Врска од далечина femina11 знам дека треба да с најдам некој од тука веќе почнав да не мислам толку на него но ете тој дојде и се ми се врати
Љубов на далечина... џабе е што и да и кажеме кога тоа е љубовта на нејзиниот живот ... друг нема да најдеш ... како да не додека е време стегни заби и најди си таму некоја нова љубов од твојот град... секој од нас има плачено плачено колку сакаш а све за глупости ... тој чим е од далеку и чим така се испонашал мани го ... и не се замарај .. чувствата се вратиле кога си го видела значи ке пројде се ... и не се замарај .
Љубов на далечина... Колку што јас разбрав тој дошол на неколку дена,ништо страшно биди јака и оди со крената глава.Не дозволувај ништо да те вознемири.
Љубов на далечина... Се надевам дека ќе биде така но ... срцето е секогаш посилно од разумот,за жал. Уште нешто заборавив, летово од кога решив да го заборавам се појави друг... цело време ми се додворуваше и ме праша дали сакаме да бидеме во врска јас по некое време реков да... но по само 2 дена престана тоа бидејќи се случи на летен одмор сепак, ионака за него немав апсолутно никакви чувства, само ми се допаѓаше.. и тоа е се. После тоа, мислам дека нема шанси да се случи да си фатам дечко што всушност ЌЕ ГО САКАМ sssss
Љубов на далечина... девојче имаш само 15 години не треба да се разочаруваш уште сега целиот живот е пред тебе уште колку ќе поминат во твојот живот.. како и да е ако сака друга и ако се фатил со друга едноставно и ти продолжи си го твојот живот среќно
Љубов на далечина... точно така како што кажа неџма ... знаеш уште колку машки ке се појават ... на грешките учи ... не можеш да знаеш тој и само тој ... плус ете друг ти се додворувал .. утре уште некој ке се појави ... на 15 години стварно вакви нервози не ти требаат ... забавувај се уживај во годините а машки има колку сакаш ... ке најдеш дечко што ке те сака и ке го сакаш верувај ми .
Љубов на далечина... Фала ви на сите закон сте <3 Преѓеска врнеше таман престана јас се расположив а и сонце огреа Ако нешто треба да се случе со нас, ќе се случе. Му оставам на времето да покаже инаку ако има некој што може да ми даде совет како да остварам пријателство макар и преку фб би било супер.. Морам да додадам, тој може да помисле дека го сакам, а тоа не ми треба. Сакам само да бидеме пријатели. Не би требало да биде тешко јас и неговиот помал брат сме пријатели и + кога се запознавме , тоа беше на неговиот и на брат му концертот јас бев гостин и свирев и отидов кај нив дома. Уште од прва хах xD ... П.с. брат му нема фб... Пуст фејсбук свет
Врска од далечина Од лично искуство, досега ниту една ваква врска нема траено кој знае колку време, а јас сум таков баксуз што сите што ќе ми го фатат окото и срцето се од п***у матер. Потоа следуваат ветувања дека ќе си пишуваме, слушаме, посетуваме, ова-она. И на крај се завршува неславно-или тој си нашол друга, или веќе "не може да продолжи вака", или нешто трето, ИЛИ мене ми се оладат чувствата. Еве по еден пример од двете: пред три години одев со дечко од Србија, редовно се слушавме на нет, пораки колку сакаш, те сакам-ме сакаш, и после 3 месеци ми пристигнува порака како вака веќе не одело, немал време да дојде да ме види поради факултет и сл. Пред помалку од една година имав друг дечко исто така од Србија, го сакав многу и тој мене, редовно се видувавме, јас одев кај него на неколку дена, тој ке дојдеше кај мене...но за жал после 6 месеци јас почнав да се ладам, запознав многу нови личности тој период...и тоа беше тоа. Исто така имав една кратка, неуспешна врска со еден од Италија. Но за ништо не се каам, и со сите се уште сум во супер односи, си пишуваме и некогаш кога сум таму или тие тука се видуваме.
Врска од далечина Имав една дооолга врска на далечина и заврши меѓутоа не беше заради далечината сепак мислам дека зависи од карактерот на двајцата,не дека не е тешко но ако се сака се може.Еве сега пак имам врска повеќе од година и дечкото ми е од тука,ама јас со мојата среќа...мораше да замине далеку.Сега за сега функционираме убаво се надевам така и ќе продолжи,далечината за љубовта не треба да претставува проблем,според мене.А на некој начин е и тест за таа љубов
Врска од далечина Пред многу години бев на одмор со моите во една даааалечна земја и си фатив дечко, да не речам мувач кој беше оттаму. Е сеа, чудо е кој јак интензитет имаа чувствата за толку кратко време, со некој кој ти е непознат и привлечен ти е само физичкиот изглед. Тоа беше летна авантура ама стварно си се приврзавме со детево некако. А и многу поразлично е кога така запознаваш човек и ти остануваат само добри спомени. Откако се вратив, продолживме да контактираме и таа авантура прераснa во едно супер пријателство кое и ден-денес трае. Секако, имам огромна желба повторно да го видам, иако тоа некако е mission impossible. А за сериозна врска на далечина, што знам, многу фактори влијаат, многу е важно разбирањето и карактерот на двајцата. Далечината не претставува проблем за љубовта, ама освен љубовта во врската има многу други фактори кои ја одржуваат истата. Мислам дека почитувањето и разбирањето се најбитни за таа врска да опстане.
