Врска на далечина може да функционира ако веќе неколку години сте заедно па доаѓа период да бидете на далечина. Чисто сумљам дека тек започната врска ќе фунционира на далечина.
Од искуство. Јас сум моментално во врска на далечина јас тука во Мк он у Еу земја. Еве веќе две години функционираме супер наскоро јас ќе се преселам таму.
Тоа е веќе друго ако постои љубов плус подолго време сте во врска ,а инаку ако е кратка врска никогаш не успева или скоро мали се шансите за успех.
За да биде долга врската, мора прво да биде кратка, одма во долга врска никој не преминал . Ако се има љубов ќе се успее. Колку бракови во дел од својот живот мора да функционираат разделено па успеваат, исто и за врска е така.
Нормално е тоа дека мора да биде кратка ама пака на пример ако е врска од месец два и едноот заминал во странатво што мислиш ти дали таа врска ќе опстане? А брак е друго мада има бракови кои се растуруваат поради одење на едниот во странство а другиот овде си почнал да шваља налево надесно и крај!
Може да се функционира поготово ако тоа води крајниот резултат да се станционираме на една локација јас и ти. Таква ситуација имавме ние, 2 години, во ниту еден момент никаква сомнеж дека нема да успееме. Не е лесно, ама кога знаеш со кој си заедно... вреди секој момент за "жртвата" што ја даваш. И само едно ќе кажам, цврст карактер, личност што почитува и љуби искрено никогаш нема да се доведе до ситуација да падне во искушение за да го повреди другиот, па биле на близина или далечина. Не е до далечината, до луѓето е. Се е до момент да сакаш да пружиш во животот. Било поддршка било бескрајна почит и љубов. Ако тоа го правиш сигурно ќе го добиеш назад. Доколку не го добиваш и не го пружаш... не ви оди едноставно. Тие што осетиле права љубов знаат. Нема ништо тешко во животот, самите си го правиме тешко.
Па ако се решиле да дадат шанса зошто да не, само што ретко кој се нафаќа на тоа. Ама има исклучоци. Факт е дека повеќето мислиме дека тоа е,, ризик" и трошење време. Јас на пример ако на почеток немам чувства за тој партнер да треба да замине не би го чекала. Ама ако имам би се обидела. Кај некои, чувства подоцна се развиваат, што е нормално ама кој да ти знае, кој како мисли така нека си прави.
Многу зависи од партнерите, моето мислење е негативно за врска на далечина, иако има и бенефити. Кога бев во таканаречена врска на далечина некако ми беше и мачно ама и убаво. Имав успех во школо, бидејќи дечкото многу ме охрабруваше, често ме насмејуваше, ме тешеше кога бев тажна, ама далечината си го направи своето. Се изладив после 9 месеци и јасно му реков дека не можеме повеќе. За мене важи онаа стара добра поговорка "далеку од очи, далеку од срце". Се уште сме во контакт, последно што пишувавме беше кога му честитав роденден и така. Иако не постои другарство после врска, ме замоли барем во контакт да сме од време на време. Кога ќе си фатам озбилен дечко секако дека нема да бидам во контакт со него, а до тогаш сигурно тој сам ќе ме избрише.
Мојата врска на далечина 5 години заврши со брак, евр моментално бременост. Љубовта беш голема мачењето исто, но вредеше. Имав меѓувремено куп прилики но никој не ми беше како него со никој неможев. Така да љубовта победува на крај сигурно. Се вреди ако се сакате и има љубов. Иако јас бев поголем песимист и цело време му велев кога ќе се средиме касно ќе биде за дете за нас. Тој ми велеше ќе имаме се и навистина така се случи. Господ има и време и план за сите нас. Ако нешто треба да биде ќе биде.
Не сум била никад во ваква врска, но дали мислам дека може да успее? Апсолутно. Поразлична е од традиционална врска, то ест врска на "недалечина", ама ако има интерес, сакање, компатибилност од двете страни, онда зошто да не. Колку луѓе во врски и бракови има шо буквално иста перница делат, а се си најголеми непријатели.
Pisav ljubovta bese golema, A za macenjeto znacenjeto se odnesuva vo vrska so razdelenosta za dolg period... Ne se soglasuvam. Nasata ljubov pocna iako zivevme vo razlicni zemji i prvin se gledavme leten period samo, no celo vreme vo komunikacija. Se zavrsi so brak.
Коа ќе си го видам тилов... Очиве мои што имаат видено од коа сум странција, све женети, со деца,со новороденчиња, нејќам врска ни на близина, а камо ли далечина...
Во исто село со 10 куќи е тешко да одржиш врска денес, не па на далечина. 20 кога бев може верував во овие сценарија, денес со искуствава мои, а и на тие блиски околу мене, ова е невозможна мисија. Во ист град ме варале, не па у Шведска.