ke mozi li nekoj da mi dade svoe mislenje vo vrska so moeto prasanjee prethodnoo ...plsss sakam mislenja
Мислам дека за ова најдобро си знаеш ти...Се зависи од тоа колку често се гледате и какви ви се средбите...Како тој се понаша со тебе...Зошто не се обидеш и да го прашаш,да направите муабет.Ако постојано ти зборува како му недостигаш сигурно те сака Значи се зависи од однесувањето од негова страна
claudi,ne bi sakala da te razocaruvam ama 5 godini e mnogu vreme cim e vo stranstvo i ne se gledate cesto moze i da te ima iznevereno sepak kako sto i sama velis si ima drug zivot tamu.megutoa mozebi i ne,ne mozes da znaes..kako i da e ako ima ljubov pomegu vas taa ljubov moze da opstane.ima mnogu vrski na dalecina so uspevaat i zavrsuvaat so brak,,ima i mnogu vrski so ne uspevaat..dalecinata ne e sekogas presudna.presudni se emociite kolku gi ima,i dali vistinski si odgovarate.ona sto sakam da ti go kazam e--nemoj da se opsednuvas so toa dali te izneveril ili ne,stom ste na dalecina,nitu mozes da go sprecis nitu mozes da doznaes..togas zasto da se zamaras i nerviras nepotrebno? stom go sakas toj covek odrzuvaj ja vrskata,ama sepak imaj i rezerva,zaso neznaes utre so moze da mu tekne..ama sepak ako ne te sakal,ne bi odrzuval vrska 5 godini so tebe zarem ne? ti stiskam palci.
pa jas znam deka toj me saka i jas go sakam najmnogu i sekogas mi kazuva kolku me saka kolku mu nedostasuvam kolku saka da sme zaedno se gledame na 2 meseci po 3-4 dena neli e malku toa no sepak ko ke sum so nego mi e najubavo presrekna sum ... i normalno deka ako ne saka da odime seriozno ke raskinevme do sega .. no jas sum malku ljubomorna a znam deka izleguva so drugi ima nekoi koi mu se imaat pustano i toj sam mi ima kazano i demek nema nisto napraveno a se slucuva pak da vidi so istata vo drustvoto i toa me pravi mn nervozna... neli i da me izneveri jas nema nisto da znam zosto nema koj da mi kazi a i ne e budala da raskini so mene i pokraj toa sto me izneveril neli 5 god vrska ne se malce ...... koga i da go prasam dali me ima iznevereno mi kazuva ne no toa e normalno ne ocekuvam da mi reci da iako me izneveril....
Верувам во врска на далечина...Сведок сум на една таква... Тој е од Германија. Го запознав кога имав само 14 години и бев на гости кај тетка ми... Тој имаше 15... Се запознавме и се дружевме... Наредната година кога отидов во германија се случи нешто пто никој не можеше да го предвиди... Се фативме и почнавме да одиме... Се уште сме во врска и ни оди... Веќе утре треба да пристигне тука... Ќе биде тука околу 3-4 месеци а потоа ке одам јас со него во германија... Да ги применам досега стекнатите знаења (студирам филологија-странски јазици) ии се надевам дека нашата врска ќе прерасне во нешто посериозно.. ии за крај... ДАЛЕЧИНАТА И ГО ПРАВИ НА ЉУБОВТА ОНА ШТО ВЕТРОТ И ГО ПРАВИ НА ИСКРАТА... АКО Е МАЛА ЌЕ ЈА ЗГАСНЕ, АКО Е ГОЛЕМА ЌЕ ЈА РАЗГОРИ УШТЕ ПОВЕЌЕ...
на ова ќе кажам дека багуфче не е се во зборовите битни се делата.Секој може да каже нешто и притоа да не го мисли важно е да го чувствува.Ако го покажува со дела тогаш е добро .......
jas ne deka ne vervam vo vrska na dalecina ama sepak ne ja opravduvam,....jas licno nikogas ne ni sum probala takva vrska oti se plasam od vrski na dalecina.za primer tatko mi i majka mi se od dva razlicni grada i uspeale vo svojata vrska i do den denes se zaedno ama ete jas ne bi preporacala, da ljubovta ne znaj za granici, za godini...ama zvuci malce rozevo seto to sepak najbitno e coeko so go sakas i te saka so si zaedno da e do tebe vo sekoj moment, a so fajde ako ti imas decko i toj e avstralija i koga ti se slucva neso tesko( aj da ne recam ama ke spomnam primer ne daj bose smrt na blizok) i toj so sakas da te tesi go nema daleku e ...i kolku da te saka ako nemozi da se vrati dzabe e ...i pederskiii
Јас имам врска на далечина. Заедно сме скоро 2,5 години. Во почетокот поретко се гледавме, ама сега откако студираме во ист град почесто сме заедно. Не сакам никогаш да го изгубам, премногу го сакам, а и тој постојано ми вели дека многу му недостигам, многу сум му потребна, криво му е што не сме од ист град за да излеземе навечер да прошетаме како сите парови. Баш овие денови паднав во депресија и тој многу ми фалеше... Чудно е чувството кога некој толку многу ви фали, толку многу ви е потребен, што би направиле се само да можете да го гушнете онака силно... Во овој момент ништо повеќе не ми треба. Само неговата прегратка, неговото нежно галење по косата и бакнежот во чело. Аххх............. Верувам во врски на далечина, но за да опстојат истите бараат многу трпение, жртви, љубов, доверба и разбирање. Само така ќе има успех!
