1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска во тајност

Дискусија во 'Врски' започната од Miss-HeLL, 25 мај 2012.

  1. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    5.326
    што има тој да се срами од мене па да ме чува во тајност?ако не му одговарам и ако се срами да ме покаже пред другарите слободно нека најде друга.секогаш сум била против ваквите врски.ајде сега нему му треба забава па никој да не го дознае ќе си играме демек сме во врска.пффффф
     
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Најглупавата и најпонижувачка работа според мене се тајните врски.Тука секогаш има нешто матно,јас тука не ја гледам љубовта,освен ако и таа се крие.Па тогаш за каква љубов и врска зборуваме?И шо демек мене ќе ми се качи повеќе адреналинот,ако имаме тајно состанување од 45 минути?Неее според мене има многу манипулатори и недораснати идиоти па на овој начин мислат дека само се во плус а никогаш во минус.Демек за резерва стално има некоја за која никој ама баш никој не знае,од причини што или се срами од девојката или сака само да ја има во резерва ..
    Јас не сум имала ваква врска-безврска,а кога па би ми предложил некој дечко за вакво нешто во истиот момент го откачвам па нека си биде во тајност со мајка му,.... :emo:
     
  3. nicenicegirl

    nicenicegirl Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    тајните врски секогаш успеват, можеби сака дечкото да имате тајна поради тоашто некој би можел да ви наштети да ве скара, секогаш така се случва бидејќи секогаш има некој кој во почетокот ке сака да ве скара, адоколку биде тајно ке се зацврсти и потоа сите ке дознаат :))
     
  4. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Сум имала тајна врска, односно првите неколку месеци со бившиот маж криевме дека сме во врска.
    Причината беше тоа што татко ми имал слушнато за него дека е проблематичен дечко,
    и ми имаше речено да го избегнувам.
    И така јас си појдов со него тајно,
    затоа криевме и од сите други, пазевме постојано..
    Секој пат кога ќе се видев со него, другарки ме вадеа, и за гледање , а и за спиење :lol: .
    И така си терав неколку месеци....
    После два три месеци на другарите негови им кажавме дека сме заедно, но и понатаму криев од моите.
    Татко ми се сомневаше дека се гледам со некој,
    и два пати тргна да ме следи, ама успешно се скрив.
    Бившиот ме чекаше на 10 метри од дома, и татко ми го видел дека е таму паркиран,
    па кога се заинати, јас ќе те префрлам, кажи кај идеш :x
    едвај се извлеков дека ќе дошла другарка ми ама татко ми ме гледаше па морав да поминам покрај дечкото и свртев по друга улица. Се најдовме подоле, ама на татко ми му било сомнително, и ко што си стоевме на семафори и одеднаш -Оп, ете го пред нас.
    Ама среќа бившиот мој е таков се приметува, па одма ми кажа,
    легнав на седиштето и тој префрли јакна врз мене,
    татко ми како во дел од секунда да ме видел, ама не бил сигурен,
    и поминавме покрај него и зјапал и не можел да ме види.
    Вториот пат тргнал со точак по мене, не сум го видела,
    ама за среќа јас влегов во такси, и не можел да ме прати,
    само видел дека не тргнало таксито накај другарка ми , ама јас ништо не признавав.

    И така, еден ден, кога јас и бившиот решени да си имаме бебе, успеавме во обидите,
    го донесов пред татко ми и му го претставив тој со кого сум била сето тоа време......
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Во принцип тајните врски и не се врски, туку афери... Која и да е основната причина срам или страв да се појавувате заедно, тешко некој ќе ме убеди дека тоа не предизвикува чувство на нелагодност и своевиден притисок (поради криењето како да правиш нешто недолично)... Читав една статија сега скоро баш, како паровите кои не се во стабилна врска, се гледаат тајно или не им се дефинирани идните насоки јасно, имаат полош секс и почести кавги, бидејќи потиснувањето на чувствата, континуираното незадоволство и неизвесност водат кон негативни емоции и не носат ништо продуктивно. Не ги сакам многу овие статии, ама овде има доста логика.

