Врска од далечина Како да го вратиш?Како што разбрав од твојот пост,тој не ни бил твој па за да сега го враќаш.Второ,тој е од Кичево или од Прилеп?Блиска си со него на муабет?Ти кажал ли дали и колку е близок со девојка му од Босна,како се гледа со неа,како ја одржуваат нивната врска?Јас сум против мешање од трета личност во веќе оформена врска помеѓу двајца,ама не знам каква ти е ситуацијата со него..Размисли,па одлучи како да го "враќаш"
Врска од далечина 3 години врска на далечина да успее значи да биде врска исполнета со љубов и доверба.Барем јас така мислам. Јас сум да не го ''враќаш''. Ти си во голема предност дека сепак си многу поблизу до него, но не кажуваш ништо за неговите чувства кон тебе. И јас сум во врска со далечина и тоаа огромна далечина и не би сакала некој мојот вереник да го враќа вака. Мислам дека не е убаво да им се мешаш, ама сепак ќе кажам не знам за тоа како тој се има поставено кој тебе.
Врска од далечина duso me razbra pogresno ednas godisno se gledaat tie dvajca i od kicevoe detevo inaku dati kazam deka taa nema nikakva sansa da se omazi za nego zatoa sto prvo ne e nevina sto enajbitno vo nasata nacionalnost (muslimani) vtoro ne gi znae nasite adeti i treto negovite doma ne ja sakaat !
Врска од далечина Ахам.Ако се гледаат еднаш годишно,тогаш за 3 години врска се виделе 3 пати ??Малку ми е нелогична и оваа нивна врска,ама ок,нивна работа. Тоа што го велиш дека девојка му не е невина и не може да се омажи за него,не се разбирам многу во муслиманската религија,но сепак мислам дека има и такви случаи.Или сите муслиманки се мажат невини? А конкретно за тебе и за него,да те прашам-тој ти се јави ли откако последен пат се видовте во Кичево?Ти даде ли некој знак дека сака повторно да биде со тебе?Ако има нешто вакво,ако е заинтересиран за тебе,и навистина толку ретко се гледа со девојка му,би ти препорачала да правиш муабет со него искрено и да му кажеш дека ти се допаѓа и дека сакаш нешто повеќе со него,па ќе му видиш реакција.. НО,ако нема ништо од негова страна,сепак не се мешај-па сигурно не е тој единственото машко за тебе.А плус,ако ти се точни годините на профилот(15),рано ти е уште сега да се замараш само со еден.Ќе има и други машки во твојот живот Поздрав и пиши што си направила.
Врска од далечина da duso se e onaka kako sto ti kazaf inaku za da se omazi devojce vo muslimansko semejstvo mora da e NEVINA inaku taa ne vredi ni malce ama sosem ni malce...!! pa da samo 3 pati se videle inaku godinite mi se tocni a toj ne mi rece mene nis nitu mi se javi no toj ima edna drugarka sto sedi so nego a taa e moja bratucetka pa toj i kazuval bla bla za meene deka sakal da sme zaedno ova ona no toa ne mi go kazuva mene...zostoo ? bratucedkamii mi go kaza sevo ova inaku toj nis ne mi kazal....ii si mislef deka ke izlezam ednas so nego onaka muvajne no pocnaf da go sakam... HELP !!
Врска од далечина Значи таква е работата Зошто тебе не ти кажува ништо,туку на братучедка ти -тоа јас не знам Ама ако веќе сака да има нешто со тебе,а не ти кажува директно сигурно има некоја причина за тоа.Или е срамежлив,си мисли дека ќе му удриш корпа,не те познава доволно за да ти пријде..или не е сигурен во тоа што сака.Дали да остане со девојка му или да почне нешто ново со друга девојка.Колку години е тој?Споменуваш мажење/женење..според тоа што го кажуваш тој нема сериозна врска па да мисли на такво нешто со девојката од Босна. Пак ќе кажам дека не сакам мешање од страна на трета личност во вече оформена врска,ама штом е ваква работата..не знам што би ти советувала освен да се зближиш со него на "другарска" основа првин,па ќе видиш по неговите реакции(ако воопшто ги има)дали тој сака или не нешто повеќе од едно мување со тебе.
