Врска во тајност

Дискусија во 'Врски' започната од Miss-HeLL, 25 мај 2012.

  1. TwillightSaga5

    TwillightSaga5 Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    И јас имам тајна врска но на почетокот не ми беше тоа нормално бидејќи мислев дека ќе ме изневерува но сватив дека не е така сепак нашата врска е тајна заради годините и секако тука ќе има многу озборувања
     
  2. cucii...ii

    cucii...ii Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    12
    и моево беше врска во тајност но пред моите. а вака и птиците на гранките имаа разбрано дека сме во врска. не се криевме пред друштво туку јас за моите дома си бев девојка без дечко. хах . на крај дознаа и сега се е во ред .

    што значи некогаш криењето не е лошо . но доколку се крие и во друштво , е тогаш јас мислам дека е се до срамот .
     
  3. malechkooo

    malechkooo Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    9
    Јас бев во тајна врска затоа што тој сакаше.. Без негово знаење рековв на една моја најдобра другарка.. од неа тоа неможев да го кријам.. Другите другарки приметуваа дека сме заедно.додека шетавме со другарките се со него си пишував пораки и не ги бришев.. исто така еден ден шетавме и телефонот ми беше во другарката и слушаше музика.. беше понапред од нас со велосипедот.. и заборавив на пораките.. по неколку дена се се откри. тие ми беа многу лути затоа што криев од нив а бев приморена.. само та што ја знаеше вистината беше со мене.. и јас ги подржувам тие што мислат дека не е во ред да имаш ТАЈНА ВРСКА.. заради едно момче можеш многу да изгубиш ако криеш дека сте во врска..:) :)
     
  4. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    27
    Првата врска ми бесхе тајна ама вторава не :)
     
  5. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.213
    Допаѓања:
    17.578
    Пол:
    Женски
    Требаше да биде во тајност ама уште првата вечер пола мое родно место дозна :inlove:
     
  6. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    А шо е финтава со тајниве врски ако смеам да знам ??
    Др ај да сфатам нешо пречка да се семејствата, ама тек онака ??
    Нели ви е некако понижувачки да идете со типот а да не смеете тоа јавно да го покажете ?? Буквално се криете за се и сешто .. Или да не речам ве кријат за се и сешто ..
     
  7. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Не сме збореле ништо во врска со тоа, ама освен мојата другарка и неговите 2-3 ца другари никој незнае.
    Сакам да го покажам пред сите, да кажам дека е само мој. Тоа не би можело затоа што и двајцата сме од различни градови а се гледаме во сосем трет, но барем на социјалните мрежи да бидеме тоа што сме
    можеби ова ќе звучи смешно и детски
    . Некако срам ми е тоа да му го кажам затоа што знам дека е глупост, а кога еден другар ме праша кој ми е дечко и го прашав него што да кажам и тој рече: Како што да му кажеш? Нема да кажеш дека сум јас :worried:
     
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Во ова не ги ставам врските на 15 години, па девојчето се крие од родителите зошто не и дозволуваат да има дечко. Тоа е тинејџерското, тоа е убавото на некој начин на тие години и тоа сите сме го правеле.

    Зборам за возрасни личности, кои се зрели за сериозна врска и кои знаат што сакаат. Мене самиот тој збор "тајна, тајно" ми се некако мистериозни, ми поттикнуваат уште многу прашања. Е сега не ја сфаќам поентата, зошто да биде тајно? Чиста глупост ми е тоа и секогаш ама баш секогаш има некоја лоша позадина во тоа. :^)
    Според мене нема ништо поубаво во тоа да шеташ со дечкото пред сите, да го држиш за рака, да го гушнеш или бакнеш кога сакаш, да те претстави како негова девојка, да му се јавиш кога сакаш итн. :inlove:

    Треба секогаш добро да се разгледа причината за таа тајна врска.
     
  9. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.389
    Допаѓања:
    8.331
    Пол:
    Женски
    A зошто ви е врската во тајност? Ако и тоа не е тајна :)

    Тајна врска можам да подржам само ако постојат некои пречки од стана на семејствата, ако се работи за партенри со различна вера и сл. причини и тоа во тајност, но некое време додека да се средат работите. Ради други разлози никако премногу е потценувачки и мизерно...
     
  10. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Не гледам друга причина да се криеме освен што мене малце би ме било срам од заедничките пријатели затоа што после многу кратко време стапивме во врска, макар и не ме засега многу.
     