    Една од основните потреби е споделувањето и отвореното изразување кај луѓето, кога си навистина среќен со партнерот, посакуваш да бидеш со него и тоа да биде покажано на остатокот на светот, а често и на најфреквентните места да исчезне остатокот од светот и чувството како да постоите само вие двајца :) ...

    И не, Најснајсгрл, мое мислење е напротив дека тајните врски, скоро никогаш не успеваат. Мислам која логика, стави се во карантин или изолација, да не ти наштетат, затоа мажите ја исмеваат женската рационалност...
     
  6. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Тајна врска и мене не ми се допаѓа ама еве сега сум баш во таква.
    ’’Тајна’’ ама само за моите родители и роднини. Бидејќи излегов од бурна врска и тоа беа лоши периоди за мене а релативно сум мнногу млада моите ми рекоја да не се гледам одреден период со никој. Затоа сега се кријам од нив, иначе сите други, другари, другарки, неговите роднини знаат, па дури и не кријат :lol:
     
  7. Marije

    Marije Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Хммм, не знам зошто не ги оправдувате некои од вас тајните врски, јас можам да се пофалам за тајна и успешна врска од веќе 7 месеци, но тајна само од моите родители, премногу се старомодни и не ми дозволуваат да имам дечко, ми се чини дека оваа строгост ќе ја држат се додека не излезам од куќава, а секако, сите други знаат за нас дека одиме, наши блиски, другари/ки, познаници, сите од неговото семејство..но, немам што да правам со родителите, и ги оправдувам ваквите врски :)
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Не дека се старомодни туку се срамиш да си кажеш дека имаш 16год и имаш дечко. Гледам и невиност си изгубила од поодамна а и неколку пати си го лажела дечкото па врската ви била во криза. А ова лето и на одмор сакате да одите заедно :?:
    Сепак молчи си и не кажувај ништо по дома!
    Ако сите други знаат дека одите мислиш дека нема некое врапче да им шепне на твоите?!?! Ти си 8 одд за прва година средно :^)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marije

    Marije Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Mала поправка, сега ќе сум трета година, нешто ми е измешано со школските години, но знаам дека постои некаков сомнеж,и знаат, ги имам затечено во разговор, но и понатамо си ќутат, инаку им имам кажано порано, но дома се појави катастрофа, слободно можев да излетам од дома, татко ми и куферот ми го фрли пред нос! И да за се тоа си во право, но сега е се во ред поминативе месеци воопшто ништо лошо ни се нема случено, да не се подрекувам :)
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Кога си била помала дознале дека имаш дечко и тоа за нив бил шок. Наместо да си им убаво објаснила што и како е работата татко ти направил грешка со такво однесување. Можеби таквото однесување си има своја позадина, тоа незнам ама знам дека е неправилен начин на однесување од негова страна.
    Што да ти кажам, молчи и памет во глава да не направиш некоја глупост. Бар со мајка ти ако имаш некоја близина прави отворен муабет, ќе проба да те разбере, верувам.

    Често ги обвинувам девојчињата ама понекогаш и родителите воопшто не се во право и тоа е само последица од таквото однесување на нивните деца.
     
  11. Marije

    Marije Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Ни со мајка ми не сум доволно блиска, татко ми има влијание на целото семејство..не знам како да си помогнам, па како што ми кажа ти, а и некои други тука на една статија, успеав да го задржам дечко ми, за после да не ми е мака, а за родителите и нивното разбирање....
     