Врска од далечина јас имам врска на далечина и сега за сега е супер. ако се сака се се може, секогаш наоѓаме време да се видиме. нон стоп разговараме на телефон, се сакаме и никој ништо не ни може!!
Врска од далечина vrska od dalecina-nevozmozna misija.ljubovta e ubava ama sekoj e zelen za vnimanie,a osamenosta si go pravi svoeto i + tuka gi zaboravate fizickite potrebi kako seksot naprimer zar seuste veruvate vo bajki.ova e samo moe razmisluvanje pozzzz [mod-kirilica:3pe3mozb][/mod-kirilica:3pe3mozb]
Врска од далечина Девојки дали мислите дека една врска може да опстане ако и двајцата се од исти град но се во различни градови на факс, или пак би била една од причините да не се заедно, зашто како и да е далечината игра некоја улога ? Многу јасно дека се би зависело од двајцата, но ме интересира ваше мислење ... Позз
Врска од далечина Моментално имам врска од далечина па секојдневно се слушаме, се гледаме на Скајп...не е исто,но сепак го чувствувам како да е до мене и само ќе кажам дека ако нема доволно љубов помеѓу двајцата и љубовта ќе изумре,не за џабе е изреката: Далечината и' го прави на љубовта истото што и ветерот на искрата,ако е мала ќе згасне а ако е голема ќе ја разгори.Позз
Врска од далечина ако љубовта е доволно силна и ако е обострана сигурно да и ако се базира на меѓусебна доверба зошто да не успее ,се додека се надополнувате и се почитувате се е можно,но исто така љубовта е и налудницава и слепа позз и многу среќа
Врска од далечина И мојот сакан во четврток заминува на работа во странство. Си ветивме дека постојано ке се слушаме и допишуваме. Сепак, јас не сакам премногу да очекувам. Јасно е дека далечината ќе направи промени. Затоа, од една страна не сакаме премногу да очекуваме, за да не се разочараме, а од друга страна, си ветивме дека нема да се врзуваме со никого. Не си ветивме верност, зашто во прашање се 2-3 години, само да не дозволиме врзување со некого. Мислиме дека треба да бидеме реални, а ако била вистинска љубов, ќе издржиме. Тој е повеќе оптимист од мене. Јас не сум толку, зашто ме има изневерено, ама со мака го надминавме тоа. Затоа знам дека таму пак ке се случи, едноставно возрасни луѓе, потреби, да не се лажеме. Тој повеќе се плаши јас да не се врзам со некого, затоа што ние жените сме биле емотивни, според него. Значи мажите можат и без емоции да бидат со друга, ама ако жена сака да биде со друг, тоа значело дека има емоции. Не знам што да мислам, ова е тест и времето ке покаже дали нашите планови за иднина и за подобар живот ке се исполнат и ке бидеме заедно. Инаку, нашиов стандард е причина за многу вакви случаи и разделби, кога зборуваме за врски на далечина.
Врска од далечина Далечината и го прави на љубовта она што ветерот и го прави на искрата -ако е мала ќе згасне ако е голема ќе ја разгори!
Врска од далечина моето искуство е вакво бевме заедно врската ја започнавме некаде мај, цело лето заедно..прекрасно првите месеци додека да се запознаеме и сите тие ствари....тргнав јас на студии.... во друг град....ние ни еднаш не се скаравме, ни беше прекрасно...но како одеше времето јас се вратив во мојот град, ги прекинав таму студиите и бевме постојано заедно , со мајка му и татко му, се чуствував како дел од фамилијата, како верена уште прстен да ми ставеа.... сега не сме заедно тоа ме гушеше ми стана навика не љубов, и интимата ни се намали, и раскинавме..... после некој период јас сега имам дечко не е во мојот град, рано е да се суди но добро е ...довербата е најважна... а и јас се крепам на тоа се е судбина, кој како му е пишано, секое лонче има свое капаче ако треба да биде ќе биде твој ако не не
Врска од далечина Сум немала таква врска. И сметам дека за да опстои таква врска, претходно двајцата партнери меѓусебно треба да се познаваат, да се имаат докажано т.е да ја имаат докажано својата лојалност еден кон друг. Мислам дека овие врски не се воопшто лесни...мислам не се издржува лесно да се биде далеку од саканиот.