Па ако било селото Прељубље, то е. Јас во наивните сум, па ќе верувам оти е можно. Лани, полани, колега се ожени така, за девојка во друга држава и дете имаат. Ниеден од нив не е ни блиску до балкан, медитеран и МидлИст, не знам, може тоа има некаква врска.
Баш слатко. А и џабе лапрдам, немам дадено шанса на странци, од каде рече дека бил колегата?Можда маж од медитеранот ќе ме убеди во спротивното, јас се пафтам со клошариве од Прељубље.
Сега, зависи кому што е приоритет. Има луѓе со моногамни тенденции и такви без. Тие од околу медитеранот, од сонцето им е све. Значи по на север да таргетираш, чим е постудено побитно е да има постојано топлење на креветот, не хотел промаја. #скромнометеоролошкомислење
Па тоа е тотална глупост. До луѓето е не до растојанието. Мажот во брак до жената спие па ја вара... Некој ако сака нешто да направи неможеш да го спречиш кај и да е и до тебе да е. Така да муабетов нема врска. Јас бев во врска на далечина и бев верна, немав ни потреба од друг. А некој ако сака да прави нешто изволте, на лагата и се кратки нозете.
Баш ми е мило што си била верна и што си немала потреба за друг, се надевам истото важело и за другата страна. Јас не преферирам таква врска, не им верувам ете многу на луѓето, сакам да ми се у близина плус. Малцинство се тие денес со моногамни тенденции, јас барем така сметам. Ми го кажа истото кое погоре го спомнав, дека може и во село да те извара некој, не па на далечина. Преферирам да ме извара овде отколку у странство, поголема е веројатноста за да дознаам, а и не преферирам секс на камера, сакам физички допир, можеби ова второто ми е поклучно за мојот став.
Те разбирам се. Но се неможе да се погоди. Еве мене тие во близина ама никако не ми се допаѓаа. Дај боже тебе да ти се погоди а ако има љубов нема потреба за варање.
Imam vrska na dalecina i odredeni problemi so devojkata ako ima devojka za sovet da dade ce molam privatno pishete.
Имав колега, што имаше женска од Азија негде, не знам од каде точно. Се запознале преку мрежно играње на некоја си игра и така преку камера се гледале поќе од 5 години. И така еве 6 месеци како се во брак и така, он беше таму да ја виде и запроси. Искрено, јас ова не го можам. Имав некоја си таква далечина врска Мкд-Гер и само на камера се гледавме...и безвеза, ма да се знаевме физички, имавме излезено. Сепак мислам јас физички контакт ми е најбитен мене и комуникација во живо.
Зошто? Инаку и јас не би можела, ниту би сакала. За кратко да, нормално дека не смета. Ама со години... некако џабе ми е и најдобра комуникација да имаме, ќе ми фали физичка блискост и заеднички искуства. А ако почнала самата врска на далечина, од кај знам, можеби коа ќе се видиме нема да ме привлекува толку многу.... премногу ми се апстрактни тие работи едноставен човек сум.
Никогаш не сум мислела дека јас би можела врска на далечина но си докажавме дека можеме и дека вредеше. Цели 11 месеци на два различни континенти.
Се правев паметна дека не би била во врска на далечина и дека љубов преку жица не оди и тоа ме стигна. Јас Македонија, он македонец во Холандија, работата таму, живее таму, се враќа тука на 1 месец колку можеш да се видиш, одев и јас по 1 недела, толку ми дозволуваше работата. Така теравме 2г и накрај јас се преселив таму. Заклучок, ако се има љубов се може.
Леле, не знаеш колку ми е мило кога ќе прочитам вакво нешто. Само напред, нешто ако треба да биде, ќе биде, без разлика дали сте на далечина или во ист град/држава. Јас мислам дека нема правила, како што нема гаранција дека ќе успее врската ако сте блиску, така е и со далечината. Факт е дека е потешко и покомплицирано кога сте далеку, ваквите врски бараат многу труд, време, трпение, разбирање, можност за патување... ама не е невозможно. Ако двајцата гледате иднина и се борите за тоа, големи се шансите да успеете. Јас сум била и порано во таква врска, не беше којзнае колкава далечина, ама сепак не беше ни блиску и можам да кажам дека далечината беше најмал проблем, други работи беа пресудни за раскид. Ама, секој со своето искуство, не значи дека ако сме далеку, по дифолт е осудено на пропаст. Не осудувам и разбирам зашто некој не сака да е во таква врска, не е за секого врска на далечина и тоа е тоа. Некој може, некој не може. Секој си има право на избор во животот.
Ти благодарам од срце да си ми жива и здрава Се е до двете страни. Можев и јас со месеци да се издржам од некои задоволства. И тука си во право, не секој може да ја издржи таа врска.