Лесно е да се осуди вака од страна. Не една, него 1001 може да има, и тоа да не биде жежок ред флег кој алармира на нешто На пример - прва врска, прв дечко, не може да се соочи со најблиските, и да го претстави у јавност. Што поинтимно и поприватно, да смета дека е најубаво, далеку од очите на сите, да го чува ко нешто свое, ко нешто свето подолго време. Не сите секад по дифолт имаат лоша намера.
Ова кога си ептен млад, ама 20+ а за 30 + овие причини до кога ќе бидат за тајност.. Разбирам и јас за краток период еве не сакам да знаат на почеток, може нема да ни успее и слично, ама подолг период не трпам никој така. Не значи ако ме покажува дека ќе биде цвеќе, ама и криенки не сакам.
Во "тајност" ми е прифатливо само ако е booty call. Моментот ко ќе дефинираме шо сме, зошто да не кажам на другарка дека сум со партнерот? И ако тој не ме гледа вредна да збора за мене со друг ми е сомнително. Социјални мрежи не ми се мерило. Можи не користи или не објавува, не барам партнер да ме парадира на Инстаграм или на шо и да користи. Ама ако му ѕвони мајка му и ако ние сме официјално во врска, очекувам да кажи "со девојката сум", а не да заобиколи. Поентата ми е, ко сме биле млади, средно и ептен рани 20ти, наоѓаме милион причини за тајност и да прат смисла. И прат смисла. Вистина. Пошто одиш пополека зошто уште се развиваш и цел живот е пред тебе. Како старееш и созреваш ем знајш шо сакаш, шо те следва и шо нудиш и нема назад. Многу побрзо се движи. Прва врска за бакнеж ќе чекаш 5 дејта, ама на 30 ни за секс не чекаш толку. Заклучок: тајно е во ред само ако е casual/booty call - зошто би објаснувала оти имам односи со некој? Ама ако веќе сме имале разговор и сме официјализирале, моите очекувања се дека сме партнери и тука нема причина да го кријам, а то да не е сомнително.
Се извинувам што вака ненајавено упаѓам , ама врска во тајност прифаќам ако дечко ми / маж ми е Вилијам Леви , Бред Пит или некоја слична белосветска фаца шо не сака да ја експонира својата приватност јавно . На кого му е гајле ( освен на најблиското семејство и пријателите ) за дечко ми / маж ми Трпе , жити се ? Не се филмајте , ако дечко ви е Трпе а не Бред Пит , и ве држи во тајност , значи или е за секс или да не дознае жена му . Рекла сам , шта сам рекла .
Има разлика меѓу тајна и приватна врска. Сакам приватна врска во смисла да не го споделувам секој детал во јавност и на социјални мрежи, после минати искуства не сакам да се експонирам премногу. Прва слика би ставила со прстен дури. Но, луѓето ќе знаат дека сум во врска, особено блиските, нема да се кријам за шетање во јавност со него или да лажам. Тајна врска освен кога си под 20 па имаш строги родители и сл. нема смисла. Не можам да замислам доволно добра причина зошто некој би те криел од другите освен ако е стриктно само за односи (но тоа не е баш мој thing). Инаку самиот има нешто кое го држи во тајност од тебе.
Тупење мозок, кој како сака нека прави. Ништо не ми е гаранција, и да ме покаже пред светот и да ме скрие од сите.
Ништо не е гаранција, ама ред флег е ако некој сака да се криете од сите дека сте во врска.. Зошто на некој би му било проблем да каже дека е во врска со тебе? Очигледно е дека има нешто зад тоа..
Па ако едниот инсистира врската да биде у тајност ќе мора да објасни зошто и образложението да има смисла.
Кажи една логична причина зошто некој би сакал? Секоја причина е само добра лага.. Мислам ако не е некоја јавна личност па не сака цел живот јавно да си го презентира, друга причина нема зошто би се криеле..
Секој си е различен, нема везе возраста. Не зборам да се кријат у дувло или глувчешка дупка, само да не се експонираат.
Не те разбрав на какво точно експонирање мислиш. Ама не е експонирање да кажеш дека си во врска на блиски, семејство, другари.. Глупо е да се чува врската во тајност, мислам океј ако не споделувате на соц мрежи, ама која е поентата да се крие дека си во врска? Некој што почнал врска и е сериозен со тебе нема да му е проблем да каже дека си му девојка/дечко..
Строго во тајност врска, не сакам никој да знае дека сме во врска, никакви слики заеднички по социјални мрежи.Едноставно среќата е само наша,и немора секој да знае за тоа.
Абе @Mr.Limonko те сфаќам, туку сепак да знаеш дека луѓето имаат свои лични причини. Секој си се бори со свои демони, и никој не може да каже како му е, освен неговите чевли да ги облече, да го изоди неговиот пат, па да знае, и можеби да разбере. Не можам никако да се сложам, заради ова што погоре го кажав. На крај на денот не сите луѓе се исти, тоа треба да го прифатите
Според мене, Има огромна разлика меѓу тајна vs приватна врска. Приватна врска е кога не чувствуваш потреба да ја истакнуваш врската и не споделуваш ништо, но луѓето ве знаат како пар, барем најблиските. Тајна врска е кога истата активно се крие од цел свет. Според мене, врска може да биде приватна и апсолутно здрава, но кај тајна врска зависи. Ако и двајцата подеднакво така одлучиле, тоа е сосема нивно право. Ама едниот ако го убедува по другиот да се тајна, ми е малку...кој да и каже на Ивана - е работата Like, да се исклучи можноста дека се деца или швалери, да одиш со некој долго во тајност, мислам дека кај и да е, едниот од нив природно би се запрашал, Дали врската се штити или само едниот партнер си се штити самиот себе да не биде виден во истата Плус најверојатно на долгорочен план доаѓаш до ограниченост, не можеш партнерот природно да си го вклопиш во животот и ова може секако да влијае. But ofc at the end of the day, туѓите врски нам не ни прават разлика
Нешто шо заборајв да додам погоре - врски со голема стигма околу нив ми е разбирливо да имат компликација како тајност. Пример хомосексуални врски. Ама дури и тогаш е јавно vs приватно зошто пак врската е експонирана пред безбедни личности.
Дали може некој да ми каже мене ова ми се има случено мене за жал бившиот со месеци ме мавташе почнувајки вака никогаш ме немаше покането на слава ниту пак дома машко треба сам да те покани пред пријатели, не сакав да го притискам, еднаш го прашав ми одговори имам мајстори после тоа кога раскинавме односно се чувствуваше дека има друга нејзе веднаш ја покажа пред сите; пријатели, родители итн за многу кратко време.
@Ane_na_Bisera16 Не си го ставај при срце, да запаѓаш во бескраен круг на споредување и сомневање во сопствената вредност. Едноставно не бил за тебе. Човекот за тебе нема да те крие и радувај се што завршило порано, наместо сега да беше уште заглавена со него
Има. Да не му затвори врата кај други женски, или обратно он на неа. Уствари ова беше причина во минатото. Сега поатрактивен си кај спротивниотпол ако си во врска.
Зашто би криел тогаш, Добро можеби поради различни вероисповести на пример, но во повеќето причини се кријат ради секс без обврски