена. Ама, Господ или кармата ќе ѝ наплати еден ден за гревов.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dune

    Dune Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2024
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    115
    Пол:
    Женски
    И јас не го сакам, ама е дел од човечката природа, а и побајаги дел од нашето секојдневие нажалост.
    Ако бираш кои битки ги биеш, поточно си навела на што трошиш енергија, па одмини ја ако немаш што да надополниш кон нејзинава исповед или коментар. Ама да се минимизира или замижува дека можеби е реална ситуација преку перење трол е ми е бегање од стварноста.;)
    Сепак секој си ја бира сопствената така што да, те разбирам и тебе.:)

    За дали е трол не би да судам, навистина немам толку време на претек, веќе спомнав да анализирам до точка и запирка која е и каква е и дали е реална во ова тука или не.
    Ама за другото апсолутно се согласувам со тебе.:)
    Лицемерието треба да се обезличи и да се санкционира. Од само дрвени адвокати треба сите да сме реални адвокати, ама пак види што е иронично врие во реалноста вакви како неа. Тоа мене ми укажува дека многу морално сме отупеле и оглупавеле.
     
  3. Boomer

    Boomer Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Машки
    Врска во тајност да
    Без љубов
    Само за се*с
     
    На Малечка Малинка му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.384
    Пол:
    Машки
    Па тоа не е врска.
     
  5. Sinagoga

    Sinagoga Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2025
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Zloben i sebicen covek!
     
  6. light <3

    light <3 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2023
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Машки
    Зависи од која причина е тајна
     
    На Timbo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека врска што мора да се крие е слатка и романтична. Напротив, ако мораш да криеш, тоа ти е одговорот дали треба да бидеш во таа врска или не.
    Океј е на почетокот да не знаат сите, додека се запознавате, да видите дали ќе оди или не, но човек со сериозни намери не крие љубовна врска.
    Слатка е за тој што сака да ја крие. За тој што е приморан да крие, повеќе е горчлива.
    Од друга страна, ако се гледаш со некој само за забава, зошто да не? (И со ова, мислам на ситуација што им одговара на двајцата возрасни.)
     
    На Трагедијаупмм, Boomer и Компир Манџа им се допаѓа ова.
  8. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    4.682
    Пол:
    Женски
    Врска у тајност ме асоцира на врска со некој/а што е зафатен/а, од друга причина не знам зашто би криела врска.
    Во денешно модерно време ми е се ок и врска и да се гледаш со некого.

    Кога ќе фатиш дечко не викам дека треба да се фалиш како имаш дечко, но ако те праша некого да имам и тоа е тоа.

    Исто според мене важи и за гледање со некого. Двајцата сме одлучиле да се гледаме и нема што рачун да полагам на останатите. И жените и мажите имаат иста потреба и воопшто не ми е срам да кажам дека имам или сум имала човек со кој се гледам по потреба.

    А машко да дојде и да ми предложи тајна врска ми е ред флег за мене. Или сакаш врска или сакаш гледање или не сакаш ништо .
     
    На anaja1 и boo3 им се допаѓа ова.
  9. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.384
    Пол:
    Машки
    Тоа веќе не е врска ако еден од двајцата е зафатен. Тоа е прељуба. А такви има многу.
     
    На Малечка Малинка му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Duska.M

    Duska.M Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2024
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Вие тргнувате од тоа дека под врска подразбирате пар кој својата врска палнира да ја круниса со брак, што е сосема ок.Но мора да сфатиме дека не сите врски се „сериозни“ барем не на тој начин за кој зборуваш ти. Постојат парови кои се заедно затоа што сакаат да поминат убави моменти поврзани со страст, но не сметаат дека би можеле да функционираат како пар, или се веќе во сериозни врски на емотивно поле а сепак им фали нешпто во тие врски и го надополнуваат на овој начин. Некои се со некого од економски причини, во некој вид врска во која двајцата се свесни дека едниот го има она што му треба на другиот и го прават тоа дискретно бе да се оптоваруваат со брак..Исто така постојат и тоа доста луге кои се во мојата ситуација, веќе се во поодминати години за брак имаат возрасни деца партнерот или им е починат или се разведени, но им е потребна некаква нежност, размена на страст...
    Токму затоа тајноста и дискретноста на овие врски е многу битна што вие што сте млади, слободни, без обрски не можете да ја сфатите, Но исто така пак вие правите друга грешка, секоја врска веднаш во својата глава ја проектирате во брак и се гледте во венчаница, нрсвесни дека можеби партнерот од вас сака само страст, или несвсни дека не сте изживеани и тоа еден ден ќе ви здосади. Верувајте дека знам што е неизживеаност, бидејки и самата влегов во брак речиси невина, и на почетокот бев воодушевена, мислев ваууу тоа е тоа, но дури во овие години сфатив колку сум била во заблуда.
    Не се оптеретувајте со тоа дали врската ви е сериозна, дали знаат сите, до последната тетка во некоја вукојебина, дали ве запознал со родителите... Уживајте во животот.
     
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.335
    Допаѓања:
    21.607
    Пол:
    Машки
    АКо не си ти дупли јузер и се заебаваш овде, јас е!
    Еве вака саботно не дупиш, ама ако.
     
    На Малечка Малинка, Abel и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.583
    Допаѓања:
    8.988
    Пол:
    Женски
    Исто како што ти во моментов во твојата глава проектираш дека врска е исполнување на твојата потреба за секс, затоа што си ги прошла фазите на брак, деца, заеднички живот, развод итн. Секој треба да размисли што сака од партнерот и да се договори со него, па ако двајцата се согласни и уживаат во нивната форма на врска, тогаш тоа е врската што сакаат да ја имаат и нема потреба од друга дефиниција. И секако нема потреба од дискретност или тајност, ако јас ја прифаќам апсолутно сопствената одлука дека тоа за мене е добра врска и така сакам да живеам. И ти не треба да се оптеретуваш со тоа да се сокриеш, ама веројатно постои доза на срам и страв од осуда (сама користиш апроксимативен речник: страст, дискретност). Нас нѝ влијае малограѓанштината најмногу, да не е така, никој нема да "трча" да се омужи и да роди деца затоа што така "треба" па после крах да сака да живее дискретна врска поради страст. Сакам да кажам сите сме на некој начин и од нешто условени, само во различни фази од животот.
     
    На Малечка Малинка му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.583
    Допаѓања:
    8.988
    Пол:
    Женски
    Абе ќути и учи , може ќе ти се најде. Брееј ама сте неблагодарнииии.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    А од што ли појдовте Вие? Ми личи дека не сте го дочитале моето мислење или не сте го разбрале. Ама се разврзавте со претпоставки за мене, за да се оправдате. Не знам кој Ве напаѓа, јас сигурно не.
    Жал ми е што сте имале такво искуство во љубовниот живот. Јас фала богу не. Секој ден уживам во животот со свojoт брачен другар. Уживав пред него, ќе уживам и после него (ако дојде до тоа). Ви благодарам на грижата сепак.