Врска од далечина 1 година сум во врска на далечина и супер ни оди... Единствено е што не се гледаме толку често .. Но тоа е.... Успеваме некако.. Секогаш кога ќе го видам се повеќе и повеќе го сакам
Врска од далечина Конечно и јас се зачленив ) И веднаш да поминам на она што и мене веке подолг временски период ме загрижува и сакам да го споедлам со вас и секако барам некој совет. И јас се наоѓам во една неофицијална врска на далечина.Човекот е од мојот град, но живее на друг континент веќе повеќе од 1 година.Ние се познаваме многу одамна , но никогаш немало некаква искра и од двајцата бидејќи јас имав 3 годишна врска.Тој почна да ми пишува и ми велеше дека отсекогаш имал симпатии кон мене...Јас на почетокот го игнорирав,но за многу кртако време почна да ми се допаѓа и тој мене. Бевме постојано на Скајп,почна да ми се јавува и дома.Нашите разговори немаа крај бев многу среќна,правевме планови да одам во неговата земја,па потоа заедно да се вратиме заедно.Се беше прекрасно,се додека наеднаш тој почна да се однесува многу чудно кон мене, беше ладен,постојано ми одвараќаше за некои работи.Еден ден му пишав дека не сакам повеќе да контактирам со него бидејки така се понаша со мене а пред тоа го имав предупредено веќе 2 пати.Тој веднаш ми пиша дека несака да ги прекине контактите што ги имаме,се согласив и продолживме.Но,сега нашите контакти не се така убави како што беа,сега се пријателски и информативни(каде беше,што правеше,што ке правиш) и траат по само 5-10 минути,без никаков кажан убав збор и се се сведува на тоа кога ќе си дојдам..вака -така,никогаш не ги спомнува нашите планови...Искрено незнам и јас што да мислам повеќе,барам искрен совет .
Врска од далечина Сакаш искрен совет? MOVE ON !!!! .... За врска на далечина треба да има воља од двајцата пертнери, не само од еден...
Врска од далечина Па нормално е далечината си го прави своето.Не значи дека тој нема интерес за тебе,едноставно ти си тука тој е таму и се заладуваат односи.Сепак тоа зависи од човек до човек.Ќе оставиш времето што ќе покаже...Па кога ќе си дојде тогаш ќе биде поинаква ситуација и сама ќе знаеш дали сте еден за друг или не.Инаку мој совет е немој да планираш ништо пред време...Затоа што 90% од планови така не се остваруваат.И биди опуштена,џабе и да мислиш...да мозгаш,едноставно контактирај,не напнувај,покажи интерес и ако треба да бидете заедно само по себе ќе си дојде.Со среќа!
Врска од далечина Ееее до скоро и јас го имав истиот проблем и ми беше измачување дали да му раскинам или не. Јас отсекогаш верував дека таквата врска нема да успее, меѓутоа моите дома ми велеа да си го гледам само момчето да е погодено и да си се разбираме, зошто џабе ако сум им блиску и врата до врата ако сум несреќна. Битно е да се спојат двата карактера како што треба и да се трудиме да ја одржиме таа врска ако навистина го сакаме момчето.
Врска од далечина I sto napravi potoa? Jas iskreno veruvam vo vrska na dalecina , no samo ako ljubovta e silna, vo mojot slucaj kolku sto mozev da zaklucam nasata hemija kolku moze da se narece taka bese premnogu silna iako sme kilometri i kilometri oddaleceni...
