Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.765
    Допаѓања:
    266.750
    Те разбирам оти и самата сум во таква врска, но не се оптеретувам дали ќе успееме.

    Си има тука и зошто и затоа, на двајцата моментално ни одговара да не се сели ни едниот.

    Не е лесно кога ти фали, ама зависи како ќе ја прифатиш ситуацијата. Има моменти кога ми е многу криво, но повеќето од времето сум ок, знам зошто во моментов нема никаква логика никој да се сели.

    Ме прашуваат, тоа ми пречи, какви ни се плановите. Плановите ни се краткорочни, двајцата излеговме од огромни врски, јас со вереник живеев претходно, тој малтене во брак со бившата, немаме волја за долгорочни цели моментално.

    Секој во својата земја се фокусира на напредок во животот, надежно ќе ни се спои живеачката, но ако не се случи тоа, сепак ќе биде барем за мене, еден многу убав период од животот, кога сто срања ми се случувале.

    Убаво ни е како што е, дали "ќе успееме", времето ќе покаже. Важно е што се трудиме :)
     
    На iloveyou29, Marta91, CoverGirl10 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Mysterious Woman

    Mysterious Woman Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2022
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Vrska na dalecina ne e ni malce lesna iskreno ja imam vrska so eden decko on e od stranstvo jas od tuka i sme zaedno veke godina i 2 meseci
    1000km odaleceni da malce e tesko i sega imame nesto kako kompliciran slucaj pa se nadevame ke najdeme resenie
    Ja koga sakav kraj da stavam sam se pojavi pred mene dojde iznenadno vo mkd i se pojavi i bev vo sok se vidovme 3 dena po red nemavme nisto intimno seuste mozebi ama zboruvavme za se
    Osetiv i vidov deka samo mene me saka kako i jas nego
    I resivme samo on da sredi tamu sto ima i ke dojde tuka da zivee
    Mnogu predizvici preziveavme zaedno problemi nedorazbiranja
    Imam doverba vo nego kako i on vo mene
    Samo treba mnogu trpenie zivci i doverba i celosna samodoverba vo sebe
    I ke uspee
     
    На little women и Ceci16 им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.325
    Пол:
    Женски
    Можеби и е добро што не се оптеретувате премногу, мислам дека многу е битно двајцата да сте на иста страна во вакви случаеви, наместо едниот само да се оптеретува. :) Па ако ви се поклопат коцките ќе успеете.

    Кај нас оваа година работите тргнаа на посериозно. Почнавме лани да комуницираме, но повеќето беше лабаво, краток период го немаше на интернет па се врати. Оттогаш почнавме поактивно и посериозно, со зборување за иднина. Не е уште 100% сигурно кој каде би се селел, но последно тој сакаше да дојди тука ако успее. Секако најдобро е само да се видиме претходно (што ми е веќе во план за летово со еден настан таму, само да ме примат), да видиме како ќе е во живо, иако многу ме мислат луда за ова, едноставно чувствувам дека ова е тоа што треба да го направам, следниот чекор за мене.

    Но, треба време уште..
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.765
    Допаѓања:
    266.750
    И ние се запознавме на нет, ништо поразлично не беше како и со куп луѓе на нет што сум ги запознала па пријателски си продолжил муабетот, најнормално.

    Не си луда, што поскоро да се запознаете, ќе имаш најдобра претстава за понатаму :)
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Не сум имала врска на далечина, но би била во таква врска. Ако љубовта е вистински, искрена без манипулации и доверба би успеала и на огромни растојанија.
     
    На st-el, hermosa, Ceci16 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. little women

    little women Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2023
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Ako se smatra toa sto soprugot dodeka mi bese decko bese nekolku pati vo stranstvo na podolg period togas i jas se priklucuvam na temava.. odlicno ni odese se borevme eden za drug i se isplati se toa.. kako sto kazaa pogore podobro da se proba i da ne uspee nego da ne probas i da ti e krivo.
     
    На Mumoftwo30 и Arjanit2021 им се допаѓа ова.
  7. Millicka1

    Millicka1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2023
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Јас и сега веќе сопругот, девојки првите 4 години ги поминавме на далечина се гледавме еднаш на 2-3 месеци. После тоа он замина за Англија се немавме видено долг период скоро 1 година. И се разбира почнаа константни проблеми, оладување итн. Слободно можам да кажам после вкупно 4-5 години врска на далечина одлучивме или ќе бидеме заедно или секој по свој пат. Заминавме Германија еве веќе 5 година, веќе сме и во брак. Така да се се исплајка на крај. Меѓутоа јас осетив дека колку и да го сакаш некој, со текот на годините далечината станува НЕПОДНОСЛИВА.
     
    На sj *O*, Jane.Birkin, Cinnamon Bun и 2 други им се допаѓа ова.
  8. SanjaSt

    SanjaSt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2020
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Женски
    Не едноставно не и не.
    Бев 3 години во таква врска, типот од ниско ниво на самодоверба едноставно ме "гушеше" за буквално се и цело време мислеше дека го изневерувам. Јас- часна сестра седи дома и сѐ објаснува, додека дечкото движел по клубови у странство со ниско морални женски а мене кажувајќи ми како е сам со другар. За на крај да се врати за стално во МК, да дојде до раскинување и веднаш да стапи во врска со моја другарка. :hai: Двајца дебили:D
    Од искуство no.
     
    Последна измена: 10 август 2023
    На Agness, Spicy Senorita, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ♡ Cinderella ♡

    ♡ Cinderella ♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2023
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    2.946
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно НЕ.Врската на далечина си има предности и мани иако повеќе има мани.Знам парови кои успеале и се долги години во брак,ама јас лично не би.
     