Врска од далечина Okej duso ke probam prvo na prijatelski nacin za da mu gi doznaam celite...fala inaku toj ima 17 god. ii kako sto ti kazaf nema sansiii da ja zemii koga veke sme kaj temata mazacka/zenacka ...fala duso ke ti kazam so ke napravam !
Врска од далечина Имав дечко од друг град, и можам да кажам дека не ми беше најдобро...Одевме само месец дена, и цело време го чекав денот кога ќе го видам, и многу патев... Али со тек на време сфатив дека тоа не било љубов, туку беше обична страст и привлекување... И сега ми е многу полесно без него... Инаку верувам дека можат да успеат тие врски на далечина, само ако се работи за вистинска љубов...
Врска од далечина Многу верувам дека може да успее врска на далечина. Со дечко ми сме заедно девет години, заедно пораснавме. Пред еден месец тој замина странство да работи и останавме во врска без никаков проблем, не важи она „далеку од очи, далеку од срце“. Ќе речете мал период сте разделени, но меѓу нас постои поврзаност која ни далечината не може да ја наруши. Имаме планови за заедничка иднина, и не можам да кажам дека се’ ќе биде како што очекуваме, но сепак силно верувам дека ќе успееме. Водењето љубов не го сфаќам како потреба, туку како задоволство што се споделува со саканата личност, да се рече ќе ти бидам верен/верна, не е како да се вети дека нема да јадам Мислам дека е можна и верност, и одржување на љубовта, само ако двајцата знаат дека се еден за друг, имаат силни карактери и веруваат дека можат да издржат еден период одвоени, за повторно да се спојат посилно од секогаш
Врска од далечина Се е до карактерот, а верноста се подразбира ако некоја личност ти значи. Јас сметам дека е важно да не се оптоварувате премногу со врската, ниту пак да имате преголеми очекувања, едноставно да си го живеете животот. Кај некои може да дојде до оладување на чувствата токму поради далечината, а кај други до зближување. Така, самата далечина всушност е еден вид тест - дали сте навистина еден за друг.
Врска од далечина Сега со дечко ми живеам заедно, но пред две години нашата врска се одвиваше со видување еднаш во месецот . Па да ви кажам искрено сехот тогаш ни беше повозбудлив, и повеке имавме што да си кажеме , едвај чекавме да се видиме. Не дека сега е лошо, туку зборот ми е ако се сакаат двајца , ништо не е невозможно
Врска од далечина Подобар тест нема! Само така може да се дојде на чисто со чувствата, и да се сфати колку другата личност ни значи и колку ја сакаме, и обратно да сфатиме дека таа личност не е онаа со која би го провеле животот заедно!
Врска од далечина Zdravo na site hrabri devojki!jas sum vo 5 godisna vrska,kojae ete seuste trae,iako na dalecina.Prvite godini bese nepodnoslivo!nemav svoj zivot,ne mi e nisto inetersno koga toj ne tuka!morav da se napijam ,da izlezam,da se glupiram,igram!Iako e tesko,i imas potreba za nego sekojdnevna,sto e neli normalno,sepak i dvajcata mislime deka toa ne napravi pojaki,posigurni,poromanticni.Bidejki pisuvas dolgi ljubovni tekstovi,smisleni poraki,i stanuva mnogu poveke od obicna vrska,gi zapoznava site tvoi mani,i problemi.Ubavo ni e sega,iako povtorno odaleceni,sekogas ne tesi slednata sredba,toa na nekoj nacin ne vozbuduva!seksot ni e poubav,toj poveke se trudi okolu mene!Mislam deka da bideme non stop zaedno,m0ze nema da ja ima taa draz!se slozuvam so ciribiribela deka nisto ne e nevozmozmo,no i za vakva vrska treba mnogu trud,mnogu otkazuvanje! [mod-kirilica:tnllf9p1][/mod-kirilica:tnllf9p1]