  11. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Не ми се допаѓаат таквите врски :x
     
  12. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Oд тајност до тајност има разлика.
    На пример јас сум во така наречена врска во тајност,но најблиските знаат и плус ние од ваму таму не се криеме-туку не сме многу актуелни по јавноста.
    Не ни е важно кој знае,а кој не знае за нас.Едноставно си го гледаме животот.
    Највеќе мојата врска ја штитам од тие што сакаат да ми напакостат,па затоа и не сакам да гледаат дали јас сум многу среќна со него и дека се сакаме.
    А инаку онаа ептен тајна врска,криење на секој можен начин е катастрофа.
    Многу мразам такви работи,сега некогаш мора да има причина:родители,вера,години-ај за годините нема врска,годините се најмалку важни,но до одредена граница.
    Друга причина и не ми можела да има.Како ќе се почуствуваш кога некој ќе ти рече сакам да биде се во тајност?-Мислиш дека не си достојна за него и дека не вредиш ништо,како само да те искористува. :|
    Да ви кажам право не е убаво ни врската да е многу актуелна во јавноста,но не е убаво ни да е тајна.
    Да не знаеш веќе како да постапиш. |(
     
  13. anna.tesoro

    anna.tesoro Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Неодамна имав таква (кратка) врска, причината што се криевме беше тоа што сме втори братучеди. Тој не живее во Македонија и кога се запознавме...
    Знаевме и двајцата дека неможе да успее, иако за кратко време ептен се засакавме и се приврзавме, тој си се врати дома и така заврши. И си пишувавме после на фејсбук, ама џабе е што не бива, не бива. И кога ке дојде пак нема да ми биде сеедно, знам. Ептен се затрескав во него, ама нема да бидам со него, и така ќе мораме да прекинеме кога -тогаш.. па уште фали и домашните да не дознаат, кои срамови ќе бидат :doh:
     
  14. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    A што мислиш ти дека треба некакви церемонии за да се започне некаква врска?луѓе склучуваат бракови за краток период,не пак за врска :emo: ,синкир во брак си стапила за кратко време,па сега ќути срамови живи како ќе им објаснуваш на друштвото.Pаботава излегува ем ви иска,ем ви стиска.
     
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Една стара поговорка:Љубов,болест и кашлица не се крие.
    Ништо не останува тајна.Порано или подоцна ќе се дознае.
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.561
    Допаѓања:
    78.813
    Пол:
    Женски
    Ако врската ти е тајна, не треба ни да ја имаш !
     
    На Abeja и Prijatelot им се допаѓа ова.
  17. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Mnogu e tapa da kriesh vrska...... :)
    Mozhebi ne mora da se pravi neshto vo javnost, no da se krie..... ne e dobro.
     
  18. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Во моментов сум во тајна врска со оженет човек. Мислам дека доколку си начисто со себе и што бараш од таа врска мислам дека е сосема ок. Еве јас сум свесна дека тој никогаш неможе да биде мој и сум го прифатила тоа како факт. Искрено мислам дека ако планирате нормална озбилна врска тогаш нема потреба од криење, штом нешто се крие тогаш тука нешто не е во ред. Ако ви е само за авантура или некоја матрејална корист тогаш тајната врска е сосема ок.
    @poenta Доколку девојката е доволно дискретна и знае да молчи тогаш врската може да трае со години а никој да незнае за неа. Велам девојката затоа што ние сме тие кои сме љубоморни и брзаме сите да знаат дека е тој само наш.
     
    Последна измена: 8 август 2015
  19. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Машки
    Реално дали си во оваа врска заради некоја романтика и љубов (што мислам дека нема врска :D) или заради секс? Јас мислам заради второто. Т.е. имаш наведено “Ако ви е само за авантура или некоја матрејална корист тогаш тајната врска е сосема ок.“ како една од можните причини. Не е точно дека тој не е твој, кога е со тебе во тие моменти е твој и го крадеш од неговата жена, струмке лоша. :)

    Назад на темата... врска во тајност... за кого како. За мене не е ни лошо ни добро да се има врска во тајност. Ако таа врска првин почнува тајно без другите да знаат а на крај резултира со тоа да стане нормална врска за која ќе знаат другите можеби е ок, но цело време во тајност не е во ред затоа што има некоја добра причина заради која мора да ја држите врската во тајност, а во тајност цел живот не се живее. You can run, but you can't hide! Следете го ова мото и нема да зажалите. 8)
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    @NightBreaker Тоа што го ,,крадам" од жена му не е мој проблем, да е таа доволно добра не би бил тој со мене.
    Зарем ти не би бил со некоја ако е да речеме мажена а ептен згодма, зарем ти не би прифатил да бидеш со неа ако знаеш дека е таа дискретна особа.