Возбудливо звучи. Тајни средби, молк, мистерија... Но, колку позитивни страни има оваа врска, толку и негативни. Секогаш ќе постои сомнеж каде бил/а, со кого, зошто. Лично, не би. Можеби додека не официјализираме. Но сепак, тоа еден ден ќе излезе на виделина, не може да се крие, а сметам дека нема ни потреба. Читам врска со женети/мажени и се чудам. Глупости во боја, ја никогаш не би такво нешто.
Нормално дека би прифатил ако и другата страна сака не сакам сега да се лигавам и да лажам за лажни поени, се надевам ќе знаеш да ја цениш мојата искреност. Баш тоа пропуштив да го кажам во мојот одговор погоре. Врска во тајност е добро ако се знае дека таа врска нема иднина и дека е само на краток рок со многу флуиди и оргазми, а од љубов нема ни љ. На крајот на краиштата врска во тајност е врска без (об)врска.
Не ја мешај жената сега, туку кажи да е тој толку добар не би бил со тебе. Е сега можеби ќе се навредиш, впрочем и ти ја навреди жената. Колку и да му е добра жената и за секс и домаќинка, ако е тој сељак кој не може да си го задржи во гаќи пред секоја женска и да влегува во кратки секс врски со женски како тебе, на кои им е интересно цел живот да крадат туѓи мажи и да си лечат свои фрустрации тешејќи се дека тие се секс бомби и туѓите сопруги не им се до колена, се дотогаш, таквите мажи нема да бидат доволно добри. А ти живеј во заблуда дека си секс симбол над сите сопруги и домаќинки, "крадејќи" ги сељаците кои не заслужуваат ниту жени за сопруги ниту пак швалерки или не знам како да ги наречам. Ако имате муда ќе одите јавно а не да се криете. Се што се крие од очите на другите заслужува презир, срам, потсмев... Она што е убаво и што вреди секогаш е предмет за гордеење и за пофалби. Ако не ти чини жената/мажот, не биди сељак и кукавица, признај јавно, не се криј со било кого по ќошиња.
Во тајност врска би држела (хипотетички нели оти веќе не размислувам за врски, освен ако не начекам некој многу згоден како што вели Струмка па пошто убав човек во живот немам видено одма да ги кренам двеве во вис) само ако мене така ми одговара од не знам кои причини, а тој се сложи. Значи тоа да е единствено мој услов. А да јас сакам да излегувам со него во јавност а тој сака да крие, не, никако. На таква мака не се изложувам, it's my way or the highway
Мир мир женски немојте да се степате, кај најдовте сега да се карате кога треба да излезам за 10-15 минути, мислев да ве разделам ако сакате да се степате. Факт е дека ни женските ни машките не се цвеќиња за мирисање. Некои мажи/жени се и секси и мирни (си го контролираат меѓуножјето), а некои се сексуални ѕверки. Оваа тема има потенцијал многу за анализа и дискусија, ама тоа после кога ќе се вратам ќе се доискажам. До некаде се согласувам со тебе @Abeja не е убаво да се краде маж/жена од нечија врска или брак... но сепак... ако и двајцата свесно влегуваат во таа авантура и превара... и двајцата се виновни иако се чини дека едната страна е секогаш малку повиновна.
@Abeja Баш сељаците се тие кои ќе се оженат со една и цел живот ќе гледаат во неа како да е последната на светов, додека оние кои знаат да уживаат во животот не би рекла дека се сељаци. @Bridget Секако дека условите ги поставуваш ти во спротивно ако играш по негови правила тоа би било уцена а ти не би билс дама. Веројатно на секого а посебно на оние што се во подолги врски може да му се скучи да одлепи по некој друг. Некои ќе се повлечат и мечтаат за тоа цел живот а некои едноставно ќе го направат тоа.
Тие што целиот живот остануваат верни на својата жена се вистински мажи а не сељаци.Доколку сака целиот живот да го помине со многу жени и да не гледа само во една немора воопшто и да се жени,нека си биде цел живот ерген и нека прави што сака.
