Јас се надевам дека врските на далечина успеваат, иако јас лично не верувам, но се надевам дека животот ќе ме демантира. Неколку месеци син ми е заминат во странство на печалба и тоа многу далеку а снаа ми е тука. Максимално се обидувам да и олеснам и да не бидам зла свекрва, туку толерантна мајка која му дава целосна слобода на своето дете. Според мене, многу е тешко кога двајца возрасни луге, се подолго време раздделени да останат емотивно блиски а воедно и физички чисти, односно да успеат да одолеат на предизвикот да го изневерат партнерот. Иако јас мислам дека не и страшно ако физички сексуалната енеергија ја канализираш со некој друг, доколку емотивно му останете верни на партнерот. Иако пак тука постоо друга квака, ако сексуалната енергија цело време ја канализираш со 1 човек, може емотивно да се врзеш за тој човек и да се оладиш кон партнерот. Како што реков се надевам дека моиве ќе успеат, бидејки снаа ми е едно прекрасно сушнество, нежно вредно, полно со разбирање, и многу често имала заштитнички однос кон мене и јас кон неа и сме се труделе да си помогнеме во тешки ситуации, се разбираме со поглед..... Често знам да кажам дека син ми не ја заслужува, бидејкине таа предобра за него, иако тој ми е единец и се би дала за него.
Се зависи од човекот (луѓето). Кај некои успева, а кај некои не. Многу е тршко да се осежува врска на далечина. Па би можел да кажам дека и за брак е исто. Знам многу познаници кои возат камиони во странство, па се изневеруваат помеѓу себе, а има и такви што се лојални. Се зависи од човекот. Јас на пример би можел да издржам врска на далечина но до одреден период. Но ако е многу повеќе, мислам дека таквата врска треба да прекине. Штом е таква снаа ти како што викаш, тогаш е злато човек и да си ја чуваш. Ретки се таквите. Но треба и синот да не изневерува дур е во странство на печалба или по некоја работа од овде. Секој пар е различно приврзан. Ама за врската да стане поцврста и подобра, тогаш е подобро да е тука со нејзе.
Ако и Вашиот син размислува како вас, дека сексуалното празнење не е неверство ,тешко на снаата. Доколку и двајцата се на иста фреквенција тогаш тоа е така наречен отворен брак. Среќно на младите.
Дали мислиш дека треба да изгубиш особа која ја сакаш и ти е емотивно блиска само затоа што не можеш да замислиш да те изневери или да ја изневериш. Зарем е толку битна физичката верност? Као да претхкодно ни ти ни она не сте се онаделе со други. Јас мислам дека физичката верност ни е наметната од некакви општествени норми а не дека човекот е во суштина таков.
Што ти е тебе гајле за врската/бракот помеѓу син ти и жена му? На темата: За да успее ваква врска зависи многу од луѓето. Многу е тешко да се одржува не од причина што ќе те мами некој друг туку од копнеж по саканиот. Ако едниот си се олеснува со друг неверство е без разлика што е на далечина, да си го сакал искрено партнерот нема да можел да погледне друг/друга. И многу повеќе ќе те повреди неверството кога сте на далечина, отколку во нормална врска. Кога ќе ти дојде во глава дека додека ти седиш мечтаеш за денот кога ќе се видите, едвај чекаш да ја допреш, помирисаш, другиот за сетоа тоа време си се олеснувал со некој трет.. Не е за секој ваков вид на врска и ако некој не може да издржи најдобро е да се држи настрана од истава.
Тебе би ти пречело доколку син ти ја изневери со некоја од таму каде што е? Или обратно, она да го изневери со некој од овде? Ете, им се присакало, немаат со кој и оп, бидна со друг/а. Значи мислам на физичко изневерување, да се ,,онадат" што би рекла ти. P.S. извини, ама се си мислам дека ти си снаата, а не мајката.
Како не е битна? Тогаш биди куче и онади се со секој пред тебе (нели, право на слободна волја). Човек како суштество сам треба да даде вредност и смисла на тоа што го гради и создава. Лошо кај вас „модернизираниве“ е што и тоа „отворен“ брак ви пројде, па сега сакате да нормализирате пропагандистички с*ања дека маж и жена во брак би се изневерувале. Да, никогаш нема гаранција што и како ќе биде, ама ако двајца барем малкуцка се почитуваат - едниот ќе се изјасни, а другиот ќе си тера по тие „отворени“ патишта.
@Duska.M Валда не си сериозна со муабетов. Прво тресеш глупости, извини ама ова ти е тешка глупост. Читам и не ми се верува дека ти како мајка, жена, свекрва го оправдуваш тој принцип на функционирање. Изгледа син ти се празни на страна и затоа го оправдуваш ти тој начин на живот. Ти треба да си среќна доколку синот и снаата се почитуваат и се чекаат еден со друг. Додека тој работи горе, се мачи да извади пари да овозможи убав живот за него и жена му дали ќе ти биде во ред жена му да шета од цвет на цвет? Или пак она тука да го чека со цела радост, а тој да се празни таму?