Врска од далечина Vaka.. ima nekoi stvari od minatoto sto stvarno ne mozam da gi ottrgnam..ucev so nego osnovno i gradinka idevme zaedno prva simpatija mi e .. mnogu sum bliska so nivnite no poslem se preselija da ziveat vo amerika.. doagjase sekoe leto ama nemavme prilika da se vidime mozebi samo onaka ednas ili dvapati.. sekogas ke go pozdravev preku nivnite rodnini sto ostanaa tuka da ziveat.. poslednata godina koga dojde letoska pocnavme da iskacame on zboruvase za nekoja zenska taka sto imale nekoja kratka vrska megjutoa ne im traelo.. i 5 dena pred da si otide se zblizivme.. tie denovi bevme nerazdelni jas ednostavno na nebo bev.. koga trebase da si ide on mi rece deka saka da go skine pasosot i bese mnogu seriozen vikase ke go izgoram ili skinam i taman dodeka mi napravat nov ke posedam uste.. jas so mnogu molenje go ubediv da ne go pravi toa.. bidejki ako ostanese podolgo poslem ke bese potesko da se razdelime bidejki povise ke se zblizevme.. istata vecer koga trebase da trgne cela vecer ne spiev.. prasuvajki se dali trgnal da ne napravil nekoja glupost..(iako dlaboko vo sebe se nadevav deka ke ostane ((( ) potoa mi se javi bratucetka mmu inace moja najdobra drugarka den denes.. i mi kaza deka si otisol.. jas prvpat vo mojot zivot placev za nekoe masko.. kako nekoja budala.. se sekavam kako vcera da bese.. se sekavav na sekoj negov zbor.. koga stigna vo amerika mi pisa.. deka mu falam deka me saka deka edvaj si otisol.. i mi veti deka ke dojde mnogu skoro deka ke sobere pari i ke dojde.. nie cela godina mozebi konstantno se dopisuvavme.. znaevme tocno vo kolku casot ke bideme i dvajcata pred kompjuter.. potoa nekako jas mu pisuvav on laden.. a vo isto vreme i jas pocnav taka da mi se dopagja eden decko ama i bev svesna deka nema on mene da me ceka mislam taman rabota.. mu pisav deka jas sum svesna deka on ke si fati tamu zenska deka e mnogu normalno toa i deka dalecinata ednostavno ne e dobra.. no on seuste tvrdese deka nema druga zenska deka uste saka da se dopisuvame dodeka ne se sretneme.. poslem 1 mesec ete ti go in a relationship so taa negovata bifsa.. ne me boli toa sto si fati zenska bidejki znaev me boli toa sto ne mi kaza .. od sto se plasese? ocekuvav da mi rece barem eden zbor.. od togas nemame nikakov kontakt..a mnogu sakam makar i kako drugar (( i jas imam sega vrska ama sekogas me kopka toa prasanje? zosto ne mi kaza? zosto na toj nacin doznav? (((((( ne mozam da prestanam da mislam na toa..
Врска од далечина poznavam mnogu parovi koi imale ili imaat vrska na dalecina i normalno na nekoi im uspeala na nekoi ne no seto toa zavisi od karakterot na partnerite, cuvstvata i voljata da ja odrzat nivnata vrska ... p.s. ako se saka se se moze, koj saka bara nacin a koj ne saka bara izgovor.......... [mod-kirilica:2vedegou][/mod-kirilica:2vedegou]
Врска од далечина Да, доколку доволно си верувате. Сепак во времето во кое живееме принудени сме до некаде на вакви врски. Сум имала врска на далечина и иако многу пати се нервирав што не можеме почесто да се гледаме, на моменти бев задоволна што имам време за себе, образованието и пријателите. Може и да си здосадиме ако постојааааано се гледаме Сепак, се зависи од личностите, јас би и дала шанса на ваква врска, никогаш не можеш да знаеш што ќе биде
Врска од далечина Ах темава ... Баш ми одговара на ситуацијава Епа вака.. Моите родители неодамна (пред околу година ипол се здружија со едни многу фини луѓе). Тие се родители на мојот сегашен дечко. Тој не учи тука, но редовно доаѓа за време на распуст.. Прв пат со него се запознав ова лето кога бевме на гости кај нив дома. Тогаш немав никакви чувства за него, ниту пак го гледав на некаков поинаков начин.. се видовме 2,3 пати во рок од 3 месеци и тоа беше само другарска средба! Тој период јас и онака имав дечко но ништо сериозно, па можеби и затоа сегашниот мој дечко не ми дал до знаење дека осеќа нешто кон мене. Како и да е да не должам многу, од кога си замина тој за Америка постојано се допишувавме на фб,мсн.. и почнавме на шала да си праќаме романтични песни, да си оставаме срциња,лајкови на слики и уше триста чуда и глупости.. Почнавме да водиме муабети за брак, за љубов.. (секогаш моето мислење беше во спротивност со неговото,и се водеше голем инает за тоа кој е во право!) Кога праевме муабет за брак, ми рече : Ти ќе ми бидеш жена! Јас нормално не го сфатив тоа сериозно, се насмевнав и му реков да да, секако! Тогаш ми пиша дека е сериозен и дека навистина многу му се допаѓам, но