Каков низок став. Се надевам дека се зезаш на форумов и дека не си го трошиш животот така како што се претставуваш, бидејќи жалосно е млада жена како тебе да дозволува животот да и се состои од трчање по туѓи мажи кои ја оставаат како употребена крпа која на крај завршува како неупотреблива и во канта. Кое е задоволството тука? Значи за тебе оној кој се оженил со една а секој ден е со ново ороспиче зашто тој е фраер нели, не бил сељак. Ако не е сељак нема да се крие по коли и ќошиња со секакви ороспичиња туку јавно ќе излезе со нив, нека го видат сите дека не е сељак. А како прво, немало да се ожени, ќе си го терал животот и секој ден "кучето негово на секоја коза со шминка ќе се пали". Цитирам песна од Студени нозе. Кое понижување е да бидеш нечија секс играчка од која сопственикот ќе се срами и нема да сака да ја покажува во јавност. Покрај другото, без никаква емотивна, ниту материјална корист, дозволуваш да ти земаат дел од животот а ти си мислиш дека уживаш во истиот. Можеби ни бракот не е мерило за животно задоволство, ама да бидеш искористен и оставен безброј пати по твоја вина и наивност е премногу мизерно.
Vistinskiot maz nikogas ne bi si ja izneveril zenata.Ke te prasam koga ke se omazis dali ke go imas istiot stav. Ne mi e jasno kako moze mlada devojka pri zdrav pamet sama da se zakopa vo sram i da si naprave takva reputacija na ... (site znaat kako gi vikaat tie licnosti sto odat so zeneti mazi)...
Сметам дека денес постојат многу повеќе тајни врски отколку порано, можеби сум грешка, не знам... Но, јас сум била во тајна врска по барање на дечкото и не ја сфатив целта на таа врска иако "постоеше"... Моја другарка е сега во таква врска... Зборувам за тајни врски во кои двајцата се слободни. Епа ајде да слушнам ваши искуства, мислења, дали ви се прифатливи ваквите односи итн... Можеби конечно ќе разберам во што е тајната.
Јас лично не би била во таква "врска". Не гледам никаква поента во тоа, очигледно е дека или не те сфаќа сериозно и сака да оди и со други, или не сака да го гледаат низ град со тебе. И каква е таа ВРСКА а и двајцата сте СЛОБОДНИ? Ова нешто врска-неврска ово оно Ма ја ово не разумем, нисам одавде
Не знам зошто толку се замараш ти конкретно за тајната на ваква врска. Кој што сака и како му е убаво на душата нека си прави. Ако на нив двајца им е ок нема причина зошто ти или не знам кој да пикаат нос во туѓ однос и живот. Тајната ја нема, секој живее како што сака, тајна не тајна, слободна не слободна врска, тоа е желба и став на некој кој размислува така. Јас не гледам дека тука некој е крив и повредува друг, се додека и двајцата го сакаат и живеат истото.
@vitamina, се интересирам конкретно за тајната на ваква врска зошто бев во ваква врска, а не дека се мешам во туѓ однос и живот. Не знам зошто така си ме сфатила. @kim.k, под тоа слободни, сакав да кажам дека не се работи за однос кој е таен бидејќи некој е во брак и сл. Претпоставував дека погрешно ќе бидам разбрана со моево мислење, но сакам да слушнам некои искуства, размислувања и сфаќања за вавите врски. Велам врски поради тоа што зборувам за односи кои траат.
Кој е слободен во тајна врска (патем такво нешто не постои да постоеше немаше ти да знаеш за таа врска на другарка ти, мал е светот се се дознава) ... девојка ќе започне врска со некого и е слободна? Нешто неми штима овде не верувам дека има момак што би рекол и би го мислел тоа, тој го мисли ама за себе не за девојката Нема такво нешто, каква сака нека е врската емоции играат улога и тука таков договор маж не прифаќа, а девојка зш би прифатила тоа никогаш нема да го разберам.
@Outlook, луѓе изгледа не е до вас, јас не знам да се изразам....... Слободни кога кажав не мислев дека се слободни да прават што сакаат. Кажав слободни бидејќи не се во брак. И каков збор стана за емоции? Нормално дека има емоции кога постои врска.
Можеби јас погрешно сум разбрала ама кога ќе се стави во една реченица тајна врска и слобода, зш под слобода се подразбира single во ваков сличај, не слобода во врска како пиење кафе со пријателки. А се наметнува тој тренд денес некакви квази врски што не водат никаде, така што можеби и не е до твоето изразување туку до тие "модерни" текови, глупост тешка или супер deal за оперирани од најубавите емоции и некогаш си мислам секоја чест како ли само можат не знам.
Тајна врска кога ќе слушам, ме асоцира на варање. Од кој би можел да се крие освен од девојка му. Сигурно не би се криел од баба му.
Има смисла и тоа ... добро на почеток додека не се знае што каде, како ќе оди не е лошо мала дистанца да има, во смисол запознавање со пријатели и сл. ама баш да се таи, тука веќе нешто е матно.