Епа јас сум имал таква врска и машко сум. Тешки се да, ама знаат да имаат и свои предности и како тест за што понатаму.
Реално...зависи, како е почната. А зависи и далечината. Ако е почната ,,на близина,, па префрлена на далечина, можеби и би функционирала до наредното зближување. Ако е од старт ,,на далечина,, ми се чини дека е одложување, т.е, губење време, за тоа што понатаму. Као, од старт идеализираш, живееш со таа идеализација, недоволно време во реално функционирање заедно, да приметиш дали нешто не штима.
Знајш кога че дознајш дали некоај е вистинска за тебе? Ама настрана ова далечина или било што. Ко че почните да разговарате за финансии. И секако низ дома кој како се снаоѓа и што прави, ако воопшто прави нешто (се грижи за се по дома)
Јас би рекла, кога ќе ви се расипе нешто дома а живеете заедно, т.е кога ќе треба да платите по пола. Пример машина за миење садови, ако рече па ќе миеме на раце, или ти ја користиш повеќе, ти дај пари за нова, или ништо не вика со надеж дека ти ќе одиш да купиш самата со твои пари машина за миење садови.. Ако тогаш се испокарате, или не се сложите, маф ви работа.
Пих, за финансии одма ќе разговараме и ќе се договориме. Има толку многу работи кои може да се битни, вредности, принципи, кој што и како јаде, кој што и како спие...Дел можеш и покрај далечината да ги видиш, дел не можеш. Затоа и реков- одложување. Секако, ако некому таква врска одговара како долгорочно решение, без барање на ,,вистинскиот, , и без тенденција за наредна фаза, исто може да функционира.
Еден од побитните фактори е за да знаеш дали е човек што можеш да поделиш и планираш и слично. На далечината како што реков че видиш дали на некого му значиш и колку си издржлив. За love-bombing ги има со лопата да ги риниш и за оние што спуштаат ѕвезди и ветуваат брда и долини.
Врска на далечина освен болка и уште поголема осаменост, гледаш среќни парови фатени за рака, седнати во кафуле се смешкаат, се бакнуваат а ти со телефонот и видео повикот в раце и мечтаеш до следно видување броено во денови, саати, минути… како изминува времето и доаѓа момент на разделба така ти се крши срцето на милион парчиња, кое е тука задоволството и предноста на таа врска на далечина?
И вие сте во право не е за секого таа врска откај знам, јас дека две од четири врски ми беа и ми беше сосема океј...
Како би го видел уопште тоа се чудам? Како, ако не го поминувате времето заедно? Ај сеа да не се лажеме мислам, видео кол, чат и средби и комуникација во живо во реалноста, се дијаметрално различни нешта. Не дека правото лице ќе го откриеш одма во живо, тоа не, никако или 100% да ја запознаеш личноста, туку сепак исто не може да биде ниту да се споредува може. Тоа да, тест е и тоа голем тест ама па ретко кој би го поминал успешно тестот. За тие парови кои го поминале вистински и останале заедно, изградиле семејство, секоја чест.
Јас сакам да додам нешто на ова шо кажа @Biljarkata. Едно е важно дали почнаа во исто место па некој се одсели/работи негде странство или од старт се далеку и дури и можеби да не се способни да се видат подолг период за прв пат. То шо сакам да додам како доста важно е: колкава е дистанцата ( со тоа и колку често можи да се гледаат) и од таму, дали имаат некој план за иднината зошто ако си на дистанца каде можиш да се гледаш 3 пати годишно на пример и немаш некоја визија за заеднички живот кој би бил набрзо - сигурна сум дека фрустрира и ќе е голема пречка. Лично не мислам дека би можела да функционирам на дистанца ако не можам да бидам физички блиску до партнерот. Имам тенденција да "заборавам" то шо не ми е во непосредна близина. Дури и да успеам да одржувам онлајн контакт, кога би била покасно физички во близина ќе ми смета зошто научив да функционирам без него. И за да засакам некој мора да ми е и физички близок и онака ми треба бааѓи време и чувства да развијам. Така да со мене е doomed from the start. Јас под дистанца мислам вон државата и вон соседните држави. Внатре во државата или во соседството го перцепирам како блиско и возможно за чест контакт со физичка близина.
Би била во врска на далечина, ама ако не трае со години така, односно јас на далечината гледам како на моментално нешто, ако одговараш со некоја личност, зашто да не се прават планови за заедничко живеење
Имам врска на далечина година и 9 месеци. На почетокот ни беше малку тешко, со обврски на работа па не се гледавме толку често. Сега секој викенд или преку два, зависи од обврските. Има трпение, внимание, доверба, разбирање. Ако си спремен да го понудиш тоа и да го добиеш, зошто да не? За изневерување, па може да те изневери и доколку сте од исти град, нели?
Темава ко ќе си помислам и не е толку трагична. Едно е врска на далечина. Туку , шо прајме со брак на далечина ? Да, да, мислам на таков брак кај што жените се оставени сами по дома, која со деца, која со свекрва , а мажот по патишта шофер оти мора некој пари да носи. И не мора само шофер, има и други професии кои се поврзани по цели денови по патишта , далеку од дома. Е таков брак на далечина не би можела да издржам. А познавам примери на жени ко така си го поминаа животот, маж им далеку, до душа искрена да бидам , дел од тие жени си имаат и швалери, добро која како ќе си ја нареди. Врска на далечина е мачкина кашлица за ова. Јас со маж ми на почетокот без никакви очекувања почнавме врска на далечина. После 3 месеци ни беше првото видување во живо и одма СЕКС на прво гледање , одма прва вечер. Оп си кликнавме, одлично , голем плус на ова поле. После се открија другите ситници на заеднички работи. Најмногу се изненадив кога КЛИКНАВМЕ на прашањето ДЕЦА Големо НЕ од двете страни. И дојде короната и се одлучивме на брак свесни дека имаме многу заеднички работи и дека можеме заедно да функционираме. Ми се чини ко фати КОРОНА во светот беше пресудно за да не чекаме повеќе и да не си го трошиме времето одделени. И оп, одма правење документи, преведување на документи и си го земав и еве не сега и двајцата фрикови по Јутуб и суши Сродни души, тоа е, љубов
Не постои единствен одговор за или против врска на далечина. се зависи од индивидуалните потреби на лугето. Има луге кои повеќе сакаат лична и конкретна интеракција, додека некои пак повеќе сакаат имагинарен контакт, каде не им е се сервирано, туку има простор за нивната имагинација да они си го моделираат партнерот онака како што они го замислуваат во својата имагинација. Вториов тип луге се обично повлечени, срмежливи луѓе, луѓе кои имаат одредени комплекси, кои ги прават несигурни во себе при личен контакт. Таквите луге дури доживуваат поголемо интимно задоволство отколку при личен однос бидејки тоа им обезбедува комоција да не се чувствуваат непријатно и во исто време партнерот да биде креиран по нивна желба. Затоа велам, нема за или против, правилно и погрешно, се зависи од личните афинитети.
Врскa на далечина e тешко. Чувствувам дека е толку лесно работите можат да се распаднат кога не сте заедно лично. Почнуваш да пропушташ физичка врска, а и искрено луѓето се луѓе се случуваат искушенија. За мене искрено зборено мислам дека не би можела да останам верна во таква ситуација долго време, едноставно е премногу тешко да ги одржуваш работите реални кога сте толку далеку. Не гледам како би опстанала врската.