Врска на далечина...мојата реалност последниве...незнам веќе, мислам 5 години. Конечно заврши годинава...позитивно Инаку накратко мојата приказна: тргнавме мали јас бев трета средно, одевме 3 години па потоа он одлучи да го продолжи образованието надвор од државата. Познавајќи го добро, знаејќи што му значеше тоа во тоа време се помирив со ситуацијата и прифатив. Траеше 5 години. Таму три месеци тука 2 па пак таму и така постојано. Тешко е....многу многу тешко, што и да кажам мислам не можам да ви опишам како сум се чувствувала во некои моменти. Тоа е жртва огромна жртва, и може да успее еве јас сум сведок ...да не се урочам ама за сега е супер. А верувајте имавме проблеми ...не е лесно на 20 години да се помириш со фактот дека ке си славиш сама роденден, имаш дечко ама не можеш да го гушнеш ти кога сакаш, ке си почекаш ако сакаш за нешто да направиш муабет да се опраи интернетот, ке си седиш беспомошно покрај компјутерот неможејќи да му помогнеш кога е болен и сам, сосем сам...итн итн. Може да опстане ама со премногу жртви од двете страни , многу работи во тој период зезнав...јас самата се променив станав друг човек...можам слободно да кажам дека беше еден од најтешките периоди во мојот живот. Ама издржав , еве се врати тука е веќе година заедно сме и убаво ни е. Требаше време да се навикнеме на промените што се случија додека не бевме заедно ама ете ... Така да мој совет...ништо не е перфектно, се во животот е борба, можеби некогаш ќе дадееш се од себе па пак нема да заврши најдобро, мораш само да веруваш во твојата одлука и да си сигурна дека тој човек вреди толку жртви од твоја страна. Јас мислам успеав бидејки знаев дека пред се го чекам мојот најдобар пријател
можно е да те изневерува 5 години сте одалечени и се чудам како може да ви опстојува врската а сте толку одалечени и тоа 5 години поздравче
Верувам во вакви врски. Ако личностите добро се познаваат и си веруваат, тогаш таа врска може да опстои. Но ако има сомневања и такви работи, тогаш подобро е да раскинете него да си ја чукате главата додека сте одделени и да се оптоварувате со прашањата ‘Што прави тој таму сега..?Да не ме изневерува?!‘ Тогаш значи не му верувате. Братучетката на моја другарка живее Канада и доаѓа во Македонија само за зимскиот и за летниот распуст, дечко и е тука, одат 4 години, а таа таму живее од пред 8 години...Па супер им е врската, опстојува. Нема врска далечината, важни се чувствата. Ако се сака, се се може.
zdravo devojki jas sum nova na forumov i sakam site da ve pozz i jas imam vrska od 2 god ama decko mi e od srbija i ne se gledame bas cesto a se sakame barem za mene znam ...ponekogas mislam deka ovaa vrska nema smisla no sepak prodozluzvam..iako site mi velat da ne go cekam bala bla bla... bi sakaala da slusnam sovet od vas
Па добро за разлика од нечии тукашни искуства на врски со далечина па барем оваа би можела повеќе да опстои.Србија епоблиску и можеш колку толку да одеш таму и тој тука.Како што кажаа и другите битна е желбата,љубовта,истрајноста и пред се довербата.Некогаш далечината си има и свои позитивни страни.Ако двајцата се сакате би успеале зошто да не!
јас незнам зашто ама имам некоја желба да имам дечко од друга држава а и ми се пружа таква можност само некако јас се чудам каква ке биде таа врска жити се на пр тој србија јас македонија??? + јас малолетна тој не.. мислам нема шанси да имам таква врска нели?
Сакам да слушнам ваше мислење... на оваа темаа... Имам дечко од охрид а јас сум од скопје одиме веќе 1 месец.... сто мислитее.. дали врските на далечина успеваат....? се сомневам декааа ме вара... во поцетокот беше многу заинтересиран последниве неколку дена тој не ми се јавува претходно спиевме на телефон.. и се правда дека имал работаа немал кредит....му верувам... алии не ми е верноо дек ан емозе ни 1 секунда да најде да ми се јави од било каде па и од трафика
Ех летни авантури... Мноогу ретко која преминала во врска.Инаку гледам имаш 15 години,многу си млада и би те советувала да не се замараш многу со него и со тоа дали ќе биде врска како што замислуваш или не.Реално ова нема да трае долго.Излегувај шетај си со другарките забавувај се..уживај има време за посериозно нешто.
Порано не верував во вакви врски на далечина,но ете ми се случи и мене Дечко ми не е од мојот град..не делат околу 100тина км..И одиме повеќе од 10 месеци..Колеги на факултет инаку..Му верувам-ми верува,го сакам- ме сака и супер ни е