Врска од далечина Имав врска на далечина, да...ама ја прекинав...зошто??? бидејќи тогаш не го сакав и бидејќи не ми се беше јавил цели 2 дена кој знае што му стана тогаш, не знам, но сепак тие 3 месеца се беше океј...се гледавме викендите и ми е било најубаво време...еве дури сега сфаќам, ама касно е по раскинувањето ме молеше да дојде да ми објасни се, ама јас инаетлива не сакав да попуштам бидејќи бев убедена дека врска на далечина не може да успее...сега се каам!!! пак си пишуваме и после толку време, по него сум немала друг дечко, бидејќи потајно уште се надевам дека ќе бидеме заедно! Можеби ќе успееше врската да останевме заедно...никогаш нема да дознаам
Врска од далечина a zosto ne se smirite....napravi go ti prviot cekor nema vrska so si zensko...ete otkako ste se skarale toj te pobaral mene ne me ni pobaraja....za da ne se prasuvas cel zivot dali trebase ili ne ...sega probaj...mozebi toj e toj..mislam deka dalecinata ne smeta za vrskata da bide uspesna ako ljubov e vo prasanje.. [mod-kirilica:2hjbaxn2][/mod-kirilica:2hjbaxn2]
Љубов на далечина... ПОМОШ! Има едно момче што го сакав 2ипол години, но не живееме во ист град. Имам 15 години а тој 16. Многу е комплицирано... тој порано доаѓаше на музичко училиште во нашиот град затоа што во неговиот нема и така се запознавме. Но поради далечината, постојано се плашев дека ќе го изгубам. Затоа го одбегнував, а тој упорно се трудеше со разни гестови да ме импресионира.. Длабоко во себе знаев дека нема да престанам да го сакам,но... Се се смени. Последен пат го видов оваа година во јуни и тогаш си помислив ова ми е последна шанса затоа му дадов писмо во кое објаснав зошто го правев се тоа што го правев. Во моментот кога му го подадов, тој веднаш го отвори и почна да го чита, а јас му реков не мора сега да го читаш долго е и заминав... Од тогаш го немав видено. После неколку дена откако му го дадов писмото, јас правев свој концерт и тој требаше да дојде, но не дојде. Се разочарав. Наредните неколку денови му го гледав профилот на фб и забележав дека сака друга. Тој си фати девојка од неговиот град. Тој ми рече еднаш дека помеѓу нас нема да успее бидејќи сме од различни градови... Така јас се откажав од него што ми беше неверојатно тешко и сеуште ми е. Вчера тој дојде во мојот град на гости кај еден негов цимер од средно. Кај него ја преспа ноќта. Вечерта го видов 2 пати - првиот пат ми падна во очи и веднаш го тргнав погледот, но другарка ми го виде и ми кажа дека тој се загледал во мене. Вториот пат се разминавме и се гледавме во очи неколку секунди, но тој не кажа ни здраво ни ништо. Си мислев дека можевме да бидеме барем пријатели. Но сега се почна да ми се враќа назад и мислам дека сеуште го сакам.. Очајно ми треба помош
Врска од далечина Имаш само 15 години и ке имаш уште многу дечковци кои ке ги сакаш највеќе на цел свет .
Љубов на далечина... Девојче немој да се разочаруваш од љубовта,а и немој многу да се залетуваш.Во никој случај не сакам да те повредам,сметам дека штом те видел требал да ти се јави,доволно е само да те поздрави.Но од друга страна можеби бил лут па чекал ти да го поздравуш него.Немој воопшто да се секираш.И јас би ти препорачала да си најдеш некој дечко од твојот град.
Врска од далечина Сега ти се чини како крај на светот твојот љубовем "проблем", знам и јас сум била иста, сум плачела дури, сме правеле планови со другарките, сме збореле по цели денови и ноќи за нашите љубовни јади. Ама верувај, ќе ти помине, тоа ти е моментална опсесија! Најди некое момче од твојот град. Конкретно, ти си направила што си можела, си му признала преку писмо, така што нема што сега повеќе да му се качуваш на глава. Тој е на ред да направи потег, а ако не направи, ништо страшно, верувај ќе имаш уште мнооогу такви заљубувања пред тебе. Уживај во нив!