исплашен бил од мојот однос кон него, често ми повторуваше: ТИ МЕНЕ ИЧ НЕ МЕ САКАШ.. мене ми падна чудно зошто е тоа толку битно и му реков дека го сакам како другар,немам никаква причина зошто не би го сакала.. И продолжија муабетите, редовно.. И незнам како почнав да размислувам за него! Секогаш кога ќе дојдеа неговите родители кај нас на гости, осеќав некоја топлина.. нешто убаво.. Кога ми прати слика од него,почувствувам некаква возбуденост,нешто што неможам да си го објаснам ни јас самата.. СЕ ЗАЧУДИВ Не ми беше јасно .. што е тоа што ме освои.. МУАБЕТИТЕ? Не е МОЖНО! И муабетите продолжија, почнавме да правиме муабети за тоа кога ќе дојде како ќе го поминуваме времето.. ииии со нетрпение го чекав денот кога ќе дојде. ПОУБАВ НОВОГОДИШЕН ПОДАРОК НЕМОЖЕВ ДА ДОБИЈАМ! Со почетокот на распустот почна и една врска.. Секој ден од распустов ми беше посебен,исполнет со среќа.. нешто што навистина е скапоцено..нешто што до сега не сум го почувствувала.. И покрај тоа што го знаев ФАКТОТ дека ќе мора да се врати во Америка и да го доврши факултетот не успеав да му одолеам. Сепак.. чувства се во прашање, а и дружбата на нашите родители некако не поврза уште повеќе! И сега, уште една недела има само од неговото заминување.. Се плашам, не сум имала ваква врска до сега а и не сум сакала до сега НИЕДНО машко! Мислам дека он е првиот што успеал да разбуди некое посебно чувство.. Правев муабет и со него, и на него му е многуу тешко кога збориме на таа тема.. Незнам дали ќе успеам, незнам како ќе се справам со празнината што ќе ја чувствувам сега кога ќе замине. ПЛУС згора на сето тоа И ШКОЛОТО ПОЧНУВА... Што мислите, дали би можела една ваква врска да опстане?!? Се извинувам за реферативе, незнам кој ќе има живци се да прочита && ФАЛА ви однапред!!!
Врска од далечина јас мислам дека се се можи ако се сака... само пред се ,треба да се има гоооолема доверба ...иначе се ке падни во вода
Врска од далечина Тефи јас мислам дека ништо не губиш доколку пробаш. И самата велиш дека се чувствуваш поразлично од досега и мислам дека вреди да пробаш. Но внимавај, треба многу трпение и доверба. Инаку залудно е се.
Врска од далечина ти веќе нешто чувствуваш спрема него... по мое мислење добро е да ја продолжите врската.. кога тој ќе замине во америка ќе зборувате на скајп мсн фб.. ништо не губиш ако продолжите... напротив Одлучи се што ќе правиш па пиши нии
Врска од далечина Фала ви девојки! Ќе продолжам со врската бидејќи мислам дека вреди да се проба. Инаку правев муабет со моите можно е и јас за една година да заминам таму да учам, но ќе видиме има време!
Врска од далечина И јас имам дечко од друг град више 1 година и 7 месеци супер функционира иако има по некогаш караници лутење и љубомора ама у секоја врска има
Врска од далечина Тефф и јас имав врска од далечина, но тука имаше и сеуште има многу доверба,разбирање и љубов...Не памтам барем еднаш да сме се скарале за нешто или пак да си префрлиме, или пак да имало некои испади на љубомора...И ние се гледавме само на лето и за нова година ... И ете сега сме во брак...Врската ите како може да успее но треба да се потрудите и двајцата, пред се треба да се има доверба па потоа се друго..Па среќно, ви посакувам да си останите заедно и да си бидите среќни..
Врска од далечина jas imam vrska na dalecina veke 6 godini.. mnogu mi e tesko sto sum oddalecena mnogu mi nedostasuva , go sakam i mi treba.... moite drugarki si imaat vrski razmisluvaat za brak a jas po tolku dolga vrska ne mozam da ocekuvam nisto.. mi kazuva deka me saka deka i jas mu nedostasuvam i se mn e dobar so mene i nezen koga sme zaedno noo se prasuvam dali ima druga dali razmisluva da se zememe nz mnogu mi e tesko samo si pravam nekoi filmovi i se nerviram kazetemi nesto za pomos ve molamm
Врска од далечина Клауди доволно е долга врската за да можете да бидете искрени еден со друг и да го прашаш дали вреди да го чекаш. А доколку ти е точна возраста на профилот - рано ти е да размислуваш за брак, живеј малку. Правењето филмови е најдобар предуслов за разочарување.
Врска од далечина znam nooo i pokraj toa sto koga ke go prasam mi kazuva deka ke bidime zaedno i deka ne e zaludno toa sto cekam zosto mn mi e tesko od faktot sto otkako sum so nego jas ednostavno ne sum toj ne e do mene se pravam odam koga ke mozam no ne e toa toa ... ne mozam da vi opisam samo kolku sakam da sum so nego i zatoa iskreno i razmisluvam za brak najgolem problem e sto stanuvam ljubomorna mn i mislam deka sekogas koga ke izlezi me izneveruvaa