Колку и различни карактери на луѓе да има, пак не ми е јасно зошто некој би криел дека е во врска со некој ако веќе е сериозна таа врска.. Зошто би се криеле од семејство, пријатели? Не постои логично објаснување.... Како мислиш те сака некој ама те крие од сите? Која и да е причината не те сака доволно ако има потреба да крие дека сте во врска... Дете кога сака улично куче или мачка да земе да го чува не го крие па колку и да му се строги родителите и колкав и ќотек да изеде, ќе даде се од себе да го задржи дома.. Ама возрасна личнст тебе те крие од семејството со изговор дека се строги или дека ќе ви ја расипат врската. Или најгуп изговор "колку помалку знаат, толку помалку ќе ни уништат", кој што ќе ти уништи ако ти не дозволиш? И не ви е глупо седите со некој што сте неколку месеци во врска му се јавува некој и кажува " еве со другар/другарка"? Или доѓа познаник и ве претставува како другар не партнер.
Ама премногу судиш, не знам како не го глеаш тоа? Ти им ја знаеш намерата и душата им ја знаеш на сите луѓе, па си дозволуваш вака? Нешто ако не ви се десило, не може да го сфатите, па колку и да ви се црта џабе. Не дека оправдувам, најубаво е ништо да не се крие, само сакам да кажам да не се брза со осудите, а не се знае точната позадина.
Ова верувам на сите им е глупаво, без разлика дали ќе признаат или не. Ко што спомнав погоре и јас не сум многу за ставање заеднички слики на социјални мрежи, ама толку да ме крие и да лажи по семејство и другари дека сум му "другарка", "колешка" или не знам што, епа нешто тука не штима, па на крај ќе му останам само "познаничка". Тоа е сѐ освен љубов.
Ако сака да се криете не те сака и не си му единствена во животот. Нема друга причина зошто ја крие „врската“.
Која би била добра причина за да се крие? Единствено што ми падна на памет е, да е едниот судија, полицаец заглавен во некој тежок случај со некоја организација на убици што го демнат па да не го ризикува животот на луѓето околу него, што многу е ретко ова кај нас... Кој ќе ми расипе ако јас не дозволам?
@TwistedSister Let's be real, не може никој да расипе врска, ако самиот пар не го дозволи тоа. Ако нешто се распаднало, реалноста е бидејќи парот не стоел цврсто заедно in the first place
@TwistedSister Genuinely curious, како? Еве опиши го општо контекстот или некој сличен пример и да видиме како е тоа можно
Мило ми е што си немала такво искуство. Кај мене кога ќе се детерминираат, доста ум и труд е вложен, додека не се раскине.
Ама ти реков мислам. На пример некои нерасчистени сметки со сам себe. Као на пример некој страв, некоја траума, нешто такво. Без ниту една лоша намера кон партнерот. Со партнерот да речеме дека си искрен, му кажуваш што е работата, те разбира. Инаку фала Богу дека не може засекогаш да се криете. Не е ниту фер, ниту нормално.
Едниот не се борел доволно.. Ако некој сака да ви расипе зошто во животот едноставно имате контакт? Зошто би слушале други за вашата врска? Зошто некој би дозволил друг да му бира партнери и дали тие се доволно добри за него? Ако е страв или траума од минатото, доволно се 2-4 месеци за да се осетиш на сигурно со некој и да немаш проблем да поминеш низ траумите поради тоа што го сакаш.. Кога може мало дете да помине низ трауми од карање и ќотек и да си носи миленици дома, како некој возрасен за неколку месеци нема да разбере дали му е сигурен доволно некој за веќе да каже дека е во врска со него? Љубовта често бара жртви, па ако за ова не можеш да се жртвуваше или не сакаш да појдеш на психолог да си ги решиш траумите, како за нешто поголемо..
Јас не ставам слики од приватност на социјални мрежи, и не ставам слики со девојка, не ја кријам никаде него нема потреба секој да ми ја знае приватноста на социјалните мрежи, едноставно приватноста си е само моја, а од пријатели, роднини, познаници, колеги, секако не би се криеле таман работа.
У основа има теоретски купиште причини, ама од мое искуство и од мои блиски интимна тајна врска е причина
Ја глеам темава активна, чисто коментирам оти баш имав „привилегија“ да го запознам кандидатот на една. Абе жити врската ако нигде не сака да се појави. Кој ќе ти расипе врска, ако тој со кого си не дозволи? Баш напротив, еве мое мислење е дека ја искористува. Ама ај си ќутам оти не бев прашана (иако мислам дека баш во вакви врски тие кои одат знаат точно зашто одат).