    На Jane.Birkin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.765
    Допаѓања:
    266.750
    Еј, се додека постојат Карло и Сара (на тик ток ги открив) надеж не се губи :D
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.995
    Пол:
    Женски
    Мојата врска на далечина успеа и еве сега стапуваме во брак за 20 дена. Далечината беше и мачна и тажна но и двајцата си ветивме дека ќе успееме и еве успеавме. Вредеше сѐ.
    Но да, претешко е. Пред да се впуштите во вакво нешто преиспитајте се безброј пати дали вреди и дали тоа е правиот човек за кого би оделе по ваков стрмен пат. :)
     
    На sj *O*, potatoface, elimkd и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.325
    Пол:
    Женски
    Многу сум среќна што го читам ова, дава надеж. :inlove:
    Ние треба за две недели да се сретниме, за прв пат, скоро сѐ е средено и ме фаќа возбуда голема. :D
     
    На cresa-jagoda и Cinnamon Bun им се допаѓа ова.
  13. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.995
    Пол:
    Женски
    Мене просто не ми се верува, секогаш бев скептик за таквите врски, а сега самата се вброив во категоријата на успешни приказни. :inlove: Дојде крај на недостигање, долги видео повици, константно развозување навака натака и сега живееме под ист покрив. :$
    Инаку со среќа! Тој ден на првата средба е посебен, магичен, и во моментот кога ќе сватиш дека не сонуваш и дека стварно е физички пред тебе ќе ти дојде да вриштиш и од среќа и од неверување. :lol::l:
    Чекам импресии! :D
     
    На iloveyou29, sj *O*, potatoface и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.325
    Пол:
    Женски
    Дајбоже секогаш да сте среќни така.:hug:

    Мене не ми се верува уште дека моментот иди кога нема да го гледам само преку телефон и на камера туку во живо пред мене како реален човек, само си замислувам како ќе биди. :inlove:
    Само да се сретниме, секако ќе кажам.:l:
     
    На Cinnamon Bun, cresa-jagoda и Billy Idol им се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.325
    Пол:
    Женски
    И се случи.. поминавме заедно цели 10 дена. Навистина сфатив што значи она кога ќе речат времето најбрзо врви кога најубаво си поминуваш.
    Овој пат јас бев кај него, следно тој кај мене. Ме пречека со македонско знаме на аеродром, се изгушкавме, се бакнавме. :inlove: И почна авантурата. Човекот воопшто не ме разочара, баш каков што беше и онлајн. Поминавме многу квалитетно време заедно и направивме спомени.
    Ама и на броените денови им дојде крајот. Дојде време да се вратам во Македонија, и тука најтешкиот дел. Плачев на аеродром и го гушкав дури дојде време за бординг. Тој сакаше да биди силен, но мала солзичка успее да му избега. Си поплачив и во авион после. За мудот да е поголем дожд истураше надвор.
    Ужасно многу ми фали, толку долго чекавме, се видовме, помина и тоа, сега одново пак чекање.. Но мора така дури се среди сѐ.
    Само тој што бил или е во ваква врска може да сфати колку сурово е. Кнедлата в грло додека си одиш накај авионот сама. Ама пак добрата страна е што воопшто не се земате здраво за готово, повеќе го цените времето поминато заедно, и ако успеете да се справите со далечината потоа ќе сте скоро незапирливи заедно.
    Вреди да се проба, дефинитивно вреди. :l:
     
    На manako1, sj *O*, potatoface и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Ќе кажам нешто и веројатно ќе зажалам за истото. Ама, живеам во град каде 90% од млади/постари одат на арбајтен во Немачка. Ако си во врска со некој таков, дека ќе бидеш изневерена или нешто друго, шансата ти е огромна. Глумат добри и фини дури се тука во МК, кога ќе заминат таму се опуштаат на најјако, како куче од синџир, имав јас слушнато и за друг тип на клубови ама веќе знаеш изгледа. Јас контакт со нив заобиколувам во широк лак.
     
    На Jane.Birkin и little women им се допаѓа ова.
  17. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    10.860

    [​IMG]


    Душа мила :l:

    Ептен те разбирам бидејќи го поминав истото и јас.

    Годинава славиме 5 години заедно со маж ми, а се започна од фемина четот и таа врска на далечина.


    Ти посакувам од срце и вие двајца да се средите и да си бидете заедно, а не одвоени

    Гушки , ептен ме разнежни твојот пост :hug:
     
    На sj *O*, Hisha, little women и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.325
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу :hug: никогаш не знаеш каде ќе пронајдиш некого. :inlove:Ама да, многу труд треба за да успееме.
    Ви посакувам и вас да сте среќни секогаш и да ви се множат. :l:
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, little women и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.995
    Пол:
    Женски
    Многу ми е мило што сте си поминале преубаво :l::$
    Биди силна, нема вечно да е вака.
    И јас еве иста сум си плачам, денес си замина, но овој пат си замина како мој сопруг, се венчавме во саботата. :inlove:
    Последно разделување и во нашето наредно скоро видување тоа ќе биде конечна преселба и засекогаш заедно! :inlove:
    Бидете силни, со силната љубов сѐ ќе пребродите, а времето ќе летне и ќе бидете повторно заедно :l:
     
    На manako1, sj *O*, little women и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.325
    Пол:
    Женски
    Колку ми е мило за вас, цел живот да сте среќни заедно. :l:
    Се трудиме да сме силни и да се поддржуваме еден со друг секој ден, велејќи дека ова е привремено, дека еден ден голема среќа нѐ чека. :inlove:
    Се надевам стварно ќе успееме, тоа што го видов во живо и поминавме време заедно ме направи повеќе да го засакам. :$
     
    На Cinnamon Bun му/ѝ се допаѓа ова.