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.149
    Според мене на почетокот на една врска добро е таа да се чува во тајност .Најмногу постои опасност на почетокот врска да се раскринка дали од другарки дали од роднини ете со тие глупави муабети ваква е таква е,таков е, никаков е,не е он за тебе |( абе добро никој не ве праша вас тој е мој избор ,со него сакам да бидам и толку.Подоцна откако ќе се зближите со дечкото ,кога ќе се запознаете многу подобро кога ќе имате посилни чувства еден за друг нема да има потреба да се биде во тајност пошто нема да имаат влијание вакви глупави муабети затоа што се познавате и имате доверба еден во друг нема шанси да верувате на глуапави измислени муабети . Мене првата врска така ми се распадна сите замешааа прсти и од тогаш си научив на почеток врска во јавност не, дури и си имам ветено дека со моите родители дечко ми ќе го запознаам здравје ако дојде ден прстен на рака да ми стави претходно никако .
    Марије јас искрено не гледам причина зошто твоите родители не ти дозволуваат да имаш дечко .Вистина е дека си мала и имаш само 16 години но подобро е да бидеш само со еден одколку со 101 како што прават денеска повеќето девојчиња!Пробај разговарај со татко ти ,кажи му дека не си дете туку си девојка и дека тој тие дечко и дека имаш право да бидеш среќна со него .Ако не бива со него седни ја мајка ти и кажи го ова погоре ја што ти го кажав подобро е да бидеш само со еден одколку со 101 па колку и да се старомодни ќе разберат дека си во право .
     
    На lejdi001 и Marije им се допаѓа ова.
  13. Marije

    Marije Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Во право си во потполност, се согласувам со тебе, всушност откако ќе заврши летово сакам да покушам да им кажам повторно, не сакам да го загубам она излегување што можам да го имам најкасно до 1 часот на вечер и еднаш дневно најмногу 2 саати. Фала ти за мислењето, се надевам дека ќе ми помогне, ќе те известам штом им кажам :*
     
  14. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Најискрено мислам дека е подобро врската да почне тајно. Нека знаат само најблиските.
    Од родителите врска не кријам, така да и јавна врска да е тоа не би ми било пречка со домашните.
    Кога врската е на самиот почеток, двајцата најчесто не се ни познаваат. Карактерите можат да се судрат после 2 недели, еден месец, или безразлика колку време, па ајде сега сите да ме знаат сум одела со оној толку и толку. А и плус многу се плеткаат, особено овде. Расипници ќе почнат да шпекулираат и одеднаш си градска курва.
    Си мислев порано “зошто да се кријам, зошто да ме крие?’’
    Глупи прашања, искрено. Ако сите одговараме после одредено време нека си дознаат луѓето. Нема потреба никој да знае.
     
  15. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Моментално сум со бивш на другарка , а јас бивша на другар негов :lol: среќно е 8) тајно е се разбира :P
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Интересно е, нема што. Сум била во тајна и донекаде забранета врска, адреналинот и возбудата тогаш не се споредуваше со ништо. Забранетото е најслатко, се уверив лично. Криењето беше тоа што најмногу ме исполнуваше и ја одржуваше таа врска во живот, не дека имаше којзнае колку љубов. Затоа, кога стана густо, кога веќе неможевме да функционираме така, јас му раскинав без проблем. Едноставно не одеше веќе така.
    Инаку, и јас мислам дека е добро да се чува во тајност врската на почетокот. А ако двајцата решат, или ако има причина-може и понатаму. Само они двајца да си знаат, без никој од страна да се меша. Не е лоша работа.
     
  17. Mis..ica

    Mis..ica Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Vo pravo si i jas go skoro veke 2 ipol godini istoto dozivuvam ne trebase da go dozvolam jas sum mu samo za drapanje i on si se zadovoluva, a neli treba da kaze na drugarite da izlezeme zaedno, ali mnogu e tesko pa i da go sakas a da ne mozes da mu kazes mn e tesko da si zaljuben :/
     
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Не сум имала ама би сакала.Ама мислам дека се слатки,возбудливи и романтични.... :)
     
  19. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    па откако се смиривме со дечко ми се договоривме барем првата недела да не кажуваме на никој дека сме смирени...колку што беше интересно,толку беше и глупаво:/
     
  20. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Беше многу слатко,ама и кратко,авантура.
    Така е тоа во тајните врски - или се долги,романтични и „Што помалку луѓе знаат за мојата среќа,толку ќе бидам посреќна’’ - или пак тоа се е само пламенче.

    Сеедно,ако е страст ќе помине,ако е љубов - не.
    Ми се допаѓа ова..