Само ако има план и желба за заедничка иднина. Ако далечината е за студирање, работа или слично. Во спротивно нема зошто да е на далечина, бар не сериозна врска со план за брак и заедничко живеење. Сега ако е средношколска, студентска и живееш во различен град во мк, мк е мала можеш еднаш неделно да се гледаш и според мене не спаѓа тоа во врска на далечина
Vrska na dalecina ccccc na pocetokot ke mu nedostigas posle ke se prilagodi na situacijata,posle poretko ke se slusate oti e zafaten,I na kraj ke svatis deka prestanal da te saka....Moe mislenje
Ako se saka se mozi, sum bil oddslecen 300 i kusuro km pak sum ja sakal i sum bil lojalen... od 3 vrski dve mi bea n a dalecina..
Ќе поминат, не се оптеретувај премногу. Ќе ти биде тешко на почетокот додека се навикнеш особено ако сте се гледале често, но не размислувај негативно. Сега барем можеш да го видиш на камера и слушнеш кога и да посакаш. Додека сте и двајцата посветени на врската, ќе биде ок. Сфати го ова како тест. Ќе видиш колку сте спремни и двајцата.
Тука бевме заедно година ипол,потоа се преселија фамилијарно на друг континент.Во тогашните услови ги искористивме буквално сите ресурси да одржиме комуникација,требаше после една година да дојде барем на кратко,но тоа не се случи.Имаше купено прстен за кога ќе дојде да си дадеме ветување,но времето минуваше ние се обидувавме да ја одржиме љубовта без физичкото меѓу нас и како зачекоривме во втората година(вкупно 3ипол години врска) без да се видиме сфативме дека не можеме повеќе така…последно ми се јави кога го фрлаше прстенот во студените води на Пацификот и двајцата плачевме многу. На електронската пошта сеуште стојат писмата со збогување.Ниту се скаравме,ниту си погрешивме,едноставно се разделивме,или пак судбината не раздели. Една чиста,младешка,искрена љубов,за мене многу драг спомен! Спојлер Се изненадив кога ми излезе на фб слика од неговата свадбена фотосесија(моја пријателка беше означена од невестата) ,локацијата беше нашето место каде се состанувавме,и ден денешен стојат нашите букви издлабени во кората на стариот јавор а и на клупата,па и на еден од ѕидовите на една стара запуштена куќа. Тамо где љубав почиње Дури и големите љубови се распаѓаат на далечина.
Не знам како би имале доверба еден во друг, запознаети онлајн, а само неколку пати да се имаат видено во живо?
Имав ваква врска пред неколку години. Огромна беше нашата љубов, но со тек на време далечината стана поголема од неа Решивме дека е најдобро да се разделиме иако чувствата сеуште беа присутни. Се надевам дека е среќен...
Со сопругот така ја започнавме нашата врска,јас во Македонија тој во Швајцарија, бевме разделени 2 години,потоа откако се земавме уште 1 година без да се видиме. Мое мислење е дека ако се работи за вистинска љубов и вистинска личност тогаш далечината не може да ја уништи туку само да ја зајакне вашата љубов.
5 godini bevme vrska na dalecina,koga se saka se se moze... i po 8 meseci ne se gledavme samo togasen skajp na kamera dremevme,potoa dojde zaedno ziveevme i posle nekolku godini zaedno zivenje krunisavme vo brak
Очигледно не била доволна љубовта, вистинската љубов победува се,па дури и далечината,далечината би требало само да ја зајакне вашата љубов, но очигледно не била вистинска.
Точно е,слично и јас имам поминато и се сложувам со тебе дека кога се сака се се може, навистина не ги разбирам овие кои пишуваат дека огромна била љубовта но далечината победила како?
Pritoa da.kazam bevme 1.god vrska.koga jas odluciv da.se.preselam vo druga drzava normalno bese deka.odam na se ili nisto,jas togas mu rekov deka ne se proagam tuka ( Mk) i deka ne sakam da.vejam znaminja da.bi imala rabota,da se.plasam sefot ( so osnovno da ne mi se deri) on samo mi rece: ok stom sakas koj sum jas da.te sprecam,cuvaj se tuka sum te.cekam.... 5 godini sonuvav za.odmor od 2 nedeli da se.videme,ili da moze.da.dojde on makar na 2 nedeli... po 8 meseci ne se gledavme no uspeavme..a imase i te kako muabeti: Bog znae so koj e,ke te zaebe ( Mk mentalitet) mene mi pusta sliki od nego demek so zensko drustvo,negovite go pritiskaa da me pobara za zena demek da ne pati sinko,moi poznajnicki mi velela se i sesto,no jas znaev so koj sum i znaev koj cekam i za.sto se.boram... koga zede.Bg pasos i dojde site sto zborea prodolzija da zborat,nie posilni od se uzivame vo naseto gnezdo... I te.kako se moze samo vrskata na dalecina bara mnogu doverba,mnogu pozrtvuvanost,mnogu skratuvanja od dosta zadovolstva,dosta solzi nostalgija...no koga ke ste zaedno se nadoknaduva na se! I se uziva!
Се сложувам со тебе, и во мојата ситуација имаше такви муабети оф страна од типот којзнае со која е сега,којзнае каде е, далечината ќе ве олади и слично. Секако дека има и караници,и расправии и солзи. Но сето тоа се надминува кога љубовта е обострана.